Абе испаѓа сега дека и јајца, грав, не смеам да чувам дома оти на свекрва ми на 5 месеци ќе и текне да и даде јајце. Значи ете кај нас ние возрасните за жал јадеме и чипс и смоки и шунка. Пред короната ете аме имале гости често и сме имале дома и шунка и кашкавал и др. работи за мезе. А што е толку тешко кога си и рекла да дава само тоа од списокот , она што ти е воведено, а да не дава јајце, смоки, чипс?! Зошто толкав отпор? Ете пишувам примери. На мајка ми пријателка. Детево 5 месеци и е на адаптирано млеко. Свекрвата ги напнува да давале Битолско. Снаата вика не, мало е. Свекрвата сама и кажувала на мајка ми - ми го донесе снаа ми да го почувам, отиде да полага испит, а маж и е во странство. И земав му дадов Битолско. Мајка ми прашала па не ти донесоа адаптирано? Ми донесоа, ама јас го чувам јас ќе дадам како сакам. Зошто?! Ете тоа прашувам, која е потребата?! Свекрва ми на 10 месеци ја чуваше ќерка ми кога се вратив на работа. Еден ден, на масата останале смоки Стоби флипс. Изречито и беше напоменато(од претходно низ муабет) смоки да не се дават бар до годинка. Купував бебешки смоки. Доаѓам од работа и ми вика да знаеш и дадов едно 10тина смоки Стоби Флипс. Ама викам зошто, реков не, а и имаш на Подравка. Вика па јас си јадев смоки она ме гледаше, и и дадов, она такви сакаше. Бебе на 10 месеци. Можела бабава да си јаде стоби флипс, бебево лино смоки. Толку ли е тешко? И уште ова. Животот поминува, они стареат и на нас, снаите и синовите е да се грижиме за нив. Дали кога нема веќе да можат, јас ќе готвам за нив и они ќе речат не смееме да јадеме солено заради притисокот или шеќер заради дијабетот, јас треба да им направам јадење со екстра сол или шеќер, па нека одат по болници после?! Дека јас ги чувам, ќе правам како сакам?!
До 9 месеци има породилно, мајката ако не и верува на свекрвата, нека го даде на маж и еден саат. Нема потреба да јаде секој саат дете. А мајката затоа е ослободена. Смоки нема што да се купуваат дома, за кого? Ако е ризик за дете, никој нема да јаде. Кога маж ми имаше мака со готвење за седум месечно, јас готвев пред да одам на работа у 5 станував. Значи ако одите некаде, згответе и оставете за детето. Колку време ги чуваат свекрвите за да стигне грав да му свари? И затоа не ве почитуваат и не ве слушаат, не сте се поставиле како мајки на време. Мојата свекрва еднаш згреши, јас и реков, не зборувам ништо, со син ти ќе се разбереш оти ако отворам уста ќе биде страшно. И ништо повеќе не кажав. Маж ми и даде реферат еден што мислам уште и текнува кога ќе го види и следеа санкции. Никогаш никогаш не повторила грешка. Не знам како може да дозволите друг да ви гледа дете спротивно на вашите ставови. Мајка, тоа е лавица, да видам да му згреши на дете со заби ќе ја изедам. Една нова година у 6 сабајле у Систина , мојата со температура, и чекаме ред. Излегува синот, и се пика на мајка му у фаца, и вика збирај се да те нема, они остануваат, тебе да не те видам у живот. Родителите отишле на прослава оставиле дете со баба. Госпоѓата го наранила со грав дете од 10 месеци, се подуло, почнало да повраќа ко лудо, кога си дошле правец болница, клизма, инфузија, арно не му пукнал желудникот . Човекот беше пореметен од паника. Не верувам дека бабата некогаш ќе го чува пак детето. Викнете малку, кажете им, ако не правиш по мое,дете не гледаш. Оти само вие сте одговорни за тоа дете. Ниедна баба. Они изгледале деца. Ако сакаат да ги видат внуците у ваше присуство.
Mojot svekor I davase pivo pred nekojden na kerka mi da pie jas mu rekov ne da ne dava pivo da pie ne me poslusa posle mm koga mu se razvika odtamu i ne se povtori poveke toa
Ај сега и ти. Ако не и вино да не си купам пошо малиот сеуште не пие. Ќе пазарувам што сакам и ако било кој се нафати да го чува малиот, ќе следи мои правила. Гледаш, сепак бабата нашла време да направи грав за детето и тоа на нова година. Се друго кажано ти е скроз на место и се согласувам. Моето освен мајка ми, никој друг го нема причувано. Таа знам дека ме слуша зашто имаме слични ставови дури и индиректно многу пати и посочила на свекрва ми дека ми наметнува заостанати размислувања. Со син ми одам во маркет, во шопинг, во банка, буквално секаде. Лигава или не, не ми се допаѓа како го чува свеки. Невнимателна е, своеглава, не знае ниедна песничка, не знае како да го анимира, само го стиска, го гњави, го држи во раце, го патка и син ми е препотен и кенкав кога поминува време со неа. Штета што золва ми не ми е близу, неа ја обожава.
Да , се согласувам,повеќето стари си го имаат тој табиет и кога им кажуваш дека не треба,тие да си тераат по свое сметајќи дека на пр. им давале на нивните деца кравјо млеко и нема гајле.Мене не ме плаши да дадат неколку смоки,или да лизнат мед ,повеќе ме плаши ако континуирано секој ден им даваат зачинета ,нездрава храна, сол,додека ги чуваат .Знаат да речат сум слушала ,е што убаво си го најадов ,се си јаде.Па нормално ќе јаде ,кој сака блуткаво ,секако посолено е и повкусно.Не се свесни дека децата последиците нема да ги осетат веднаш,туку покасно кога ќе се возрасни, кога ќе им се нарушат желудникот, бубрезите од конзумирање сол од рана возраст а и други последици.Затоа ако ви ги чуваат ќе пробате да им објасните,ако не се разбираат нека не ги чуваат ,ќе пробате со дадилка,во градинка , иако за жал и во градинка видовме колку ги хранат здраво, со мајонези.
Има и родители што на своите бебиња од 6,7 месеци им даваат да лизнат ракија и пиво. Со свои очи имам видено.
Денеска на гости ни беа бабата и дедото на мм. Зборевме нешто околу малиот и дедово вика: 'Што и да правите, само ве молам никако немојте да му давате пиво или ракија на детето'. Јас ваква Викам зошто би му дала алкохол на детето? Ааа па вика, така им прават за да спијат мирно. Значи да, има и такви.
Ima znam oti Ima ama jas ne davam a davaat nekoi za da im gi olesnat tegobite pri niknuvanje na zabite
Се вадат на ,, незнаење,, а иако се целосно упатени од родителите упорно тоа го бришат од паметот и игнорираат и тераат како што сакаат.тоа е проблемот
Класичната свекрва си терам по мое.за викендов закачивме грип.цела ден вчера и ноќ кашлање и огин 39.40... стопати дојде вчера да ја земела горе .... се качи малото две часа...ја врати со мумкање ете ти ја враќам... Иако беше преболна да оди.попладнето пак ја побара и ја опоменав дека ко кее боллна или јас сум дома жено остај ме со детето....цела ноќ неспиени утринава не отидов на работа дирек на лекар.имаме бронхит.уште не дојдени в двор трча да ја крене.. ја крева и кажувам бронхит и опширно ( вакви лекарства,мирување,никаде излагање само лежење итн.и она не верува во денешно на медицината со тревки се лечи) и сепак заминува до дете во раце по лепче.леле луѓе се сум исфрлил од раце и ја истргав и на цел глас,,добро ти ќе ме оставиш до детето фа да си го гледам или не,како да ти кажам тебе поинаку пчис болно,,, и заминувам дете врескс с таа,,е добро де смири се,, најлабава!!!!! Се качив горе да вријам од нерви значи во денипол стопати истото игнорира се што ќе кажам,па се пробавме и градинка насекое е болна мала е.отказ јас не иди во обзир.и капакот на се беше- се враќа од по леб ,таман го смирив малото и влегува кај нас и пК истото,а јас да ја земам сепак горе? Мислам,ги надмина сите очекувања.прво проблемот беше само инвазија во дворот сегде се прошири луге игнорира Мајка мое мислење и се а пред мм се лигави
Прва грешка болно дете нема што да се расшетува по гости ни 2 минути па она колку сака нека се качува. Попушташ па се чудиш зошто е толку нападна.
Сите деца се раѓаат со рамни стапала, до 10та година се оформуваат стапалата. Скокањето на спална или трамболина го забрануваат ортопедите затоа што на мека површина многу лесно можат да ја свиткаат ногата и да го повредат зглобот.
Маж ми биле 7 внуци и ги чувала едната баба Од тоа рипање по спална 6те се со белези на главите ,сите шиени Маж ми има 3 белези Можите да замислите шо било тоа
Кажувам само што ми кажа ортопед, дека се раѓаат со здрави стапала и потоа во текот на раснењето се зафркнуваат. Не можеш да си заклучиш да не влегува? Нема врска што прави пред маж ти, заклучи си, ако дојде речи и се облекувам, ќе се видиме подоцна и толку. Стварно не знам како трпите вака. Јас ќе шекнев.
Како и да е е опасно. И стварно нема смисла на некого да кажеш дека несмее или дека не сакаш да прави нешто детето, а они упорно и за инат да прават спротивно.
Па нели и беше страв од градинкa да не донесе болести, настинки нели они биле стари... а детево бронхит има тоа што ќе и кашла во фаца нема да и смета и да се зарази, јас мислам дека треба да си заклучиш врата и да не и отвараш па ако треба биди и најлоша ама не и попуштај.