Не значи сите што живеат во иста куќа со свекрва дека она им плаќа сметки, им прави јадење и живеат на нејзин грб. Бог да чува какви сте
Само им изградила дом, они сами сметки си плаќаат и тоа е успех. Поклон од 60 000 евра, со камата да ти се меша у се.
Искрено, поарно ако сте на готово. Да вложиш илјадници евра во куќа што не е твоја може многу лошо да заврши. Живеење со свекрва можам и да разберам ама вложување пари во нешто што не е твое е буквално фрлање на истите. Еден куп луѓе се влечкаат по судови со години после.
Ако е препишано е во ред, ма да е исто ко стан да имаш. Зборам општо не за тебе пошто нонстоп читам овде како вложиле во спрат. Ако е препишан на двајцата тогаш нема што да ви прават. Ако е само на синот (пред брак) препишан тогаш пак ти немаш ништо.
Да де, да купиш ентериер е многу тешко. Ама да купиш плац, проект, комуналии, куќа, или стан, е супер лесно. Кажете фала, ви дале нешто што е огромна помош. Сами или не можете или не сакате, ама даденото е прилика свекрвата да ве нервира. Сами бираме отров. Кредит или свекрва. Работа или свекрва.
Хахах. Работам, си исплатив кредит, не ми се меша свеки, не ми плаќа сметки, не ми праве јадење. Не сум купила само намештај. Не ме нервира И далеку од тоа дека е лесно да правеш куќа од ново. Далеку повеќе финансии треба отколку да спремиш една карабина за живеење. Секоја чест на тие што си направиле своја куќа сами. Ние не можевме и тоа е. Јбг
Znaci prvo svekrvata A sto mislis ti svekrvata vecno li ke bide ziva da ne hrani nas i oti po difolt site sto ziveat so svekrvi ne rabotat nisto ocekuvaat svekrvata cel zivot da gi gleda niv
Јас не и се развикав ни на свекрва ми кога се случи исто не сакано со децата, не сакале ни они. За мене нема врска мајка ми ли е или свекрва ми. И мене може да ми се случи, на секој. Поентата беше за скокањето по кревет.
Така де, чекај да умре за раат да бидеш, па после се е биде твое. Аман бе луѓе, одете си од патријархална заедница. Имате раце, работете и купете си. Факт е дека е тешко, ама барем само вие ќе го воспитувате детето, ќе знаете дека за себе работите, не чекате од никого.
Луксуз да не работи ништо, свекрвата да ја рани и неа и мажот и и детето, да плаќа сметки, јадење да прави. Е богами е голем луксуз. На сето тоа овде илјадници страни како свекрвата се меша во се, па што очекувате, ем ве гледа некој/а како паразит, оти мораше да се омажите на 18 за таа љубов единствена и возвишена, а ваму не сте способни едни влошки да си купите. Тогаш немате право ни А да и речете на свекрвата, оти сте под нејзино целосно посвојување. Во овој случај искрено, ама најискрено ги жалам кутрите свекрви, кои дома посвоиле уште две или три деца на 60 години.
Ne oni mislat oti svekrvite cel zivot ke ne gledaat nas a ne sfakaat oti svekrvite nema da se vecno zivi i oti I nie morame da rabotime A da si vo mojata situacija kade sto iljadnici evra dadovme za bolnici 13 i pol god non stop po bolnici I togas li ke vikas taka kupi si svoe e
А ти во кое мислење го прочита сето ова? Ај просветли ме, молим те. Кај виде ти дека некоја све чека на свеки? Кај прочита дека ни жена, ни маж не работат и пресвета свекица ги храни? Или колку да се начкрапа нешто за лајкче плус.
Абе луѓе. До пред 30 години срамота беше да се одделиш од свекрвата и свекорот. Пред 70 години, баба ми се омажила во куќа во која живееле 20 луѓе во една соба. Дедо ми ако не и' дозволел, не смеела кај мајка и' да оди на гости. Ја гледала еднаш на неколку години (од едно-во друго село). Скоро е ова со осамостојувањето. И нормално е да има многумина кои сеуште живеат по 'старски'. Ама се менува тоа. Генерацијата на ќерка ми се родени и израстени со интернет. Нема информација која не им е достапна. Знаат за сите опции во животот. Во на мама времето знаеле за во државата(СФРЈ), во на баба времето за 5-6 околни села.
Абе на форумов има жени што имаат повеќе вложено во "заедничките" куќи од свекрвите, ама ние сме им се тупнале нив. Лично моиве имаат наследено ниви од старите, куќава пола готова им била. Значи тие купување земјиште, чуда и они тоа го немале како трошок. Кренавме спрат над нив, вложивме доста и во нивните два спрата, за да е средена куќата, парно наместивме во цела куќа, соларно за цела куќа. Јас и мм имаме повеќе од нив дадено овде. И не ми е проблем, знам дека за мене и моето дете е утреден. Зошто прозори, ограда, соларно, парно не се менува на секои 5 години. Ама ние сме паразити, не хранат свекрви што повеќето, ден стаж немаат.
Тешко на твојата идна снаа, со секое мислење си надркана на снаите. Не ги ставај сите во ист кош. Лично јас и мм сами си го средивме спратот, ниту од неговите ниту од моите немавме помош. Сами си пазаруваме за јадење, сами сметки плаќаме и сами купуваме се што е потребно за беба. Си имам работа фала богу, работам од мои 17 години. Не сум зависела од моите, нема ни да зависам од неговите. Искрено ми се повраќа кога ти ги читам мислењава.
Јас се сложувам дека е тешко да заработиш нешто свое, бидејќи со платите кои ги земаме во нашата држава,треба да се нафатиш на 30 години кредит за да имаш свое, при што е голем ризик бидејќи не знаеш каде ќе бидеш за година, две, а не за 30 години од сега. Во секој случај, за мене не е прифатливо живеењето во заедница ни под разно. Секогаш ве читам велите првите две години. А зошто не почекате две години, заштедете, па подоцна стапете во брак? Зошто се брзате не разбирам? Исто така, деца не се прават неплански. Или се заштитуваш од бременост или не. Ако не, тогаш ризикот да останеш бремена постои и да немаш ни покрив над глава, ни работа е на твоја одговорност. И како тогаш ќе заштедиш со дете и без работа? Еве баш ме интересира. И после фрустрации и проблеми со свекрва, епа нормално. За оние кои сами заработиле, секоја ви чест, најискрено. Не секој може и не секој има храброст. Дека е лошо да живееш на спрат, може да не е. И јас сум против кревањето на куќи од по 3 спратови, сите синови тука, ама ако имаш каде, а немаш доволно финансии за свое и тоа е добро за почеток. Секако зависи колкав би бил влогот, колкава приватност ќе имаш и најважно колкава поддршка имаш од сопругот. Во тој случај, go ahead, пробај, ама конкретно заедница, ни под разно.
Дефинитивно нема да стапам во брак ако треба да живеам во заедница. Не доаѓа во предвид едноставно. Сто години чекавме да живееме заедно затоа што пари за друго требаа, за кирија не остануваа. Па ете сега живееме заедно, и под кирија, и дај боже и свое ќе имаме. Ама ни со мајка моја, ни со мајка негова. Никако.