се знае оти е тој, но моето прашање не беше за тој јас и свекрвата туку за индиректни ситуации кога не е присутен. примерот со дворот.оти нејќам да се карам и да сум дрска.напротив, со неа сум стално фина. и сум и кажала на нормален начин кај и е местото, но има ситуации ( пак со дворот примерот ) каде што не е тој тука и иако е разговарано со неа и од негова страна, таа пак по старо. сума сумарум овде 90 % го имаат истиот проблем.мажи пуси ама и свекрви машала , тоа ми беше зборот
Не можеш ти кажувам. Ниту со арно ниту со игра на зборови. Кај такво жениште само со лошо оди. Ама ете не сакаме да ги нервираме мажите и да не се караме. И така останува некој да трпи.
А кој е крив ако некој и дозволува да се меша свекрвата? Зошто секогаш се во сенка мулињата од таканаречени мажи, па дај удри свекрвите не чинеле. Море не чинат тие мажи што ги нарекувате, та не свекрвите. Оти ако е тој маж ко шо треба ни пет посто од проблемите во оваа тема нема да бидат. Туку ај ко за утеха, свекрвите не чинат, а мулињата нека дремат со таквото в раце!
Точно. Ама еве мојава пензионерка ,нема кај да ја пуштам. Инаку се согласувам дека времето не се враќа. Истото само бебе што не разбира и свекрва ми. Значи беше мајка ми и пошто се километри далеку тоа и беше прв па и единствен пат што ја видела во живо ,за телефонот кажав за фаќањето. Ја зема сестра ми отиде од раце и ја зема . Почна да и се приспива мајка ми вика ај ббабе ќе си одиме сега ќе спиеш она ми вика дај да ја успијам. Викам не еве ќе си одат ќе ја успијам после ,фати ми ја лапна од раце како да не ме ни чула. И ја заспа. Вака да и вратам ќе ми рече утре чувај си ја гарант. Ти кога ќе станеш свекрва посети ја темава Еве кај мене работите одат вака. Кажи ми за се јас ќе и кажам. Му кажувам вика : таква е што да ти кажам не можам од дома да ја избркам. Не е прв пат и пред тебе ова го правела нема разбирачка. Итн.
Има ли некоја што и се погодила свекрвата? Ама мажот кога се бира треба да се мисли, башка се оди најчесто со години, може да се види отприлика што како
купи и' кози и пушти ја да ги паси Извини, ама не можев да одолеам Ако ти се погоди мажо и свекрвата ќе ти биди арна. Мене не ми се погоди од почеток, му требаше тро 'подесување', ама тамам сме сега.
Ех кози... Ко можи мене на гла да ми се качува ,а на внука и да ѝ се прави мајка. Сега подмладена била со бебето ,за нејзините одела на работа.
Еве јас да кажам за сега погодена е хаха. Секако има улога и тоа што од почеток живееме на различни места(ние во град, тие во село), оди на работа, можи да помини 2-3пати неделата на кафе, ретко да има работа некоја до покасно па да остани со спиење. Се слушаме скоро секој ден, како си, што правиш и толку. Имаме коректен однос, се почитуваме. Сеуште немаме деца, незнам тогаш како ќе биди, ама од сега сама кажува, ако ти треба помош ќе останам некој ден, после во градинка нека си оди, да се дружи со деца, што ќе прави со нас стари. Иначе свекрва ми е прилично млада 44год. има, можи и до тоа е, ама и да е постара мислам иста ќе биде, таков карактер е,не се замара многу.
Хахахаххаах.. Маж ми го има родено на 16год. Можи и затоа сега си работи, си шета, не се оптеретува да чува деца,или со нашиот живот. И пораснаа децата, си живее втора младост
А зашо на пример на свекрвите не им направите по еден акаунт на форумов, па тие да си знаат како треба а како не? Како шо знаат свашта да објавуваат по фејс од внуците, така ќе знаат и овдека да се снајдат.