Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.903
    Допаѓања:
    100.122
    Подобро ти е вака, верувај. Безброј пати подобро отколку да не можеш да пр*неш од неа и да ти се плетка во се. Помошта кај 99% од старите во Македонија доаѓа со мешање, сплеткарење, драми... Многу жени од темава се би дале да ја нема никаде, отколку да им се прави мајка на нивните деца.
     
    На cresa-jagoda, CameliaMiller, MeowMeow и 12 други им се допаѓа ова.
  2. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    3.605
    Пол:
    Женски
    Е убаво ми е што не се меша барем тоа, ама за помош дека ми треба некогаш - ми треба, ама убаво ми вика мајка ми од неа не очекувај помош.
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.329
    Допаѓања:
    68.146
    Пол:
    Женски
    Да ви кажам ве читам и не ви се ни мажите криви. Сами сте. Мажите гледаат дека вие ќе сведнете опашката, па полесно им е така отколку да се расправаат со мајките. И јас исто никогаш не би и дозволила ништо на свекрвата да направи без мое знаење и дозвола. Никогаш. Чувај боже мајка да му изигрува. Уште првиот пат кога отидовме таму ми рече нешто да го облечам, јас само и реков знам јас кога ќе треба, не се секирај, веднаш и дадов до знаење дека толку е. Сепак, се погодивме со слични воспитни погледи, па знам и да и се јавам да ја прашам за мислење. Или да и се пожалам нешто, знам дека сосема ме разбира.
    А мојата пак и душа е, се имам фалено од нејзе по темава, ама сепак, не живееме заедно. Вие да покажете малку заби, да видат мажите дека нема и со вас зафркање ќе им текне колку е саатот. Ама, за дете нема компромиси, никакви. Па и за вас, зошто животот во нервози да го поминувате? Изборете се за себеси.
     
    На cresa-jagoda, CameliaMiller, Bicka77 и 23 други им се допаѓа ова.
  4. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.903
    Допаѓања:
    100.122
    Па сега, во случајов, ти не сакаш да си помогнеш, не ти е крива таа.
    Не ти се пушта детето во градинка, тоа е твоја одлука.
    Моите внуки одат од 8.5 месеци и двете, па ништо не им фали.
     
    На CameliaMiller, tina2018, Mnik и 2 други им се допаѓа ова.
  5. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.448
    Допаѓања:
    127.397
    Не се само децата во прашање.
    Еве јас 4 год.сама ја изгледав поголемава,и сега беба.
    Сакаше мајка да глуми со првата,и го покажав местото,затоа на рака се брои колку ја виде,иако сме во ист двор.Ама и малава не ја сакаше.
    Е сега ги чува од време на време,аманишто не прави без да ме праша,без да кажи.
    Ама какви кавги прави,не само со мм,него и со золви,роднини,неможам да објаснам со какви карактери живеам.Не е само таа,свекорми,мм исти се.
    Јас сум растена во сложна фамилија,полна љубов...кај нив е др.приказна.
    Ама како што рековме,сам човек освен да се бори и нервира ништо друго неможи.
    Мислам можи,ама не е така едноатавно.
    Маливе не ме оставаат на интер.(highfive)
     
    На WildMk, tina2018, Mnik и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    Да ти ја пратам мојава да видиш ,за се ќе е заинтересирана:rofl::rofl:
     
    На WildMk, Mnik, Inana123 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.037
    Допаѓања:
    48.401
    Пол:
    Женски
    Биди си искрена кон самата себе, душа е зошто не живеете заедно, сите што живеат со свекрва живеат исто ко со демон.
     
    На Fallen.Angel, Mnik, Inana123 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.448
    Допаѓања:
    127.397
    Нема врска,моите се заедно со снаа ми,премногу се блиски.
    Имаше прилика снаа ми да се дели не сака.
    Како ќерка ја гледаат.
     
    На cresa-jagoda и elimkd им се допаѓа ова.
  9. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.037
    Допаѓања:
    48.401
    Пол:
    Женски
    Веројатно има и такви ситуации не велам не, ја лично не верувам оти не знам таков случај.
     
    На Inana123 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  10. Inana123

    Inana123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2020
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    869
    Пол:
    Женски
    Не се сите свекрви исти. На мојата кога и да и кажам нешто за инает само контра прави, ни син и не го рецка што останало за мене. А со мм немам никаков проблем, и тој се во лице и плеска и пак е залудно. До жената е.
     
    На WildMk, DoubleK, Mnik и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.096
    Допаѓања:
    4.233
    Пол:
    Женски
    Барам совет за проблем кој сама си го створив. На почеток кога почнавме да живееме заедно со мм гледав поразлично многу на работите, плус бев по цел ден сама дома па ја навикнав свеки да си се слушаме секој ден. Уствари она си ја имаше таа навика од порано дека мора секојдневно точно во 15ч. кога си доаѓа мм од работа да се јави, и јас смотана млада невеста го дозволив тоа. Дури ќе си речев чекај вчера она ми ѕвонеше, денес е мој ред.
    Последниот период почнува да ми пречи тоа бидејќи ни со мајка ми не се слушам секој ден туку два-три пати во неделата. Пример ако знае дека сме тргнале на викенд мора да се јави да праша дали сме стасале или како си минуваме, ако сме прва смена мора да се јави дали сме стасале од работа, дали сме вечерале и милион глупи прашања. Додуша немаш ни што да си кажеш ако се слушаш секој ден. Ако се јави мм и го праша за мене и мм ќе и рече пример прави ручек следува што прави за ручек, ако се спрема - за кај се спрема, ако и речеш има гости или ќе одиш на гости - кој. Јас почнав да не и ѕвонам, но не ја сфаќа пораката дека и она не треба да ми ѕвони. И незнам како да и дадам до знаење дека не треба да ја интересира се и сешто, не можам да бидам директна за да и го кажам тоа во лице.
    Еве сега 3 дена бевме на гости кај нив, во меѓувреме отидовме да средуваме некои документи она еве ја се јавува завршивте ли, што направивте? Па почекај ќе се видиме ако сакам ќе ти кажам, не мора истиот момент да ѕвониш.
    Очекувам уште да ме праша се из*бавте ли и да бидеме на чисто за се што сме правеле :D
     
  12. M.B.

    M.B. Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2018
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    197
    Пол:
    Женски
    Освен директно да и кажеш дека слушањето секој ден ти пречи, друго решение за твојот проблем - нема. Жената верувам дека не мисли лошо, по пишувањето ми стои дека имате близок однос, но ова мора да го пресечеш од сега, бидејќи кога ќе дојдат внуци ќе биде страшно :) Ова од искуство. Исто и мојата свекрва беше ваква, дури и кога тие излегуваа, ни звонеше да ни каже дека нема да бидат дома, а не живееме заедно. Искрено, мене до пред да добиеме деца не ми пречеше, бидејќи од едно уво влегло, од друго излегло. Откако се роди ќерка ми доаѓаше 2-3 пати на ден, плус и звонеше 5-6 пати. Еден месец го издржав ова, но ја седнав еден ден и смирено и полека и објаснив дека навистина ми смета тоа однесување. Жената навистина ме послуша, со еден разговор средивме работа. Мој совет ти е да пробаш директно да и кажеш, можеби и кај вас ќе успее.
     
    На cresa-jagoda, Ladybug98, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.691
    Допаѓања:
    9.684
    Не има некоја на која и се погодил мажот?

    Како што гледам на сите мажите дозволуваат мајка им да се меша во се и да управуваат со нив.

    И пак ќе пишам нема лоши свекрви, ниту снаии, туку синови.
     
    На cresa-jagoda и Anie93 им се допаѓа ова.
  14. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.691
    Допаѓања:
    9.684
    Не е крива таа што така си ја научила, а и одговараш на повиците сега трпи ја.
    И твојот маж може да и каже што е важно што прави за ручек, па дали следен пат ќе праша. И двајцата дозволувате.

    Јас искрено ако на некој му кажам каде ќе одам или што сум направила не ми е проблем.
    Не е нешто за кое треба да си правам нервози и проблеми. Ќе одговорам и чао. Старите се такви ги држи неизвесност и се радознали.

    Ако не сакам да се слушнам не се јавувам, имам работа, гости итн после кога ќе сакам ќе ја побарам.
     
    На cresa-jagoda, Ladybug98, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.618
    Пол:
    Женски
    Зошто си бараш проблем кај шо го немаш. Плус не знам каква помош сакаш од неа?
    @Ladybug98 а зошто не можеш да и кажеш отворено?
    Не чита меѓу редови, не чита мисли како ке знае дека тебе сето тоа ти смета.
     
    На Ladybug98 и tina2018 им се допаѓа ова.
  16. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.408
    Допаѓања:
    19.275
    Па не и кревај следниот ден јави се кажи зафатена бев вчера што си ме барала. Маж ти ако збори со неа штом она поѕвони кажи: Ако ме бара мајка ти кажи во вц сум.
    Ја така праев ама од старт да не ме замара за да не ми се деси ова што ти се дешава :D и ретко некогаш за нешто ќе ме побара. Обично маж ми си збори со неа.
     
    На Ladybug98, WildMk, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.701
    Допаѓања:
    17.847
    Пол:
    Женски
    Па сега и малку е непријатно после толку време да и каже ми стана напорно да се слушаме.Секој еден човек ќе почне да се преиспитува што згрешил,дали нешто направил,што се случило.
    Инаку истото беше со свекрва ми секој ден ми вртеше,со тоа што јас не.Некогаш кревав ќе се изназборевме,некогаш не кревав,ако не ми бил денот или цел ден покрај децава не бев седната.
    Од скоро е почината,ако ти кажам дека фали да сврти телефон нема да веруваш.
     
    На cresa-jagoda, Manilla, Ladybug98 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.618
    Пол:
    Женски
    Не мора да биде со зборовите напорно ми е, претпоставувам имаат коректен однос така да може културно да и каже.
    Некогаш проблемите се само големи во нашата глава.
     
    На cresa-jagoda, Ladybug98, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.614
    Допаѓања:
    2.888
    Пол:
    Женски
    Еве јас. Кај нас во последно време "проблемот" е вртење одоколу најмногу за дете, овие таму биле, оние така направиле, па онаа и рекла каде била ќерка и да сме оделе и ние... И ова се муабети кога сме сами јас и она. На се ова враќам со насмевка, бидејќи знам да молчам, ако избувнам ете кавги и проблеми... Ама секако кажувам на мм, бидејќи жената не е проблематична, ама таква е љубопитна, се сака да знае, и мм добро го знае тоа. Секогаш ми вели, ако има проблем прати ја кај мене. И по брза постапка ја средува работата :)
    До мажите е!
     
    На cresa-jagoda, Ladybug98, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.255
    Допаѓања:
    18.098
    Јас живеев со свекрва ми, сега сме на различен спрат и сум мн задоволна од неа од прв ден до сега.
     
    На cresa-jagoda, mal.ecka, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.