Да пошо си во туша куќа треба да имаш трпение и разбирање за секоја глупост и дека му се родители да ги прифатиш.. Макар најодвратни да се, ама јас не сум таква што трпи и затоа си се нервирам секој ден....
Ма каква туѓа куќа бре? Мажот ме земал да живеам со него, да градиме семејство. Тоа е наша куќа (моја и на маж ми) они требало да бидат свесни, а ако не се ние треба да ги освестиме, како вистински снаи. Си имале они нивни правила, прописи и 300 пичке материне, сега јас сум тука и можат само меѓу себе да си почитуваат нивните правила, не можат мене да ми ги наметнуваат. Јас не сум ги градела со МОЕ семејство и не ме занима.
Сами си го направивме спратот ама и да не е така, тој ме земал да му бидам жена не ме донел во основно школо па некој да ме учи нешто, не ме донел да има кој да му направи ручек или испере алишта, не ме донел да муабетам цел ден со мајка му со која имаме тотално различни мислења за се. Можеби сите имаме различни гледишта на работите ама не дојдов за нив во куќава и од мене можат да очекуваат само син им да е среќен и ништо друго. Имавме прилика да бираме стан каде ќе бидеме сами или куќа каде ќе живееме во ист простор со неговите. Мене ми беше сеедно зошто не планирам да се замарам со нив и нивните правила. Повеќе сакав куќа, исто и маж ми.
Како последица на темава, ни со свекрва, ни со снаа сакам да живеам Шала, не е последица само на темава
@Angella7 Не планирам да се враќам на старо. Пред еден месец на роденденот на син ми сите заеднички на иста маса ги викнав горе, и свекорот и свекрвата наздравуваат и ајде догодина со меше а за две години на друго дете да славиме роденден. Ми се слоши во истиот момент. Дур е жива таа јас не планирам друго дете, ни под разно. Пак истото не го минувам, подобро утре да умрам, ама тие стресови да ги избегнам.
Паметно од твоја страна. Дедо ми секогаш вели: "Учи дете од грешките, ама не само од своите, биди паметна и учи од туѓите, од своите треба да си глуп да не научиш ако навистина напатиш во животот"
Ние веќе живееме сами, не сме уште во брак. Ама уште од многу одамна сум на тој став дека заедница нема шанса, со оглед на тоа дека се отселив на 19 години од кај моите. Сега се прашав што ако сум свекрва некогаш, и сфатив дека сигурно снаа дома не сакам, нека си се снајдат на страна Ќе помагам ако и колку можам, ама да не сме заедно. Баба ми викаше од подалеку повеќе ќе се сакаме Едит: Искрено и некои ставови од погоре не ми се допаѓаат, мене да ми дојде на мое некој и да ми рече не те фермам 3 посто, мислам дека ќе добие eviction notice. Твојот случај, јака ти душа да ги трпиш жено. Се надевам нема да имаш веќе проблеми.
Значи не си дома кај нив. Извини, ама кај мене дома кој сака нека дојде, ако веќе сум овозможила да не е на улица, најмалце што треба да прави е да ми го почитува мојот ред.
Ако ти сакаш бебе зошто ради неа да си ги скратуваш желбите? Ни на крај памет да не ти е. Седни и договори се со маж ти.
Не сум, не би се ни согласила да бидам во нечиво. Ама и да сум ќе биде исто. Не сум дошла кај нив, сум дошла кај маж ми. Не ме побараа они за жена туку син им и нивниот ред не ми е важен. На улица нема да биде никоја затоа што и пред тој маж таа негде живеела.
Затоа што не сакам да се упропастам и син ми да расте во токсична средина. Па и друго дете да осакатам и да живее со вакви луѓе не фала.
Ама златна докторите ништо не знаат таа е најпаметна. Како докторката на ќерка ми била и на син и пред 30 години ама не и велела така значи како им одговарало кажувале а не како требало и да ја мота сакаше на тој пекол август месец во болница додека бевме со клими бебето по кратки дома кај по долги уште и тесен повој да не се плашела едвај после две недели зборење се откажа. Ќе ја гледам оти сум “глупа” Оти таков ми е карактерот ,со најголем душман да сум во пустина и да имам две капки вода едната ќе му ја дадам ете затоа .
Не снаата, ни на мажот не е негово, на синот. И тој може да е на улица, ако ич не му е гајле за правилата на родителите. Реално, ни кај твоите дома пред да се преселиш не ти било гајле само за себе и своите желби, и те како ти бил битен редот и правилата на твоите, ама ајде.
Затоа сесре дете од мало да се учи дека нема со мама да живее и да си планира да е негде на страна Оти ќе ти дојде некој рандом човек вака, дали снаа дали зет и ќе ти се понаша како не дошла/дошол кај тебе, како тебе да ти створиле услови за живот и не им е гајле за функционирањето, зошто пази она и нејзината фамилија не го правеле тој ред Затоа најубаво секоја генерација нека си створи свое.
Епа тоа се решава пред брак, ако не било ни на синот ќе си одел и тој. Кај моите ми биле важни правилата и редот ама нив сме си ги створиле ние, членовите на семејството. А овде јас не сум учествувала, они си биле семејство. Ако дојде маж ми кај мене пак ќе ги градиме нови правила, како што сакаме. Нели, градиме наш живот, семејство?
Никад не е касно да си смениш карактер. Остај друго, за твое дете и те како ќе смениш. Имам пишувано поназад за баба ми, ова е пред јас да се сеќавам, значи бебе сум била, многу ама многу ја замарала мајка ми. А мајка ми млада, прво ај, да не прави проблеми, па неколку пати пробала да се разбере - џабе, на крај му кажала на татко ми. Ја седнал баба ми и и' рекол - ја гледаш оваа што не чини, што не знае дете да чува? Еве сега одма ќе не' спакува и ќе си одиме, тебе ич да не ти сметаме, да си се шириш. Итн. Ама јасно и гласно ја одбранил мајка ми. После тоа дали имала мислење или не негативно, злато од уста за мајка ми и' течеше Затоа бев многу изненадена како постара кога дознав вакви моменти, и затоа викам, свекрвата може да е лоша само колку што мажот ќе и' дозволи. Ако он не застанел на мајка ми страна, ама сериозно и дека стварно ќе си одат и да го заборави, тури пепел, нема разбирачка таму.