@DoubleK исто како мојава да ја опиша. Знаете тука сум пишувала многу ... Дел од работите успеав да ги средам ,но дојде ред за враќање на работа а бидејќи во 3 те блиски градинки ми рекоа септември морав да ја оставам со неа и почнав за да се навикне. Си го добив истото понашање како твојата. И тоа што сега се работи само за 3-4 часа дневно а кога ќе бидат 9?! Можам само да си замислам што ќе ми се дешава. Инаку ние сме биле лоши родители бидејќи сме го оставале детето само да се чува и заспива. Читај на земја или во игрална и за заспивање во креветчето,без нишкање. Ама ова само мене ми го збори а не на син и.
Не знам како да те тагнам Те прочитав, па се освестив колку само се паничев деновиве од свеки, ти знам најубаво ќе разбереш зашто бебето мислам во болница ти беше, а свеки ти се качуваше на глава. Малиот фати некој вирус од градинка и од завчера навака изгоре детето од температура. Прво дете ми е, 40 температура, па око не склопував и се трудев на секој можен начин да му помогнам додека душата ми се кинеше. Од свеки уште што не слушнав овие два дена. Маж ми ја става на спикер, па можев да слушнам како сум го настинала во четвртокот кога се враќавме од градинка, имал јака прелада зашто сум ставала ладни облоги на грбче (не се ставале според неа), сум го ладела цело време, а требало да го измасирам со топла ракија и да го завиткам во ќебиња да се препоти. Во момент на очај на 40 температура кога веќе ладните облоги и сируп не помогнаа, го замотав и кога видов 40.5 на термометарот летавме накај државна. Ме искараа таму и кога и кажавме што се случи добивме коментар 'Е како порано ние ве лечевме вас вака, сега ништо не ви чини, кај ги наоѓате докторите...'. Не знам која е потребата да се бара 'виновникот' кога дете од една година гори од температура, ние немоќни, таа ќе ми кажува кој е крив. Се понуди да помогне да дојде кај нас ама ја одбивме со изговор дека можно е корона да е. Ни јас, ни маж ми не сакавме да ни се врти тука зашто ќе се испокаравме ради нејзините коментари.
@Jana06 Осе на кирилица Како е сега малото ? прво најпаметно на свет сте направиле што сте ја одбиле...јас немам кај да ја пуштам мојава Дете нормално е да настинува ,плус и вие како што читав сега го пуштивме во градинка... Сепак сменил место колку и да е Знам како е и јасод очај ова ,од чувство на она кое ќе ми или ми го набивала она сега кога ќе ми текне ми иде да се акнам од ѕид . Супер си ,слушај си насоки од доктори и батали нејзини бабини деветини
Според ова звучи како да не живеете заедно. Зошто и кажувате на свекрва ти кога знаете дека ќе замара? Лажење е пола здравје
Не живееме заедно, но мајка му е на маж ми, а ситуацијата беше стресна за нас, па како што јас зборев со мајка ми често, така и тој. Ни се јавуваа цело време да прашуваат како е малиот. Ете најстрашното помина, веројатно понатака поопуштена ќе бидам. А во право си скроз, многу често лажеме и ние
Ее не сум ја довршила мислата не знам зошто вака. @WildMk дали би го направила тоа ќе прашував ,тоа и ми беше поентата на пишано во.
Не директно доктор туку снаа ти ти кажува дека докторот и рекол така... Исто е ама не е исто затоа баш вака сакам да гласи
Зошто би се распрашувала и одлучувала за дете што не е твое? Ако некој ти рекол така (снаа ти, син ти, ќерка ти, зет ти...) за неговото дете зошто би изигравал ЦСИ? Што е толку тешко да послушаш.
Прашањето беше ако снаа ти и рекла, јас го сфатив као да прашува што би направила ти во улога на свекрва...
Случајно отворив ве расчитав малку уз кафе... ме изнасмеа да си жива и здрава... Мислев за мое дете станува збор
Ок е и ова е подобро од : -" таа мајка ти само по интернет глупости чита не ова не она па што сега ќе ти даде баба најубавото " **И да така прашував
Не е проста... туку е жена која појма си нема од интернет. Од кај разбираат постарите компјутери. И да разбираат, знаат Вибер и ФБ, да праќаат пораки со слики што светкаат и да пишуваат “Амин“ на икони
Мојава што ако знае да користи интернет кога отвара само тоа што и се свиѓа на неа. Да прочита некаде цуцла да не се топи во мед ќе рече 'Пффф, абе што се не ќе измислат'. Тоа се затворени умови.
Абе не знаат. Не ја разбираат оваа технологија колку нас, а ние помалку ја разбираме од поновите генерации кои се родени со смартфони и компјутери. Плус не разбираат англиски. Опција им се македонски и српски портали, а знаеме таму што се објавува. Сензационалистички наслови и Баба Ради