А колку сурово звучи после нема да ја примам дома.Убаво ли ви е кога вас ве примија?Може ви е тешко сите на куп,милион карактери,ама па многу е неблагодарно утре ден кога нема да зависиш од неа да не ја примаш на гости.
Ке ја примам бе нормално не сум никогаш злопамтило сега така у нервоза пишувам уште хормони ми работат тазе породена а леле што е со коментариве зошто се мажите и раѓате деца ако треба кај свекра ви да живеете ? Некои луѓе неможат поинаку можеби јас можам ке успеам ама тие што неможат ајде никогаш да не се омажат и дете да немаат божее
A ти да имаш само таков избор поради маж кој го сакаш повеќе од се на светот нема никогаш да се мажиш ниту пак да имаш деца?!!! абе како ме изнасмеа алал да ти е еј !
Хахаха стварно незнам што е со коментариве само ке си се изнасмеам тука сите пукаат од финансии ние што немаме деца и маж не заслужуваме
Не е само проблем финансиите. Кое детско понашање е реченицата - сите околу мене ме нервираат, кога јас ќе иам мој стан очи нема да ми види, мирна глава, ќе се спасам, бла, бла.
Mila potpolno. si vo pravo za se ovie sto pisuvaat za tvojot comentar ocigledno ne ziveat so makedonska plata od 15000 den
Еве јас не би се омажила Таквите работи секогаш се расчистуваат на почеток на врска. Каде ќе се живее, со кого, дали ќе се има деца, колку деца, како ќе се распоредуваат финансии и слични важни прашања. И не, не е рано, ако на почеток на врска увидите дека за важни работи не се согласувате многу е полесно тогаш да раскинете. Ако покасно го смени мислењето значи лажел пошто возрасни личности со оформени мислења не ги менуваат преку ноќ...
Девојката само си го искажа мислењето на темата и нејзината состојба. Ниту побара совет ниту ваше мислење за тоа дали треба или не да зависи финансиски од старите. Вие одма и нарипавте да ја напаѓате. Па не може сите како вас кои влегле во брак а пред тоа изградиле сјајна кариера, купиле стан, кола и сл. Колку злоба има на форумов тоа е чудо. Само се чека прилика за да се нападе некој.
Не е само до финансиите. Поголем проблем од тоа што сте отишле да живеете во заедница е што не сте направиле договор со партнерот како ќе ви изгледа животот и што да очекувате. И воопшто да постои договор меѓу сите засегнати страни. Се оди со очекувања животот да е ист како да си сам, а тоа во заедница не може. Жал ми е што живееме во земја кај што не секој може да се осамостои лесно, ама затоа треба од напред човек да е на чисто дека ќе мора да научи да живее секакви (луди) карактери. За жал решение освен живот на страна нема.
Ама ова ти се вика ем шуто, ем боде. Свекрвата не ве венчала и не ти го направила она детето. Нема никаква обврска да рани и вдомува 2 работоспособни лица. Значи кога штедите пари ради неа убаво ви е, ама уште по можност и да се приспособи скроз со навики и однесување кон вас идеално би било. Навиките се приспособуваат и кон цимер, па треба да има толеранција. Ама цимерите плаќаат еднакво за живеењето, вас комплет ве издржува. Прилично е неблагодарно да ја гледаш само како пречка што треба да ја прескокнете и баталите некој ден.
Па ако тоа значи да живеам во не здрава средина, со секојдневни кавги и препукувања помеѓу мене и свекрва/свекор/јатрва... не, не би се мажела. Зошто да растам дете во таква средина? И плус кавгите со мажот кој го сакам повеќе од се на светот ќе станат неизбежни после одреден период така да не.
Не се секогаш финансиите проблем. Многу случаеви има и знам, па и тука на форумов сме читале, кога финансии има, ама мама да се остави "сама" не може. Иако морам да признаам дека тоа е исклучок, поголемиот дел, парите се проблем. Не сакам да сум во кожа на оние пак што и финансии се проблем и мамина маза имаат до нив. Е тоа е веќе убиствена комбинација. Во многу врски и бракови фали комуникација, разговор, отворени карти. Од тоа потекнуваат сите проблеми. А секој може да постигне нешто сам. Никој да не ме убедува во спротивното. Ако си упорен, можеш. Ќе доучуваш ако треба нешто, ќе работиш 2 работи ако треба, ќе одиш странство, ќе полагаш за нешто плус, било што за повеќе пари. На никој не му е лесно. За една соба и вц за почеток, мислам дека секој млад, здрав човек кој што е упорен, свесен за себе и својата иднина може и ќе успее. Не мора сите да имаат куќи или станови од 100 квадрати, збориме за една соба и вц. Битно ќе имаш мир. АМА се тоа се прави пред брак, додека си сам или во врска ама со заедничка цел. Во брак веќе е многу тешко. Ако претходно не можело, во брак па ич. Сметки поголеми, трошоците се поголеми, бременост, дете... Додека се свестиш поминуваат годините, трошоците се зголемуваат, се потешко и потешко е да се тргнеш. Не се лутете ама стварно никогаш не ми стана јасно зошто се трча уште на 22 години во брак, а ништо немаат сами створено. Или па врска од 10 години и нормално веќе сакаат брак, се земаат зашто веќе "дошло време", а исто, ништо нивно немаат створено. Па добро што правевте 10 години? Ќе се земеме па после ќе мислиме кај ќе живееме. Не сакам никој да се налути ама 90% од браковите околу мене вака се започнати. И после проблеми. А што очекувате? Сега беше пред еден месец, гледам на фб се верила на братучедка ми другарка. Среќни, насмеани, балони, ружи, слики од прстенот бла бла... И добро се тоа, супер, со среќа нека им е ама ја прашувам братучедка ми, кај ќе живеат, вика па не знам, со неговите... Сега ќе имав дете во прво одделение ама буквално, а не новороденче на скоро мои 30 години. Ама ќе имав и истенчени нерви, ќе се будев со нервоза и ден, денеска сигурно ќе бев во заедница. Јас имам супер свекор и свекрва па пак никогаш не би се нафатила на тоа.
И да се надоврзам, не го спорам тоа дека не секој има пари за да си дозволи стан и слично, ама повеќето тука прават свадби со триста тракатанци, фотосесии, чуда.. и трошат по 5-10 илјади евра... наместо тие пари на купче и имаш доволно за учество за стан, се наоѓаат и поевтини станови и помалечки, ама не, побитни се китенките и пепелашка фустаните, а после си вадат очи по дома зошто 10 души живеат заедно
Незнам како некој ме издржува ако плаќаме сметки по пола и фрижидерот секогаш си го полниме и за бебето се сами си купуваме..ми дала кров над глава да благодарна сум иако не има избрккано мн пати додека сум била и бремена а јас прва сум да се приспособам на навиките и да живеам во хармонија но некогаш не иде. Затоа повторно кажувам најубаво е оделно кога не се согласувате, а за сами моментално немам финансии(што не значи дека не задлужувам да имам маж и дете) секој има различно мислење различен живот додека не сте во слична ситуација не можете да судите или да знаете како е што е
Да утврдиме прво, зависни сте или не? Комплетно го игнорираш фактот што да не беше она, да мораше да плаќате кирија, ќе заштедевте ли нешто? Иако нема буквално да ви го купи станот, директно ви помага да го остварите тоа. Ти го претставуваш проблемот со целата ситуација како да е настанат од неа. Да, финансиски ве контролира. Ама кој свесно се поставил во позиција да е финансиски контролиран? Вие двајца сте носеле одлуки, превземале ризици и сега тоа е тоа.
Ама стварно не знам како можете да живеете некаде од каде ве бркаат? Гордост малку? Па златен да е нема да му седам, а не љубов Океј, заедници има и добро се сложуваат ама да ме брка и пак да седам па и да ми смета уште а не издржава..?? И јас бев во заедница дур не почина свеквра ми (3год) но куќата е на мм, патем си имам свое вц свој дел од куќата, само кујна што делевме. И тоа само неа ја имаше, злато жена. Ви се чудам..
Еве јас живеам со толкава плата,едната оди на кирија и сметки. Нити дете нити ние сме гладни и жедни и боси и голи. Не сте пробале не сте де потрудиле затоа кукате.
Добро бе луѓе нели читате дека НЕ ГИ ИЗДРЖУВА СВЕКРВАТА, ТУКУ ДЕКА СЕ ВРАБОТЕНИ КАЈ НЕА? Ваљда има фирма свекрва и. Ви напиша членката дека сметки и све делат на пола. Читате како ви одговара. Финансиски се зависни очигледно заради тоа, не во буквална смисла дека јадење им купува.