Далеку ми е темава со свекрви, али.. Не знам како може да коментирате дека никад не би стапиле у брак ако знаете дека ќе живеете у заедница? Што ви е луѓе? Кај живеете, со какви класи луѓе сте опкружени? Не викам дека мене ми е идеална замисла да живеам у заедница, АЛИ од негде мора да се почне. Година-две, додека не се застане на нозе, додека не се заштеди, не го гледам проблемот. Ќе стиснам заби и ќе издржам, притоа односот со свекрвата ќе гледам да ми е максимално коректен. Не да и се потчинувам и потресавам, не нејзиниот збор да ми е водилка у животот, се знае ради кој сум ја у таа куќа. Не знам како ќе се одвиваат настаните натаму, ама ако го најдам правиот човек, нема да ми смета да живеам во заедница додека не створиме нешто свое. Тоа јас што го сакам и реалноста се две различни работи. У МКД ретко кој пар има финансиска моќ и од старт живее одделно.
Баш така. А и не влегува секој во брак плански. Еве се случува да остане бремена девојката, па мора да почнат заеднички живот. Тие луѓе што да прават, треба ли абортираат, да се откажат од бебето само затоа што во моментот немаат доволно за да направат нешто свое/да плаќаат кирија? Па и да се венчале плански, сигурно имаат планови за иселување во блиска иднина на кои работат макотрпно, никој не би сакал да живее без приватност и со притисоци.
Од пред брак живееме заедно, таа е мојата реалнлот ке се мачиме ке правиме се за да имаме наш дом. Значи уште пред да се решите за брак официјално има опции како, ама не ке седиме три генерации и ке чекаме пари да ни паднат од небо. Минавме низ тежок период додека да си обезбедиме тоа шо имавме денес. Така да имам свој дом каде шо и мајка и свекрва ми се гости.
Фала богу некој да напише нешто што и јас мислам како ме нападнаа на форумов се осетив како будала.. нормално ние работиме на иселување и се трудиме тоа да биде што побрзо а тука ме нападнаа кај јас живеам на туѓ грб убаво ми било кога ме издржувала свекрва ми итн. Мн тешки напади што воопшто не е така
Девојко, јас па не знам ни зошто се објаснуваш. Си пишала мислење, ти срипале сите овие независни индивидуи со прекрасен живот, океј е, повлечи се. Не знам зошто губиш енергија за да се објасниш себе, својата ситуација и својот живот. Инаку, @nevermet18, ти благодарам што го надополни моето мислење. Потполно се согласувам со се’ што напиша. Се надевам дека ќе разберете колку вашите коментари може и да повредат некој што нема, а се труди и сака да ја смени ситуацијата во која што се наоѓа. Место поддршка, си упатувате одвратни зборови и има мислења кои се длабоко навредливи за некој кој е секако веќе емотивно нестабилен.
ај објасни ми како се останува неплански трудна? Демек секс имаш, не се пазиш, а сакаш да не останеш трудна
И тоа со години си идат, ама несакајќи трудна. Абе чудесии. Ако нејќам да сум трудна има контрацепција, ама некои не чуле. После свекрвата ме чини. Па кондоми да ти купи?
Повеќе дојдов во темава да се испукам и да кажам какви буцкала имам. Треба на детето од девер ми да му прават крштевка, 1 година има и се одложи се порафи короната инаку и порано планираа. Ај сега ај после, еве дојде ред. Во меѓувреме јас се породив, еве 7 месеци ќе прави малиот. И ние треба да правиме крштевка ама не сме зборнале ништо со сопругот,немаше договор нокаков. Пред некој ден биле на гости девер ми со жената и стариве му рекле да шравиме заедничка крштевка со нас. Од каде ова не знам. И уште свекор ми навалувал, ги убедувал. Како си земаат за право да предлагаат вакви работи не знам. Ми кажа јатрва ми за ова, во случај утре да седниме на маса да не ми е гром од ведро небо.А и сака поддршка жената, да не е само таа против, пошто девер ми сакал заедничка. Мојов уште нема ништо кажано, еве веќе 3 дена. Се чуди од која страна да ме потфати. Никој ништо не кажува, ме познаваат дека ќе сум против и ќутат. Да не знаат стариве дека можеме сами да направиме една факинг крштевка ај ќе речам, сакаат да помогнат луѓето поефтино да поминиме, ама знаат. Буцкала,само да се смешаат.Не верувам дека размислиле пред да го предложат ова и се надевам дека е само предлог и нема да навалуваат. Нејсе што е срамота од гостите,што ќе мислат дека на еден трошок сакаме да поминиме и дека не сме финансиски стабилни една крштевка сами да истераме. Не ми се тие важни, мене никогаш не ми биле битни луѓето што ќе речат. Битно ми е да си имам спомен од крштевка само од син ми.
Не сфаќам што е срамотата и зошто претпоставуваш што ќе мислат гостите. Нели крштевањето е за син ти, а не за гостите? И нема потреба од дигање тензии, кажи си дека така ќе бидат повеќе гости а сеуште е пандемија, (имаш супер изговор), доколку мислиш дека ќе се навредат ако си искрена. Запомнете, старите си се такви, нивно си е да се наметнуваат, не значи дека треба се да прифаќате и во кавги да влегувате заради тоа.
Од 18 години живеам сама, дечко ми исто така живее 10 години сам (две со мене). На почетокот на врската му кажав дека имам еден услов - никогаш да не живееме во заедница и тој се согласи. За друго ништо не ми е проблем да се договорам, ама не сакам да живеам ни со моите ни со неговите. Ако сум можела да се снајдам на 19 зошто не би можела на 29? Освен ако се разболам, ама тогаш нема ни да ми биде битно кај живеам. Ете така можам да коментирам Шансите да се скине кондом се мали, ама да, се дешава. Сепак за забременување не е доволно да се скине кондомот, треба да погодиш и кога е овулацијата. Шансите да ти се скине кондомот за време на овулација се смешно мали. Значи луѓето си имаат нонстоп незаштитен секс и еднаш нормално ќе фати Башка кој вика дека мора да сврши во тебе? Ако сакаш да се заштитиш си има начини.
Да не се правиме будали,ама бремена не се останува неплански.Ако е неплански играње на картата свршувај во мене,неплодни денови ми се,си го знаеме ризикот од тоа,знаеме дека не можеме точно да си ги одредиме плодните денови.Ако се скинал ЕДНАШ кондомот,која е веројатноста да се погоди во плоден ден,а и да е има апче за да се спречи.Значи да не се лажеме,бебе не се прави така лесно,освен со намера. И тие муабети од љубов се земавме небитно како и каде ќе живееме,не одат така.Еве и јас го земав маж ми од љубов,ама кога седнавме да правиме отворен муабет пред брак јасно и гласно кажав не живееме во заедница,ни со едните ни со другите.Неможе јас целиот живот да го ставам на коцка и да си речам ај сега ќе си се земеме се сакаме и како биде биде.Не.Тие работи се решаваат строго пред брак.Ако некој го прекрши договорот чао пријатно.Зошто бракот не е од денес за утре,за цел живот е. И друго не сфаќам,ни се мешаат околу трошоци,прослави и сл.Абе и на мм неговите се мешале,ама ќе речеме ок ќе размислиме,и на крај недела дена пред прославата ги каниме уредно да присуствуваат.Тоа е тоа.Нит ми плаќаш нит ми даваш нит ми се мешаш.
Тие што ги знам, а забременија 'неплански', не користеа никаква контрацепција. Не се кинат толку кондоми, колку што има 'неплански' бремености.
Мене уште не ми е јасно какво е тоа непланско? Па непланско може да е ако, не дај боже, те силува или некој по грешка вештачки те оплоди (кој гледал Jane the Virgin знае ). Ако искомбинираш кондом/пилули со свршување надвор и избегнување на овулација шансите се сведуваат на минимум. Е сеа може и да си ептен баксуз па пак да фати, ама не може кај 80% така да фаќа, може кај 1%.
Пишав и погоре дека не ми е за гостите што ќе речат,прочитај ме убаво, се лутам дека од страна се коментира и планира. Како да не се ствара тензија кога се мешаат кај што не им е место? За крштевка треба родителите да одлучат а не некој друг. Добар изговор ова со избегнување гужви.
Ве читам вас снаите и јас сум снаа дее и се ставам на место свекрва Сама раснам деца ,маж по странство над десет години и се жене син ми или се маже керка ми и ми носат дома у 60 кв друга особа Да не можам са си легнам кога сакам,да неможам да си прднам коа сакам ,да неможам ред за у вц да фатам ,да неможам со маж секс да имам Е па богами и на свекрвите не им е лесно коа ке му се тупосате дома ,на сета таа уште и правила и прописи ке поставувате а треба да ве нахранат и ви платат сметки Богами криви сте и крај Вие се пикате и нарушувате приватност и уште увредени сте свекрвата вака и така Ке ми се нафрлите сеа знам оти претежно снаи сме тука нема свекрви ама не сте у право се мажите жените небитно ако има кај да живеете ок ако не под кирија никој не заслужува да му реметите живот од корен
Секој знае како е најдобро, никој не е глупав и нормално секој сака да живее одделно меѓутоа во Македонија живееме каде за разлика од другите земји каде што се осамостојуваат децата на 18 години тука на 30 и куссур се дешава тоа. Мислите дека и на старите им е убаво да не трпат дома? Па и тие луѓе во години имаат право на приватност и мирна старост. Дискусијата е за секој различна има луѓе што можат да си дозволат и одмори и станови и се ама има и такви што мака мачат да сврзат крај со крај не па уште одделни живеалишта да планираат, поради тоа само си ја валкате устата со навреди и глупости. Имајте предвид дека секакви ситуации се случуваат и не се сите еднакво моќни. Една поговорка вика секоја планина со својата тежина