Или уште поубаво, те молам излези не можам да дојам пред други, се стегам и бебето се нервира. Дирекно и чао.
Не ми е јасно зошто толку имате одбивност да доите пред свекрва? И со мајка ви така праите? Во болница нема кој не ме виде гола, немам проблем за доење во јавност, дојам пред мајка ми, сестра ми, јатрва ми, другарки, ама баш свекрва ми треба да е проблем? Зошто? Вие само дома сте затворени? Не одите никаде? Не доите ама баш пред никој? И ако е така, до кога планирате да сте дома затворени? Мислам дека проблемот е друг, а не дека ете баш доењето е проблем. Иако морам да напоменам, мене никој не ми стои над глава кога дојам, сите или излегуваат од соба или се поттргнуваат и си тераат друг муабет.
Не е проблем цицката да ја видат, проблем е што свекрвата им стои над глава и ги гледа како дојат. Па добро ли дојат, гладно да не е итн. Не ги поддржуваат, само нервози им ствараат. Наместо да се тргнат и да одат да зачистат, што е реална помош, свекрвите сметаат. И мене никој не ми стои над глава, ама јас имам близок и супер однос со свекрва ми. Не ми сметало ништо што ке направи, а седела со мене додека дојам, го бањаше синко (долго време и мајка ми и свекрва ми зошто ми беше страв) итн. Сега се одделивме и пак имаме супер однос. И кафе пиеме, и ручек прави и одиме кај нив. Битно е да имаш здрав однос. Ама и мене ке ми сметаше да имам свекрви како некои членки тука. Јас сакам да сум сама кога дојам, поубаво ми е така.
Малку е морничаво да ти стои некој над глава дур доиш и да гледа. На возрасни луѓе им стоите така дур јадат? Не е проблем голотијата ниту е проблем ако се најдеш во ситуација да доиш пред свекрва ти. Ама да му упаѓаш некому во соба само за да гледаш како дои е морничаво.
Секоја религија се почитува, но од тебе што не се почитуваш себе си доволно зошто да очекуваме искрено честитање. Ти проблемот со мажето не си го реши,за честитањето си се фатила. Колку и да си душман со некој му честиташ празник,па после пак биди душман. Симпл…
И јас сум атеист па секогаш честитам како што е редот на луѓето кои слават кој и да е празник, и не со --- да да така беше дур се сетам. Се знае што и како се вика, основна култура и почит е, после не ви чинеле...
Не сакам да се навредиш ама и ти и маж ти сте си бааѓи незрели затоа и врската ви е таква. Што е толку тешко да вратиш со 'навистина воскресе'? За во црква ја не одам ама не се расправам и објаснувам. Речи им ќе видиме и продолжи со животот.
Ептен смешно, како си им вратила пресмешно. Тие празнични моменти со семејството се прекрасни дури и ако си атеист, кај нас најголем дел од луѓето најчесто ги следат од традиција и од што е фино да постојат такви денови и традиции кои се споделуваат со семејството. Не сум видела ни едно дете пример кое не се радува на боење јајца, божиќни украси и слично. Или што не се радува кога семејството е на куп. Нема ништо лошо во разменување убави желби и честитање празник, од која религија и да е. Колку и да не си верник, не гледам што има лошо да честиташ празник некому.
Не знам што е смешно ова. Па етрвата ти знае да прави лице, ти кога не знаеш ќе пишуваш на темата. И како ова е поврзано со свекрва не знам, ова повеќе е твој проблем и си ја покажуваш културата и воспитувањето. Не знаеш како да испочитуваш и честиташ празник. Многу има што се атеисти па вака не одговараат.
А што има да виси било кој ко свеќа, додека дои жената? Како тоа споредуваш болница и дом? Јас не се осеќам пријатно некој да ме гледа гола. Ни пред мајка ми. Болница е друга приказна, сакаш нејќеш мораш, те пораѓаат, ти објаснуваат, те прегледуваат ама у своја куќа да се осеќам нелагодно не може.
^Тие најголемиот христијански празник не го честитаат, па уште бараат почит од свекор и свекрва. Секоја чест!?
И, ако си честитаме празник, магично сите проблеми ќе исчезнат и ќе се засакаме? Не е ок начинот на кој што изреагирала членката, ама па да честитам од култура оти е празник и за од утре пак да си е исто, мене тоа ми е многу лицемерно. Ако се почитуваме секој ден ќе се почитуваме, ако не, ни празник, ни делник, ништо не е битно.
Ептен е лицемерно ама па така функционираме сите. Лицемерие во фамилија, на работа, со некои пријатели, едноставно така функционира. Мене гајле ми е другата особа што ќе помисли, културата не ми дозволува да не честитам, јас ќе се осеќам неубаво. Исто како добар ден да не кажам.
Е браво за ова. Јас мразам лигавење. И на свекрвата и реков среќен празник само, онака ладно. Ние не се поднесуваме и ќе се гушкам? А колку пати ни Нова година и немам честитано.