Мене тоа ми го кажале жени помали од мене... И тоа некои не ни одат на работа ама ги одбиле ,после година не чинело млекото ...
Расипано ,немајко Дури ме убедуваше да сум престанала сега - бебето ми е 9 месеци ,оти на лето не се одбивало а таа август прави годинка ,а и секако на работа ќе сум одела И кажав само моја цицка моја работа
Има и млади мајки со вакво размислување. И дека ад е прашок. Кога ќе видам какви млади има, не ме чуди што старите имаат такво мислење
Единствено што сега колку и да сакам да го одбијам е многу,мнооооогу потешко за разлика кога би бил помал. Се разбира,сам си зема,знае дека треба да се измијам,знае се,му кажувам и дека веќе е голем и сите деца што ги знае,никое не цица,освен мали бебиња,само не сака да се откаже од млекото
Да мене летото во парк другарка 30г ми искоментира демек што му даваш прашок? И викам тебе те доеле? Вика не не ја тетрапак сум си пиела многу сум сакала млеко
Среќа голема што не ме оставаа баба ми да ме мисли, мајка ми живци кинела, ама по нејзино било. Тоа што го истрпела за да не умрам од секакви мудрости (да, сериозно за умирачка зборам), не може секој. Не, нема што баби да прават по свое без да прашаат. Детето има родители. Тие мислат. А давање јајца на бебе, мед, може да заврши фатално. И нема простор за размислување. И колку и да мислат добро, на 3 ипол месеци моја внука ја наранија со грав и свински ребра. Може пред 60 години така требало, тоа не им дава за право така да се понашаат денес. И нема ништо смешно во смрт на бебе поради мудра баба, што давала медови, јајца и што знам што не.
Дефинитивно сите се раѓаме со рамни стапала, и е нормално докај 4-5 години да се рамни. Влијаат многу работи, меѓу кои и генетика. Затоа ќе видиш многу браќа/сестри, едно има рамни, едно нема...
Кога сме кај млеково: Свеки и вика "Леле уште ќе цицаш,за страмота,голема си.Беба 1 год.и 3 месеци е. Па денес вика на овие деца треба млеко да им се дава.Па и викам поголемава не смее ради тврда столица,беба нели цица.А ама не,не такво млеко,купено од крава. Ај и викам купувај ќе му давам. А јас немам пари,ако немаш затни се
Јас да кажам мое мислење за проблемите помеѓу снаа и свекрва според мене барем во мојот случај јас мислам што подалеку по мирна глава, пример доколку би се живеело одделно овие проблеми би ги немало , меѓутоа во македонија колку од нас можат да си дозволат сами да си обезбедат живеалиште? Многу од вас пишувате проблемот е во маж ти не задтанува на твоја страна меѓутоа што доколку свекрвата те држи финансики во рака? Он ќе и се спротистави и она ќе рече тогаш одете си од моја куќа(што ми се има десено) а да си ти финансиски стабилен ич нема да ти чуе.. јас колку пати ке си кажам готово одам по кирија но после математиките не ми се поклопуваат плус со мало бебе ама ај сеа си викам издржи уште малце да пркне малата да потсобереме пари за кредит за стан и ајде чао после кога нема да ја примам дома нека се меша колку сака
Сама си го одговори прашањето. Кога ве читам вака со деца, финансиски зависни од родители, па и со дете уште
Епа да се извинувам што на мои години немам купено стан само нз кој има на 23 сам купено без да зависи од родител и е финансики застанат на нозе или можеби работиш кај свекрва ти бидејки кога си била бремена те избркале од работа па и на тој начин те држи финансики а исто и маж ти го избркале па работи кај нејзе? Па ајде бремена најди друга работа? абе тука на форумов вака одма некако се даваат заклучоци без да те знаат и како ти била ситуацијата
Ако сака да помогнат во ред ако не, нема што да ве држи финансиски. Вие додека соберете пари за кредит свашта може да се случат и ојде бракот. Еве не двајцата со не високи плати со мало дете под кирија, наскоро и бебе плус па нит сме гладни нит сме жедни.
Види вака, како да ти кажам, ситуацијата не ме интересира во деталји, ама чим сте решиле фамилија да правите и те како ќе се грижите да обезбедите финансии. Маж, жена и дете обесени на грбот на родителите! Да бевте во странство исто вака ќе беше, ај важи.
Оти немаат сите доволно финансии за да обезбедат свој дом. А некои, никогаш нема да ги имаат. Не е баш лесен избор, ама кога не можи поинаку - не можи.
Кога ве читам имам чувство дека имате по 35+ Нормално дека никој нема за стан на 23, ама уште не ми е јасно што е толку итно да се омажиш на 23