1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.302
    Ова со медот и јајцето јас не го знаев до сега.
    Јас лично сум и мачкала мед на цуцлата кога беше ептен мала.
    Јајце не памтам кога и' дадов прв пат... искрено.
     
    На mal.ecka и sonuvana им се допаѓа ова.
  2. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    Е, ова е главниот проблем....често се работи за незнаење, препораките од лекарите се менуваат од генерација до генерација....треба разумен разговор, а не одма со етикети,глупи,злобни,заостанати..
    Ниту пак ќе се случи трагично нешто,ако се даде мед или јајце,па хистерија.
    А да не зборувам за почит кон постарите.
    Многумина овде звучат толку многу гордо и надмено во своите мајчински ставови,како да никој пред нив не родил дете.

    Ее сега,да не испадне дека ги бранам свекрвите,ќе кажам дека и мојата е подмолна и најпаметна нели,но никогаш нема да кажам дека свесно им штети на внуците,ниту пак ќе им забранам средби со неа....баланс треба...се за доброто на децата,нели..
     
    На Anne Boleyn му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.874
    Допаѓања:
    18.743
    Пол:
    Женски
    Ти не си знаела, други знаат.
    Ме чуди ова со јајцето што не го знаеш, мајка ми и свекрва ми пред 30 години го знаеле.
    Што е проблем да не даваш јајце? И мед? Најдобро да прашаш прво?
    Читај малку какви женишта има, скришно им дават на децата јадење. Кое објаснување имаш за ова?
     
    На flower30, Inana123 и Mnik им се допаѓа ова.
  4. flawless.

    flawless. Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2020
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    1.153
    Пол:
    Женски
    Ама какво не знаење кога тие им нагласиле што да не им даваат а тие од инает го прават тоа?
     
    На Bicka77, flower30, Inana123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    Ако е од инает,тогаш " друг лист " секако...

    Како прво,нелогично е да прашуваат за она што мислат дека е во ред....
    А ако знаат,ако им е кажано,не мед,на пример,а они скришно даваат...ее тоа е навистина проблем,особено ако детето е склоно кон алергии..
     
    Последна измена од модератор: 16 мај 2021
    На DoubleK и Mnik им се допаѓа ова.
  6. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    Е така де ама рецимо се породила ќерка ти или снаа еве.. и ѝ даваш совет за мед а таа ти кажува педијатарот ,значи доктор не Стојна или форум ми кажа никако мед заради тоа и тоа до годинка.
    И да ѝ одговориш е да бе таа заборавила како беше порано на мт беше матична не нѐ ја знам.
    И прва прилика кога си сама со детето туп медот.
     
    На Bicka77, DoubleK, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  7. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.618
    Пол:
    Женски
    Шо има бабите да мислат воопшто?
    Родителите се тие по треба да мислат за детето.
    И веке кога оставаат дете/бебе на чување кај баба треба да ги следат инструкциите од родителите толку е рдноставно.
    Да баба и дедо се и треба да ги има во животот за детето(ако заслужиле) ама не и да се прават родители.
     
    На CameliaMiller, Bicka77, Luna91 и 7 други им се допаѓа ова.
  8. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    Ова е смешно,гордо,полно омраза.
    Кога еден ден децата ќе ви личат на свекрвите,бидејќи гени, ее тогаш ќе се сетите...
     
  9. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.827
    Пол:
    Женски
    Ај децава сите по исти шаблон да ги растеме, ако не па. Не е проблемот во скокањето на спална колку пати да се повторам, туку е проблемот што она несака да се задишува она да го држи и да го крева, т.е. да отскокнува на спалната со нозете, она да го држи, туку мене ме користи како алатка, демек мајка ти не дава, мајка ти гледај како лошо не гледа, а јас не ја ни погледнав во тв гледав, главата не ми беше ни свртена накај нив.
     
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Што е смешно? На туѓо дете да изиграва мајка?
     
    На CameliaMiller, tinka-mace, flower30 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    Не мајка....туку тоа да не смее да има мислење...детето е среќно и со баби и дедовци.
    Горделиво е да се мисли дека од мајките и невните деца започнува светот.
    Као бабите се само сервис кој не треба да има мозок....надмено...мене лично ми е пресмешно.
     
    На Anne Boleyn и baby-star им се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Бабата е само баба која е должна да му даде храна на бебето по разговор со мајкаму. Мајка му е таа која го носела 9 месеци, и го раѓала три саати на бокс. И бабата е мајка и овој процес и е поминат, нејзиното е поминато. Толку.
    Нејзиното дете е возрасен човек кој може и без неа и она може без него. Себично е да се мажи некоја за нејзиниот син а она со нив у кревет да легне.
     
    На Bicka77, Luna91, tinka-mace и 4 други им се допаѓа ова.
  13. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    Јас зборувам исклучиво за однос баба и внуче.
    Имам преубави спомени од своите баби,иако за некои работи постапувале онака како најдобро умееле,а не како би требало по сите правила важечки во тој момент.
    Моите деца со бабите правеле работи кои со мене никогаш не би ги правеле,бидејќи сум нормално поинаква од нив.....шетање по комшии,гледање серии,облечени често пресмешно...но тоа ми било симпатично дека поинакво....па што...смешни спомени,а и понекоја животна лекција.
    Се драми многу.
    Борба за љубов...ее тоа не треба да има...бидејќи љубов никогаш доволно.

    И повторувам....ако е од инат,лошо е...само двете страни,без инат да бидат.
     
    На lale22, Meckicja и Anne Boleyn им се допаѓа ова.
  14. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    10.927
    Бабите по можност само сервис за чување да бидат без грам мозок и право на глас. Е арно ама така нема.

    Мене не ми е јасно, од толку незахвални снаи, секако има и лоши свекрви не го негирам тоа, но не ми е јасно како вашите мажи чинат, а се растени и изгледани баш од тие мајки, денешни свекрви за кои голем број снаи упорно потенцираат дека се злобници, присти, глупави.

    Значи чим мајката на еден маж е проста и глупава, каков може да биде нејзиниот син, нечиј маж?
     
    На cresa-jagoda, ALISA0000, carangigia и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Може да биде многу различен. Маж ми и сестра му се скроз различни од нивните родители и коса им се крева од нивните размислувања, а брат му е ист како нив. Мојата е далеку од проста, но ставовите и се многу заостанати и што е најстрашно не сака да слушне ништо ново, не знае да прочита на правилни места туку ќе отвори статија на фб 'Прочитајте како да го победите ракот со само 3 состојки' и мисли дека знае се. Добро уствари, проста е.
    Маж ми и золва ми одамна се излезени од кај нив и се снаоѓаат сами во животот, додека брат му е посебна приказна.
     
    На CameliaMiller, Mnik, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.848
    Пол:
    Женски
    Сите баби и дедовци имаат навика да си ги разгалуваат внуците.Во една прилика ми рече еден дедо,бабите и дедовците ги сакаат повеќе внуците зошто во улога на родители не можеле да уживаат целосно во децата,зошто нели родителството носи и обврски,додека со внуците останува време само за уживање ,а грижата и обврската сепак е повеќе на нивните родители.Се сеќавам кога првото дете беше некаде 2 години и кога одев на работа ми викаше оди си мамо сега.Подоцна сфатив дека откако ќе заминам на работа и дава дедо и шеќер во шолја што јас и забранував.Секако не се на налутив ,напротив со истата финта се научи на нокширче ,а по тој период не ни бараше повеќе.Мене не ми било проблем да ги шетаат да играат со нив,да скокаат ,имав доверба,дури ми било задоволство да ја гледам таа љубов,зошто никој не може да се радува и ги сака повеќе моите деца од нив,на другите баш им гајле.Денес за секој нивни успех прво се јавувам кај нив да ја споделам мојата радост зошто знам дека и тие се радуваат березервно,дури и повеќе од мене. Јас не викам дека нема не разбрани стари,ама свесно дека би му наштетил на внучето за инает на снаата не верувам.Повеќе сметам дека е претходна нетрпеливост помеѓу двете страни и секој збор,постапка и да не е така си го припишуваш како свесно направена да те иритира.
     
    На WildMk, apple12, Meckicja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Порано шетањето по комшии се сметало за нормално ама денес во 21 век не е нормално. Греота е детето да ги слуша малограѓанските муабети на баба му дур пие кафе,а уште погреота ако тие се против мајка му. Ако мислиш дека е ова ширење љубов тогаш не знам што да ти кажам.
     
    На DoubleK, Mnik и Meckicja им се допаѓа ова.
  18. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.894
    Допаѓања:
    142.296
    Ти мора да си некоја свекрва штом на секое ги браниш нив, а ѓи напаѓаш снаите.
    Значи, жениве пишуваат дека на 5 месеци дава цело јајце на бебе, а кажано и е да не дава и пак снаата крива?!
    Другата мајка пишува дека не е прпблемот само тоа дека може да падне од спална, бидејќи по цел ден е сама со детето, а треба да се зготви, испере.... Или да не му дава да фаќа сјај за садови.

    Има решение, само свекрвите се премногу "горди" за да седнат, да разговараат со снаите и да се договорат. Сакам ли јас како мајка да им наштетам на моите деца?! Не. Доколку свекрва ми дојде и културно ми каже да направам нешто ккао што правела она, ќе направам. Ама подли работи, како на пример јас викам сега не можеш да јадеш чоколадо, бидејќи детево има реален проблем кога јаде благо, а на тоа да следи "остави ја, дете е, нека јаде. Ее моиве колку јаделе" и пред детево. После 10 саати детево се жали (причината е чоколадото) следи " ааа па јас не знам што и давате, па не треба да и давате. Леле бабичка ништо, оф ми е мака што плаче"....

    Ајде сега еве, кажи ти како треба?!
     
    На Anyshka, Cherry333, DoubleK и 8 други им се допаѓа ова.
  19. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    А порано бабите по комшии,интелектуални разговори воделе.
    Или сега мамите се се начитани и најпаметни.
    Не можам да се начудам навистина....јас би била навредена да не им е гајле за сопствените внуци.
     
  20. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    10.927

    Не душо не сум свекрва на мои 32 години, само сте контрадикторни голем дел од модерните снаи.

    Ем не сакате мешање од страна, ем ако не ви ги чуваат децата незаинтересирани се.
    Ако не прочита убаво, наврати се пак дека снаата се буни зошто кога скокало детето не го држела баба му.
    Абе ви се чудам на гафовите.

    Не дека нема и не постојат реални проблеми од свекрви, меѓутоа во јајцето влакно барате, само колку кавга да се створи.
    Разберете дека не ви се криви свекрвите, туку не ви чинат мажите.
    Просто е.
    И не може да имате илјада очкувања од жена на 60+, да чита интернет како и вие и да финансира по можност, а притоа да е безгласна буква.
    Така правете со мајките ваши.
     
    На cresa-jagoda, Daniela93, Elena878 и 6 други им се допаѓа ова.