Е како тоа сопругот замислен, исплашен, натажен и не знам ти што, ама свекрвата крива за се? Сте седнале, сте донеле заедничка одлука за вашето дете, и сега сопругот таа одлука ја менува преку ноќ откако разговарал со мамичка? И кој е тука крив, тој или таа? До кога ќе го оправдуваш него за сите проблеми кои ги имате, а ќе ја обвинуваш свекрвата? Ако вие двајца се држите заедно, нема никој што ќе може тоа да го смени или да се меша во ваши одлуки. И сега уште ти префрла вина на совест, ако детето се разболи во градинка ти си крива, за утре кога тоа ќе се случи, пак проблеми и расправии и вадење работи низ нос. Не можам да те разберам искрено. Факт е дека свекрва ти не е цвеќе за мирисање, ама исто така факт е дека никој не може да ви се меша во одлуките ако самите тоа не го дозволите. И не дека не е доволно пати кажано, ама ете ќе кажам повторно, проблем имаш со сопругот! Најди начин тоа да го решиш. Не може да седнам да разговарам и да одлучам нешто заедно со него, за после еден ден да ми каже дека се премислил? Епа верувај нема туку така да си помине. Или ти си премногу попустлива па ти се качува на глава или лек за него нема. Ако е второто не знам зошто воопшто стапувал во брак, можел комотно да си остане со мамичка и онака само неа ја слуша и со неа си донесува одлуки за секое поле од животот.
Ако се потрудиш ќе најдеш соодветно решение и за работа и за дете чување.Али болно дете пуштање во градинка не е изговор за работата.И исто ти е дали ќе иде на 3 или 5 години пак ќе пие антибиотик. Помало дете полесно ги пребродува сите настинки и вируси за разлика од поголемо.Ако дете што го чувала баба и не настинало никогаш кога ќе почне во школо ненормална мака ќе има. Али зависи кој какво размислување има. И во повеќето случаи двајцата родители се грижат за детето барем еден од нив може да седи дома додека детето оздрави.Сигурно е подобро да седи дома додека има блага настинка одколку да фати пневмонија не дај боже и во тој случај ќе го остави така детето? Да не одиме во крајност работата не е никакво оправдување за да се праќа болно дете во градинка/школо.
Кутри ние, ни мајка ни свекрва ни` готви, а не јадеме риба од конзерва и пржени јајца Време е да ги ангажирам, како тоа јас и тој готвиме, има да ми готват бе, што е тоа ем да работам ем да готвам свашта бе
Факт е дека има заостанати со прости сваќања свекрви Ама и младинава не е ништо поарна Затоа не ги ставајте сите у исти ќош и ваму и таму има лоши луѓе Сепак свет остаје младима треба ние младите да одиме напред и да бидеме пример за старите
Ќе си го запишеш детето во градинка и решен проблем. И детето ќе се дружи со дечиња а не цел ден со стари луѓе, а свеки твоја малку ќе ја оделиш од посесивноста што ја створила кон детето. Ако нешто ти приговори она или мм ќе им кажеш дека за детето е подобро да си се дружи со дечиња, а во градинка си има и ред и дисциплина.
Се ти е на место кажаново за грото народ тука и фамилијарните односи, јас би се надоврзала со прашње и констатација воедно откако ти пораснаа рогови и твојот избра да биде сопруг си купивте ваш стан така, не останавте во нивниот од она време купен? Е сега вака, тука на темава имаш ситуација кога не купиле нивни стан, живеат во заедница и очекувано е да не е се како подмачкано јер види заедница е чопор од повеќе различногенерациски луѓе со различни табиети, кај и да е ќе зачкрипи. Членкава што си ја цитирала ти вели влегуваат во брак без ништо свое, не мора стан свој да е, еве нека имаат и двајцата свои плати, а зачкрипи во заедницата бар да имаат да си платат за кирија пример кај што ќе имаат раат. Се друго во заедница кога се им е заедничко, пример ако не делат за сметки и храна заедно и се одделени, заеднички им е станбениот дел, двор итн. колку снаата што има право на приватност во дворот и свекрвата има. Работава е што свекрвата претерува со тоа во дворот и општо со посесивноста кон внучето, чаре, да и се речи културно, нема ефект, друго чаре снаава да си го шета детето надвор од двор, таа вели уморна е по 10 саати да се мавта надвор од двор сака во двор, епа последно чаре или да се помири со ситуацијата или да покажи рогови некому да си се скрасат во лично нивно набашка од заедницата и конкретно луѓето со кои нема разбирачка во таа заедница конкретно свекрва и.
Во градинката имало корона, а тоа што збирa цел комшилук во двор не е опасно. Прати си дете во градинка и не ѝ се замарај @DoubleK
Добро ти труди се, остави ги простите мајки на раат. Не знам што работиш, ама алал да ти е штом можеш да дадеш отказ и пак да најдеш нова работа со иста плата. Сите доктори велат дека што подоцна дадеш антибиотик тоа подобро, ама ти знаеш дека мало дете полесно поднесува бактерии и вируси. Каква е таа ненормална мака што ке ја има дете кога ке почне во школо а го чувала баба?
Ќе си видиш самата кога ќе дојде време, а до тогаш биди ми поздравена и чувај дете во стаклено ѕвоно и нека не биде изложено на никакви вируси и бактерии за да не даваш никогаш антибиотик ни во школо не го праќај врзи го со папчаник и тука да седи до тебе. Ќе правиме муабет за 5-6 години здравје боже.
Секако последиците на твоја глава ќе бидат, и ако се разболи дома и ако се разболи во градинка. Тоа им е работа, да се разболуваат, така градат имунитет. Друго шо траума не знам, еве цело општество гледам од градинка трауматизирани се
Имам едно комшиче од мојата е поголемо 3 и пол месеци. Чувано само од баба, мама и тато, не оди во градинка и нема контакт со други деца. Знаете што прави кога ќе види други деца? Бега од нив. Од мојата бега, се крие во мајка му и татко му и плаче, не сака да си игра со неа, не ни знае. Е поголема траума од тоа нема
Се напнувам кога ја читам темава какви прости женишта постојат. Сериозно јас сум наукава малце да се позанимава со жени кој имаат синови, најсериозно па не е можно скоро сите кога ќе станат свекрви и баби вака да се понашаат. Треба некој испитувања на мозокот да се прават дали им се менува нешто посебно кога ќе станат баби. И јас здравје ќе бидам свекрва ама сериозно се плашам да не станам ваква. И имам приметено не е секогаш до местото на живеење и образование па да речеш сите прости, познавам и жени високо образовани работат, а се понашаат просто и се мешаат во се посебно кога се во прашање вниците.
Да нема контакт со други деца бидејќи и на љуљашки може да префати вирус, ако се гледа и со повозрасни пак ќе префати ворус настинка во игротека истото е.Значи дете само дома треба да се чува за да не биде болно никогаш при тоа и родителите да не настинат во тој период. Е тоа е стаклено ѕвоно. Децата највеќе прележуваат сипаници во градинка и многу по лесно се бори имунитетот кога се по мали за разлика од возрасен.Еве ти само пример од лично мене и брат ми што сме разлика 5 години јас фатив на 10 години сипаница мајка ми мислела дека он веќе ја прележал уствари баш таа ја немла прележано он месец и пол се опоравуваше со температури и чуда а јас за една недела се оправив. Е од оваа причина е подобро да биде во контакт со други. Нема логика ако ти дете не праќаш во градинка, а му дозволуваш да оди на игралиште.
Контакт со други деца има, децата на кумовите и побратимци кои знам дека се здрави. Со возрасни се гледа. Во природа е секој ден, на воздух, во уста става се што му е интересно. Јас не сум настината откако останав бремена, и ништо не ми фали. Настинати беа татко ми, свекор ми, брат ми, тој период нњ се доближува до нив и никој не префати од нив. По затворени простори не го носам вооопшто. Игротеки секако не. На лулашки не се меша со деца. Откако е роден не го носам ни по маркети ни по молови. Ако има кој да го чува, јаа влегувам а маж ми и син ми ме чекаат надвор. Сипаници немаат допирна точка со бактерии. Во градинки кружат бактерии. Оди излекувај стрептокока без антибиотик. Вирус од секого може да фати.
Во кој период? Во еден период секако мора да се вклучи во колектив и секако мора да изгради организам спремен на борба со вируси и бактерии. 3 пати во живот дете примало антибиотик (7 годишно е во моментов), во колектив од 1,5 година. Уствари не знам, може па никогаш веќе нема да има колективи, да не зборам предвреме. Оф топик е муабетов иначе