Потпишувам. Иако ние не го заработивме домот во кој живееме. Го имаме благодарение на моите и неговите.
Исто. И јас не би сакала ни со мајка ми да живеам. Си ја сакам слободата што ја имам. Ма си ја обожавам
А зошто мислиш дека јас немам слобода? На свој спрат сум си, посебно. Што сакам правам, никој не ми смета. И која е разликата меѓу да ни купат стан и да ни дадат спрат? Освен што не живееш во иста куќа со нив. Абе многу се расфрлате вие што живеете во стан од свекрва
Мајка ми живее во иста куќа, на различен спрат со брат ми. Тој наследи 300квадрати во Битола, јас 30 квадрати купив во Скопје. Ама не би се менувала...
Ја немаш таа слобода на спратот, како што би ја имала да немаат преглед во твоето секојдневие, па и ти во нивното.
Затоа што нема да е на мое име, ете затоа. Ако се нормални луѓе, и ако спратот е на мое и на мажот име, ок. Ама во куќа на нивен имотен лист?
Да бе немаш. Кој ти дошол, кога си излегол, колку време не си бил дома, па деца горе-доле, па ручеци правење некогаш заедно, па секое ебење и секое карање ќе ни го слушаат. Не, фала.
Башка Вајлд што кажа. Никој не ми доаѓа без да се најави телефонски. Никој не ме гледа ни кога искачам, ни кога доаѓам. Никому за ништо отчет не давам. Ако сакаме да чистиме ќе чистиме, ако сакаме да переме ќе переме. Нема споредба, ни под разно. Дур не живеев сама, мислев ќе ми биде тешко сама. Сега? Нема поубаво нешто.
Е то заборајв. Мајка ми и свекрва ми да гледаат секој ден колку чистам и како чистам, ќе се караме - гарант. Знам, пошто постојано имаат забелешки за снаите кои со нив живеат.
Секој ден читаме свекрвите вака онака Ја сакав да ја видиме и другата страна од на свекрвата До вчера сум живеела еден живот иде снаа /зет и ти се мења цел живот Не ,не сеа ствараме градиме купуваме за да си уживам после а не да дојде некој/а и да си мењам живот јас Заедничко живеење не чине ни за младите ни за старите Ако имам да му дадам помогнам при учество при кредит ок ако немаме тогаш нека си одат под кирија и решен проблем Секој свое катче ,за едно кафе може
И да ти купат стан, пак ти нема да се испотеш, туку они. И после ти ќе се чукаш во гради дека живееш посебно од свекрва, ако она се помачила. Лелее. Значи ни знам кога излават, ни они знаат кога излезам, освен ако не се во двор. Не ни слушат ни ебење ни карање. Не знам како го замислувате тоа живеење во различен спрат. Приватност имам,отчет не давам, сметки сама плаќам, јадење сама правам, не зависам финансиски, тоа ми е доволно.
Види. Тебе ти одговара така, живеј си.. твоја работа. Не ме занима. Јас сакам да е вака како што живеам и не би сакала да живеам во услови како твоите. Моја работа.
Да, имаат Јас пораснав во куќа на која едниот спрат беше на моето семејство, другиот на чичко ми семејството. Надворешни скали итн. И да, знаевме сите кога излагаме, кога доаѓаме, кога се караме, кога се смееме, чие куче лаело, чие дете плачело. Пак ќе кажам, за среќа живееме многу со нив, и сме многу блиски, да не се сакавме ќе беше ужас ситуација за сите. Мене ми беше нормално 10 души да знаат кога ќе излезам и кога ќе дојдам, кај сум се паркирала, кога ќе се скарам со некој по дома итн. Сега ништо не знаат, ни таму моите и останатите, ни свекрва ми. Едноставно не ти е гајле, и тоа вреди премногу.