Знам како оди. И на маж ми станот во кој прво живеевме му беше веќе препишан и во случај на развод, немав право на него. Ама новиот ни е двајцата оти двајцата учествуваме и затоа имам право на пола.
Тоа е муабетот. Јас да имав каде можеби ќе мислев на градење, ама немам, опциите ми се или заедница или на страна. Очигледен избор е на страна Живеење на посебен спрат не мора да е проблем, проблем е кога не се решени имотните прашања и кога сите жители во објектот не се свесни дека тие над нив/под нив треба да ги третираат како комшии. Јас немам трауми од таква куќа, напротив, ама сите си ги знаеме границите. Ама еве пример да сум се тупнувала кај стрина ми без најава, сигурно ќе и' сметало и ќе се нервирала...
Еее.. ама ти се погодил разумен маж и неговите родители ја почитуваат вашата приватност. А не се сите такви. Пред да живеам со него, не знаев толку многу за тоа какви се неговите родители. За 2 дена во два месеци, ако треба ќе изглумат.
Мислам дека никој не сака да ве нападне тие што живеете со свекрви, нема потреба од дефензивен став. И ок разбирам дека некогаш доаѓате само да се испукате на темава зошто ве изнервирала свекрвата. Ама друго решение освен да го оставите мажот да постави граници или одење на страна за ситуацијата немате. За некои од вас касно е за првото, зошто ако веќе сте направиле некаков живот и некакви навики во таа заедница, преку ноќ тешко ќе се смени. Дури се мислите што како и се нервирате, поминале годините и дотогаш кредит ќе сте исплателе за нешто помало. Стресот нема да може да го избегнете и со кредит, факт, ама барем нема да е секојдневен и барем некаков мир ќе имате зошто банката нема да дојде јајца на новороденче да дава и нема да ви го даде бебето на комшиката да го надоела. И секако, во ваш дом како и кај сите нас луѓе ќе ви доаѓаат на гости и со најава. Мене ни мајка ни татко не ми дошле ненајавени. Секако, ако ви е вас убаво да си живеете така, и сметате дека надвор ќе ви е понапорно, ок, ваш избор. Ама факт е дека поинакво решение нема.
Ако имаш илјадници евра да вложуваш во спрат значи имаш и за кирија. И тоа не е твое ама барем нема свекрви што ти стојат над цицка дур доиш
Само плац е 30 000 евра, само комуналии се 10 000. Ама снаите тоа го гледаат ко должност да е свекорот и свекрвата да ги обезбедат. Не поклон. Па и им прават свадби по 10 000 ЕУ. Сами си ги барате, не знам како да ви кажам
Навистина, колку колку кошта свадба денес? Нам не кошташе 2.500-3.000 евра, тотал. За двете страни. *Во 2003та правевме свадба.
Зависи Вајлд. Зависи колкава, колку луксузна, што сакаш. Може и многу да кошта ако ти се пуштаат нозете.
Не можам да те прескокнам, јер бодиш у очи. Да, се пронајдов бидејќи сите снаи ги стави во ист кош, сите снаи што живеат со свекрвите ги нарекуваш паразити. Ти кажав за мене, бидејќи јас живеам со свекор и свекрва и не сум паразит. Не е во ред сите да ги ставаш во ист кош. Има многу од нас независни од свекор и свекрва и со стабилна работа. Имам злато од стрина, баба ми на глава и се качува на женава а се на посебен спрат со посебен влез и двор. Се разболи старата, стрина ми сама изрази желба да ја гледа. И чисти, јадење и прави, ја пери, ја рани уште што не и оваа упорно ја навредува и омаложува. Самата и реков на стрина ми будала си што ја гледаш, не заслужува. А баба ми во живот и нема помогнато нејзе, абе ни дете и нема причувано ниту на 5мин. Ама битно снаите се змии а свекрвите душичиња за жалење.
@Inana123 Прескокни ме. И мене твоите мислења ми бодат у очи па никому ништа. Ти сама се прозиваш ничим изазвана. И ако ти живееш во заедница, а притоа не си од паразитите, не знам зошто се пронаоѓаш во моите мислења. И престанете еднаш да ви се сите криви за вашите одлуки. Мажињата кои ги имате, кои решиле дека сакаат женичка со нив ви е проблемот, а не со мајка му и татко му дали ви купиле стан, точак или метла.
Кај мене беше слична ситуација. Лепенки од една страна со на свекор ми прв братучед Спрат ни отстапија, ама долниот кој беше подрум и перална, јас и мм го правевме за нив дека помалку собе доле а сами се , што ќе им било горе повеќе. Горе реновирање до соби , до паркети до прозори до врати до ѕидови до се буквално оти се беше старо. Башка влезови, дворови да не им сметаме ај, и пак рече леле ќерка ми цел спрат сама прави а вие на готово начекавте. Многу ми е мило се што направивме оти не морам ко ќе седам и кафе во двор да ми се тупне, или со дете кога ќе излезам раат сум ептен. Мирот си го купив некако. Ама пак еве има некоја замерка да ја речам додуша повеќе од свекор ми него од свекрва ми, струјата дошло повеќе еве вие повеќе трошите. Сега сме во процес во делење на струјомер и вода. Некако како да им е во генот да замеруваат.
На тоа и алудирам, сите проблеми првенствено произлегуваат од мажињата, неспсобни да постават ни граница, ни ред, ни мир. Се додека мажите седат настрана и фаќаат сеир, нормално дека нема да сакаат со очи да се видат снаа со свекрва.