Богами пукнале ги видовме колку. Многу пати имам помислено за ова последното,в земја ќе пропадни Вчера за малце не се погоди така ,јас се капев таја му се најавила на мм за горе да дојдела.
Кажи му кога ќе се средам јас тогаш ќе се качи, а ти влечи си се дотерај се и после искочете.И раеи ситуацијата не примате никој дома зошто мажот ти оди на работа, а они се постари и д ане им бидне нешто не дај боже затоа само надвор во двор на блиц.
Од срце ви посакувам на сите жени што имате проблеми да ги средите односите ако е возможно или да не се замарате како што и кажа.. можеби затоа што немам време да се замарам со нив не ми сметаат. Но во секој случај битен е и сопругот се зависи од него како ќе се постави во брачниот живот и спрема неговите и мислам дека тука стави јасна граница дека јас и нашиот син сме најважните особи што треба да се брини и нашите интереси, свекрвами ниту знае што правиме, што планови имаме ако нешто одлучиме и сметаме дека треба да знаат им соопштуваме и никој ни збор ни ништо
Е ова веќе друга работа и ти тука реално си немоќна, само твојот сопруг е крив што дозволил така да биде. Што продавале стан кога имале живеалиште да ви сметаат вам и да нема нервози ќе се створат во иднина
Воспитувањето има многу голема улога во ова. И тебе лично да ти го препишат џабе е. Што ти менува кога пак ти стојат над глава. А и да го продадеш не можеш, кој сака да купи само еден спрат? Испаѓа дека се што сте вложиле нема никаква вредност, немате ни мир, ниту може да заработите од продажба. Затоа се инвестира во нешто што ќе биде на твое име и може лесно да се продаде (на пример стан, куќа, земјиште...). Не те напаѓам тебе лично, да не ме сфатиш погрешно, само имам чувство дека никој не го зема во предвид ова кога вложува во спрат и сите тврдат дека е поевтино. Не е, буквално се пари фрлени во празно. На суд е многу тешко да докажеш дека си вложил нешто. Едит: знам дека ако ти дале спрат не треба да се мешаат и треба да се понашаат ко комшии ама ете не се. И? Што ќе направиш? Да не ги смениш на 70 години случајно?
Еве јас не сум воспитана така. Од мала ме учеа да застанам на свои нозе да имам сигурност да се борам да имам мој дом и да не трпам никој да ме понижува. Затоа шо кога ке се омажам нема да одам во туѓа куќа кај свекрва ми туку во моја. Така и беше еден ден не сум живеела во заедница. Се боревме уште пред брак за да имаме нешто наше и успеавме.
Морам да се сложам. Спрат како спрат точно е дека не можеш ни да го продадеш, па ни да го издаваш, а ако не ти е погодено освен да си заминеш и вложиш во друго, баш и немаш избор. Ако треба да го креваш и да почниш од нула навистина не се исплаќа. Сметам дека единствено вреди да се проба ако спратот е готов и го опремиш само со мебел кој подоцна би можел да се префрли во новото живеалиште. И тука ќе имаш загуба но драстично помала, па според мене не е страшно да се проба, за почеток, сепак имаш и приватност и се што ти треба додека заработиш за нешто повеќе. Ако имаш среќа можеби и ќе ти се погоди па немаш потреба да се преселуваш. Во секој случај, кога се вложуваат илјадници евра, навистина не разбирам зошто тоа се прави во истата парцела или се крева спрат на истата куќа кога може да се вложат парите во помал стан ама барем ќе го имаш раатот и сопствено живеалиште за секогаш.
Да, за така мислев. Ако е минимално вложување ајде ќе си ја пробаш среќата, ама кога се илјадници евра во прашање...И со стан, кола, куќа можеш да згрешиш ама ќе го продадеш. Со спрат буквално се осудуваш на доживотен притвор со свекрва ти, скроз непотребно.
Абе ќе се продаде ама за ич пари, прашај на Водно колку вреди лепенка а колку сама куќа, иако и лепенките се огромни куќи, со посебни влезови, со се.
Точно. На цената влијаат многу работи а лепенката драстично ја намалува цената. Не дека буквално не постои шанса да го продадеш ама тешко е и ќе го дадеш под цена.
Настрана тоа едно е лепенка со посебни влезови и дворови, а сосема друго е спрат, односно да делиш во хоризонтала и двор заеднички со луѓе кои не ги познаваш. Барем јас не би купила ништо такво. А освен тоа и повеќето заедници кои се делени на спратови најчесто имаат еден влез како ходник скали а некој и само внатрешни скали кои не се ни делливи.
Колку има такви,еден влез три спрата за три сина,па кога ќе се измешаат идни генерации ,очи си вадат.Знам едни, на три спрата по100 квадрати,ни браќата зборуваат ни јатрвите,па се оговараат, не метеле дворот,скалите,па децата носеле друштво ноќе,тек децата ко ќе формираат семејства,некои и веќе имаат.
За мене тотално узалуд инвестирани пари во нешто што крајно нема цена, а може нема ни да биде на мое или на мм име. Нема цена што би прифатила да делам спрат, а притоа да инвестирам во нешто што нема тотална приватност. И да лепенки и хоризонтални спратови тешко се продаваат.
Воопшто не те сфаќам погрешно,во право си ама сега џабе е се ,иначе шо е најстрашно тие не ни дадоја нас спрат. Ако ни дадеа тогаш уште полошо ќе беше,или ако живееjа претходно во куќата сами па јас да дојдев тука.Тогаш убаво ќе ме земеа под нозе.
Ама ти. Јас сум(иако мајка ми ни ден нема живеено и сега и велам а памтиш што велеше помош требала ,еве ми ја мене помошта да видиш или ете сама битно не е сваќа ти а што ми прави тоа башка ) другарка ми е ,братучетки те се ,со еден збор еден куп луѓе среќавам што се така учени.
Да, сфатив дека вие сте биле први таму. Ама се дур имаат дел не можеш да им забраниш да дојдат, а ни да ги научиш на осет, за жал...