Не соли памет за другите дека треба да се оделат и да си направат свое, далеку од свекрва. Знаеш, смешно изгледа
Зошто да се чукам во гради? Ако ми купат, секако ќе прифатам, ама ако пример моите МИ купат, очекувам да МИ препишат. Иначе не МИ купиле, туку СИ купиле
Не ,не се свесни. Знам случај каде што живеат одделено и пак свекрвата се јавува 3 пати денот ,два кај синот еднаш кај снаата да праша што правеле денес. Снаата некогаш крева ,некогаш не ,но тука е синот кој е секогаш достапен. Па и не баш. Еве јас ,лепенката (иста фамилија),една другарка ,две братучетки (ова се луѓе што ги познавам ) Кога сме дошле сме нашле тоа што го нашле свекрвите. Буквално ,само дворот бил порано со патлиџани и малинки ,сега е со трендафили. И еден патос пред 15 години ставила. А откако починал свекор ми еден телефон си нема купено не па за куќава нешто. Дури и се налути зошто мм мене за роденден телефон ми купи и нејзиниот бил никаков ама никој не и давал. Ама битно секоја година на одмор грчка ,а ние во три години цела куќа дека ја изреновиравме плус доградба за спална направивме оти во две соби беа ништо така ,битно сум се тупнала јас ? Дека во тие три години "одмор " ни е Крани 3 дена за втори август што има врска битно јас и се тупнав на свекрвата. Дека во тие три години сметките коишто патем се на нејзино име не ги ни отвора ,ама затоа ако стигне на мое име нешто "отворено дојде" Е ,да она готви само затоа што " Не знам што му стави на гравот ама откако го изедов желудникот ме скина " и така е со секое јадење јас што ќе го направам. Ама затоа пак освен леб и зејтин друго нема купено. Битно јас и се тупосав да
Можеби можат моиве, кој знае. Не се понудил никој да НИ купи Ама не се жалам ич. Да сме живи и здрави, се' ќе си средиме со ред
Тебе ти имаме кажано мислам, сме збореле. Тоа што ти го трпиш, не знам, еве не знам. И во мт е проблемот и сама знаеш. Он и дозволува, затоа се понаша така како што се понаша. И џабе е и зграда да изградиш, ако немаш на хартија дека си ја изградила. Не знаеш дали засекогаш ќе бидеш со мажот, иди докажи дека од уста си делела за куќата.
Ако ти се повраќа од моите мислења те молам прескокни ги. Чим ми реплицираш значи се пронаоѓаш во нив ничим изазвана. Тоа нема да го смени фактот дека има снаи паразити!
У секој случај ,штом немате лично ваше пред брак треба да бидиме благодарни на се шо ни дале Стан ,кука,дел од кука,плац ,карабина небитно се тоа е помош
И да има снаи паразити што ги издржуваат старите, тоа пак не им дава за право да им се мешаат во бракот, бидејќи бракот е помеѓу мажот и жената. Ако на човек му помогнеш не значи после тоа низ нос да му го вадиш истото.
Точно. Верувам дека секој родител би сакал да помогне на своето дете доколку е во можност. Без разлика дали е машко или женско. Оти имам слушнато дека родителите се должни само на синовите да направат, а не на ќерките, они биле туѓа стреа. 2 женски имам и утре ако имам повеќе финансии би сакала да им помогнам на било каков начин
@Snowflake97 Навистина ли? Која свекрва сака паразит дома жити се? Кога ќе го испотиш газот и ќе спечалиш твое, тогаш ќе речеш дека во туѓа куќа старите немаат право. А се додека зависите од нив, во поглед на сметки, јадење и ред многу други работи кои патем треба да се ваша единствена обврска кога свесно сте стапиле во брак, ќе се мешаат оти живеете на туѓ грб. Се додека ти /вие се мешаш/ те во нејзината куќа и нејзините пари, и даваш потполна слобода на управување со твојот живот, па и брак, оти маминото синче сакало жена, а не знае како се одржува брак!
Ама како се мешаат ако мажов и женава не дозволуваат? Ако е за така сите имаат мислење што треба да правиме, им кажуваме дека не е нивна работа и готово. Ако почнат да не разбираат дека не е нивна работа, нема да комуницираме. Ама колку и да е досадна свекрвата, мажот може да ја спречи, како ние што им ставаме граници на нашите мајки.
Леле колку примери знам што се километри оддалечени, но сепак старите знаат се. Синчињата обавезно даваат отчет како поминал денот. И старите ѕвонат по 100 пати. Сум пишувала во темава, дека сум на спрат што сами го изградивме со мм и притоа имавме еден куп проблеми. Но вредеше. Имам мир и имам приватност. Со свекрва ми пиам кафе еднаш во 10 дена. Низ двор се среќаваме да и не ми е тешко да ја поздравам, ниту да си помуабетам. Кај одиме не знае, ни па прашува. А тоа што гледа кога влагаме, излагаме воопшто не ми пречи. Како што не ми пречи комшиине кога гледаат. Исто и тоа што ќе види кој ми дошол не ми смета. Караници фала богу немаме со мм, а и да имаме, квалитетна градба е ништо не се слуша долу. И за бучен секс имаме услови, ама тивки сме зошто сме со 2 деца Јас па сакам што ми е блиску свекрва ми. Се породив со корона, со мм и ќерка ми исто позитивни. Бебе за среќа беше ок. Жената секој ден ми оставаше ручек на врата. Оздравевме од корона, имав др здраствени проблеми, ја земаше ќерка ми на саат, два да можам да се средам по дома и со бебка. Огромна помош и поддршка ми е. Со многу осет за нашата приватност и кон мене како снаа. Секој си има различна замисла на животот. Не може вие на друг да му кажете дека има полош живот од вашиот. Дај боже на сите да ни е убаво. Јас на спрат имам голема приватност, некој во стан настрана има огромни проблеми со мажот и со старите. Нема правило...
Ти Осе ништо не правиш… делумно гледано сама си дозволуваш. Те читав еднаш пишуваше ќе се оделуваш,за стан бла бла… историја стана. Ти само се жалиш и со секоја приказна туѓа се пронаоѓаш и почнуваш за себе да кажуваш. Не ни сакаш да зборуваш со мт ти за посериозни работи, за пример за куќата. Ја не знам како вложувате во куќа која не е ваша. Само кажано на збор не е доволен доказ,кажаниот збор утре може да се смени. Сами сте криви за проблемите што ги имате, да сте го решиле тоа со куќата ќе имаше повеќе права. Дали она се налутила за телефон до маж ти е. И ти девојче ќе си имаш на долго проблеми.
Ама ти живееш со многу разбрана свекрва, памтам дека уште кога живеевте заедно си имавте разбирачка. Многумина немаат, генерациски јаз ли, што ли, и кога веќе знаеш дека е некој удав, нема логика да очекуваш дека ќе се смени на 60г. за тебе.
Само на брат ти или и на жена му? Спратот на брат ти му е наследен, а по закон ако наследиш нешто во брак брачниот партнер нема право над тоа (исто важи и за поклони). Ако жена му од брат ти вложила нешто во спратот а утре се разведат таа останува со празни раце. И тоа е полошо и од трпење на свекрва. Знам пример кај што жената остана буквално на улица пошто господинот си нашол друга жена, а на суд не можеше да докаже дека вложила пари. Брат ти го зедов само како пример, ништо лично Ова објаснувам за помали девојчиња ако читаат да си знаат.