Бев и на свадба од 45 000, ама па и младите фантастично заработуваат, и стан од 150 000 добија на поклон Него проблем е што никој не си ја гледа чергата, од сосема непрактични причини, дали “сакам да се видам во бело“ или “ама за роднините/комшиите“ небитно, се трошат сериозни пари кои сериозно можат живот да сменат. И ајде, не секој плац е 30 000, ниту секаде е 1000 евра просечна цена на м2, во Скопје е така, ама сепак, факт е дека живеењето на страна може е финансиски потешко, ама ментално неспоредливо е.
Не е точно, постојано се кажува дека мажот е проблем. Уште од цицка на мајка не се одбиле, земале да се женат. Тврдам дека 99% од проблемите со свекрва се поради мажите, не поради свекрвите или снаите.
Ама овде 100 пати се пиша дека свекрвите ИМ дале спрат, стан на снаите, а не на синовите. Инаку да. За секој проблем треба синот да реагира, ама голем дел уште не можат да се одделат од мајките
Не дале никому ако не препишале Форумче. Дале на збор... на жими мајка. Не се должни ниту на синот нешто да дадат, не па на снаа, реално. Не мора ни он возрасен со нив да живее, добра волја е што го оставаат.
Извини што ќе ви се умешам во комуникација, нас ни отстапија мислев на препишаа. Нашиот спрат кој што вложивме е на наше име. Затоа и сметките се префлени на едно име а ги плаќавме по пола до сега. Фала богу не ми дадоа мене
Нормално дека на снаата дава, оти на маж ако дадеш има да се распадне се. И така на снајка одмногу љубов и дала куќа... Па не ќе се мачи он да работи низ дома... Супер изговор, мама тебе ти го даде
Не е ,кога отишле на нотар кажала местот пишете на син ми кучаата на мене. Таму пред свршен чин *долго пред да дојдам јас тука ,не сме се ни познавале. Денес ја прели чашата па ќе се разбереме ако сака да е маж и татко арно ако не ќе се разбереме поинаку за жал до тука стигнавме. Е ова цело време го кажувам и ниту еден маж во мојава околина не го разбира. Инаку по филозофија на свекрва ми нештото требало да го пофторува онолку пати додека не сме сфатиле читај додека не напправиме како сака а јас правев за да не ја слусам демек Си ме помешала нигде не спомнав стан ниту делба ... Во право си до негде го штедев него многу ама денес ја претера госпогата и ќе видиме до вечер што че биде и со куќа и со дете и со нас... Го штедев зошто како ај тоа што таа го прави не сммеам да дозволам да влијае на бракот ама изгледа грешев/ за телефонот до маж ми не може да е да го збори таа две недели тој не и ги стави зборовите во уста. 2019 нормална свадба без многу луксузирање 4000 евра ,со пат од 600 км за по невеста и да свекрва ми само 300 евра за злато ми даде Толку од изнесување на мојата состојба тука
Осе, тоа твоето сериозно не е за трпење, мораш да му заржиш на него, значи остај што си дрндаме, сериозно е. Мислам мт требало да сфати колку е саат со препишувањето кога било, свашта, ама ај, биднало што биднало. Свекрва ти не може да си стои на збор, нели и` правевте посебно сакала, нели не знам што сакала, и? Што од тоа си остана на збор? Јака ти душа, сум ти кажала и претходно. Некој до толку да ме е*е у здрав памет...
Сакала детето да и го оставам во сопственост и да ќутам ете тоа сакала. Да крива сум што се омажив воопшто намера тука да живеам.
Не е дадено на снаата конкретно, на синот, а покрај него и жена му. А најчесто ни нему не му е дадено, не па на снаата. И не мислам дека е погрешно да не дадат ништо, нивно си е, апсолутно никој ништо не мора. Проблем е што нема комуникација, што се подразбира дека ќе се седи кај мажот, што родителите на жената и 5 пати подобри услови да имаат, пак се претпоставува дека кај родителите на мажот ќе се живее. И никој не сум чула пред брак да седне со свекор, свекрва, со отворени карти да се договори што и како ќе биде. Сите ќутенката и после леле мајко, и на старите не им одговара, и на младите.
Ако е син и` будала, ќе се меша и во Америка да се преселат. Ако син и` не е будала, нема да потпаѓа на игриците глупи.
Не знаев дека испуштам луксуз, океј е уживај си во него @Осе и мажето не е крив шо и крева на мама она е крива така?
Можно е Осе не викам не,многу приказни се изнапишаа тука, настрана тоа мораш да научиш да не трпиш. Мораш да превземеш чекор со мт или без него. Што сакала она? Ако сака дете нека си посвои, ти си го раѓала ти ќе го чуваш.
Комуникацијата е клучна,општо за се.Јас живеев во заедница помалку од година.Кога отидов таму ги седнувам викам колку е сметката за струја,за други работи,они ќутат викаат не се секирајте тоа наше си е.Викам како ваше тука седиме три фамилии.Они ќутат.Ден,два,три и престанав да прашувам.За на крај да дознаам дека они цел живот не си плаќаат сметки и дека вкупно им се собрале преку 15000 е за плаќање.Дали со вакви луѓе има разбирачка?Не.Дали јас таму можев да продолжам да функционирам?Не.Што ми помага со тоа што вика не се секирај за сметки,кога еден ден ќе дојдат да ме исклучат,а јас ќе бидам со мало бебе дома.Налет таков живот.Едноставно такво функционирање на нас не ни се свиѓаше.
^ Па како не ги исклучувале со сметки од 15.000е ?? Мажот ти сигурно знаел за тоа што го прават, чим и тој бил дел од тоа домаќинство. Зар не ти кажа дека не плаќаат сметки?
Ни он не знаел колку имаат.Знаел само дека не плаќаат редовно.Со оглед на тоа дека знаевме дека нема да живееме таму не се ни распрашувал колку како и што имале.
Ама зошто ,зошто кај пише оти свекрвата треба да ти даде злато? сами си правите несогласувања од сам старт