Мислам дека почитта не се гледа по тоа дали и колку ни подариле. Подобро нека не подаруваат ништо отколку утре да префрлаат муабети што и колку дале. Јас сум секогаш за тоа парите да се вложуваат колку што е можно попаметно, од злато, ланци и тркатнци нема корист. Свекор ми и свекрва ми ни купија куќа, од татко ми не добив буквално ништо. Домаќински работи си купував сама со моја заштеда, нешто добив и на подарок. Имавме некој коректен однос, ги почитувам многу бидејќи се родители на мојот сопруг. Како и секаде иако сме си посебно, знае да излезе по некој проблем, недоразбирање и сл. Пред некое време нешто се скарале со маж ми, наводно не сакал да им заврши некоја работа и поради тоа и во една прилика префрлија дека ова била нивна куќа тоест тие ја купиле. Тогаш за прв пат им се обратив така и им кажав дека супер што е нивна куќата, но сепак ја купиле на син им и снаа им и ги прашав дали секогаш кога нема да им се направи ќефот ќе го префрлуваат тој муабет и толку беше. Доста често знаат да кажат некој тешка глупост, порано ме вадеа од такт со некои нивни муабети ама веќе ги научив какви се, се навикнав и не им се замарам воопшто. Многу голема предност ми е што не сме во заедница, вака е се полесно. Тоа што сметам дека е важно и треба да го знае маж ми, секако му го кажувам сакам да го слушне од мене. Со глупости мајка ти е ваква и онаква, рече вака, татко ти така, тоа не. Што се однесува на домашните обврски од прв ден се поставив така и на маж ми му дадов јасно до знаење дека не планирам после работа дома да бидам бесплатна готвачка или чистачка. Зошто после работа сме сите уморни и не планирам јас да трчам да зготвам, измијам, изчистам, изперам а тој да лежи пред телевизорот/лаптопот или да си седи на телефонот. Така да доста често е вклучен и тој во домашните обврски иако помалку од мене сепак е вклучен. Знае да запржи нешто, да измие садови, да собре алишта и сл. можам да се потпрам на него за такви работи. Не очекувам од никого а најмалку од свекрва ми да ми помага во било што, чим сум се омажила способна да се грижам за семејството. Ако ми треба нешто маж ми е тука, него го ангажирам и така сметам дека треба да функционира една заедница меѓу маж и жена. @Mazegin Штом си млада и далеку од брак, не си ја замарај главата уште сега со овие проблеми, има време верувај. Најголема грешка што можеш да ја направиш е уште сега да се опушташ и да вариш кафиња кај нив, утре може и ручек да ти бараат. Ти си таму гостинка, не си им снаа и ако мислат да пиете кафе тие треба да ти сварат и да те поканат. Многу сум против вакви работи зошто се почнува вака. Денес ќе е свари кафе, утре ќе биде направи ручек, другден нешто трето и кога еден ден ќе ти пукне филмот зошто не си им ништо а им работиш по дома, ти ќе бидеш лошата. Некогаш не се знае како ќе заврши некоја врска. Тие луѓе не ти се сеуште ништо, биди си на дистанца само здраво и пријатно. Штом ти вели дечко ти да не се замараш, не се ни замарај. Не верувам дека луѓето се лоши туку едноставно си се такви, секаков народ има не ставај се при срце.
Камо сите да беа ко вас Повеќето мислат дека нема врска што си начукал 30+, си решил да се жениш, мама и тато треба да платат свадба и плус злато да купат. Свекрвите си се забегани малку ама и снаите не се секогаш цвеќиња. Ја ќе пропаднам в земја некој да се искешира за злато за мене. Заработи си купи си (важи и за мажите).
И имам кажано , и дури бев на породилно , и лани летото, и на секоја пригода, за викенд кога сум слободна и имам кажано да не ја бара , зошто тогаш ми е едниствено време со малото да по минам повеќе саати ....и исто како да не сум кажала се прави ,, на удрена,, .буквално во секоја ситуација. еве вчера пример- се спремаме да излегуваме , и сега дете како дете дури да излеземе саати, јадеме, се облекуваме се накапило, пак се слекуваме, и во меѓувреме иди она и ми вели да го земам? не му велам ќе излегуваме ( а иако за викенд пак ќе речам мие едниствено време со детето таа упорна , а она ја гледа по 10 часа на ден од понеделник до петок ). И во меѓувреме малото заспа, мене ми испра машината со алишта, излегувам на тераса да обесам, она во двор.и на цел глас ми вели- ,, Ха Нели ќе излегувавте ? ,, ти си бркаш домашни работи... и замавна со раката и замина.... Као јас треба да се правдам хеј......омг стварно незнам како поинаку
А зашто не кажеш фала што ти го чува детето? Ти уште се жалиш од неа тука Или муабетот е сите се жалат од свекрви па ај и јас
јас тука дојдов за совет како да постапам во конктретна ситуација, за фала не фала ние си знајме, или го чува 10 ч.па ајде на глава нека се качува низ нос нека вади. и не се жалам јас од неа, сакав да доловам пример од секојдневие како се однесува а јас незнам како да реагирам на тоа..да не должам, сама се понуди за чување, а мене беше потребен совет, како да го поминам времето од 2 ч. во дворот со ќерками, без секој ден свекрвата да ми доаѓа, за да не бегам од сопствената куќа.
Па сама се понудила се разбира кој поубаво ќе го чува ако не бабата. Ако сака да го види кога си ти дома нека дојде заедно со вас на прошетка.
Епа никако,помири се дека немаш излез од оваа ситуација....или па ако сакаш да и кажеш отворено дека кога сте надвор во заедничкиот двор таа да не доаѓа надвор боже ме сачувај...мислам глупо звучи ама таа ти е једина опција.
Не знам што да кажам. Ми изгледа дека ке мора да излегуваш на секое. Мајката сака да е на само со детето. Што не ти е јасно?
Ако го запиши во градинка детето, свекрва и' ќе престане да ги прогонува, или ќе се интезивира опседнувањето? Што мислиш?
И да се интензивира ќе може да е начисто колку да се гледаат внукот и бабата. Ќе нема лице "на глава да и се качи" (ова се нејзини зборови) Вака сака ем да и го чува можда и ручек и прави (има и такви баби) и сега ќе и наоѓа мана. Нека си плаќа жена ако неќе во градинка. Сакала сама да се гледа со детето?Па кога доаѓа од работа не се гледаат?
А што и е на бабата тешко да оставе простор на мајката да си игра со своето дете и не се потргне? Ипак е 10 саата со детето
На децата им треба време поминато со родителите. Тоа ги прави сигурни во себе, заштитени и сакани. На бабава малку и' е 10 часа денот, 5 дена во неделата? Дури и многу и' е. Пошто не е таа родител. И покрај сето тоа време кое го минува со внучето, нејзе и' е малку? А мајкава тамам и' е и со еден саат на денот? Нема нелогични очекувања жената. Единствено што сака е да си мине квалитетно време со сопственото дете.
Бабава како љубоморна на мајката дека сама ќе излегува со сопственото дете. Изгледа ги измешала бабата брзините, заборавила која е мајка, а која баба. Запиши си дете во градинка и само дистанца.
Баш тоа е проблемот. Во Македонија многу често е појава бабата да се прави родител на внучето. Таа да го чувала, таа да го хранела, таа да го облекувала, таа да го бањала, таа да го шетала... На некој начин, како да сакаат да го изживеат наново родителството. Како да им е 'втора шанса' да бидат родители. И притоа си земаат за право тие да одлучуваат за се' во врска со туѓо дете. Најдобро е да го пушти в градинка. Ама знам тогаш што ќе се случи. Ти гарантирам дека веднаш незадоволство ќе се јави кај бабата. Ќе се лути 'оти ја одделиле' од внучето.