Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. fidani

    fidani Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    4




    Ева како прво ти ако переш со свински сапун тоа е твое јас не сум слегната од планина за да перам со тоа....а како второ ние не сме делени и мм им дава пари кога тие немат ние тогаш бевме во ситуација кога немавме сега јасна ли сум?
     
  2. Melaniiii

    Melaniiii Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    20
    fidani јас колку што разбрав eva11 многу добро ти објаснила истото што и јас го мислам и нема потреба да се однесуваш толку вулгарно и нападно спрема неа.
    Па дури сега ми е јасно зошто некои како тебе немаат и не ке можат никогаш да створат во животот за подобра иднина а сега јас сега јасна ли ти сум?
     
    На Mama25 и eva11 им се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.383
    Допаѓања:
    103.170
    Пол:
    Женски
    И Сонце и Фидани џабе се изжестивте, а особено Сонце. Знаеш колкава ми беше првата плата? 6000 денари, ахам, и тоа работење и Сабота, само за да стекнам искуство, а искуство од дома седење не се стекнува. Додека можеш да си ги платиш сметките до работа, а особено ако не плаќаш кирија и сметки, итекако се исплати, што се вели и беспари да работиш се исплати, искуството никаде не се добива со седење по дома, затоа не туку мудрувај туку најди работа која ќе ти даде искуство пред се, а плата подоцна ќе имаш и за бирање верувај ми. Дечко ми започна со 10 000 денари плата, за две години му ја накачија за дваипол пати, не да се исплати, итекако се исплати. Знам уште еден куп случаи како мене и дечко му, од друга страна имам и блиски кои не работат за секаква плата па едвај врзуваат крај со крај, мислам дека ние сме во далеку подобра ситуација. И учев средно, и факултет и работев, искуството денес ми е големо колку планина, не се каам за ниту еден ден поминат на работа било каква, од сите нив добив огромно искуство кое не можам да го платам ни со еден факултет. И немој да се гордееш со факултетите и магистратурите, џабе ти се кога не ти носат ништо добро. Искрено не знам дали имаш свекрва, дали си омажена, но никаде нема да бидеш добредојдена со вакво мислење за себе да знаеш, секој еден ќе ти го каже истото што и ние ти го кажуваме. И да, за прв пат на форумов некого директно прекорувам, но мислам дека не си во право, АИТ не сакаше да те навреди ни тебе ни никого друг, ниту пак ние другите, едноставно таа е вистината, а ти драга моја не спаѓаш во мрзеливите, туку во оние кои прибираат. А Фидани, не мора да си симнат од планина за да переш со свински сапун, но однесувањето секогаш нека ти биде како да си живеела цел живот во чаршија, многу повеќе ќе добиеш ;)
    Можеби мислењава се малку офтопик, но како што кажав и претходно, од вакви проблеми настануваат главните несогласувања, не само со свекрвите, со целото општество. Мислам дека не треба да се избришат туку ако треба нека се отвори и нова тема и да се префрлат за да не се трупа оваа со мислења надвор од темата.
     
    На danichap, Filiposka, irena.1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    116
    Јас колку што гледам овде повеќето се жалите од свекрвите, затоа немој мене да ми кажуваш дали ќе бидам добредојдена некаде или не, бидејќи очигледно е дека повеќето овде се недобредојни кај свекрвите, а за тоа и е темата, нели? Според тоа, значи ти имаш погрешно мислење за себеси доколку и ти се една од незадоволните и недобредојдените. Ниту се чуствувам навредена ниту нешто слично, целиот мој коментар се состоеше во тоа дека треба да престанете со стереотипите и да му судите на секој кој не ви се допаѓа. Значи АИТ ја кажа својата страна од приказната,колку што гледам другата страна никој не ја прочита овде, така? А и јас стварно не гледам каде тоа ти прочита дека јас се гордеам со факултетот? Од каде па знаеш дека и јас не сум работела за 5000 денари и тоа и недела? И од каде ти дојде до заклучок дека јас седам дома и се жалам? Значи повторно ќе кажам-НЕ СУДИ И НЕ ОБВИНУВАЈ! И за да не биде офтопик се надевам дека сите ќе ги решите проблемите со свекрвите, знам какви напасти можат да бидат
     
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.383
    Допаѓања:
    103.170
    Пол:
    Женски
    Јас немам никаков проблем со свекрвата, баш напротив, и овде сите ме советуваат да си отворам очи и на тилот затоа што се менувале, јас досега за месец дена немам видено никаква промена, иста си е жената како и на почетокот на врската. Таа мене ме почитува и сака токму заради таа моја карактеристика, дека сум работлива, дека не одбирам што ќе работам и затоа што сум дете домаќинче што би рекла она. Јас сакав уште на почетокот да ти кажам дека работа има, ако сакаш нормално да работиш, ете дечко ми, т.е. свршеникот работи во маркетинг агенција, постојано имаат потреба од анкетари, плаќаат и повеќе од добро, проблем е што немаат постојано работи, но во месецот можеби се наоѓа барем една анкета, плаќаат добро и една добра плата се заработува ако седиш дома веќе ако не работиш зборам, па дури и да подработуваш може да се работи и оваа работа :!: Секоја чест на твојот факултет и твојата магистратура, но без искуство не ти вредат ништо, да си знаеш, т.е. сигурно си знаеш. И не туку напаѓај, сите се обидовме да ти се обратиме нормално а ти не испровоцира да те посочиме и да бидеме построги ;)
     
  6. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    116
    Мило ми е што ти е добро, искрено ти посакувам да ти биде уште подобро. За такви хонорари работам и јас, не се срамам воопшто, муабетот ми беше дека доколку се зборува за работа, а не за подработување за хонорар е многу потешко сега отколку што беше пред на пример 2 години. И не напаѓам никој, целовреме пишувам и вие да не напаѓате и да не судите. Ама ајде да не се развлекува темава со глупости, некоја друга не пише доколку има проблем со свеќи па да и помогнеме, затоа и е темава ;)
     
  7. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    AngelOfArh ова скроз надвор од темава ам анеможев да одолеам. Јас сум во работен однос уште додека студирав. Ама тој ми е карактерот постојано барам и наоѓам несто плус да работам. Таквите пари екстра ми се најслатки. Дај ако не ти е проблем линк или контакт или што и да е од мар.агенцијата ако имаат потреба од анкетари да се пријавам. Сум правела анкети не ми е прв пат. Мислам ако имаат потреба од нови лица, сум расположена за работа. Можеш во ЛП да ми напишеш, ако не правам проблем
     
  8. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Ќе се надоврзам на муабетот и јас, па макар админите чистиле по темава после. Знаете ли дека лани јас не можев да најдам млад човек да им ги исцепи и нареди дрвата на моите старци доле. Се јавував по продавничките да залепат оглас на џам. Ама тешка е секирата. |(
    На крај по обичај замолив братучед, а он и работи во фабрика, мало бебе има дома и пак најде време да направи услуга и да заработи некој денар за дома плус.


    Муабетот не требаше да се сфати како што се сфати. Се посочи на фамилијарни млади луѓе, што бараат пари за најосновното за преживување од мама/тато/роднини и ако овие не дадат се тие лошите, ем редовно им е тој проблем, навика да го речам поарно, не дека оп троп се нашле во некоја финансиска каша, како и на секој може да му се случи, и ако свој не помогне тука неќе туѓ сигурно. И разбирам безработица, тешко време, шит држава и се по ред, разбирам, затоа бегав дека има поарни услови, ама ајде да нема за нов компјутер од каде да се искара, подобра работа да се сака оти кој не сака тоа дрн дрн, но не и здрав прав да лежиш и да просиш по роднините за леб на децата бе(зашто си ги правил без услови е друг муабет ама ајде), оти па имаат родниниве, не се за жалење и способни се да дадат, додека минеш, еве покрај за пример мојот оглас и викаш ех, јас туѓи дрва не цепам.
     
    На eli25, danichap, NoellePage и 3 други им се допаѓа ова.
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.970
    Допаѓања:
    123.568
    Да,да интересна дискусија се разви,мислам дека комотно може нова тема ;)
    Конкретно за мојов случај,золвата имаше работа,во маркет,работеше за некои 8-9000ден,ама кога остана бремена сама си даде отказ,пошто многу ја загледувале во стомакот и ќе ја урочеле :smoke:
    Чиста разгаленост,па и мајка и така ми даде објаснување.Мислам ,убава на мама,што друго да кажам :wasntme:
    Маж и бара работа исклучиво по струка :!: ,па сите му се криви од Грујо до Мујо :lol: ,што немал работа.
    Значи со кој памет,она си даде отказ,колку толку земаше плата,бременоста нема никакви компликации се и е супер,значи сака да формира фамилија а одозгора се жали дека немаат ни за преглед,за бензин,за апчиња?
    Е не иде така.
    Најлесно е да го направиш, а другото?
    Јас така не размислувам.Извинете,ама и двајца без работа плус дете,јас не би размислувала за дете,туку за тоа како да му обезбедам нешто утре па дури потоа.Зошто да не повторувам колку тешки времиња се,сите знаеме.

    Како и да е,не осудувам,секој си знае за себе.
    Јас за мене си гледам,а нив ако им е убаво така,како може да им биде ?
    Али,нивен живот.
     
    На imelda, anule88 и AIT им се допаѓа ова.
  10. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Со кое право некој се меша во нечив семеен буџет???
    Јас сум бетер од АИТ,чистачка ми доаѓа секоја недела.Не сум задоволна од неа,па сум во потрага по нова.Секаде каде сум прашала,и по пријателки и секаде,чистачките им се презафатени.Така да работа има за секој,ама колку им се работи на луѓето тоа е друго.
    Еве ви пример.Архитект работи како продавач на мебел.Сака да работи девојката,не сака пари од мама и тато,па прифатила работа како продавачка.Или она не си ја цени професијата???

    Да не бидеме надвор од темата.
    За Ели25,не се замарај.Ти не му се плеткаш на свекор ти во џебот.Сам човекот си проценил кој и колку заслужува.Секој родител си ги знае децата.
    Кај мене,Имало моменти кога ми помагала свекрвата и сеуште помага(за финансиска помош зборувам,морална имам секогаш).Кога сум и рекла дека ми е непријатно и незгодно за помошта,ми рекла дека сега може и сака да помага.Ако не на децата,на кого?А кога нема да може,тогаш јас ќе можам.Така да,немој да се осеќаш непријатно,не верувам дека тоа некогаш ќе ви излезе низ нос,како што има примери. И човекот колку сака и на кого сака ќе си ги дава парите.
     
    На eli25 и AIT им се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.512
    Допаѓања:
    115.054
    Пол:
    Женски
    Ова со чистачките ме потсети на мојата несудена ( фала богу за тоа) свекрва. Кога дозна деа имам жена која ми доаѓа еднаш неделно да ми чисто ми рече, ауу па ти имаш и слугинка?? Затоа ли одиш на маникир секоја недела и убави ти се рацете? Eee во мое време не беше така. И јас само кратко, е па вие израснавте со знање-имање а ние со Сексот и градот. А бидејки и синчето и беше бетар од нејзините сваќања и беше мамино синче за посматрање, навреме се тргнав од таа беља.
     
    На Ariel и AIT им се допаѓа ова.
  12. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.852
    Допаѓања:
    40.265
    Пол:
    Женски
    темава забегала :tmi:
    И мојов свекор си го помага стално синот финансиски .. ама нивна работа .. не ме засега ич тоа .
    Ние со мм сме си одделени од нив , си водиме сами сметка да имаме доволно финансии за месецов ,не бараме ничива помош ни од мои ни од негови !!
    глупо би било да земе мм да бара од неговите пари да купам на детево млеко ,пелени или прашок :^)
    Ако е доволно дораснат да основа фамилија ке може и мора да се грижи за семејството
    И не само он туку и јас :D додека малово не порасне доволно , ке го чувам јас , а потоа ке почнам и на работа ..прво на 4 саата mini job , 400 евра да имам и доволно време за детево , додека е во градинка од 8 до 13ч ке работам , и ке си имам време за неа потоа
    сега за сега живееме од една плата која е и повеќе од доволна , и можеме да си дозволиме многу работи ..

    Работа се наоѓа ако се сака .. сега ако нема по струка сигурно нема да чекам најсјајна понуда а до тогаш да гладувам или да се виснам на врат да ми даваат моите :^)
    ама и не секој размислува како и јас :|
     
    На imelda и danichap им се допаѓа ова.
  13. Nedzhla

    Nedzhla Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    96
    луѓееее жениииии насмејте се бре не се расправајте по форумов прифатете го туѓото мислење како нивни став немора да се навредите ако некој си го искажал своето мислење и ако се пронајдете дури сепак е тоа туѓо мислење секој на свој наќин си гледа на животот и на се околу него маанете и свекрви и свекор и золва и јатрва и керка и син и све насмејте се и темава ја уништивте бре еден ден ко ке ги читате коментарите ке си се смеете сами на себе (ај да не се праам мн паметна да не ме дирне и мене некој најмалку сакам да си ударам пносници) :D
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  14. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.353
    Допаѓања:
    286.359
    Убава просто проширена дискусија :rofl:

    Може ќе звучам грубо, но јас секогаш се водам од тоа ако немаш пари не прави деца.
    Кратко и јасно.

    Како прво дете не е грешка, сите знаеме како тече процесот на репродукција.
    Второ дека никогаш немало да се наредат коцките, дека ако се чека ќе се испушти возот. Па ајде свесно ќе бидеме паразити на туѓ грб оти знаеме деца да праиме иако знаеме дека немаме ниту пелени да им купиме.

    Верувам во губење на работа, и ненадејно и непланирано секнување на приходите.
    Но, тоа значи дека личноста работела и повторно ќе се пушти во потрага по нешто, па му треба мала помош во тој преоден период од неколку месеци да речеме. А не дека и пред раѓањето и после раѓањето лежи истегнат и чека помош.


    И парите не паѓаат од небо, ниту звончето на врата ќе зазвони некој ќе ни понуди работа.

    Треба да се бара, некогаш и далеку од родното место.
     
    На midnight.flower, imelda, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  15. anule88

    anule88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    214
    Ле ле за срамота јас бе трудна барав работа реков некој месец што ке најдам тоа ке работам дури можам дури ми е дозволено ама ете за жал не најдов и останав без работа, а мм дојде до таква ситуација што од убава платичка да ја наречам дојде зимава да работи за 8000 ама не се жалиме со госпот напред пак ке си ја врати старата работа за некој месец, а и не е престана да бара и друга работа дури зимава сакаше да оди и коли да мие само за да имаме работа и пари како што викаш за апчина и контроли да не бараме помош од никој ( и да тој кога требало на родителите да им помогне за неговата сестра (золвата) чеиз да и спремаат дури и факултетот го откажал за да работи дење ноќе за сега од родителите да не добива никаква помош и грб да му вртат ама ние сме такви си се надеваме на бога млади сме работни се ке си дојди на наше ;) ( а предходно работав дури за 3000 денари верувале или не со факултет плусама не се жалам и не се срамам дури и баби стари ке одам да гледам и не ми е страм)
     
  16. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    За јасна фидани си премногу јасна фино лепо ти дадов пример дека има бетер ситуации од твојата и мојата нит реков дека перам со свински нит реков ти да переш со свински сапун многу грешка си ме сватила
    само сакав да ти посочам дека ако моментално немало пари за бебешки омекнувач пушти му ги бебешките со ваш прашок па на другата перална кога ке ја пушташ ке си набавиш бебешки прашок
    ако сте во заедница со старите значи треба да си помагате кога вие немате тие да ви подадат кога тиа немаат вие ке подадете и така оди тоа јас незнам зошто толку се кострежиш и нервираш кога не посакав да ви умре козата :D :D али твој проблем
    Неможеш да очекуваш дека овде на форумов мегу стотици луге сите ке бидат истомисленици еве јас лично мислам дека за бебешкиот прашок си направила непотребна караница која можело да се избегне тогаш за тогаш а за зелки нели си во заедница со старите или ке одиш на нива или ек си ја тераш домашната работа детето и ручекот барем белким ен очекуваш свекрвати и на нива и ручек да прави енд донт уори бе хепи :!:
     
    На Anouk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MonNy.B

    MonNy.B Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    36

    девојче... совет од мене... не ја сакај толку и не и покажувај дека и веруваш и дека сакаш да живее со тебе понатаму... исто и јас се изгорев... додека бев во врска со мојот сегашен маж таа толку беше добра кон мене што мислев дека подобар човек и свекрва не можам никаде на светов на најдам... откако се омажив и влегов во нејзината куќа, жената се преврте 200% во однесувањето... почна да љубомори едноставно како јас да и го украдов синот, почна да го ошка против мене, страшна работа, не ја препознавам! сето тоа претходно било само проклета маска која многу брзо падна... сега ја мразам и не можам да ја поднесам, едвај чекам да си замине од нашите животи :@
     
    На Anyshka и bibiiii им се допаѓа ова.
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.409
    Пол:
    Женски
    А зошто ви е толку чудна промената на свекрвите откога сте биле девојки на нивните синови, па до сега, т.е. нивни жени? Зошто ви се чудни маските? Зарем ние не ставаме маски кога ни' доаѓаат гости? Пред да си одат кога им викаме „е де да поседевте уште малце *љубезен осмех*“ зар го мислиме тоа?
     
    На Nati.P, Agrona, Mikako и 2 други им се допаѓа ова.
  19. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Потпис, печат и заверено во деловодник!!!!!!!!!!!!!!!! :rofl: Јас исто тоа така си го сватив овие денови што сум далеку од нив, и баш ми е гајле. Нема да се замарам веќе, изборот си е мој и ќе си се носам со тоа. Важно ми е јас и мажот да сме си таман, да се почитуваме, да се сакаме и во ист правец да гледаме, а останатите споредни глумци, не се прашани за збор! ;)
     
    На AIT, AngelOfArh, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.852
    Допаѓања:
    40.265
    Пол:
    Женски
    вчера баш размислував на оваа тема
    Има лоши свекрви ама има и лоши снаи :^)
    Пр. летово бев кај баба ми на гости со мајками и керками
    И договорени бевме да излеземе со една братучетка која исто има бебе да одиме некаде на кафе а претходно да поминеме до црква беше некој празник и да сме запалеле свеќи :)
    требаше да идеме сите мајками , бабами , вујнами и братучетками со бебето
    Е сеа на вујна ми и пречеше што и бабами се спремила да дојде со нас и и се развика пред сите : Што си се дотерала мораме ли да те носиме секаде со нас :x
    бабами ништо не и рече и си влезе дома :doh: мене срцето ми се скрши
    Мајками исто ништо не искоментира , да не правиме кавги и да се скараме , а имаше и зашто да и се кара :envy:
    бабами е таква жена , мирна и никогаш не и замерува на вујна ми , само за да не прават кавги :|
    Вујнами млада е омажена на 17 години , со завршено 8 одд. Бабами и дедоми кога се оженил синот , свесно и доброволно си се повлекле на долниот спрат , во две соби за да не си се мешаат во домакинлукот . Ја научила да готви и се тоа децата и ги исчува , како мајка кон свое родено дете :)
    Арно ама пак не чини :| што и да направи , рече ..се неа не и чини
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.