Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.409
    Пол:
    Женски
    Има добри и лоши жени/луѓе. Тоа што стануваат нечии свекрви, снаи, золви е само медиум и ситуација преку која лошотилукот излегува на виделина. Затоа што тешко ми е да верувам дека некоја добра жена може да биде лоша свекрва/снаа/золва/јатрва. Едноставно не е логично.
     
    На Hipica, Nati.P, lolyta777 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Мене па не ми е јасно зошто не се повикуваат на минатото и ако на нив им било тешко и немало кој да им помогне сега тие се осветуваат и удираат на снашката. :^)

    Конкретно моја свеки имала многу лоша свекрва, ептен лоша (тоа значи го кажува моја свеки на мене, ништо не и` помагала, се` сама си работела, единствено децата и` ги чувала кога идела на работа, а јас кога идев на работа малата ја запишав во градинка :!: ). Инаку со неа била ептен лоша и злобна и букцало и мрчатор и се` се` најлошо-ова ни го има кажувано свеки на мене и на мм кога сме си пиеле кафе некогаш во минатото кога се` уште бевме во некаква привидна заедница (имам и за тоа пишувано.)

    Е сега свекрва и` била лоша со неа и таа место да се смени и да рече -еве јас нема да бидам таква...таа е бетер. |(

    Конкретно вчера, дојде кај нас во соба и нешто збореа со мм, јас се шуњав низ куќа и тој и` вика-пак ли утре ќе скиташ, а бре дома не си прибрана (мм знае дека не е дома зошто кога ќе се чуеме ме прашува што и како правам, што прави малата, малиот, и дали се дома старите, дали имам помош...и кога и да се јави, јас сум сама, таа па и тој не се дома.) и таа му вика- ќе скитам, ќе скитам, мене не ми се мали децата па да седам дома, кој има мали деца нека си седи дома :^)
    И јас само се убацив-па и ние скитавме пред да се роди бебето, еве го уште малку ќе порасне, па пак ќе скитаме и си се изнасмеав :D ...мислам што и беше поентата, да ми каже сама да си ги чувам, па кој те викна на помош жено :!: |(

    И ајде нека се јави сега некој да ми рече мене на старост т.е. кога тие ќе бидат стари да седам јас дома и да им помагам :angel:
     
    На Anyshka, imelda и eli25 им се допаѓа ова.
  3. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Лолита нашата мака со децата за 1 година ќе помине и сама знаеш дека после е полесно.Ние сега и помлади ,па и можеме да го понесеме овој товар,со помош или без ќе ги израснеме.Е кога ќе дојде време за израмнување на сметките,ќе биде интересно ;) Некои работи едноставно не се прават по дифолт ,туку по заслуга.
     
    На Anyshka, imelda и lolyta777 им се допаѓа ова.
  4. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    еве да ви кажам за овој муабет што го разврзавме и мајка ми имала лоша свекрва ја терала на огин да стави котел и да ги врие алиштата а перална имало да топли на огин вода за садеви а бојлерче и бојлер имало ама не смеела да ги уклучи мене и брат ми не не чувала иако биле во заедница е сега поминало тоа и она си има успомен од лоша свекрва се мислев дека ке биде она добра свекрва ама не бре луге ако ми е мајка еве јас сум искрена секогаш она бетер ке биде од свекрва и бра ти уште не е женет но ја гледам уште сега мрга за снаата е добро проблем е што снаата идна е оставена со 4 годисно детенце ама мене не ми смета воопшто а на неа гледам ич не ја сака и се моли да не ја земел таа за жена брат ми
     
  5. feeling

    feeling Активен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    23
    здраво на сите.ве читам и си мислам што да ви пишувам.јас сум нова на форумот и сакам да споделам со вас мое искуство.многу работи во животот не се перфектни, не се сјајни но понекогаш човек треба да голта некои работи.не дека давам душа за свекрвами, јасно дека таа неможе да ми биде мајка но таа е мајка на мојот маж.и си мислам ,јас имам 2 браќа од кој едниот живее со моите.како јас би се чуствувала да моите снаи не ја почитуваат и не ја сакаат мојата мајка.јас 5 години живеев во заедница.како секое семејтво имавме и добри и лоши моменти, големиот син ми порасна таму, единствено нешто што ми фалеше беше тоа што немав време за мојот приватен живот,собери друштво, одмори кога сакаш.легни кога сакаш,и така натаму....сега после 5 години живееме сами со нашите две деца.разликата се рабирана дека е по убаво, но искрено немам време за друштво, легнување , станување кога сакаш,готвење а пред се сама со две мали деца не можеш ништо да постигнеш.(тоа што мислев дека ми фалеше тогаш)додека бев во заедница дипломаирав, ги завршив сите испити од магисратурата а сега за година дена што сум сама неможам една магистарска тема да напишам.
    сепак има различни луѓе различни ставови и многи по различни искуства...
     
    На rici.aaaaa, Moira, Agrona и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Се изначитав се си свашта! :whew: Веќе сте ги решиле повеќето проблеми, јас само ќе кажам - колку ми е долга чергата, толку си ги изпружам нозете.

    И јас имам проблем, вчера бев кај моите на еден ден, имав нешто работа,бев со малиот и свекрва ми, која си ја викнав по моја желба. Проблемот е што не ми даде пари за гориво и за патарина.

    Е така, повеќето овде сте слични т.е тие околу вас што се, за свои потреби барате/ат од други! Инаку супер си поминавме заедно, а она за горивото беше само за споредба. Дури јас купив кафе, благо за кај баба ми и мајка ми , демек се од свекрва ми :wasntme: :wasntme: , кога тие доаѓаат постојано носат по нешто на свекрва ми.
     
  7. fidani

    fidani Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    4
    Ева11 па нели и ти самата кажа кога немат тие ние да дадеме кога немаме ние тие да дадат и сега не ми е јасно зошто јас сум ја направила караницата значи кога мојата свекрва ке побара пари од мм јас треба да се карам ли што таа бара пари кои и се потребни...а тоа за на нива па немој да се навредиш сега ако можеш ти остави бебе од 40 дена на 74годишна бабичка...
     
  8. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    Секој со своите проблеми! За џабе не рекле одвој се на време додека не стане касно,нормално доколку се има финансии иако денеска е многу тешко мислам дека со волја и труд се се може поготово ако двајцата работат па за почеток можат да си најдат и нешто скромно за под кирија,се рзбира доколку и двајцата тоа го сакаат. И секако најдобро е да не зависиш од никој ни од твоите,ни од неговите зошто сакал нејќел ќе ти го лупнат тоа под нос во кавга ако ништо друго. Ената страна треба секогаш да попушти дали снаата или свекрвата за да не се пролонгира даље кавгата.
    И дајте бре жени кога барате совет не се курназете несакам да именувам никого посебно ќе си се пронајдат самите,кога некој се труди добро намерно да ви помогне вратете со позитивен фидбек,сепак одвоил време и напишал совет. Морав ова да го напишам после она што го прошитав во претходните 3-4 страни чинам ;)
    ps. ова за свинскиот сапун ме насмеа до солзи,порано како переле бе па биле живи ??? Сега од што има све и свашта о прашаците и детергентите добиваме секакви алергии,камо да можам да набавам свински сапун со него би се миела ,мајке ми барем знам природен е :!:
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  9. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    таман работа да оставиш бебе од 40дена со стара баба јас мислев ако е веке поголемко а вака не доага во предвид
    зборот ми беше дека само за едн прашок сте направиле непотеребна караница
     
  10. anule88

    anule88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    214
    Тоа ти е разлика во генерации арно рече некој предходно климаксот ги фаќа на некој :lol: само тие во минатото повеќе трпеле оти живеелево едно убаво време кој можеле полесно да се осамостојат и да не ги трпат нивните свекор, свекрва, а сега во наше време владее беспарица и нормално нервоза кај нас младите и не трпиме многу :worried: И мојата свекрва страдала многу од свекрвата посебно од свекорот мислам сама ги одгледала децата но мојава страдала и од јатрвата и деверот живееле со нив во заедница во иста куќа а свекорот и свекрвата им биле на село во куќата па потоа свекорот живеел со нив заедно ете јас незнам како им било но мм самиот кажува оти истото нам ни го прават што им го правеле они на нив ама тоа е што можиш да им правиш ( ете гледам и татко ми истото што во минатот дедо ми им го правел на нив сега и тој прави исто и во лице им викам арно што немате син и снаа па незнам која снаа би ве трпела на вас до душа он си има проблем што неговата сестра му зела имање па сега се туши со тоа ама пак не би можел никој да го трпи :swear: )
     
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.383
    Допаѓања:
    103.170
    Пол:
    Женски
    За феминката што рече под кирија, мислм дека никогаш не живеела под кирија штом го дала овој совет, ако грешам нека ми прости. Прво и основно, под кирија фамилија не се гради, тоа го имам почувствувано богами на своја кожа знам како е, едно 20 години речиси живееа моите под кирија и знам како е дефинитивно. А и јас живеев под кирија бааги време во Скопје и можам да кажам дека ко што фрустрира плаќањето кирии ништо друго не фрустрира, како секој месец да фрлаш во оган 200 евра, онака, од бес. Се разбира кога нема каде мора и така, едноставно нема друга опција па тоа е единствено. Ете за ние да не одиме под кирија со вереникот мој ќе поживееме некое време со неговите, потоа сами. Компромиси се дел од нашето секојдневие, еднаш ние кон нив, друг пат они кон нас, едноставно така функционираме веќе втор месец и не дека е лесно, таман работа, ама се издржува. Јас фатив и еден многу лош период кога вереникот спремаше испити и јас богами измислував топла вода додека он учеше, од досада се разбира, во време на сесии кога сите учат. Јас не се жалам, кога ми е тешко си мислам како бев јас додека растев, мојата вечна мака, од стан во стан, па и тоа како изгледа пред другарчињата, ужас. Затоа, ако не сте спремни да направите компромис ич не размислувајте на соживот, или киријата ви е единствена опција, се разбира доколку нема опција станче екстра и слично. Ќе речете оваа сега два месеци одвај живее со свекрва и и одма попува, ама не се само двата месеци муабетот, си се знам себеси каква сум и затоа се согласив на ова, си знам дека за доброто на сите ќе се повлечам, ќе издржам некое време во тесно, во тесно мислам на ситуацијата, не на просторот :D
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    се гради море и тоа како да знаеш... едно е студент друго е во заедница не туку така некој смее да те исфрли на улица, на запад и сегде во светот луѓето живет или под кирија или плаќаат на банката 30 години. тоа туку речи е исто... и што сега оти сум под ќирија не треба да размислувам за проширување на семејството? јас по стоти пат ќе кажам поарно ќе плаќам кирија ( и не не сметам дека се пари фрлени низ прозор бидејќи во животот се се плаќа така и комоцијата. ) додека створиме нешто наше отколку млади тазе земени да се стискам со свекрвата наместо да уживам со мм. сите што немате осетено како е да се живее убаво и широко далеку од стари во млади години можете да ми противречите но оние што знаат, знаат многу добро дека нема цена за таа убавина. тоа е мое мислење и кажано е доколку се има услови (за да не навлегуваме пак дали се има можност или не).
     
    На andromedae, anggell, Moira и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Majli.15

    Majli.15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2013
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    Ako ima sloga ima i Boga shto se vika.. i pod kirija da zivees ama znaes deka nema koj da ti lomoti na glavaa i kako sto rece feminkata pred mene sekako ako imas i uslovi...
     
  14. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Секој си ја гледа ситуацијата од свој агол.
    Еве, моите родители и родителите на мојот сопруг се спротивни како Север и Југ, како ден и ноќ (ова по мое мислење, и не дека едните се многу добри, а другиве многу лоши - НЕ!). Дури по некогаш си се чудам како јас и мојов сопруг сме си се нашле компатибилни еден за друг :?: , израснати во две толку различни семејства.
    Ние и двајцата сме вработени. Немаме некои којзнае колкави плати (за да може веднаш да си купиме стан или куќа и да се одделиме), ниту пак имаме којзнае колку стабилна работа (како и 90% од луѓето во Македонија), за да би се задолжиле на 30 години. Но не бараме, и не очекуваме пари или било каква материјална помош од родителите (ниту моите, ниту неговите). Живееме во заедница (ќирија не плаќаме) но си плаќаме половина од сметките, даваме малку пари по дома (за намирници) и + купуваме што е потребно за домаќинството.
    Она што мене ми смета кај неговите родители е животот од денес за утре. Не штеделе за црни времиња (кои за жал пристигнаа). Мене ми е јасно дека и двајцата се без работа веќе 10 години (земаат надомест некаков - мала сума на пари) и дека не можат на овие години да створат којзнае што,
    иако тука мора да кажам дека татко ми е постар од нив, па и ден денес се занимава со земјоделие, се обидува да заработи нешто плус, иако реално нема потреба- имаат доволно за да живеат со мајка ми, но ете човекот е навикнат да работи
    но можат барем да си скратат на некои задоволства кои не се неопходни во животот, што се вика да си ги пуштат нозете колку што им е чергата.
    За пари ќе се снајдеме, ние сме тука, сме штеделе - ќе им позајмиме, но ми е мака кога госпоѓата ќе рече дека она два пати (два дена по ред) не јадела од истото :o :tmi: (бев направила ручек за два дена, за да не се мачи таа). Па добро бре жено, нели е најважно да се најадеш, да не си гладен, па не мора секој ден да е различно. Штедете малку, не мора да се јаде скапо (барем да купуваше нешто здраво- нема да ми е криво), не мора да се пушта машина на скапа струја... Не, не сум скржава - разумна сум. Тешките времиња ни се пред врата. Пари требаат за лекување. А ние се расфрламе како да ни растат на дрво. Секој ден може некој од нас двајца (или и двајцата) да остане без работа, и кој ќе ни помогне тогаш? Па заради тоа јас ги шетам сите продавници за денар-два поефтино, не дека ми е интересно. Никогаш не знаеш што ќе те снајде во животот, резерви мора да имаш.

    Туку, ако земеме да ставаме кантар на се‘, сигурно и таа има многу што да каже за мене.
    Затоа најдобро е различни генерации да не живеат заедно, да може секој да се одвои и самостојно да си живее. Ама ајде де, ОСМЕЛИ СЕ!!!
     
    На Anyshka, lolyta777 и feeling им се допаѓа ова.
  15. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.615
    Допаѓања:
    772
    Пол:
    Женски
    Mojot svekor vredi za 10 sVekrivi :) Ama sto i da napravis,mora da najde zamerka ili da dade komentar. ]:)
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.383
    Допаѓања:
    103.170
    Пол:
    Женски
    Сфатив дека си под кирија, ОК е тоа, само едно ме интересира, кирија во Скопје или? Јас сум растена под кирија, под кирија во мало градче каде истата изнесувала една четвртина од таа во Скопје, па моите никогаш не успеале да не пуштат на одмор, да ни купат нов точак, нови ранци, зимување и такви работи не спомнувам веќе, ниту пак дома сме имале некој којзнае каков живот, сме јаделе и по 3-4 дена од иста манџа, и не успеаа да заштедат за свој дом, туку на стари години се задолжија за кредити и направија куќа, што дека, сами седат во неа, ете сега со баба ми и дедо ми, што дека имаат куќа кога ќе остане и ќе пропадне така од што никој нема да влезе во неа. И не, не зборам за кирија за време на студентски денови, додуша знам и за еднава и за другава варијанта, и во двете е тешко. А дека е исто да живееш под кирија и да и плаќаш на банката камати за стан ич не е исто, по тие триесет години станот е твој, а по 30 години под кирија немаш ништо, уствари имаш празни џебови. На Запад и Македонија е различно како црно и бело, нема ни една допирна точка. И нејќам да контрирам фала богу, само сакам да си го изнесам гледиштето, во согласност со мене и постов ми е малку тмурен :tmi:
     
    На Anyshka, lolyta777 и Nati.P им се допаѓа ова.
  17. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Ангел , тоа е твој став , но демотивирачки е за младите да кажеш фамилија не се гради под кирија ..
    Моите излегле под кирија а за кратко време си стекнале и свое , а баба ми легнала " болна" поради срамот при толкава куќа ке одат под кирија :lol:
    Напротив мислам дека тие парови се многу храбри , ама секој со своите желби пример другарка тазе мажена имаат стан каде можат да живеат а таа се одлучи да живее во заедница бидејки сакала помош и живеење во заедница, различни ситуации и луѓе ..
    Многу парови од мојата околина прво живееле под кирија па сега отплаќаат стан на кредит , така да возможно е , не викам дека не е предизвик ама се исплати ...
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Не дека нешто многу сакам да живеам со свекрва, ама ситуацијата налага така сега за сега. Ми помага во се, а откако вчера на форумов прочитав како мајки се малтретираат со непознати жени да им ги чуваат децата, плус тоа скапо ги плаќаат, мислам дека 10 пати повеќе ќе ја ценам свекрва ми :emo:
     
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.383
    Допаѓања:
    103.170
    Пол:
    Женски
    Мими, значи кирија и кредит, односно рата за кредит се два сосем различни поими, кај нас не можеш и двете наеднаш со нормална македонска плата, да бидеме реални. И јас сакам соживот и се тоа, но мирот би си го избрала пред се нормално. И не викам дека не може, може нормално, ама реални да бидеме кирија плаќање на денешницава, со 200 евра кирија за стан во комбинација со одмор и заштеда, не ми идат во комбинација некако. Но ако сакаш пред се мир а после се друго ќе се лишиш и од одмор и од се. Така ти иде тоа, не е ништо подмачкано ;)
     
    На Anyshka и lolyta777 им се допаѓа ова.
  20. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367

    во скопје да ... незнам што менува тоа