Сигурно снаите не рекле: Ај со твоите ќе живееме. Синовите одлучиле така. Што значи, никоја не се тупосала кај некого.
Онаа бременост кај што се "плескате" до бесвест, без заштита не се вика "непланирана бременост". Кондом ако го туриш како што треба шанса нема да пукне. Апчињата ако си ги пиете со време исто.
Што и сте се напнале сите на женава? Плански, не плански па како тоа, а зошто, имало начини не е ваша работа да кажувате. Од каде се собрала толку злоба во вас? Ако не ви одговара мислењето едноставно одминете го. Претпоставки еден куп, но само таа си знае како и е дома. На мака нејзина па уште и се посирате на глава, солите памет дека е најдобро сами настрана а у. Сите го знаеме тоа на сите ни е јасно, но не секој еден може тоа да го направи. И не е само финансискиот дел кочница да се разбереме. Сигурно е доволно растревожена од домашната ситуација, дошла овде анонимно да си ја олесни душата на некој начин, вие сте ја подбрале сте ја спукале ко синкир кај вас дома живее и вие ја издржавате. Срамота!
Абе уста за се имаат, ама немаат да кажат извини синко си сакам раат. На што апсолутно имаат право. Ништо ама баш ништо не е оправдување за нечовечки однос. Од ниедна страна. Ако некој се реши за заедница треба да е свесен и да знае што да очекува. Никој не функционира исто. Јас сметав дека сум дома треба да допринесам со тоа што кога она ќе дојде од работа ќе има ручек и ќе биде чисто, не ми беше мака, и сега го правам тоа. А она го сметаше тоа изгледа за конкуренција, кога ги седнав и кажав да се договориме колку пари треба јас и маж ми да даваме за сметки сите ме изигнорираа. Не сум водела сметка кој што купил и колку пати сум наполнила фрижидер, зошто и сама да сум тоа морам да го направам. Ако нешто се расипало дотрајало не сум чекала на нив. Не знам зошто сите мислат дека ако се живее у заедница треба родителите да те издржуваат. Не дека нема и такви, ама не значи дека сите се такви. Договор куќа гради. Ако веќе примиш некој дома треба и ти да се прилагодиш, во спротивно не примај бе. И секоја ќе си каже своја мака, да има овде свекрви ќе се жалат од снаите, многу нормално. Јас само не знам кај се мажите во целава приказна и зошто толку многу се поштедени. Тие што ме читаа знаат како мм застана на моја страна, со мене е уз се. Не е бракот снаа и свекрва па од неа да ми зависи се. И пак ќе кажам тоа со свој кров е чиста глупост ако покрај себе немаш прав човек. Што ако имаш свое а тој пак иде по паметот на мама и таа ви се меша и во ваш дом? Збориме за нормални човечки односи. Не сфаќам сериозно како само наоѓате оправданија за нечовечки однос. Замисли некоја таму труби по комшии како снајка ејалова, не може да роди, ама ок ако и е коа нема свое... Значи да бидеме реални секаков народ има. Факт е дека поубаво од свое нема, и нема дискусија за тоа. Ама некој дека треба да трпи се ради тоа што нема свое не се слагам. Зошто се земале ако немале каде, ич не треба да не интересира.
И апчиња се забораваат и мажите забораваат да го извадат навреме. Сите три работи у еден месец им се дешаваат и тоа у плодни денови. И после, трудна, мора да живее со свекрва. Ако и фаќа газот секс, нека го стегне да поработи и да си плати кирија. Детето не е на свекрвата за она да има право на глас за НИТУ ЕДНА ТОЧКА од животот на детето. Ама кога ти дава покрив над глава, трпиш да не те избрка, на штета на сопственото дете. Епа не сфаќам. У Ѓорче кириите се по 130 евра.
Газда ќе го отераш и си одиш у друг стан, свекрвата и ќутиш цел живот и ти го управува животот. Сам си бираш.
zavisi koj ne kutat site bas I ne dozvoluvaat site bas da im gi upravuvaat zivotite nemozes site da gi stavas vo ist kos sto ziveat so svekrvi
Ова е многу интересна тема. Зошто би се жалеле на газдите, што имаш ти со газдите освен да платиш кирија?
Ставете се хипотетички дали вашиот маж би доволил вашата мајка да го управува и во 90 посто од одговорите ма 100 посто е не, и ке си поставете прашање епа зошто тогаш ја толку и дозволувам на оваа утка што ми го уништува живото.. Сами сте криви што ве управуваат.
Од каде си сигурна дека нема да ги изгубиш живците после 2 год и ке трпеш речено, можеби мажот ти ке си донесе швалерка после 3 год и плано ти паѓа во вода на свои нози да застанете. Зрел човек уште од старт започнува живот сам.
јас само едно ќе кажам, доколку не сме вработени и си седиме си уживаме дома а други не хранат и плаќаат сметки се ќе си дозволуваат да ни преречат, а и имаат право. Е кога ќе си е некоја образована и самостојна жена тогаш сите ја ценат, затоа не туку трчајте да се омажите пошто-зошто. Го сакам и ајде одма, епа не бива бе девојко така
И јас вака мислам ама сепак туѓа куќа е туѓа, а и самостојна жена неверувам дека ке се нафате да живее со три поколенија.
А дали свекрвите би дозволиле некоја свекрва така да се понаша со керка и? Или снаите се само трн во очи?