Тешка ситуација. Да сте можеле некако да не им го препишете, туку се да е на вас, они да си седат, ко многу снаи и синови што живеат така. Јас имам другарка се премачија куќа дур направат,а маж и има брат и сите живееа во фамилијарна куќа. Другарка ми, маж и и детето повеќе беа кај нејзините одколку кај нив дома и сега кога ја направија куќата стариве им рекле дека одлучиле да седат со нив. Другарка ми буквално чадеше, ама бидејќи е албанка и "мора" да ќути им рекла "живејте овде, ама ова е мое и овде има мои правила". И демек и така е. Ама пак. Јас незнам стариве абре осет да немаат до овој степен. Не сте требале да им го препишете делот или ако сте зависеле финансиски од нив за куќата (нивниот спрат) ич да не сте купувале. Јас ќе направев на еден спрат со точно соби ко за нас и ќе немаше кај да дојдат. Ама пак по мое маж ти е крив. Како и кај мене маж ми што е крив што попуштил место куќа на местото што го има да прави спрат над нив, заради местоположба, урбанизација и други работи ама спратот веќе си го имаше почнато он пред да се запознаеме и шта чеш..... Ај се надевам дека ќе ни успеат други планови и ќе се спасам. незнаел дека мајка му до овој степен ќе забега кога ќе се роди внуче. Тоа ти е, лечење комплекси на снаа, јер нејзе така и правеле морала да ќути, сега е нејзино време да е главна (демек).
Мене најфасцинантно ми е како им се живее во гужва и галама на тие години. Јас од сега не можам да поднесам. Камо да имав возрасни деца ќе се убиев од излежавање, шетање и читање. Ко со сила да си бараат обврски на старост.
Еве ќе ти дадам пример и за ова гола да и искочиш. Јас кај мене у соба со мм и детето,влага свекрва а јас се пресоблекувам(читај гола по гаќи) ,се сецна малце коа ме виде ама си влазе и вика ај ништо жени сме .. и си продолжи со муабетот за шо дошла... Значи нема правило дека секоја ќе има осет,еве на мојава и гола и се појавив па ништо
Мажите се криви секогаш,и плус родители му се,тој не гледа на ситуацијата како јас,се кренаја узбуни на нотар оти тие ги вложиле парите во спратот нивни,го продале станот и како така сега ништо нивно да немаат,ко синкир ние ќе ги избркавме од спратот,не сме толку не луѓе. И убаво имаш напишано,нејзе така и правеле и сега мисли дека и таја тaка треба да прави. Јас и не очекувам дека таја ќе се устрами таја нема страм,седеше и уште седи и кога се молзам и кога го цицам не и е ич незгодно,ми седи над глава. Исто како твојата.
Јас имам другарка ненамерно, ама убаво и се погоди, пред свекор и по гаќи полутанга и прслук прошета. рече јас поцрвенев од срам, едно незгодно, ама него веќе ненајавен не му текна да дојде кај нас на спрат. Свекор ми и нејќе многу да се замара, ќе поседи и бега, ама свекрва ми е така кога го доев, првиот месец, ние во спална, бебе цица, оваа застаната над нас и ќути. И дреме над глава, без осет, упорна. И само ќе чуев на моменти "цицкај ми бабе" и дреми ми над глава со скрстрни раце по 15 мин ..... БЕЗ ОСЕТ. НЕЗНАМ КАКО МАЛКУ НЕ ИМ Е НЕЗГОДНО. Мене ми идеше да ја отерам, ама тогаш така простичка си бев, си ќутев. Кога прочурив после 2 месеци незнаеа што ме нашло, си викаа забега женава, па сфатија дека уствари од култура сум трпела сешто, а они претерале. Ама џабе, така им одговара.
И јас истово си го викам. Здравје ако имаме уште едно, да ги пораснам и после на раат да се изнаспијам во животот, да седнам ко човек да се изнагледам телевизија, да си прошетаме со мм сами. Сега несакам и не гледам потреба јас да одам на море, а детето дома да ми седи со баба и дедо, мислам за него би одела највеќе. И затоа и си викам на старост ќе сакам раат. И знам дека јас ќе сум таа што ќе им рече детето да им оди во градинка, а не јас да го чувам. Ако ми побараат де. Едно што научив е да си ја гледам својата работа на старост и да не делам мислења како бонбони. Да ги трујам со муабет "јас знам, сум гледала ххх деца, вие не знаете", "ќе си седи со мене одете кај сакате вие", "ќе спие со мене, кај мене во спална". Најјако е што се чукаат во гради, а не се способни. Ја пукна золва ми 4 години да и го остави на спиење. И го остави 2 дена, уште вториот ден после првата ноќ, не испука сите со муабетот како цела ноќ не е спиена, како внук и многу мрдал бла блаа блааа. Си го зема золва ми после 2 дена, 3тиот ден од спална жената не излезе, спиеше. Ако се способни на 60+ да чуваат деца, тогаш природата ќе не створеше да раѓаме.
Мојава чува папагал и се жали како и било напорно оти требало да му исчисти и да му даде храна секој ден. Само ако се понуди за чување на бебето на нејзини 70 години, а се надевам нема, веднаш ќе добие негативен одговор. Еден добар дел од бабите без разлика на нивните години се нудат за чување на децата а потоа се жалат дека им е тешко. Ко што пиша @Mnik, ако се способни на 60+ да гледаат деца, природата ќе не створеше да раѓаме на тие години.
Јас мислам дека се свесни дека не се способни ама сакаат да се главни и да имаат се под контрола. А и плус сакаат да се фалат како баба го гледа детето, како така комшивката да го гледа нејзиното внуче а она не.
Е тоа. Сакаат да имаат контрола над се и да знаат се. Ноќеска остана светлото запалено до ептен касно и сабајле свеки веднаш праша што сме правеле така касно. Штета што во брзањето и дадов културен одговор. Требаше да и речам дека имавме работа в кревет со син и. Ама со оглед на нејзината љубопитност, мислам дека и тоа немаше да ја спречи во иднина да поставува слични прашања.
На 70 години,многу малку веројатно дека ќе е способна да го чува,друго е 50-55 години.Моите имаа околу 55 кога ги чуваа,и имав чувство дека едвај чекаа да си заминеме да си дремнат ,не на70години.Може да го причува некој ден на еден час ,два ако имаш не одложна потреба.
Ајде женски помош. Дали треба да направам расправија? Значи го пуштив детето со баба му и дедо му доле кај нив, ај барал надвор и дадов патики го изнесоа. Се истуширав, симнав во двор, детето и дедо му ги нема нигде. Ја прашувам свеки кај се, ми вика незнам шетаат. Дали е во ред да незнам каде ми е детето и никој да не ме известил за тоа? Значи мал милион пати имаме повторено со мм да кажуваат кај одат они упорно по свое. Башка детето што е потенко облечено и веќе дува. Маж ми спие, нејќам да го будам за да се расправа, може уште недорасонет ние да се искараме за нив. Значи јас незнам дворов изгледа многу мал им е, секоја прилика ја користат да го извадат на улица и да акаат. СЕКОЈА.
Mojata svekrva e 67 god pa ja cuva kerka mi jas od vcera trgnav na rab vo druga firma i ke odam na smeni na rab i ke ja cuva sveki pak dodeka sum na rab
Абе јас не викам дека тоа правило е,има и витални баби,ама кај нас во нашава вечна, животниот век статистички е негде 70 години,па види сега,плус когнитивните способности опаѓаат со годините.Кај мене на работа дојде на помош 17 годишно момче,неверојатно како памтеше работни задачи што требало да се направат,а кај мене испариле нареден ден,свежо мозоче.Пак ќе кажам има и старци витални и со одлична меморија ,но кај повеќето попушта силата и помнењето.
Сигурно веќе си сфатила дека ти си зборуваш,стариве си тераат по свое,да ги промениш тешко.Затоа погледни од друга перспектива, уживај си нека го прошетаат,се надевам имаш доверба кога е со нив надвор,внимаваат на него.Не си земај при срце.Додека го шетаат посвети си време за себе,одмори,читни книга,гледај тв.Така и ти задоволна и тие со внучето и детето среќно подоцна со одморена мама♥️.
Баба ми ова го правеше редовно Не беше во ред што не кажуваше ама секогаш се грижеше за нас, не враќаше читави назад и не одевме далеку, тука низ маало се врткавме. Не верувам дека би дозволиле да му се случи нешто на детето. Ама верувам и дека те нервира....
Во право си. И јас после кратко време си го помислив истово... Не е дека немам доверба, ама не почитуваат што сум рекла, тоа ме нервира. Башка што се осеќам ко да целта им е да се перчат по улица со детето, живеат за што ќе речат комшиите.
Не ми е јасно како идете и се вселувате во иста куќа со свекор/свекрва како да не знаете што ве чека, без разлика дали е друг спрат, пак делиш двор
Да и ти си во право. Внимаваат не викам не, мерак им е и тоа го сфаќам, ама фер е да кажат. Не се дешава често и не се потресувам премногу, зошто ретко е сам со нив ама.... Да треба да ми го чуваат дур сум на работа, детето цел ден по комшии и по улици би било. Буквално ако излезам во двор и го оставам 1 минута со нив до вц да одам, одма се фаќа врата и детето е по улица. Ама има и за ова чаре, уште малку да зборува и разбира убаво, ќе го научам дека без да дојде да ми каже или да ми викне кај оди, дека несмее да оди.