Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    2.033
    Пол:
    Женски
    Леле женчиња какви сте, ќе го распнете девојчето со коментарите.
    Ете го болдираниот дел за сите што не прочитаа убаво, се симнала и тоа со детето најверојатно ќеф да направи за внучето да си го видат и ИМ ЧЕСТИТАЛА ВЕЛИГДЕН, е тие возвратиле со христос воскресна и покрај тоа што знаеле дека е атеист. Немојте не претерувајте, пола од вас да можат на свекрвите не им би ги виделе ни очите а камо ли празник да им честитаат. Ама нели македонското, атер за мажот, родител е и сл.
    Нема потреба од толку навреди за членката. Ниту им рекла зошто така ми викате ( честитате) ниту ништо, и верувам дека тоа ДА ДА не звучело толку филмски како што го направивте. Ако игнорирала ќе била лоша не одговорила, ако одговорила со "да, да" било навредливо, што требала да рече "навистина воскресна" и да испадне лицемер и кон себе. Побогу не убила човек.
    Патем, на свекрвите се мора да се прогледа низ прсти, да се одбие на годините зоште стара била, за мир со мажот итн итн. Епа ете сега малку и свекрвата нека препише на младоста, нека попушти за среќата на синот.
    А можеби ниту се налутила ниту навредила свекрвата, може се сетила дека и нејзиното честитање не било исправно.
    Женчиња многу отров ви се собрал од свекрвите деновиве, повеќе од очигледно е. Олабавете и уживајте, нема потреба секогаш да се докажуваме како би било ако сме на нечијо место, бидејќи не сме, ниту да се докажуваме како сме подобри од другите затоа што можеби ни тоа не сме.
    Убав празник :)
     
    На Anyshka, meggle, Ena05 и 26 други им се допаѓа ова.
  2. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.650
    А зошто они и викаат Христос воскресе, кога знаат дека е атеист?
    Кој е полош и понекултурен овде?
     
    На kim.k, Cherry333 и Fallen.Angel им се допаѓа ова.
  3. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.707
    Пол:
    Женски
    Не знаеле рече.
     
  4. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.744
    Допаѓања:
    17.711
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.478
    Допаѓања:
    10.927
    Е ај дека е таа атеист сите на газ ќе паднат и заради неа нема празник да слават.
    Ако прочитавте убаво таа нагласи дека се пресмеала оти тие се гушкале меѓу себе и си славеле Велигден.
    Немам зборови за нејзината некултура.
     
    На MG3, strangewoman, buba4e89 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. flawless.

    flawless. Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2020
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.216
    Пол:
    Женски
    И за смеење е ако некој што го познаваш глуми нешто трето, само многу преувеличувате и ја нападнавте заради други теми, не е пресмешно што славеле и честитале, туку нивното однесување воопшто. Не се обожаваме ама ај дека Велигден ќе се гушкаме.
    Подобро некој да мисли дека немам култура отколку лице да правам и да глумам нешто што не сум и да кажам нешто што не мислам.
     
    На Anyshka, Nausicaa, Cherry333 и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Ако сака ќе честита ако не нема.Кога одиш во муслиманска продавница и ако не ти честитаат празник значи се некултурни? Секој за себе нека си гледа кога веќе не се океј луѓе свекор и свекрва не ни требала да се симне и да честита, али сепак испаднала фер и се симнала направила чест и толку од муабетот.Не туку преувеличувајте не е нож на грло.Што ако каже и свекрвата што е "верник" Христос Воскресе кога после тоа само што ќе заврти грб ќе ја пцуе,вреѓа и колне и мисле се најлошо(полош верник од ова и од лицемерни луѓе не постои). Подобро да каже да да одколку да честита а после тоа да им мисли се најлошо.
     
    На Anyshka, Nausicaa, Cherry333 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.796
    Допаѓања:
    40.328
    Пол:
    Женски
    Јас мислам не ни требало да честита штом е атеист. Нема зошто лице да праве
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Тие се бетер што честитаат,а позади гробот ти го копаат!
     
    На Fallen.Angel, thelittle17, crazylady и 2 други им се допаѓа ова.
  10. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.914
    Допаѓања:
    18.800
    Пол:
    Женски
    Културно е да честиташ празник кога некој слави, за склучување брак, раѓање на бебе, крштевка, за нов дом итн. Не мора ни да раѓаш ни да сакаш брак за да честиташ некому за нешто.
    Има Среќен празник и Среќен нека ни е празникот.
    Среќен празник е доволно. Да кажеш дека Исус воскреснал или се родил треба да веруваш во тоа.
    Направете разлика.
     
    На Martka, VDT2906, nevermet18 и 8 други им се допаѓа ова.
  11. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.796
    Допаѓања:
    40.328
    Пол:
    Женски
    Која е разликата меѓу среќен Велигден и Христос Воскресе? Велигден не за џабе се вика Воскресение Христово. Ти зошто вапцаш јајца а си атеист?
     
    На buba4e89, tina2018 и Brpbrp им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.835
    Допаѓања:
    275.003
    Па добро, ако се христијани не ми е чудно да се радуваат навистина.
    И јас сум атеист и исто, честитам празник, и тоа е тоа, ни да ни не - не продолжувам со муабетот понатаму.

    Знам дека те нервираат за се`, ама сериозно, јас вака како атеист едвај чекам празник и се радувам, тек оние што навистина им значи сигурно многу повеќе се радуваат.
     
    На Martka и mal.ecka им се допаѓа ова.
  13. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.914
    Допаѓања:
    18.800
    Пол:
    Женски
    Среќен празник честиташ затоа што тие слават. Кога некој се венча велиш среќен брак, нели? Без разлика дали ти ке се венчаш или не. Или за дете? Велиш честито, нека е живо и здраво, па дали ке раѓаш е твое.
    Затоа што ми е мерак, синко се радува, гости ни доаѓаа и тоа е тоа. Ако верувам во еволуција а не во Исус не смеам да се радувам? :^)
     
    На VDT2906, Nausicaa, Meckicja и 5 други им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.835
    Допаѓања:
    275.003
    Ниту јас не одговарам со “навистина воскресе“ и “навистина се роди“ оти не верувам во тоа и троа лицемерно е да се изразувам така.
    Честитам празник, - среќен Велигден/Божиќ/Бајрам/ итн и не навлегувам кои се конкретните начини на изразување.

    Не ми смета другите што прават, ама и мене некој да ме форсира како да се изразувам, секако дека нема да “послушам“.

    Девојчево е исфорсирано колку што знам и во црква да се мажи, не знам за дете крштевање, а маж и` ја слуша мамичка.

    Мислам сериозно, да ме замара свекрва ми дали во црква ќе се мажам или да мисли дека има право да ми кажува, и мене на нерви ќе ми оди и не, нема да ја почитувам, посебно ако синето се плаши да не и` противречи случајно.
     
    На kim.k, gjoker4e, nevermet18 и 7 други им се допаѓа ова.
  15. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.796
    Допаѓања:
    40.328
    Пол:
    Женски
    Па не знам, мене ми е чудно да не верувам во нешто, а да го славам.
     
  16. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.914
    Допаѓања:
    18.800
    Пол:
    Женски
    Јас многу сакам кога нешто се слави. Свадба, роденден, празник. Сакам да спремам јадење, да одам и да ми дојдат гости, се радувам како мало дете.
     
    На Martka, mal.ecka, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.542
    Допаѓања:
    20.190
    Пол:
    Женски
    Што се изнапишавте, не соодветствува за некој кој од другите бара култура, почит и толеранција, а ни самиот не е таков. Сите треба да ги почитуваат верниците и да одговараат согласно нивните убедувања, а никој не треба да ги почитува атеистите и да одговара согласно нивните!

    Им го уважила празникот, ја уважила и свекрвата, односно ги испочитувала со тоа што им честитала празник. Каде е нивната почит кон неа и прифаќање на нејзиниот избор како атеист, наместо едноставно благодарам, да сме живи и здрави или како и да е, одговараат со Христос воскресна‽ И да ги понела еуфорија од празникот (а не е тоа, бидејќи ја имам читано членката, а ги познава најдобро па оценила дека е намерно) таа нема апсолутно никаква обврска да ги изговори зборовите во кои не верува, оти тие очекуваат. И зошто би ги очекувале, зарем не знаат дека е атеист? Значи таа треба да има разбирање, почит, прифаќање и се останато, а тие ништо од ова кон неа?

    Јас не познавам атеист кој честита со Христос воскресна, особено не на луѓе кои знаат дека е атеист. И никој нема право да му го наметнува спротивното!
    И не познавам верник кој на честитка од атеист враќа со Христос воскресна. Познавам верници кои се збуниле и одговориле со Христос воскресна понесени од празникот и е ок, не е за замерка. Ама атеистот нема никаква обврска да одговори согласно нивните убедувања, доволно е да биде на културен начин, почитувајќи го празникот кој го слават. Да, во случајов е соодветно. Како, зошто, од што верникот да е навреден? По ваша логика и членката треба да се навреди затоа што и честитале празник во кој не верува.

    "Да", е афирмација и многу подобар избор од игнор, особено за луѓе со кои живееш и знаеш што се со намера ти имаат направено.

    Не знам како ја гледате културата? Во гушкање? Културата е во вредностите што ги поседува еден човек и тоа никако не е гушкање некој кој не сакаш да го гушкаш, а да се чувствуваш под притисок и принудуван ради нечии очекувања. Воспитувањето е во моралните особини и способности. Толеранцијата е во способноста да ги разберете и сфатите другите, а не ова само за себе да се бара. Почитта е во тоа да се уважи некој. Манирите се во начинот на однесување и постапките, а истиве на оние околу неа се еклатантен пример на елементарна некултура и непочитување.

    Точно е дека празниците се прекрасни за повеќето атеисти, од аспект традиција, децата, зближување семејство итн. Ама во семејство со обострана почит, љубов, толеранција, разбирање итн. Не таму каде некој те гази, очекува се од тебе, а за возврат те множи со нула. Да, лицемерие е пресмешно!

    А како тебе фарбањето јајца те прави верник побогу? Не знаете ни традиција што е. Обичаи, дел од културата и наследство на еден народ. Како и зошто обичаите се забранети за атеисти и како фарбање јајца ги прави верници?
    Дали редиш елка за Нова година?
    Дали тоа значи дека ја славиш природата? Елката е дел од паганизам.
     
    На kim.k, gjoker4e, AngIv и 19 други им се допаѓа ова.
  18. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.792
    Допаѓања:
    24.982
    И јас сум атеист, па вапцам јајца. Затоа што ми е убава традиција останата од мајка, баба, прабаба и ме потсетува на фамилија и топлина.
    Исто и за Бајрам имам одено бар 20тина пати на Ифтар кај луѓе што го слават. Не затоа што јас верувам, туку затоа што ја почитувам нивната вера.
    Честитам и муслимански празници на Муслимани, честитам и христијански празници на Христијани, честитам и Дивали и Холи на колеги Индијци. И не гледам во тоа ништо спорно и лицемерно.
     
    На Oneo, Nausicaa, Idedemja и 6 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.835
    Допаѓања:
    275.003
    Не верувам ни во Халоуин па го славам.
    Не треба да верувам за да славам.
    Треба да сакам да си наследам или создадам традиции, па нив да си ги терам.
    Толку е просто.
     
    На Nausicaa, Idedemja, thelittle17 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.914
    Допаѓања:
    18.800
    Пол:
    Женски
    И 1ви април сакам да славам, наредна година ке го маскирам синко, и јас со него.

    Како што кажа @Lianna Anna постот, причестот се дел од религијата. Јајца вапцање не. И во цркви одам, последен пат на Св. Наум. и Св. Јован Бигорски. Не треба да веруваш за да влезеш и да се воодушевуваш.
     
    На Nausicaa, thelittle17, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.