Допрва ќе гледаш циркузи.Само нека се омажи золвичето.Веднаш ќе се префрли фокусот на таму.Па уште ако влезе во некоја фамилија, па уште кога ќе роди деца ќе видиш како нејзините веднаш ќе бидат помили од твоите.Затоа што нема да и бидат тука да и досаѓаат цел ден.Добро е што маж ти е реален и има во план да се тргнете од таму. Само немој да го напнуваш премногу оти знаат и да се предомислат.Гледај само што побргу да заминете од таму пред да западне под нејзино влијание како што беше кај една друга членка малку погоре.А тоа што не ти купува ништо и не те рамни со ќерка и , ич да не се секираш.Тоа само покажува каква е по карактер.Батали ти убавите зборови за тебе.Делата кажуваат.На крајот од денот битно ти и маж ти да си имате каква таква слога и вие да си создадете, материјално или не.Останатото кој како милува.
Бојле ништо да не ти даде за да не ти го извади низ нос после. Ќути си, не сака не сака. Кога ќе те прашаат комшиите што ти купи свекрвати за свадбата, речи им ништо не ми купи. Симпл… Кога ќе те праша она ама зашто така си рекла,кажи и а излажав ли нешто? Ќе си стаи прст на чело,касно ама и муцето пред комшиите ќе и е затворено.
Тие чим до сега не си ставиле нема ни да си стават. Зашто ќеркичето да чисти кога има сега снаа што треба да слугува по дома. Мислиш им е гајле на нив за снаата. Проблемите тек ќе доаѓаат а ќе си отидат кога они ќе си заминат од таму.
Наводно свеки ќе купела кога ќе сум се породела. Мм вика јас ќе и купам нормално нешто кога ќе се породи а свеки вика па тоа ќе биде од тебе не од нас, и мм вика па нормално ти ќе купиш посебно. Ама сега свеки немала пари нишо да ми купи ќе ми земела ко ке се роди бебче. Вријам значи. Кажува не гледала адети, а и знае устата да и лае. А свекорми па душа душа. Како ми е жал за него ќеркаму се понаша ко да е клошар го вреѓа на секој чекор. Он и вика мажи се мори да дочекам внуци 30та си ја фатила,а она му вика обеси се бе не се мажам ако треба жена дома ќе донесам. А мм е свесен дека не се трпи веќе вулгарноста и понашањето на сестраму, и само се трга зашо еднаш лом се направија. Единствено го жалам свекорми шо ниту е најаден ниту е испран ниту испратен на работа ко шо треба. (Пошо свеки работичката не си ја остава никако)
Верувам дека не ти е сеедно, ама освен ако не и' чистиш на золва ти, не можеш да се буниш како таа живее. Ако и' чистиш на неа, едноставно е, престани. А мт е мн свесен и точно знае што треба - да се отселите.
Жими се да не се поместам од местово, кога дојдов кога ме земаа од арно поубаво. Јас не сум некоја домаќинка ама секој ден се е чисто се е испрано испеглано ручек топол ги чека. И сега плус трудна све работам. Перам пеглам чистам ручеци ово оно све. Не знам ни јас многу да готвам ниту благо солено ама интернет е тука имам воља не сум ги остаила без ништо. И на работа кога одев исто ручек ќе напраам и ќе одам на работа. Не знам искрено. Вчера такви грчеви имав не знаев шо да им спремам, потпеков макарони, и золвето вика вака не се прават вика јас тие што ги правев беа поубави, и јас и реков и пред мајкаи и пред таткои, викам ти големата домакинка еднаш потпече макарони и се посра. Не се трпи.
Да ми рече вака татко ми, не знам дали ќе продолжам да комуницирам со него. Втф бе. Леле не бил најаден и испран... ок, заборави дека пишав.
Напоменав пошо ако не фатам јас да исчистам нечии гомна никој др не ги чисти. Ептен свеки ако се падне слободна па дома,ќе забрише да се рече и после го збори 2 недели. А золвето не чистела туѓи гомна. Ха
Ако сакаш да си ги зачуваш нервите а и бракот, бидејки така и бракот се распаѓа полека,тргнете се одма од таму. Одете под кирија, вие додека соберете пари за куќа ќе се соберат куп проблеми и расправии. Па тек кога ќе се роди бебето ќе ти биде пекол таму.
Искрено. Маж ми сега во јули оди во Германија за да можеме да се тргнеме од тука и да собере пари за куќа плац или пак на крај краева едно станче. Јас можам се да истрпам поради него и поради моето сеуште неродено дете. И ќе истрпам зашо сум гомно невидено. А дека ќе дозволам свеки да го чува бебче тешко.Богами тек сега ко ќе се свестам тешко. И ќе и го плеснам кад тад. Имаш ќерка нека ти роди па шетај го по комшии. Само шо јас ради расправии и кавги бројам до 10 и не пререкувам. Ама некад не можам да истрпам.
Ептен душа свекор ти, со затуцани коментари "мажи се мори да дочекам внуци 30та си ја фатила", ама тебе изглеа ти одговара пошо едвај чекаш да се отарасиш од золва ти. Болдов исто ме фасцинира, ако толку го жалиш свекор ти земи нарани го како мало бебе, испери го и стани сабајле да го испратиш на работа, изглеа има некоја физичка попреченост што го спречува сам да си ги обави тие работи.
Аха да. Не треба јас да се ослободам од золвето, јас и онака ќе си заминам со се мм од оваа куќа. Поентата е друга. А да свекорми е душа од човек, затоа што знае да те сослуша и почитува за разлика од некој шо наводно мед му тече од устата а позади грб ти копа гроб. Не нема попреченост него од свеки моја и золвето нема право на глас у сопствената куќа. Штета шо ме разбра погрешно.
Одлично што ќе оди з аподобар живот. Ти можеш или кај мама да одиш или гарсоњера под кирија за да имаш нормален живот.
Искрено не сакав да замарам никој само споделив да ми олесни колку толку. Некој ме разбра погрешно за жал. Се извинувам уште еднаш.
Ај свекорот што рекол ама таа што вратила Бегај дур можеш @RumShtangla со нив немаш нит разбирачка,нит слога.
Едвај чекам свој дом свој кревет. Како сакам така. Со мм се сложуваме многу затоа што очигледно знае со кого живеел до сега па и некои работи му сметаат. Да ни дојде некој треба со нас и со свеки да седи пошо она ти е икона . А кога ќе дојде некој на золвето ние знаеме со мм да се повлечеме и да одиме негде. За жал не сите се како нас со свест.
Затоа што не можам. Од причина што работи во фирма која што налага работниците да го делат престојот. Иако на секои 6м ќе доаѓа тука.