^Па не е само да кажеш тоа е.Мора да си најдеш решение.Разговарај си со маж ти,и што побрзо заминете си.Претходно,нека го здрма со некој разговор.Неможеш ти да живееш во страв секој ден,очигледно дека е таков перверзњак. Боже сачувај,какви луѓе! Затоа не за џабе се зборува пазете кај одите.Не е секогаш љубов и само љубов,па се друго ќе издржам Е ајде,издржи вакви работи.Никој не е должен да трпи. Се изначитав се и сешто,и очајно сакам да верувам дека се плод на нечија фантазија(ова не го зборувам за навреда,туку зошто не сакам да си поверувам дека како прво се прават такви гадотии а како второ дека некој седи и го трпи тоа )
се си е ок ама златна со мало дете во недосреден стан неможам да одам сепак син ми е бебе сеуште и немаме доволно финансии мислам платата на маж ми не ни стасува за да си одиме ке мора некако да го решиме ова јас баш синока му спомнав тој вика нее бе нема шанси ама и татко ми пред 4 дена го приметил како ме мерка и му кажав на татко ми тој рече ке разговара како возрасен само проб е што тие не живеат во овој град и ке дојде овие денови за да му ги отвори на маж ми дека овој се манијачи и јас се си мислев дека е заблуда но кога почна да коментира и за другарките и за фармерките пред недела дена сватив дека човекот се манијачи мора да барам некое решение
NedzhlaЈас многу убаво те разбирам како ти е ... Но единствена солуција е најпрво да разговараш убаво со мажотти надвор од домот и кога ке седнете на ручек сите цело семејство ке им уочиш што ти пречи... какво е однесувањето кон тебе и дека нема да толерираш такво однесување тадури и ке спомнеш психијатар знам дека звучи сурово и невкусно од моја страна но нажалост е искрено кажано,само да се постигне сево ова мора момчето да биде од твоја страна сепак има тука еден огромен проблем тоа што тој е посинет и секако дека нема воопшто да му биде сеедно да го прифати сево ова бидејки лицата кои се посвоени се малку поинакви во однесувањето и можат да потпаѓаат под туѓо влијание за разлика од лицата кои посвојуваат од една страна си го спасуваат бракот и демек сакаат да се замешаат со народ во смисла речено да женат/мажат и така натаму,сепак тие немаат чуство како вистински родители па особено ако се прости тогаш се отишло во вода...Уште еднаш се извинувам ако сум те повредила ни најмалку не сакам да те навредам туку баш те разбирам колешка моја се омажи и гледав што и се случува..и те разбирам но за да си помогнеш ти мораш да ја убрзаш работата што побрзо напуштајте ја куќата каде што сте сега само едно запомни дека твоето момче е многу чуствителен и емоционален така да мора да има блискост со нив и особено да биде многу прифатен од твојте инаку ке се искрши на делчиња и секогаш имај разбирање за него за да може и тој да те разбере верувај ми сум била сведок на вакво нешто... ти посакувам многу срека но ти си таа што мора да ја забрза работата бидејки тешко е да се живее во таква средина поздрав
така си е и јас те свакам дека сакаш да ја убрзам работата ама маж ми незнае дека е посвоен мене една негова тетка ми го кажа тоа а тие сеуште му немаат кажано инаку иако тие му се родители тој не ги сака уште од мал го малтертирале не е мое да се мешам ама и мајка ми ичувала туѓо дете т.е брат ми кој останал без мајка на мали год и кој воопшто не е одделен од ништо а овие не му даваат пари за ништо тој раб колку за нас да има но кога е во прашање тие да ни помогнат бегаат само што не плакаме кирија и сметки тоа е добро а за јадење ние си обезбедуваме моите и облека му купуваат затоа што и погоре кажав не ни достасува неговата плата мора некако да се снаогаме дали ке се разговара дали ке одиме кај мојте додека се припрема станот што како нз еве ајде уште вечер ке се обидам да разговарам ама тешко драга мн влијаат врз него ма да ги сака тие го изчувале сепак и тие му се родители а таквиот однос према мене не е воопшто праведен ама што да правиш во никаква ситуација сепак ти фала за советите позз
Не може на секој мед и млеко да му биде во бракот и подобро свекорот да го трпам отколку маж ми да прави глупости и ред други работи.... Најбитно е тие(со мажот) слога да си имаат,да си се сакаат а се друго што е до финансиите ќе се реши со тек на време само трпение!
^ Секако дека ниакде дека не е мед и млеко,никаде,ама да трпам некој што може во секој момент да ме нападне ? Ќе се пакувам и да ме нема,а мажот додека укапира ќе биде касно и ќе се кае,тоа сигурно. Ама да седам и трпам не. Мислам зошто така мислите,па што дека сме женски,немаме достоинство? Плус и татко и видел,којзнае како му е нему,да бил татко ми којзнае што ќе биде.Незнам зошто татко ти Неџла не преземе некоја иницијатива,или бар да ви понуди да заминете кај нив или пак да ви помогне малку финансиски.Не е убаво вака да живееш во страв,плус и со детенце,ти посакувам со маж ти што поскоро да си заминете ...
^^^Не е лесна оваа ситуација... Јас мислам дека подобро би се снашла со напната свекрва отколку со напален свекор. За тоа комплетно се сложувам со имењачката над мене, не е нешто што е нерешливо, и не се работи за тоа дали маж ти ќе прифати или не. Тебе свекор ти те манијачи, и тоа на цел глас ќе го трубиш! Затоа што ако ти не да Боже направи нешто, после касно ќе ти биде да си ги лечиш траумите. Ај ти тргни се на страна од ситуацијава, ако пак ќе речам не дај Боже, што трауми па на детето ќе му пренесеш?! Сакала ти или не, се се дознава, светот е многу мал. Фати ги сите домашни и убаво разговарај со нив, и како - така ќе се снајдете за пари, да е нема од таму. Не си сигурна, се е можно. Мене свекрва и од време на време ми се каќува на глава, ама вереникот и свекорот по брза постапка и кажуваат каде и е местото, и мирна ми глава. Ама ова твоево, стварно е нешто што со трпење може само да се уклучи тригер, а не да помине само д себе. Ова не! И тој па старо аро, не да се засрами малку бре снаа му дошла во куќа, тој ќе ја гледа и ќе коментира кај не му е место... Чувај Боже од секакви идиоти... hock:
Жени дајте кога пишувате постови ставајте точки, запирки, нови реченици не знаете колку е напорно да се читаат овие постови ваши. И да сакам да ви дадам совет, не можам ни да сватам што пишувате а камо ли да ве посоветувам. Ова не само мене и на други овде им пречи. Неџла, што да ти кажам освен дека си во една очигледно проста фамилија мажена да попроста не може да биде. Мене извини вака дирекна што ќе бидам, ми личи дека свекор ти е едно тешко Спојлер курвариште и бегајте подалеку од таму. Или кажи му на мажот ти па нека се заземе и он малку. Како може да дозволи татко му да се загледува во жена му каква нога имала, дали носела деколте. Боже господе што се шета по светов!!
Јас само неможам да сватам , чим Неџла и татко ти го приметил како те гледа зашто не рекол ништо Ма кој сака нека е , свекор, чичко што и да е .. ке му речам и крај Па да ми се загледува во дете , има главата да му ја скинам а не да преќутам И кажи му исто на сопругот , дека не си сигурна во таа куќа со таков свекор ..или да превземе нешто или парталите и да си одите на крај краева
ЈАс ни две минути не би останала во таа куќа. Ултиматум на мажот или со нас или без нас. Не посвоен, не не знам што да е. Па не сум јас к**ва за едно старо перверзначиште да плакне очи на мене. А и тој синот јас не знам како дозволил до ова да дојде. Неџла, собирај се со детето и правац кај твоите, додека да се направи станот. Па после друго ќе е . И да татко ми да беше на местото на татко ти, сега помен ќе му правевте на свекор ти
Потпишувам! Во врска со Неџла, јас не прочитав никаде (или не разбрав) дали ти му имаш кажано нешто на свекорот во врска со проблемот? Му имаш ли кажано дека срамота е така да те гледа и да те коментира? Ако не, тогаш драга - твоја грешка, секое преќутување е одобрување, тоа така оди со мажите. Слободно да му кажеш дека ако искоментира уште еднаш такво нешто за тебе (па и за твоја другарка) јазикот ќе му го исечеш, а ако те гледа и мерка на недоличен начин - очите ќе му ги ископаш! Да, да. Слободно закани му се. Направи малку драма дома. Ако и покрај тоа си продолжи по старо, повтори го тоа пред останатите членови од семејството. Ако и тогаш не помогне - куферите, детето и дома кај твоите. И овој проблем ми се чини дека е за некоја друга тема. Едит: Во врска со финансиската помош, колку што разбрав од претходните постови, ја добивате и тоа повеќе од доволно (од двете семејства). Колку што сфатив: станот е твој (од твоите родители и тие го опремуваат), зимница ви даваат твоите родители, сметки ви плаќаат неговите родители, кирија нема потреба да плаќате, претпоставувам и ручек заедно готвите, т.е. неговите придонесуваат (купуваат леб и други намирници), што уште да ви се помогне?
^ Ако му каже на свекорот нема ништо да реши.Он може нема да ја гледа така,под претпоставка ако разговараат,ама тој што си мисли,пак ќе си мисли..Сигурно е таков човек,и разговор со него тука никако не помага.Единствено иселување.
Соопштението на Неџла дека Еленика не е она или како и да беше шпанската серија А начинот на пишување потполно ист а као две различни личности, приказната со синот/мажот дека е посвоен и као никој не знае.....оф бре Господе, таа знае ама тој не знае....цццццццццццц!!! Само сега место свекрвата, главната улога ја има свекорот Еве на Еленика пост приметувате некаде разлика
Eli25, тој што сака нека мисли, важно е да не ја мерка и да не ја загледува. Ние не можеме да им кажеме на луѓето што да мислат а што не. Важно е да не делува, а ако сака нека мисли (само да не покажува што мисли). Не велам дека е здраво тоа, родител за дете (бидејќи снаата е дете за свекорот и свекрвата) така да размислува, но тие и така ќе се селат порано или подоцна. Бидејќи не можат да се селат во брзо време, треба некако да го заплаши. Да му даде на знаење дека забележала и дека тоа и смета. Да не случајно му дојдат некои луди идеи во глава. А селењето е неминовно, но и поголема работна ангажираност (од младите) за да би егзистирале сами, без ничија помош.
Bittersweet знаеш како викаат кај мене на Југ, нафта пијам, трева пасам и нафталин грицкам, е таа е работата, ама ајде, замижавме демек очи, Неџла демек не е Елиника или обратно беше, малку се потсмири и сеа се јави со нова прича. Шпанска? Турска? Каква серија сакаш девојкава ќе ти изрежира. Ако грешам нека изгорам
Јас мислам дека најдобро ќе биде Неџла или Еленика, место да си фантазира на форумов, да земе да пишува раскази, на тема страдањата на младите снаи. Плус може и екстра заработувачка да падне од продажбата на книгата. Лектор ќе најдеме без гајле.
Шо е важно дали е вистина или измислица? Не сме детективи побогу, не ни' е тоа работа овде. Штом ќе осетиме дека некој се зеза со нас, игнорирање и крај на приказната. А да не збориме за тоа дека навистина постојат жени влезени во куќи со такви прости луѓе, ги има реално да збориме и некој кој дал совет за тоа може да му помогне на некој кој реално има таков проблем а се срами/плаши да го каже јавно. Да не ја полниме темата со офтопици од типот на „јас лажам/ти лажеш/тој,таа,тоа лаже/ние лажеме/вие лажете/тие лажат“. Ко од вицон за разлика меѓу израелски, американски и македонски форум сме... Он топик Во случајот кој го изнела Неџла има една позитивна страна. Одличен тест е за тоа со кого си во брак. Доколку му се пожали на мажот, а тој после разговорот со татко му дојде до сознание дека жена му е лажлива ***** која провоцирала сериозен човек со децении брак зад себе (пример), ќе се дојде до заклучок дека мажот во ситуацијата носи можеби и поголема вина од свекорот и не е вистинскиот избор за брачен другар штом не може да има доверба и да дава поддршка на жената која ја побарал да му биде сопруга. Доколку пак, сопругот убаво размисли за ситуацијава и донесе одлука во полза на сопругата (нормално доколку тоа е во исто време и праведна одлука), тогаш значи дека стапувањето во брак било вистинска одлука за двајцата.
Пред неколку дена седиме така фамилијарно со новите " мајка и татко " како што љубат да бидат викани од моја страна по венчавката-аха одма немам јас мои па вас ќе ве викам ( ова си го мислам). И незнам кој точно беше муабетот,маж ми вика па мамо ако баба не ти каже на тебе како свое дете на кого ќе каже,по слободна е со тебе него со тато,зошто ти си и родено дете,а татко ми и е поклон дете после свадба И свекрвами-ту би вика па сигурно ако има некој проблем нема на тебе да ти кажам прво на Гилотина ќе и кажам,и тоа без проблем се ќе и изнакажам,шѕо да не ќе се срамам. Ова малку ми беше двосмислено и искрено си помислив : - Па нормално ти свашта можеш да кажеш,ама само да кажеш.....а дали ќе ти преќутам и ќе проголтам како сега ќе видиме. И од кога го помислив ова се сецнав малце ама незнам што да си мислам,како сега си спушта со ниски удари и се прави фина,а после тоа свашта ќе мо=е да збори. Не викам дека е лоша по карактер или пак срце,онака е ок и во повеќето ситуации коректна е со мене и не очекувам ништо повеќе,ни да ме гали и мази,туку само коректен однос,како јас што имам со неа,и се надевам така ќе си продолжиме,но малку овој муабет ме замисли и морам да признаам ме подисплаши. А сигурно понатака во заедничкиот живот ако веќе мораме со нив во заедница да живееме,нема да бидам дрвен адвокат кај маж ми и секоја караница (а се надевам ќе нема многу) на рапорт да му ја изнесувам како снајката гревче ја малтретираат,и исто се надевам дека без да ја правиме големата ќе успеам да се снајдам,зошто на сите ни е јасно дека во заедница со свекорот и свекрвата нема шанси да нема некоја закачка,а и секоја караница има две страни и не значи дека снајките патат а свекрвите се олоши. или обратно
А ми текна и нешто друго, па се вратив на темава. Свекрвине не се свесни понекогаш колкава услуга им прават на своите снаи со нивното понашање. Мислат тие вечно ќе боцкаат, а снаите вечно ќе ќутат. Епа и од нивната тортура се учи. Што ќе прават после неколку години кога снаите веќе нема да бидат она исплашено девојче кое уште не се навикнало да спие на новиот кревет, туку силни личности кои си го научиле местото во куќата и се спремни да се одбранат oд секоја напад, а притоа имале доволно време да и' ги научат слабите точки на жената и после само да стрелаат? Тогаш им текнува да офкаат „Ооо зошто?“ Е зошто де! Откако со золва ми ни' престана контактот, добив работа да заменувам една личност неколку месеци. Не беше висока позиција во прашање, ама дел од работата беше и надгледување и организирање на работата на 5 други личности. Да не беа тие стратегии кои морав да ги научам за да се справам со золвата, немаше толку убаво да си поминам и со оглед на тоа дека сум некој кој наскоро ќе си оди и останувањето на работа не им зависеше мн мн од мене. Со оглед на ова, супер си поминав. Тоа е таа т.н. животна школа. Кој немал прилика да ја научи на улица, ќе ја научи во заедница. (има и рима )
Се сложувам со тебе. И јас мислам дека ниедна новопечена невеста не е дојдена во таа фамилија со намера дека од утре се ќе направи за свекрвата да доживее нервен слом,и влегува во таа куќа со надеж дека се ќе биде како што треба а и мислам дека сите се свесни (пак ќе повторам) дека расправии секаде има. Но да се прават сопки и за*банции на некој ќој сеуште не се чувствува дека го има правото и гласот во таа куќа тоа не е во ред,исто како што не е во ред ни да се глуми жртвено јагне,за повеќе бодови кај мажето на сметка на свекрвата.