Ау жени отров сте. Де, што е битно дали честитала или не? Ја третираат како да е нула, али она лажно што не им честитала, а не е верник е проблемот. Де, готово, пропадна светот сеа, не знам како светот ќе се оправи.
Муабетов ме потсети на една мајка во парк, зборуваат на друг јазик и ми кажува дека на нејзиното дете му рекла да не се кара со моево дека денес било празник. А мајкава е така нервозна нешто и нон стоп вика се дере на детето, а дента гледам ништо не му вика, си помислив дека кажа нашла нова работа па можеби посреќна и посмирена е заради тоа. Тоа не ми е во ред, на празник едно, на обичен ден друго. Се согласувам дека треба да се честита, иако човек е атеист, иако не сте во добри односи. Со честитката човекот го покажува своето лице и карактер. Значи честиташ затоа што тоа е убаво, културно и е во твојата природа и култура. Тоа да да навистина воскресна е детски ама членката мислам дека е млада, со тек на времето човек станува се позрел и ќе сфати. Таа не гледа на тоа исто како некој на 40 години, а се разбира и секоја возраст има и исклучоци.
Лицемерие со колеги и пријатели, не е исто како со луѓе од блиска фамилија. А зависи и колкава е дистанцата и која е причината за истата...
Во право е @gjoker4e, со тек на време созреваш, имаш поголеми обврски и проблеми и едноставно немаш ни време ни енергија да се замараш со небитни работи. Едноставно честиташ и продолжува денот. После да ми вадат од нафталин работи како сум некултурна и сл. зошто и како сум честитала, што сум рекла, не фала.
Ако не е верник зошто би рекла "Навистина воскресна"? Ги испочитувала доволно што им честитала празник. Не се ок коментарите за јатрвата, друго сосема ок изреагирала. Башка проблемите што ги има со нив, мене ако ме прашате воопшто не заслужуваат почит. Некои кои го коментираат мажето во оваа ситуација е бедно. Жената веќе сто пати пиша дека знае дека има проблем и со него и дека работи да го смени тоа.
Колку бе се замарате со вакви работи. Што те интересира дали сакала да честита, дали заборавила и слично? Гледајте си ја вашата култура и памет.
И ако знаеме дека лицемерието е насекаде околу нас, и на работа и дома што треба? Да се отргнуваме од културата и јасно да им речеме те мразам ли? И не се само тие од спротивната страна лицемерни и сите ние некогаш глумиме лицемерие. Оти да е спротивно никој со никој не би рекол ни здраво. Оти едноставно така функционира светот. Ама мене ми е тотално неприфатливо однесувањето на членката и со тоа нејзино исмејување као колку паметна излегла се исмејува сама себеси. И не може секогаш некој друг во се да е крив, само ние безгрешни.
Гледам колку не се замараш. Него дека ти е досадно па делиш памет. Само извини сега немам време за тебе
Не станува збор за дали честитала само. Едноставно ако сметала дека е против нејзините убедувања, можела и ич да не врати или само да каже среќен празник, како што би кажале пример на некој човек кој е од друга традиција која не ја познавате. Подобро отколку да да. И неа никој не земал да ја гушка, се гушнале другите членови на семејството, не знам во кој свет е ок да мериш другите зошто и како се гушкале, па уште на форум да дојдам да ви кажам колку е пресмешно што честитале празник луѓето и она колку ги спуштила на земја со тоа да да.
За тоа пишав дека другите коментари не и биле на место и загледувањето. Она прва му рекла среќен празник и со тоа ги испоштовала доволно.
И јас не велам Навистина воскресна затоа што не верувам во тоа, атеист сум. Честитам празник од срце, и јајца вапцав, и на гости го носевме синко ама не можам да кажам навистина затоа што треба да веруваш во тоа. Тие нејзе не и дозволуваат со нејзини роднини да се види, а таа лоша испадна.
Ајде бре Блек девојко гладна за карање. Не се замарам душо,ни за тебе ни за некој трет. Споделив мислење, а ова детенце препиши си го на себе и престани со подбуцнување нешто таму каде што немаш потреба. Се гледа од авион дека сакаш да се караш. Ако немаше време уопште немаше ни да возвратиш, ниту пак ќе те вознемиреше моето мислење, и ми викаш да сум си ја погледнала мојата култура,а твојата е нула со навредување. Олабави,празник е.
Мила знаеш како, доволно е да се испочитува доколку некој го гледаш дека се радува на тоа. Епа нека ја нахрани свекрвата и нека и речи нека е за многу години. Немора ни навистина ни воскресна доколку не се сака. И не е ништо апсолутно смешно во приказната. А еве јас на пример ја прочитав само нејзината случка од кај да знам дека свекрвата и била лоша не ја оставала да се гледа итн,инт кога во оваа ситуација нема ништо лошо. И зошто сега свекрвата да и е крива кога може сака да си празнува. Сака да си биде верник голем... тоа не и прави лошо неа...напротив си има жената занимација. Како некој на јога што се исполнува така некој со религија... Него во цела ситуација секоја и чест на јатрвата. Само така треба.