Проблемот е во мажот ти.И моите живеат во стрнаство па се слушам кога имам време и гледам да нее го замарам мм со тоа т.е. зборам со нив кога он не е дома, во случај да сум излезена или било што само кажувам покасно ќе се слушнеме и толку.Мислам дека ова може и мажот ти да го прави.Ти треба со него да седнеш и да зборуваш и да си ги решите проблемите.Ако има намера да поминува повеќе време со неговите нека оди и нека поминува. Во врска со загубата не е дека не ја интересира туку одбегнува да те праша(што е нормално) и пеави за други теми муабет. Јас кога го изгубив едното иако во 6та недела беше ме гледаа и золва ми и свекрва ми со сожалување и цело време муабетот ајде ќе биде ајде ќе си добиеш друго итн. Повеќе боли нон стоп да ти тупи некој за загубата одколку да се прави дека не го интересира.(биди среќна што е таква)
Па може детето сака на улица. За глупости правите проблем, нека го шетаат, кој што сака нека мисли. Улицата е за шетање, ај ако не да ги криеме дома за да не зборуваат комшиите.
Како така магично само со нив сака на улица? Имаме двор од 300 квадрати кој нив им е мал секојпат кога ќе остане на 2 минути со нив. А ако јас одам негде со него, се прашува зошто одиме негде, кога можел во двор да си игра. Никој не им брани, ама ваљда е во ред да знам кај ми е детето. Впрочем они постојано прашуваат кај одиме кога излегуваме и се увредени ако незнаат, а јас како негова мајка нема потреба да знам кај одат со него нели?
Мешаш баби и жаби. Обавезно извртувате приказни. Проблемот е што е негде, а јас незнам, сум го пуштила во двор, излегувам во двор го нема. Ако вам ви е во ред 2 годишно дете да го пуштите во двор со баба му и дедо му и кога ќе дојдете после само неколку минути да го нема, мене не ми е. Јас баш имам познаници што пред да одат негде детето оди и ги прашува мајката/таткото дали може да оди. А зошто моето дете сеуште не зборува убаво тоа би требало да го прават они. Јас по нивна желба сум им го дала доле па го изнеле надвор. Ако не нека го однесат со кола во друг град и нека се вратат ноќеска после полноќ, без да знам нели, јас да ѕвонам по тел кај се, тоа по вас изгледа е ок. А башка истава ситуација ја имаше и со детето од золва ми, им беше кажано како така оди негде детето, индиректно со муабетот "кај беше ти мама?" - "со дедо на бензинска" - "зошто не ни кажа, јас од кај знам кај си?" Ама џабе за некои.....
Многу многу мноооогу пати е кажано. И од маж ми и од мене. До сега ова не беше случај подолго време, не седевме надвор зошто нели ладно, не се гледавме често и сега се стопли и пак почнуваат ко лани. Несакам да сум себична, ама ако им дадеш прст рака земаат. Еве денеска, бевме излезени, се вративме и седевме во двор, има колички, лизгалка и си игра надвор, свекор ми му се напна да го земе со него во продавница. Детево нејќеше, башка маж ми му кажа дека малце подоле имаше полиција и ако сака да го земе мора да го седне во седиште и да оди со нашата кола. Овој се правеше дека не го слуша и му се напна на детево уште 5 пати му рече "ајде дедо со мене, ајде". И детево упорно не и не и виде не виде се откажа. Муабетов ми е забавно му е во двор, има што да прави, ама они како да живеат за него,центар свет им е, ако нешто наумиле ќе го направат, па последно им било. Како опседнатост им е, ми смета.
Ќе довикнеш само остај го детето гледаш дека не сака. А ако се прави глув и ќе отидеш до кај него и ќе му тргнеш рака за да има дознаење дека е твое дете.Да порано на улица се живееше и баби и дедовци не имаат израснато.Али сега во вакво време кога дивеат малолетни деца со бесни коли по улиците ништо не е безбедно и по ригорозно е со полиција, само стариве не можат да сватат. Едно е да сакаш внуче, а друго е со сила да го тераш тебе да те сака . Биди ти лошата зошто утре ако нешто не дај боже му се случи нема да го боли толку колку што тебе душата ќе ти се искине,неговите деца се израснати здрави и прави. Кој како сака нека го свати ова ама тоа е реалноста пред 30-40 години и сега не е исто.
Баш истово го реков. Дека тогаш и сега не е исто. И знаеш што ми рекоа? Многу сум претерувала. А баш пред 2 недели со точаци се симнуваа од планина (улицава наша нагоре води кон планината), неколку луѓе и имаше едно куче лежеше на патот, тој првиот од што беше залетан не го виде кучето и мавна во него. Се искрши и он и кучето. Тие со точаците се пострашни од коли. Дека е удолница се залетуваат, не гледаат, а се тивки, да е кола ќе чуеш. Баш мм и свекор ми работеа надвор на оградава и ја видоа дешавкава и мм сам рече среќа што детето не беше надвор со нас, можеше да удри во него. Ама ако се случи недај боже нешто, после касно ќе е. Баш пред една недела се вративме со детето, шетавме пешки и само што влеговме во двор, свекор ми и вика на свекрва ми, оди однеси го на другата улица, прошетајте (ја напиња) и јас му викам остај го де нека си поигра во двор, сега се прибравме нема само по улици да ака детето. И он пак е ако де, нека прошетаат и пак и вика. И јас се изнервирав зошто муабетов се водеше ко демек што ми е гајле ти што ќе кажеш, небитна си и му се завртев со повишен тон за и она да чуе "мал е дворов, не не собира, несмееме во двор да излеземе ни 2 минути одма мора по патишта да се шета". И после кратко си влеговме дома. Ако се дома од нив човек во двор на раат неможе да излезе, мора да се извади на улица, значи МОРА.
Ова е неразумно однесување. Синко кога го чуваат го шетаат надвор ама синко едвај чека да оди некаде, плус полесно е кога е излезен, мирен е т.е. си трча и истражува. Каде и да го водат нам ни е океј затоа што е многу темпераментен, па како им е полесно и како е помирен синко така нека прават. Ова се однесува на сите баби и дедовци, да не разбереш дека зборам за свекрва и свекор. Свесна сум дека е напорно да го чуваат, мене ми е напорно некогаш а не на луѓе во години, па кога бараме услуга да го чуваат не наоѓаме маана. Средувавме стан па често имавме потреба да одиме некаде да купиме нешто. Секако имам доверба во сите, го сакаат најдоброто за синко, никогаш не сме имале проблем да одат против наши одлуки.
Vo pravo si. JAS GO ODBEGNUVAM TOJ razgovor dolgo vreme mozebi zatoa sto se plasam deka ke gi izberi niv mesto mene.A i me znam so da mu recam tocno .Ne saakam po cel den da se slisas do niv
Секако нема да ти смени ништо ако знаеш. Сигурно нема преку планина и да ги нема цел ден се знае каде одат или улица, продваница, парк, лулашки итн. Премногу се замарате и првите проблеми каде што нема и такви се старите. Нека има кој да го шета вие уживајте си тоа време.
Ако планираш така да го водиш разговорот во правец да му даваш ултиматум да бира некој, најверојатно и ќе ги избере нив. Мислам замисли ја обратната ситуација. Ќе седнете кога сте расположени, во опуштена атмосфера со отворени карти. Муабетот треба да оди во правец да се разрешат вашите несогласувања, а не да ги нападнеш неговите блиски. Ако го направиш тоа, очекувај напад назад. Нема да му збориш зошто тие му ѕвонат туку ќе му објасниш како изгледа од страна и како тој се менува кога разговара со нив. Кажи му дека вие сте семејство, нормално е да се грижи и за другите блиски, но тоа никако не смее да влијае врз вашиот однос. Тие двете остави ги да прават што сакаат, кога ќе ја преминат твојата граница тогаш ќе изреагираш. Колку повеќе се мешаш во нивниот однос и колку повеќе му збориш против нив толку повеќе ќе зазема одбранбен став. Веројатно си имаш твои другарки и семејство кои ќе ти бидат поддршка за било што, жалење и сочувство од трети особи не очекувај, а не ти ни треба. Кога маж ти разговара со нив остави го, игнорирај, излези од соба и кога ќе заврши однесувај се како ништо да не се случило, излезете, играјте нешто, било каква занимација за да ги тргнете мислите. Истото се случува и кај нас, нонстоп жалење ама јас буквално не се замарам. Маж ми ги тинтраше порано, помагаше, трчаше за нив ама да ти кажам му се здосади. Сега е толку отрпнат дури и често знае арогантно да им возврати што јас морам да го смирувам, а беше обратно. Значи скроз на игнор, не збори против нив, олабави се. А доколку маж ти има проблем да разграничи некои работи во смисла приоритети тогаш имаш баш голем проблем и треба убаво да си размислиш.
Јас утрово се смеам не можам да престанам. Се симнав со малиот и им кажав среќен нека е Велигден. Они ми викаат Христос воскресе, јас им викам Да да. Атеист сум знаат, и тука намерно иде јатрвица вика на цел глас Христос воскресе за многу години, се така заедно да сме си, лицемерие фршти, и намерно вика ќе одиме во црква нели. И маж и нејзин вика ее бевме завчера и во четвртокот зарем пак? И она ааа мора како не ќе одиме. Јас само честитав Велигден, а они гушкање, бакнување човек ќе помисли некој од семејството воскреснал.
Првото, од култура се честита. Како што џамија што ќе соблечеш чевли. Издигни се, прво културата покажи ја. Второ, не се исмевај на туѓата радост за верски празник. Тука имаш два моменти, си разговарале меѓусебе, маж и жена, си честитале други снаа и свекрва.
Да да. Се залагаме за рамноправност ова она, ама ако човек е атеист одма е некултурен иако честитал на некој начин. Ако се издвоиш од толпата не чиниш. Јас го напишав ова за хумор. Дома знаат сите дека сум атеист и сепак од некоја почит им честитам, на моја фамилија на ист начин честитам. И нема нешто страшно. Они се лажни верници, ама тоа е друга тема. Џабе е мислам цело лицемерие на свет за некои луѓе.
Не е ништо спорно ако си атеист, секој си одлучува за себе, таман работа Еве јас не сум муслиманка па честитам Бајрам, значи за почит и култура се работи. А тебе те нападнаа зошто не кажа си им честитала, туку они ти рекле Христос Воскресе, а ти си им рекла ДА, ДА. Тоа не е честитање, мислам дека за тоа беше реакцијата, бар јас така разбрав.
Епа добро, им реков да,да навистина воскресе, не го направив саркастично, туку а да демек се сетив така беше, само не ми е својствено така да честитам, веќе со години честитам со среќен празник за сите верски празници.
^Подобро ни така сувопарно исмејувачки да не си честитала, одколку вака што си саркастична и се смееш на туѓо честитање и празнување, особено со луѓе со кои делиш ист покрив. Сето тоа е одраз на култура.
Ве читав назад поназад кај шо свекрвата не ви искачала од соба, зашо пример не ги бркате? Пр. Иди свекорот те вика. Или Богданчо те вика иди.