Виновна е зашто мт и' дозволува. Некој од твоја фамилија него да го малтретира упорно, а ти не спречуваш, кој е крив? Едит: решението е кажано 1500 пати. Оправајте ги мажите, НЕ свекрвите. Решението е МАЖОТ. А ако он не се оправа, решението ми се чини очигледно.
Те видов овде и сакав да те цитирам да ти кажам дека иста имам дома ,само што јас треба и да и ја оставам на чување до септември минимум... Страв ми е со вакво понашање како ќе биде ,се ми се чини ќе ми рече од денес за утре нема да ја чувам... Е сега го читам ова ... Браво.
Пострашно е да си земи уште повеќе слобода и да се прави мајка на твое дете, и утре низ нос да ти вади да ти рече она ти го изгледала детето Мојата се осуди тоа да го каже
Па тоа ме чека ,она и така веќе се испонашала во неколку наврати така , сум пишувала. Еднаш ми вика ми ја зема мене му ја даде на татко и Еее со син и се порамни што ја правел Ама нема друго ,во градинка ми рекоа за септември. Мајка ми е километри далеку
Јака ти душа.. А нив алал да им е, место да се радуваат и да уживаат со внучињата, тие само мислат за проблеми да направат. Криво ми е што сум била добра и сум попуштила и молчела за атер на сопругот и на моиве, и што не си заминав после првиот проблем.
И мене ми е криво што не си заминав после првиот проблем ,вака кога ќе си вратам филм знаците уште пред бракот биле тука... Ама си викав ај со него немам проблеми ,со неа ваљда ќе се справиме....ама не.
Мојата глумица невидена, од арно поарно пред да се роди ќерка ми стварно. Тоа си викав барем едно црвено знаменце да се јавеше ќе знаев со кого сум си фатила работа.. Немам зборови веќе навистина. Ама стресот и нервозите се големи..
Мојата свекрва цело време е болна и се жали, од работа уморна како само она да работи другите не... Да не ни сметала ова она изговори... Затоа сега ќерка ми плаче ко ќе ја види, не сака да седи со неа, а ми треба за да ја чува... Но, се видело од нејзиното чување кога вика ова дете нее ме сака, плаче.. . Па што јас да не треба да го натерам детето да те сака? Нели сама треба да изградиш врска со него? Се знае полесното седи уживај, жали се, барај изговори... Избегни чување на дете. Фала свекрво тие шо се жалат најмногу живеат. Преку глава ми е веќе.
Е најде каде да пишеш. Кога очекувањата ти се до плафон нормално ќе ти е преку глава. Нема што да бараш да ти ја чува,има градинки,има дадилки и мирна глава. На крај краева со добра организација можеш и сама.
Заеби чување чим самата не сака со сила не бива, сама чим не си го бара внучето шо треба повеќе муабет. Не мора дете да гледа битно проблеми да не прави.
Уште не ми се пушта во градинка нема ни 1 годинка, одам на работа но, се снаоѓам некако. 3 саати се во прашање и не секој ден. Не дека сакам да ја чува но... Мада до сега ништо не ни помогнала никогаш... Па нема ни сега - очигледно
Може не сака фа чува деца не е причина да и се лутиш. Едно е да го поиграш некој саат друго е да го чуваш цело време. Не можеш да заробиш некого да ти чува и ако нејќе одма нечини. Нејќе и тоа е нејзиното прошло биди среќна што не се меша да трча
Јас сум и крива што детето не ја сакало... Нејзините очекувања се секој ден јас да одам кај неа за да ја гледа.. Епа имам и јас работа низ дома... Ако сака да ја гледа неека дојде таа таман ќе ми помогне да не трчам на секое по детето за да не падне, да не се удри и едвај да сработам нешто дома па и на работа да одам... Нема помош од неа секако, уште малку годинка ќе прави ќерка ми само на камера ѕвони, а не живее далеку... Како што кажав секогаш е таа уморна другите не се..
Уште пред да се породам индиректно таа си кажуваше дека не сака внуче да гледа. Само неа кога и одговара тогаш.. Епа мене не ми одговара кога неа и одговара и така. Јас сум крива детето шо не го гледала и шо плачело не ја сакало...
^Па не може да се лутиш ако едноставно не сака да гледа внуци на старост. Да се разбериме децата се многу захтевни и подобро е на старт штом ти кажала што можеш да очекуваш околу гледањето на детето. Баба како баба ќе помине време со внучето кога ќе сака, но нема апсолутно никаква обврска ниту должност постојано да го гледа.
Жениве овде се молат да им се откачат свекрвите, ти па, да доаѓала... Не знам, чудно ми е. По мое, ти немаш проблем, баш раат си. Е сега, нема помош, да, ама имаш мир и немаш мешање. Нема повредно од тоа.
Еее и мојата така викаше уште пред да затруднам ,па сега се премисли - јас не знам да ја чувам ,никогаш дете сум немала од кај знам ,она знае се !!
Така е, за постојано не ни помислувам да ја гледа, но никаква врска да не изградиш со внуче нормално ли е? И да викаш на мало дете не ме сака? Како ќе те засака со таков став? А иначе преку камера се лигави те сакам на баба принцеза.. И така бев против на дете помало од година да не му се дава мобилен да гледа она да не е мобилниот детето нема да го види.. А да не речам на 50 метри е оддалечена.
Во право си ама има моменти кога итно ти треба помош... Ама ќе ја најдеш на друго место пошто очигледно од фамилија немаш помош. Жално е сепак.. Треба да имаме добри односи. Ама тоа е.