Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.781
    Допаѓања:
    17.600
    Пол:
    Женски
    Хахахахааххаха.. Ако знаеш да живееш, можи секако :D:D:D
     
    На thelittle17 и WildMk им се допаѓа ова.
  2. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.885
    Јас држам. Ама џабе. Маж ми не држи. Они биле фамилија, си се имале еден со друг и тука биле еден за друг, а јас дивјак сум се однесувала како во 15 век не сум сакала блискост и дружење. Не сум знаела да се упикувам и лице да правам.
    Епа моето гледиште е поинакво. Јас им дадов шанса за блискост. Видов не бива и се дистанцирав. И не сум јас како од 15 век туку тие како првобитна цивилизација. Како не сите едно сме биле се ни било заедничко. И за мене лицемерието и лигавењето вештачко е негативна особина и нешто што не го поднесувам.
     
    На Anyshka, Fontana, Inana123 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. pikabu5

    pikabu5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2020
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    Абе ти е гајле што ќе кажат тие, гледај си твоја работа. Да дивјак сум речи и терај си. Ниту еден човек на светов не е должен да трпи некого , никој нема да ти речи фала. Грижи се за твоето здравје, за твојата психа , грижи се едноставно за тебе и за твоето дете пред се, ќе ти требаат живци понатаму ќе си речиш ах што сум била будала па сум трпела се и секого..
     
    На WildMk, thelittle17, Luna91 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.885
    Хаха да. Јас си терам одамна по мое не можам по нивно. Ама ме фрустрира тоа влијание што го имаат над сопругот и што постојано имаат некој негативен коментар за мене. Тоа е со умисла се. Ама не гледам кај е крив сопругот што тие така прават. Крив е да, ама за тоа што е, не е за се.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Не е маж ти крив за нивните постапки, маж ти е крив што ти вака се осеќаш зашто негова должност е да те заштити, да си го заштити семејството, а тој по цена на бракот и детето ќе ја слуша мама.
    Не може никој да ми направи ништо што јас нема да му дозволам. Значи не може таа мене да ми кажува син ми што ќе јаде, што ќе облече, кога ќе спие, дали во дубак ќе биде, ако јас не и дозволам.
    Не дека сум посилна од тебе, не дека покажувам сила на форум ама најискрено ти кажувам да се дрзне мојата свекрва да ми направи само дел од работите што твојата ги прави ќе ја ставам одма на место, ќе ме праша дали смее да го погледне, а не да му бута храна во уста. Среќа мм е покрај мене и слепо ми верува ама и да не беше така ќе се коцкав со бракот кога веќе тој го коцка.
    Ти си во многу поразлична ситуација, јас се разбирам верувај и разбирам ако наведнеш глава и простиш за стапот по твојот грб ама не разбирам како поминуваш преку нејзините одлуки за син ти. Дали дека си помлада, дали се плашиш, не знам стварно. Кога ќе го достигне дотичната врвот и ќе пукнеш? Кога е доста?
     
    На cresa-jagoda, H.VAGA, Idedemja и 17 други им се допаѓа ова.
  6. pikabu5

    pikabu5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2020
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    Јас незнам досега искрено каков контакт, начин на комуникација сте имале .. Но , според ова што го читам на последниве страни , би ти препорачала да собериш храброст, сила, да се соочиш со секој проблем , како возрасна жена, како мајка , да ги седниш старите и да разговарате , и со отворени карти да играш, да им кажиш од срце се што ти смета и каков однос би сакала да имате.. бидејќи вака од ден на ден само повеќе нервози, полош однос, детето расти во токсична средина,бракот ќе ви се распадни ..
     
    На Bella*, thelittle17 и Осе им се допаѓа ова.
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.064
    Допаѓања:
    328.411
    Пол:
    Женски
    Ние имаме мн коректен однос со неговите.Ама оделно живееме и мешање нема ама баш во ништо.Каде сме биле,што сме купиле,во што сме вложиле си знаеме само јас и мм.Ама таа граница и независнот мм сам си ја направи.Финански е независен одамна.Сами си обезбедивме стан,две нови коли од салон,работа и се останато.Така да чиста сметка долга љубов.Се гледаме само од празник на празник,родендени и сл.Телефонски еднаш неделно и тоа е се.Секој си живее својот живот како што сака.Најлошо е кога подршка од сопругот немате.Тогаш си земаат сила,залет па зборуваат и прават што сакаат со вас.Мм не дозволил во ниту една ситуација да ни се замешаат.Секоја одлука си ја носиме само јас и он.
     
    На Anyshka, cresa-jagoda, riba79 и 32 други им се допаѓа ова.
  8. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.701
    Допаѓања:
    40.073
    Пол:
    Женски
    Баш така. Ако се нема поддршка од мажот и ако тој е мамино синче, џабе е се. Пример свекрва ми и свекор ми многу поразлично се однесуваат со нас и со девер ми и јатрвата. Ама маж ми се потруди така да биде. Иако на почетокот и тој беше мек спрема нив, ама сега не дозволува да ни се мешаат. За што и да било ние двајцата сме одлучувале. Дури понекогаш тој е многу построг спрема нив отколку јас. Јас прифаќам совети од нив, а тој многу ретко, скоро ич. Девер ми е наклонет кон мајка му, многу ја слуша за се и ја брани. И старите им се мешаат, ама кога тој не поставил граници кој е крив.
     
    На cresa-jagoda, mal.ecka, Annora и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    6.851
    Пол:
    Женски
    Ете исклучиво свекрвите биле криви, мажите по никоја цена што имале такви мајки манипулаторки! Мажите не треба да се нервираат и затоа кога ќе имаш проблем не само што не го решаваш, туку не го ни посочуваш, си ќутиш и трпиш и кукаш на форум. Да форумот е да си помогнеме и советуваме, ама секоја чест како се скокаат постови во кои упорно се посочува дека проблем имаат со мажите, а не со свекрвите.
    Не разбираат дека нив никој не може да им се меша во бракот, ако самите тие не дозволат. Ама се додека го одбегнуваат вистинскиот проблем каде сопругот не ги почитува и не му е ни гајле дека секој ден го врват во нервози, ќе ги читаме тука.
     
    На cresa-jagoda, Miss666, WildMk и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Lisicko

    Lisicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2020
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.099
    Пол:
    Женски
    Не е проблемот само до мажите и до свекрвите, туку проблемот е и во менталитетот и оние сеуште закоравени сфаќања на народот. Секоја чест на тие што излегле од стегите на македонскиот менталитет, на тие свекрви што не им се главна преокупација снаите и внучињата, и на тие снаи што си тераат по свое без да се замараат со свекрвите.
     
    На WildMk, DoubleK, Осе и 5 други им се допаѓа ова.
  11. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.878
    Допаѓања:
    18.745
    Пол:
    Женски
    Мене. :D
    Ама ние сме целокупно погодени. Сите си знаеме каде ни е местото и до каде може да се оди. Родителите не ни се мешаат, ние ги почитуваме.
     
    На cresa-jagoda, Bozica1980, WildMk и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.885
    Без акција нема реакција. Јас не би се замарала со неа ако таа ме оставеше на мир. Таа немаше да зема толку сила ако не и беше дозволено и не видеше моменти на слабост помеѓу мене и мм.

    Никаде не велам дека мм не е крив. Или дека свекрива е 100% крива. Ама ако беше разбрана жена ќе си гледаше нејзиното, немаше сопки да ми прави. Ете да речеме згрешила таа 5-6-7 или 765 пати. Ама по некое време требаше да се свести и да се прибере, чим продолжува свесно да прави недоразбирања и провокации тогаш ете не знам како не е виновна?
     
    На Anyshka, Bicka77, Jana06 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.009
    Погоре те читав,како јас да сум пишала.
    И да,се согласувам со сите кои кажаа дека мажите ни се виновни.
    Толку.
     
    На happygirl, Milobebence, WildMk и 7 други им се допаѓа ова.
  14. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.878
    Допаѓања:
    18.745
    Пол:
    Женски
    Да, ама да беше маж ти свесен дека си мајка на неговото дете, немаше да дозволи ништо од ова.
    Маж ти е тој кој е виновен 100%. Свекрвата само 50%.
     
    На cresa-jagoda, WildMk, buba4e89 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.885
    Не го бранам ни јас. Виновен е. Извини што те цитирам. Ама искрено ми олеснува кога некој ќе каже дека ме разбира и дека минува низ истото. Вооошто не ми е мило, не сакам никој тоа да го доживува, ама олеснително е да знам дека не сум само јас. Да виновен е сопругот, но се ставам и на негово место, поточно и сум на негово место. Јас не ја сакам мајка му, тој не го сака татко ми. Е сега разликата е што јас морам да ја трпам неговата мајка. И тоа го прави него повеќе виновен. Мојот татко не дошол за ништо да се меша, не е безгрешен, коментирал и татко ми по нешто, ама никогаш немал намера проблеми да ми прави. Не го бранам, само се ставам и на негово место. Каква таква мајка му е, но ете јас никогаш не сум дозволила мислењето на татко ми да ни направи проблеми во бракот или расправии, или пак да правам драми секскви.
     
    На Осе, MilaSs12 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  16. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.885
    И ти си во право. Ама не дојдов да прашам кој е виновен. Ете ми треба решение за свекрва, темата е за свекрви и снаи. Не за односите помеѓу маж и жена. Реков има и таа вина. Полошо од злоупотреба на нечија состојба не знам. Ете таа злоупотребува знаејќи дека може. Значи виновна е.
     
    На Осе и mal.ecka им се допаѓа ова.
  17. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.871
    И апсолутно и не е битно кој е крив, не е за тужба работата, него кое е решението. Дали 100, 50 или 20% е свекрвата крива е небитно кога ти сама не можеш да ја доведеш во ред. А решението е во сопругот, тој треба да си постави граници со неговото семејство, како и вие со вашето. Дури се вртите и гледате на страна за да не го нервирате мажот, летнал животот во нервози. Јас проблеми не би ни решавала директно со свекор или свекрва, нека си решава синот со нив.

    А во однос на животот во заедница, мислам дека на секого му е јасно дека некакви компромиси мора да се прават и карактери да се толерираат. Еве ситуацијата со дворот од другата членка, реално е нешто што мораш да го толерираш или да си најдеш друго катче, не можеш да се правиш газдарица на нешто што е реално заедничко. Дури не ви се мешаат во ваш личен живот, јас не би се замарала со други работи како што правела свекрвата, колку гости викала и дали ќерка и идела на гости и колку пати, како што често се наоѓа во темава. Беспотребно замарање е тоа.
     
    На cresa-jagoda, MarijaMi90, Idedemja и 12 други им се допаѓа ова.
  18. sara97j

    sara97j Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Цело време истото ти го објаснуваат: решението за проблемот со свекрва ти е маж ти. Друго решение нема, освен да ја убиеш што нема да се случи.
     
    На cresa-jagoda, WildMk, Fallen.Angel и 11 други им се допаѓа ова.
  19. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.878
    Допаѓања:
    18.745
    Пол:
    Женски
    Нема решение кое ти можеш да го спроведеш. Мора маж ти да пресече. Можеш и ти, ама ти треба негова поддршка.
    Ако маж ти не застане на твоја страна, што можеш да направиш сама?
     
    На cresa-jagoda, Milobebence, WildMk и 8 други им се допаѓа ова.
  20. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.009
    :rofl:Немој да давате вакви идеи:whew:
    Кога мажите ќе си ги доведиме во ред,тогаш и свекрвите,Ангелче.
     
    На cresa-jagoda, tina2018, Biljarkata и 6 други им се допаѓа ова.