Јас искрено не те сфаќам во последните неколку мислења. Па што му е дозволено на ова дете да прави? Сите деца скокаат на спална.
А знаете ли дека сјајот може да е смртоносен за мали деца? Една капка да голтне е фатално. На свекрва ми на колешка детето е починато од што голтнало сјај. Исто и на факултет проф. др Зисовска тоа ни го кажа и дека имало такви случаеви на детска клиника. Едно мало невнимание може да има фатален исход. На мали деца не можеш да им веруваш и да им даваш средства за чистење за да си играт со нив
Нека скока. Муабетот е дека е мал и треба друг да го скока. Ме разбираш? А она се уморува и за да не го прВи тоа, на мене се вади, за да не рече не.
Далеку сум од вакви ситуации, но те разбирам. Не е само дозволувањето, туку и коментарите. Кога мајката одлучила нешто не може, не може и тоа е тоа, си има свои причини, колку и да ни се чинат банални. Но дете ќе научи со кој што може и до каде може да иде, не е во ред да се зборува на тој начин за било што
Па ете ,убаво си и рекла. На дете ќе му кажеш...." сине,само со баба се мијат заедно садови....мама не знае така "....со убаво...се што таа прави од инат,игнорирај. Навистина,на дете му е интересно и по кревет да скока и садови да мие ,но ако ти не даваш,ќе знае дека тоа не е правилно и ќе го запамти како игра со баба. Не грижи се,љубов од тебе ќе запомни на многу повеќе начини и кроз многу повеќе случки. Тоа со миење раце со сјај е исто така небитно...нека знае дака во инцидентни моменти,може да се снајдеме....црвенилото било и поминало...растење.. Од најдобра намера ти напишав,не се лути...она кој на кого обезбедил,не сум баш во тек...
Ма оваа со сите е ваква. На комшии мои детето, лани летото баба му не му даваше црево да се водени, нашава му наполни две шишиња со вода и му ги дава "нати бабе овие ништо не ти даваат". На истото дете пред да дојдат мајка му и татко му од работа, во време за ручек му дава благо обавезно итоа скришно. Све ќе направи, по секоја цена, децата да ја сакаат. Забеготина. Затоа и сопственото внуче толку го гледа.
Ама несакам да го прави тоа мал е. Башка она пред мене вака збори, замисли кога не сум присутна? Ќе му рече ќе миеме садови, не и кажувај на мајка ти. Ко што слушам со други деца од неа. И после баба добра, мама лоша, не ме остава. Баба ми ова исто го правеше со нас.
Како бе така размислуваш. Треба ли нешто поголемо да му се случи на детето за баба да разбере дека од инат може само да му наштете. Што не си мие она лице со сјај? Детската кожа и така е нежна уште сјај им фале. Господе Боже се знае со што треба да си играт децата Овде има една членка пишувано во Австралија бабата е осудена на затвор оти му дала на детето да јаде нешто што не смее и тоа починало. Не дај Боже до тоа да дојде
Ти баба ти по лошо ја памтиш? Ако е одговорот ДА ,тогаш во ред....вистина е дека секој со своја глава мисли и постапува.
Уфф,не дај Боже што се може да се случи на секого. Не верувам дека бабиве се баш толку зли да наштетат на внучињава кои ги сакаат сепак.....ниту се толку неписмени и заостанати.
Злонамерно сигурно нема да е ако го сака внучето, али од инат на мајката ќе го направи. Како свекрвата на членката погоре што им дава на децата благо кога е време за ручек пропратено со коментар дека нивните ништо не им давале. Сељачка работа. Сум за тоа да си играт децата и со вода и со песок, земја, кал. Нека трчат и нека скокат. Тоа е нивна работа. Ама со сјаеви и средства за чистење да си играт, сум против. Тоа е хемија и тоа не е за деца
Се сложувам ова за играње со хемија,но никој не го спомна тоа.....да не претеруваме,дека бабите се толку прости.. Јас баш сакав да истакнам дека инат раѓа инат и дека бабите не треба да се сваќаат како непријатели на децата ни сепак....кој колку знае....да се избере за детето од двете страни по нешто...малку модерно,малку старинско...и многу љубоб= среќно дете.
Баба ми знаеш по што ја памтам? По тоа дека константно ми збореше лошо за мајка ми и дека изиграваше добра вила. Памтам одев со неа по комшии и збореше "мајка ова дете не бара, само ја кара, само со мене сака да седи". Кога потпораснав, негде основно сфатив многу работи. Дури на мајка ми и викав не те сакам тебе, баба ја сакам, а баба ми се смееше и ме гушкаше. Ако е ова во ред, незнам..... Иначе инцидентно не е миењето со сјај, зошто го одминува вцто и оди во кујна го мие. Знаеше дека Еуцерина купувам, а не Бекутан зошто му сметаше на кожата и за момент не си помисли дека сјајот ке му смета? Кога некој се прави дека знае све за деца, зошто нели она две изгледала, повеќе знаела од мене, треба и на дело да покаже. Ако знаеше толку многу, ќе знаеше дека дете поготово со Милл сјај (колку што знам многу појака хемикалија има од другиве) не се мие.
Не се зли за внучињата ама од инаетот што го имаат према мајката забегуваат од реалноста и не мислат во моментот дека грешка прават. Пишав предходно мојата се залета јајца да ја рани мојата 5 месечна ќерка. И после да јас сум кучката што не молчам и не трпам глупости за мене и за ќерка ми. И после свекрвите се сонциња, снаите вештерки.
Старите се стари и со такво сваќање и не можеш да го смениш тоа.Порано не обрнувале внимание толку ќе го остави детето, а тоа си нашло дупче копа малтер јаде,песок,земја што си најдат и не се треселе толку.Ама тоа било порано сега е по друго али они нема да сватат никогаш.Затоа тргни дете такви луѓе гледање на дистанца и не се замарај, зошто утре не дај боже ако имаш некоја мака ти ќе сносиш последици за тоа неема таа, она ќе вика оф леле бабино како така се случи или вво краен случај ќе каже оваа мајка ти ич не те гледа.
Не се бабите зли, само сакаат да е по нивно. Имало паметни совети и од свекрва ми и од мајка ми што сум ги послушувала. Ама за некои работи, јас и татко и одлучуваме за ќерка ни ... и бабите, нема што да приговараат, кога ние веќе сме донеле одлука.
Има има и доста ''простички"односно не едуцирани бабички ама има и премногу грижливи мамички посебно на прво дете вака од мое искуство.Со друго се' се согласувам ,нема баба што не сака внуче,што викаат повеќето членки дури и опсесирани се по нив .