Три годишна возраст за мене е совршена за запишување во градинка.На три години колку што се сеќавам, почнува и програма со образовен процес,почнуваат да цртаат ,учат песнички со воспитувачките, претходно се сведува само на чување,хранење преслекување .На три години започнува вистинско другарување,играњето со играчки добива смисла,се развива фантазијата.Исто пред оваа возраст сметам дека ако се во состојба и имате доверба, баба и дедо можат да го чуваат.Во животот на детето се важни и улогите на баба и дедо и тие на некој начин го обликуваат неговиот развиток.Сите се сеќавате на месење кифлички со баба.Секако на прво место се родителите во воспитување на детето,но ако родителите одат на работа, не сите можат особено во приватен сектор да ротираат со смени и да го чуват детето кога е болно,зошто тогаш градинката не го прифаќа.Мене до поаѓање во градинка а и кога биле болни ми ги чувале бабите .Со мирна совест одев на работа зошто знаев дека ќе препознаат кога имаат температура и кога да дадат таблетка.Денес кога се во години секако и да сакаат не можат зошто забораваат и за себе да ги испијат лековите.Пс.Знам дека во некои земји пред три годишна возраст не ги згрижуваат децата,а во некои се додека самостојно не извршуваат физиолошка потреба.Имам роднини во дијаспора и нив им ги чуваа родителите,кажуваа дека дадилка да платат чини колку платата што ќе ја заработат и повеќе.
Мојот Луцифер еве една недела се нема качено да си ја види внука и'. Ниту да праша како е што е, не бе ниту на 5мин алал и вера како ја трае кожа. Се налути дека и' реков не смее да ја рани ќерка ми без да ме праша среќа влегов на време да ја земам (ало сакаше јајце да и' дава на 5++) ама што и' е крива беба е тоа не разбирам. Инаку сме поделени од сам старт, тие долу ние сме горе и никогаш не сум зависела од неа, сами ги завршуваме домашните обврски со мм. Е сеа стварно неам појма кој курац им се дешава од кога ќе станат баби, мојава сака да е центар пажња ако не е одма инаети води како адолесцентен тинејџер. А свекор ми е океј човек има разбирање и се прави нормален муабет со него, но многу често таа му ги врти работите и потпаѓа под нејзино влијание и кога ќе видиш исти се и двајцата. Знаела да ја побара ќерка ми да ја види и причува на саат-два, тогаш јас рает сум завршувала обавези. А во меѓувреме мора да ја ишета сто пати низ улица и да расправа криви дрини со сите комшии колку да видат демек бабава си ја чува внуката, а иначе намќор не виден со нив, кога ниту здраво не им вика. Сега изгледа сака да ја молам ама гадно се зафркнала. Со бебе во кенгур и чистам, и ручеци правам, машина пуштам и пружам алишта, како се снаоѓаат луѓето што живеат сами така и ние. Во двор не им седам ниту пак сакам да и седам, вадам релаксатор или количка на тераса и сум рает половина час таман кафе да испијам. Точно од сам и што подалеку од стариве нема нешто подобро, но не се сите во можност ниту е лесно. Но се надевам дека во иднина и нас ќе ни се насмевне среќата, не сакам ќерка ми да расте со циркусите од баба и'. И најважно од се имам голема поддршка од мм, ја знае каква е и што прави сам гледа.
Па сега и ти... ем раат си, поделени сте, ем ти смета што не се качила да ја види па уште како ја трае кожа... мислам серизно, убаво имаше некој пишано, не сакате да ви ги почуваат децата, ама ви засметува па ако не побараат да ги видат.
Е не сме рает, заборавив да пишам дека прави проблеми и се закача со мене и му врти муабети на мм. И цитирај ме каде реков дека не сакам да ми го причува детето? Да ме чуди зошто и е внука од син, да ти е во куќа а цела недела да не побара да ја види.
Тоа ми е муабетов, му пречи тоа на мм сто пати ми има кажано дека се чувствува повредено бидејќи ова не е прв пат. Тој кога и вика таа ја префрла топката кај мене, му вели не сум и' ја давала и велам еве земи ја сега (предходниот пат истово ко го направи) неможела требало двор да измети па после и послето дојде и пак не ја зеде.
Те разбирам. Тебе нека ти каже здраво дојдов да ја видам внуката и нека ти остане лута. Некои жени се многу чудни.
Не мора ниту здраво да ми вика само да ми се каже дека го зема девојчето и да прашува што и дали треба да и' дава јадење, а не му залетала јајца ќе ми го рани бебево на 5м и тоа цело.
Некои луѓе и за ситница се лутат,па камо ли за нешто поголемо. Постара жена мисли дека знае подобро.Колку пати ќе се уфрли стар човек со „ее,ние како растевме,ништо не ни било,вие младите преосетливи“, и за јадење и за однесување...
И тоа е така, знаат општо за други работи да речат напредна е медицината многу работи се смениле сега, а за работи околу бебе сега ние сме биле многу модерни мајки и ништо не знаеме..
Ем не сакате свекрвите да ви чуваат деца, оти не се гледани по ваш терк, ем се прашувате зошто не го причува внучето?! Абе ви се чудам, не може се само вас да ви е непогодено, а сите свекрви злобни ѓаволи?!
Ама што ти е тебе, би дала ти јајце цело на твое дете од 5м? И пак ќе повторам, не ми е ич проблем да ја гледа. Не мешај брзини.
И не мора еве да ја причува ако не сака, да се качи да ја види на 1мин ако не на 5. Цела ебана недела. Ме боли за мм бидејќи го гледам како се нервира, за мене ич.
Одлично штом така, од старт треба ако се дало да не се зема дозвола да се меша во се, ама факт е дека ако некој ти дал нешто ( стан, чува дете, било каква дополнителна услуга) си зема слобода да се меша, а и ти наметнува обврски од кои произлегуваат одговорности. Во случајов бабава го гледа внучето и си зема за право да се меша. Може најубаво е да го прати во градинка па да види како ќе се одвиваат работите понатаму. Сепак како и да е да и забрани да седи во двор не може, заеднички е колку на еднава фамилија толку на другава.
Мене свеки ми вика "кој знае повеќе, пилето или кокошката?" ама како викаат прост човек мисли дека све знае.