Треба очајно да изумре тоа бабата да го чува детето дефинитивно.Пушти го во градинка па кога ќе ти се тупне во двор и ако проба да викне по него или нешто друго ќе и кажеш и ти остај го детето ако треба некој нешто да му каже јас сум таа ти седи тука пиј кафе и уживај. Неколку пати и ќе свати штом и за други работи сватила. Не зависно од тоа дали сте во заеднички двор и јас сум била со браќата и снаите во заеднички двор па они кога седеле јас не сум седела сум нив сум ги оставала зошто знам дека сакаат сами да седат.Проблемот кај постарата генерација е што забораваат дека млдите сакаат приватност малце, а они со тек на годините не се замарат воопшто и не размислуваат за тоа дали сметаат на некого или што ќе кажат.
Јас па мислам дека ова е индивидуално т.е дека е до самиот човек.Сестра ми и зет ми моментално живеат со моите,во меѓувреме ќе прават куќа подалеку од нив.Моите скоро ич не им се качуваат на спрат.И да пијат кафе претходно се најавуваат пијат кафе саат време и си се симнуваат.И зет ми самиот си кажува дека воопшто не се осеќа непријатно или дека им прават моите некакви проблеми.
Речи му на маж ти да разговара со неа да ти даде простор да си седиш со детето.Детето не ѝ бега,секако. Чим си дојдеш од работа,одмори малце и земи изнеси го детето надвор од дома.Така скоро секој ден и може ќе ѝ текне да ти остави простор.
Истата мака и јас ја имав кога беше мал синко. Тогаш таа помлада исто правеше, исто ко што пишуваш...и не сакав да дојде лето од тоа што неможеш надвор со детето сам да поседиш..иако брзо мојата се откажа од чување детето си одеше во градинка..Не се нервирај. Само дистанца..сега мојата свекрва е покојна и понекогаш ми фали сепак добра жена беше, ама и кога ќе ми текне сега за што сум се нервирала од нејзе што сум била смотана, абе само по твое и толку не се замарај..
Има баби и баби. Ако имам избор баба да го чува до 2 3 години, подобро тоа отколку да е по доктори постојано. Друго е на 3 години да го пратиш, со појак имунитет, ке се социјализира и тогаш а организмот нема да му е оптеретен со антибиотици. Мајки кои немаат избор се жалат дека една недела е во градинла две дома. Не може да се тупне во двор кога дворот е заеднички. Членката сака приватност, не очи да вади со свекрвата, со која е во одбри односи впрочем.
Тоа што има несовесни родители и праќаат болни деца во градинка се виновни.Имунитет не се гради од чување во стаклено ѕвоно ако тоа дете никогаш не било болно/настинато со што ќе изгради имунитет, со тоа што е стерилно по дома и нема контакт со други? За да се стекне имунитет треба на навлезе страно тело за да се бори имунитетот. А да познавам и мајки што со позитивен брис од стрептокока најдоа начин цитерал да им ставаат на децата во нос пред да одат за следен брис за да испадне негативен зад а оди во градинка и затоа толку деца ќе патат. Да требале деца да се чуваат со баби немале да постојат градинки која е логиката 3 години дете да седи дома па после во гградинка нека седи до школо бар уште 3 години. Иако живеат во исти двор треба да се има осет она не седи цел ден седи два три часа а бабата е цел ден во двор која е потребата пак да биде и она кога е искочена демек нема работа по дома?
Стаклено ѕвоно е едно, јас тоа што го кажав е друго. Имунитет никогаш нема да набилдаш со антибиотици. За имунитет ти треба здрава и разновидна храна, природа и да не стерилизираш се. Јас ги разбирам и тие родители. Газдите ги притискаат да одат на работа, ако не отказ. Имаат ли избор, не.
Имаат избор да побараат друга работа нели? Ама таквите не се трудат затупени се епа сега што да правам ќе ме избркаат и толку. Тоа дете ќе се разболи било кога дали на 1,2,3 или 10 години.
Исто е и на 2-3 и на година, и да не го пуштиш воопшто, исто е, во прво ќе се разболува. И баба никако не може да се грижи подобро за дете од некој кој за тоа учел и се образувал. Од баба ќе научи турски серии, оговарање, ќе јаде се освен тоа што треба и ќе шета по комшии, а во градинка ќе се социјализира ако не друго. Има баби што подобро и од родителите ги чуваат, ама тоа не е чест пример.
Дали сте озбилни дека ќе му забраните на човек да седи во сопствениот двор? Дали?! Твое право како и нејзино да си седите во дворот, не 1 комшика, 10 ако сака нека викне. Да се замарам за тоа, никад. на крај краева одвој си за себе некое катче во дворот, едно столче стај си, абе гајба ќе свртам и ајт на здравје. Ако те праша зошто, ќе си речеш дека ис уморна и ти треба одмор малку, па вака ќе одмориш ем ем со дете ќе поминеш време. Со време ќе сфати дека не сакаш да се дружиш со неа. Имаш уште еден начин, отворено да си кажеш.
Примериве се ужас. Значи колку лошо се живее во Македонија, да не ти се верува. Толеранција, почит, култура, нула. Истото важи и за младите и за старите. Зрелост нула. Друго, сите се жалат, ама се мажеле, женела, правеле деца без да стекнат нешто свое. Тоа се вика недоговорност.
На пример што да стекнат? Стан? Ако чекавме сами да спечалиме стан, ни ќе се земевме ни деца ќе имавме.
Ама барем делумна самостојност да имаат, ако немаат целосна. И старите се криви да, ама и младите бе, ако не работиш, немаш примања, зависиш од друг, па имај малку толеранција. Ако бидеш поголема селанка од свекрвата и ако си подрска, никој не дели награди за тоа. Ова што го читам, аауу примериве, аауу одвратно. Да ти се одмили брак. Па тоа не е брак, туку терор. И за македонските мажи делумно ми го сменивте мислењето. И во темите за стан, куќа, 90% се трескате дека не сакате живот во заедница, дека со кредит се купувало стан и било сосема ок, никаков терет, а ваму е нешто друго.
А детето од улица и го денолеа или синот на дотичната го направил? Чие дете чува, на комшии? На синот детето го чува ( ако веќе снаата не се рачуна). И ако не може нека каже, ќе си најдат начин родителите. Аман од она јас ти го чувамм и уште треба да им се спостилаш и да голташ и да трпиш. Имав еден таков мама па мама. ( далеко му лепа куќа). Ако не сте кадарни да си ја ставати жената пред мајките во бракот, тогаш не се ни женете. Не барајте од жените мајки да ви бидат. Аман пресечете тоа папочната врвца и сфатете дека сте ново семејство. А не сака навечер секс со жена му а сабајле мама да му спреми доручек.
Таткото не се плачи од мајка му туку снаата. (каква неправда отвориле тема каде одговараат само снаи а нигде свекрви, ке морам да зачленам 10-15 бабички за да има некаков реципроцитет во темава)
Темата е Свекрви и снаи. И кој син ќе се жали од мамичка?? Ај те молам не треси глупсти. Има такви префригани жени свекрви што едни се пред синот, ама кога се на само со снаата се Луцифер и после жртви изграваат. Ама има и нормални жени кои почитуваат приватност и снаа и се по ред. Знаат каде им е редот. Другарка моја имаше таква Луцифер. Не моежете да замилеите какви караници имаа со мажот и до развод дојдоа. И на крај постави камера, да ја снима како се однесува со неа свекрвата, подолго време. Се разведоа, и му ја остави снимката на мажот во наследство да си ја види мамичка. Она се премажи, си роди детенце ( со првиот од стресови имаше 2 спонтани) а оној ене го со мама уште си живее. И секоја девојка му ја брка од дома.
А снаи што глумат пред синот тоа како да го испушти... И не тресам глупости, ако морам да ги тресам треба да биде и соговорникот глуп. Ти не си.