Станува збор за сосема различни генерации. И тоа има драстична разлика помеѓу сегашните деца и бабите и дедовците. И сега се знаат многу работи кои порано не се знаеле, ете, за медот, за јајцата, за кравјото млеко... И тоа е докажано и затоа неверувањето на она што го кажал доктор и упорното водење инат од старите едноставно не оди зашто го загрозува животот на бебето. Да му даде мед, да добие ботулизам и после? Или да има страшна алергиска реакција. Кој ќе биде крив? Затоа бебе/дете на некој на кој не му верувате нема оставање, толку е просто. Не да викате по нив, едноставно тоа е ваше дете, можете да одите да си поиграат додека сте и вие таму, може да го разгалат во тоа време, едноставно да уживаат со внучето. А оставено на цел ден чување кај стари луѓе, па потоа не ме слуша, не иде. Сте знаеле какви се и се го оставиле на чување, нема потоа, ама. Затоа кај моите си одеше на играње, да се подружат и толку. Никогаш не сум оставила цел ден да ја чуваат, ниту би имала доверба за такво нешто. Нема разбирачка и тоа е, ваше е понатаму. А не, ем се нервирате ем упорно го оставате детето. Епа тоа е.
Прво, маж ми ми е супер. Немам никаков проблем со него, посебно па поврзано со неговите. Второ, никаде не пишав дека ми ги чуваат децата. Сама ги чувам по цел ден. Од јадење, чистење, перење, шетање, готвење. Се правам сама. Децата одат кај баба им по нивна желба, да ги видат. Ептен ако треба да одам на лекар, па да не одат со мене, посебно сега ги причувуваат по 2 - 3 саати. И ништо наметнато. Прашува мм дали се слободни, добива одговор да, може до 6 да седат. Крај на приказната. Не барам да чита на интернет, тоа јас го правам. Ама свекрвите вака викаат "многу знаат тие доктори, многу модерни се. Ние дававме мед од 2 месеци и ништо не им е". И мајката вика, ако не смее сега мед да се даде. После 1 ден кога не гледа мајката бабата дава мед. Зошто?! Заради "да бе она ќе ми кажува, модерна мајка се прави. Јас 2 деца родив, не сум знаела". Имаше овде пример - кажано на бабата дека не смее некое јадење, бабата дава дека давала и на нејзините деца. Детето завршило на брза помош. Бабата веќе сама не го гледа детето. И толку ли е тешко да рече, снао де кажи денес што треба да јаде ова дете. Ете свекрва ми за тоа ме прашува ако треба да ги причува. Не следат слепо се, даваат и нешто што не треба, јас ќе им кажам не требало и толку. Имам уште многу примери и во блиска околина, само не е на мене да раскажувам туѓи животи. А за мајка ми ич да не се секираш. И кажувам кога греши. Посебно ако згреши спрема снаа ми со некој потег. Јас прва и кажувам дека веќе така не треба да прави.
Како може убаво да падне од скокање на кревет директ на глава, па потрес крварење недај боже. Не за џабе се тресат родителите зашто да лечам кога можам да спречам. Има милион игри и занимации од колку скокањето на кревет кај што може глава да пукне. Неможе се да се дозволи на дете и точка.
Izvini ama ne se site svekrvi isti kaj mene jas go imam posledniot zbor iako ona go cuva moeto dete od 8 meseci nemozeme site da gi stavame vo ist kosh
Скокањето на кревет е многу ризична работа, колку и да не изгледа така. Мене баба ми ми дозволуваше така да скокам и да си играм, мама не, ама се разбира мене ми беше преинтересно кога сум сама со баба да рипам. На крај си ја повредив ногата, зглобот, отечено ми беше стапалото и не можев да газам без болка некое време. Се разбира, мама беше таа која трчаше по болници, не баба ми. После тоа и да ме тераа не се качував на кревет, баба 4 очи имаше отворено ама џабе. Така да, мајки чувајте си ги децата и забранувајте им на бабите тоа што сметате дека не е во ред, бидејќи што и да се случи родителите ќе си ја чукаат главата, бабата си е само баба.
Така ако гледаме се може да се случи,дете во Србија во игра во друга соба при родители во друга соба на квака се обеси.Колку само на 10 години сме правеле со братучеди колук напред на кревет во спална, а родители на работа па еве не. Јас детето од очи не го тргав ,за секунда што се свртев во ползење се чукна лошо во столот се онесвести ,посина,за малку што не ми умре да не тргнев јазик,а во дубак не го чував да не се преврти да не фати рингла.Што викаат старите господ да ги чува ти да превенираш ,ама ако е да се деси ќе се деси и очи на газот да имаш.
Ама кој рече дека се исти? Јас пишав за мене и за свекрви во моја околина, жени што јас лично ги знам. Ете ако не сум те помешала со друга членка, ти пред да родиш мислам пишуваше дека имаш проблем со свекрва ти. Ако се сменила сега, супер. Пишувам само од мое искуство и од искуство на мои блиски. Она што сум го видела. А верувај , имам многу да пишувам.
Леле жено божја има ли тема кј што не одиш и да извртуваш мислења? Ај ќе ти нацртам - ДЕТЕТО МОЕ НЕ СКОКА САМОСТОЈНО НА СПАЛНА, СТРАВ МУ Е. ЈАС НЕ ЗАБРАНУВАМ ИЛИ ТЕРАМ НЕКОЈ ДА ГО ДРЖИ ДУР ГО ПРАВИ ТОА, ТУКУ САМОТО БАРА ПРОСТО КАЖАНО ДРУГ ДА ГО СКОКА. А ТОА ГО БАРАШЕ ОД НЕА ВО МОМЕНТОТ КОГА ДОЈДЕ ГОРЕ, АМА ОНА ОД МРЗА И ООООГРОМНА ЉУБОВ ЗА ДА НЕ МУ РЕЧЕ НЕ, МЕ ИСКОРИСТИ МЕНЕ КАКО ЛОША ДЕМЕК ВИДИ МАМААА КАКО НЕ ГЛЕДА ЛОШООО НЕМОЖЕЕЕ, А ЈАС НЕ ГЛЕДАВ ВО НИВ ВООПШТО. Трет и последен пат се повторувам и друг пат пред да испревртуваш муабети ТИ читај убаво, кралице на испревртување мислења.
Скокање на кревет може понатаму, додека се мали не, кога се оформуваат стапалцата. Нашиот ортопед строго го забрани тоа. И рече, од неправилно чување на детето, цупкање на коленици додека е бебе, оставање да скока на кревет и после 90 посто од популацијата на мк има рамни табани. Се сеќавам од школо на систематски кога одевме сите бевме со рамни табани, сите. И океј, голема работа, сите сме такви, ништо не е. Ама е, смета во држење, може ќе работи работа на која ќе треба да стои, а ќе си има проблеми токму поради стапалата. И на тоа треба да се мисли, за иднината на детето е.
^ @flower Убаво за тебе, мило ми е да имате таков сложен однос. Меѓутоа чим има разлика од еден карактер до друг нема што да оставам деца за чување и притоа на форум да ја напаѓам свекрвата дека е проста, нееманципирана и не знам каква. Крајно неблагодарно е и да очекувам помош која реално не е обврска на свекрвата и да ја омаловажувам и напаѓам постојано.
Па добро ако е континуирано секој ден нормално дека ќе развие деформација ,ама периодично ако скока не би требало.
Креветот дома е, тоа е работата. Прашање е колку ќе е периодично. Јас имав провлем со цупкањето на коленици, свекрва ми само разбра, другиве не. Цело време ја земаа и одма на коленици ја цупкаа, ама им објаснив дека ако сакаат да ја држат тогаш ќе слушаат.
Гледам секое утро две баби.Едната доаѓа од село секој ден и носи плус торби во кои има и припремен ручек,двете одат да ги чуваат внучињата само да не ги буделе и да ги носат кај нив.Двете се враќаат кога и јас се враќам од работа.Оставиле и тие куќи ,ручек да прават од вечер,да перат откако ќе се вратат .Верувајте не им е лесно, ама љубовта кон внучињата и децата е безусловна.Затоа покажете почит и погледнете и она позитивно што доаѓа од нив.Не се замарај те за ситници ,да земам да барам сигурно милион ќе најдам и јас кај моите,реагирајте само ако е неизбежно.Нема гајле ако поскокало понекогаш со баба на кревет,ако прскало со вода со дедо и ако се измило со сјај еднаш и тоа е дел од развојот,детството,спомените.Не полнете се со негативна енергијата ,детето тоа го чувствува,а детето кога ќе порасне нема да ја сака повеќе бабата од вас колку и да го гали, секогаш вие и вашето воспитание ќе сте на прво место , од искуство.... Епа да не се претера нормално,затоа е мајката тука и да им објасни еве како ти.Верувам дека ќе разбере секој кога е во интерес здравјето на детето,освен личност со подпросечна интелегенција да не речам фалична,е на таква нема да и оставаш дете да ти чува.
А зошто мора да го зема девојчето кај неа? Ако велиш не ти треба да ти ја чува тогаш нема потреба да ја зема. Дури си ти таму нека си ја види, нема да има потреба ни јадење да и дава ни ништо.
Секое дете се раѓа со здрави стапала, нема некое што се родило со рамни. Тоа е од растењето и од ете, што ми фали, супер било порано. Зошто толку знаеле. Ама, знаеме подобро сега, сепак, кој како сака за своето дете, негово си е.
Свекрва ми ми чуваше дете во периоди, од една и пол до две години, па пак од четири до четири и пол ради короната. Вториот пат живееше кај нас. Јас имав лист на фрижидерот со појадок и ручек, и ужинка за секоја недела, и тоа имав у фрижидер. И јас знаев дека има здрава храна, и нејзе и беше полесно да не мисли што да готви. Второто чување беше исто комплет, со тоа што и ќерка ми си даваше идеи и менито заедно го правевме. Не ви текнало така? Како ќе даде чипс или смоки ако ги нема дома?
Желба на мм. Сака мајка му да си го гледа внучето, без разлика дали го зела или дошла да го види. Пишав дека цела недела ја немаше ниту на минутка видено. И вака и така, мене не ми претставува никаков проблем, само мм се чувствува тажно.
Дали ме прочита воопшто? Каде има омраза во мојот пост? И шо ако ми личи детето на свекрвата? Ај просветли ме те молам