Една е. Внукот да си го викаш "дуќан", т.е. "дуќаааан на баба" зошто се' имал за неа, мислава за да ја разбереш треба да си опасен мудрец. Книга од бисерчиња можам да нспишам, најпродавана ќе е.
нов апдејт од мене-брзо брзо решивме пак да оди во градинка од вчера. имав оставено се за облекување- од долна маица до шноле за керќами , мажотми ја спрема и носи, јас одам многу рано на работа. И ја земам од градинка гледам, се различно на неа што би се рекло-што се нашло се ставило. се јавувам кај мм, ми вели мајками слезе да ја облечи. му велам се беше послано ништо не требаше да бара и да измислува сама, ама не - се прескокнала како оставив така си најдов и таа по свое ја облекла.му кажувам на мајками општо за се ми вели, од што неможиш да ја поднесиш се ти смета- а мајками е свекрва и ни во луди сништа не би правела вака со снаами ( не ни живеат заедно , инсистираше мајками да не се ). Изгледа сериозно треба да ја седнам свеќи да и објаснам два и два.
А зошто не ја облекол он, кога и онака ти веќе си спремила се? Не знае сам дете да облече? Треба да му објасниш на маж ти дека не е до алиштата, туку до фактот што свекрвата нема почит кон тебе.
секад тој ја облекува не прашав што се има десено, ама мислам слегла сама и се зафатила а тој не го голеда тоа како проблем.... мора да разговарам за граници , мора
Јас веќе искрено почнувам да олабавувам. Преку глава. А мрднам излезам негде одма приметувам дека некој од нив ми се шетал низ дневна. Глупо ми е да им префрлам за тоа, ама обавезно ако сум излезена се качуваат да проверат дали ми е исчистено и раскренато. Знам бидејќи ми носат вода, ми земаат празни шишиња. Сто пати сум пробала ете пред да излезам да си земам сама вода и да симнам празни шишиња. Не бе пак се качуваат да оставеле играчки од малиот, лигавчиња за перење. Измислуваат по нешто за да се качат. Ама ај тоа веќе отрпнав скрос олабавив, кога имам време да средам, средувам, кога е општ хаос, а се брзам оставам да биде хаос. Вчера мм имаше главоболка пред да излезам и му кажав да стави ладна облога и да пие аналгетик. Не ме послуша, јас со бебето излегов. Кога се вративме свекрвата ми кажува дека и на неа и се пожалил, и му кажала истото што и јас, па нејзе ја послушал и отишол на работа. Важи нема проблем, и од тоа ќе олабавам штом јас ако кажам не се важи за него, а мајка му ако каже може. Не е само за ова, и други работи и за бебе кога сугерира таа се живо тој прифаќа освен за хранење со наполитанки. Вчера и рекол дека наскоро ќе тргнам на работа и ќе треба да го чува малиот, а свекрва рекла демек па секако го чувала, кој го чувал друг, немало кој морало она, знаела дека немам кај да го оставам. Е тука малку ја подбрал мм и и рекол дека ќе треба повеќе да го чува не по 2 саати дневно. И она силна силна рекла ќе го чува немало проблем. Знам јас зошто она така прави. Знае дека иако немам мајка сепак имам јас на кој да го оставам, ама мм нема да сака демек незгодно, баба имало дома јас кај други да го носам. И сега и е криво што ќе го чува, а ние за тоа нема да ја возвишуваме. Жената и му се радува на малиот, и сака да го чува, и мајка дури му се прави, ама сака и некое признание и благодарност да и врачиме. Да ја фалиме, тука лице да и правам, демек леле да не е она што ќе правам. Сака да ја возвишуваат. Ама од мене тоа не го добива. Нека чува дете ако сака, ако не запишано е во градинка, немам јас грижи. Ама знам ќе ми направи таа. Ако не и го симнувам плаче по цели денови, ако многу го оставам дали имало мајка тоа дете..
Ајде остај што средивме проблем со свеки, т.е маж ми со нив си средува, сега мајка ми ме извади од такт, бевме на гости кај нив 2 дена, зема го пресоблака детето, му облака други алишта, му дала вода, абе збеснав луѓе, збеснав! Што и стана на женава не знам, си тера по нејзино, влезена во климакс, и се испокаравме и си отидов, после почна да плаче, значи не знам што да кажам со стариве луѓе веќе, со мм да се расправам за мои или негови не планирам, сите се прават педијатри на детево, ми се иде негде уџум да фатам да живеам, и од едни и од други далеку, и чао пријатно.
На бебе сите се прават педијатри и кажуваат што знае докторот, во старо време како е било. А нешто штом ги заболе одма трчат по доктори. Иронија
И кој е крив сеа ? Па свекрвата? Да земел тоа мулето од маж шо го имаш да и ги навитка раците нема да и текне уште еднаш да чепне Ти води инат свеки на секој можен начин ама тоа оти и се може и дозволува мулето
1) она е крива, нема што воопшто да слегува ама користи прилика 2 ) он во секој случај зашто вакви тандеми се ствараат, свекрва и маж наспроти жена не разбирам- ова е со умисла уште од пред да се женат? која е поентата да земеш жена тогаш ама во коалиција со мама ќе бидам нека пати кај мене освен стандардниот проблем со дворот, ова усилено е од нејзина страна во последно време, едно време беше подприбрана ама сега пак на старото гледам
мене ми е јасно кој е крив, само не ми е јасно за што е бракот ако постои коалиција против жената? земам жена,имаме дете,таа нека трпи коалиција со мајка и ако вратиш нешто ти си лошата? ма немој
мажите очигледно сите се пуси во однос на мајка. и кај мене се шета и знам со сигурност дури го чуваше малото по 10 часа дека се е попис направено хаха заклучок- неможеш да им погодиш никако, туку ние психичко здравје и нерви да зачуваме, заради децата пред се а они нека се во право
Пуси се да. Ама тоа не го менува фактот дека и нивните мамички се злобни. Зошто иначе би се мешале свекрвите? Еве има тука во темата неколку среќници на кои свекрвата им се погодила, Не викам јас дека сум светица, ама најмногу би ми годела дистанца. Ниту сум користољубива ниту лицемерна. Ни ебената помош не и ја сакам ако јас се прашувам. Ама ете компромиси правам. И ме боли кога се претерува.
апсолутно. истото и мене ми е.скроз. затоа велам коалиција.која е потребата да се нервира жената на син ти не разбирам?! дали дека се од друго време, генерациски или едноставно простотилак или некултура и инает незнам....и јас истото го велам ,затоа и барав совет , како БЕЗ ДРСКОСТ и кавга да му пристапам на дадената ситуација ама изгледа нема соосветен начин да се избегне тоа.......
Абе арно ви викаат со мажите дека си имате проблем. Ти се прашуваш самата што ќе му е жена на мажот ти тука на форумот, може и треба да го седнеш и него да го прашаш што ќе му е жена и дали уште ќе има жена ако во скутот на мајка му седи уште.