Нема врска интернетот. Мајка ти не знае ништо, дојди баба најубаво ќе ти даде. Јас ова би го кажала на маж ми и ич око нема да ми трепне ако си го добие од син ѝ. Безобразна жена
Знае ,знае . Инатот е голем. Инаку е исто како Јана што кажува за нејзината. А за неа нешто ако прочита ,рецимо има дијабетес и чита нешто за тоа трчи одма да го најде да го направи. А и интернетот и не е толку битен ,полошо и поважно е кога и за докторите вика дека не знаеле. @forumce знам јас што е она ама не знам од кај ми се нервиве мене. А и јас како тебе правам , ќутам него му зборувам ,тој кога ќе рече кога ќе поќути најчесто ќути и така.
Од искуство, ќе се 'спасите' од свекрвите, па и мајките, кога за ништо нема да зависите од нив. Ни за деца чување, ни за домување, ни за финансии, ни за ништо... ич.
Совет да не се прими ,па кога ќе ми оди контра иако и сама знае дека не е така Прост пример некни и правам житарици од кутија и додавам слива јаболко нешто овошно како за доручек понекогаш и ме гледа : а млеко не ставаш? Јас се правам не слушам Пак а млеко ?? Јас ќутам и правам Абре стави и млеко малку (тетрапак јер АД е "прашак") И викам аа не бе млеко со јаболка не ми оди никако не не. Еее зошто да не оди золва ти мармалад со сирење како јаде.. Викам јаде така и е убаво таа си е возрасна знае што сака. Ми вели има луѓе лубеница со сирење јадат мене тоа не ми ни текнало да пробам. Ее ама ако не и даваш од бебе се да проба ништо нема да јаде И викам да сигурно мармалад и сирење и даваше ти на ќерка ти Ми враќа да бе и давав А сто пати сум ја слушнала како и вели ќе расипеш желудникот со тоа твое глупирање @WildMk абе еве јас не зависев за ништо ,сега ќе мора зошто во градинка ми рекоа до септември нема шанси. Ама исто беше ,дали зависев или не ,се пика до сегде ,во се сѐ меша. Муабет на тел со моите раат не можам да направам.
Знам дека те нервира, и кај мене е иста само дај му ова, дај му она ми вика, од почеток се замарав и ме нервираше сега ич. Баш вчера му правев гриз и одма стави му млеко како е ова само со вода, стави и шеќерче благо да му биде поубаво, јас само аха и викам и не се замарам фазла од тоа.
Ама упорна е ,не прекинува додека да не ставиш или и кажеш зашто не би требало да ставиш па ќе се заинати и на крај ќе ти рече ти од глупости што слушаш други луѓе ќе си го упропастиш детето ништо нема да ти јаде . И после мене ми е глупо некое чувство ко нешто лошо да правам .
Јас мала јадев се и после одеднаш престанав и почнав да пребирам до степен кај што мораа за мене да прават посебно јадење. Сеа пак јадам повеќе ствари. Така да ништо не ти е гаранција, прави како мислиш
Не сакам да звучи како да те напаѓам напротив верувам дека ти е многу тешко. Ама свекрвати не е баш крива, проста е факт. Како маж ти и преќутува тоа не ми е јасно? Викаш не зависиш од неа а сте во заедница,значи живееш во нејзина куќа.
Мм не јаде кашкавал,пеќурки,патлиџани, кромид,лук,боранија,леќа,домашни супи,чорби ич не обожава,зденка,павлака..... и уште многу не јаде,не ми текнува во моментов . Пржени компири и месо само сака да јаде и јаде. Свекрва ми низ муабете еднаш рече: -Колку и да неќе нешто да јаде детето,мора да го лажеш,да му ставаш во уста,мора се да проба за се да јаде. Мора да си упорна! И ја и вратив: -И да знаеш дека си во право. Видиш мм ништо не јаде,само неколку работи,изгледа не си била ич упорна да седнеш и да го нараниш како што треба. Доста и бил тежок ( одсекогаш потенцирала дека бил мноооогу слаб) штом само на пржени компири растел. Оттогаш не искоментирала како и што. Кога беше 10 месеци синко,отидовме на слава и додека др внуци јаделе чоколада и она му бутнала на моево во уста ,а претходно ме праша да му дадеме и и реков НЕ . Го земадемек да го подржи,и му бутнала да лизне,за нејзина несреќа го замачкала на блузичето,и и кажав пред сите гости,ме правеше слепа при очи,демек случајно го замачкала,рацете и биле прљави . И реков,сега си дала и уште еднаш да не видам,а посебно да ме лажеш. Никогаш и го немам оставано на само за нешто друго да му протне,секогаш сум била тука па ме прашува дали да му дала тоа или тоа. Сега е поголем и сам се подава или одбива ( само пак мрчам за некои глупости кога му нуди). И во рок од 5 мин,успееда понуди и да донесе и јаболка,и банана,и кроасан,и млеко и месо и се . Уште едно не ставил до уста,носи и нуди друго . Ако им кажеш нешто не,тоа го сваќаат како да им идеш нив намерно контра,а не дека така треба. Како за нив знае што е здраво,а што штетно,а за дете не знае? Пред некој ден му дава краставица,зошто мора и сол да му стави Како за свекор ми вика не мора да му ставам сол многу на јадењето,не е здраво, а на дете ни бара сол ни ништо,она вика чекај баба да ти стави сол повкусна ќе ти е. Ја прострелав со поглед и и викам, зошто да му ставаш сол,ако не бара не му ни спомнувај,а она: - Ееееее јас мислев повеќе ќе јаде така.
Куќата е на нејзино име местото на мм. На нејзино оти ќе сме ја избркале... Уште пред да се запознаам со него кога стигнале до нотар рекла не може барем куќата нека е на мое. А куќата патем цела ја изреновиравме ние лани. Не те осеќам како да ме напаѓаш. Мм и збореше едно време ,сега како да се откажа... А не е ич проста за да се дотера и да оди по грчка на одмор ?? Не ,не е до простотилукот туку до карактер "Јас знам се што има да слушам други посебно па 40 години помлади од мене. " И не се понаша вака само со мене туку и со ќерка и.
Ама проблемот е шо е на нејзино име така да реновираш на нејзино не ваше. Да не зависиш од никој значи да имаш свој дом, ваш лично. Нема врска не сакам да навлегувам во тоа. Седни со маж ти направи муабет или нека превземи нешто или идете по кирија и мирна глава. Многу е едноставно можеби ке скрстиш многу работи ако се проблем финамсиите ама сите глупави проблеми шо ги имаш и нервози ке ги снема. Не вреди да се нервираш и објаснуваш по милион пати за сопствено дете. А за маж ти немам шо да кажам освен шо е милион посто крив во целава ситуација.
Мојата: Доста било доење до годинка, после цел ден на работа какво ќе било тоа млеко веќе. Еве не знам, расипано, подурдено или ... А таа толкав доенечки стаж нема со сите три деца заедно. На нејзините деца поголема мајка се правела свекрва и, таа била во втор ред, безгласна буква. И сега си мисли дека така треба. Не за џабе рекле, "птицата родена во кафез мисли дека летањето е болест"