Абе кај сакаш биди, ако не е твое, ќе се однесуваш во склад со веќе постоечки правила. И кај твоите И ТЕ КАКО маж ти ќе мора да се привикнува, сигурно нема сите да се стават себе во втор план за вие семејство да градите. Стварно очекувањава се лудница, секако дека не смее да те малтретираат, ама твое е само она што ти ќе го создадеш или евентуално маж ти, иначе не, не е твое, а ни негово богами.
Ти пишав и погоре дека јас и тој си створивме наше, сами. Зарем кога се мажиш треба да се привикнуваш на нечиви други правила, прописи, ред? Не се мажиш за да живееш во среќа и слога со маж ти и децата?
Па затоа и реков, пошто де факто имате свое, не, не можат да ви се мешаат. Ама да си доле кај нив ќе се мешаат, затоа што и они како семејство си направиле некој ред, рутина 30 години наназад, нема да се сменат заради тебе. Јас не би дозволила никој во мое да ми се прави газда, тоа ти кажувам. Како што не е мое она што е на мајка ми и татко ми, не е мое ни она на свекрва ми. И не знам, јас кажав, не би се мажела во заедница да живеам макар немажена останала засекогаш, живеам со партнерот сама, поинаку не би прифатиле ни јас, ни тој.
Дап, ама цело време цитираш членки што немале таква можност да имаат исклучиво свое и ги советуваш да се караат таму и како ти не си трпела ничии правила, а реално ти и они сте во различна ситуација. Не може како што сакаш ти само ако живееш други 1-2 фамилии во иста куќа. Особено нешто што не е баш твое.
Епа во таква заебана ситуација се членките, таму карање не помага, освен да си создадат дополнително нервози нема да се смени ништо. Прво зошто живеат во заедница, второ зошто мажите не им ставаат граници на мајките нивни. Тие не можат раат да се измочаат, а не па ред да си прават.
Пишуваа членките дека се на посебен спрат исто како што сум јас. И не ги советував да се караат, јас со никој не сум скарана, само си кажав што имав и сега си уживам во животот а не чекам да тргнам да работа за да имам малку мир.
Јас да ви кажам од мое искуство. Бидејќи месец ипол живеев буквално во заеедница со повеќе луѓе на куп на еден спрат. Полошо нема! Во иста куќа сум сега, на посеебен спрат. На почеток беше хорор, ми досадуваа, ми се качуваа горе. Океј јас спратот не го правев, ама не го правеле ни тие, маж ми си ги плеснал сите пари. Тие едино фасадата ја направиле на цела куќа, па ете да речеме некој удел имале. И маж ми позајмувал пари од нив порано, но еве ги врати скоро сите, должи на мајка му уште 2 илјади евра. Да мене ми е чудно тоа, но подобро така. И татко ми и чичко ми правеа куќи и спратови, дедо ми им даваше пари, но не бараше да му враќаат. Велеше мои деца се на кој друг ќе давам. Ама океј, во оваа ситуација дури и подобро што маж ми им го враќа секој денар, бидејќи неразбрани луѓе се и тешки материјалисти. Од кога сум дојдена секогаш парите и се што е материјално за нив е побитно од секое друго нешто. Јас работам од мои 17 години. На 19 си купив кола, на старо, но каква таква за себе си ја земав, за да не зависам од никого, од свој татко не сакав да зависам, а не пак од други луѓе. Ете татко ми во двор имаше 4 автомобили паркирано кои нормално не може во исто време да ги вози, но јас сакав свој. Од кога почнав да работам почнав и да штедам. Имав убава сума заштедено бидејќи дома не плаќав ништо, додека студирав пак работев и ми остануваа пари. Но сепак се случуваа непланирани работи и ги потрошив. Со короната, со намалената плат и малата сума породилно, а од друга страна со бебе малку потешко се штеди. Небитно тоа, колку имам толку, ама дефинитивно мојот брак ќе беше многу подобар доколку не залепеше мм толку пари за спрат на ова место. Можевме да купиме стан некаде и сами на раат. Ама не, он сакал куќа, во стан било тесно, немало двор итн. Во никој никаков случај не поддржувам живот во заедница. Ма колку и да се разбрани луѓето пак ќе дојде до судири поради разликата во години. Или пак поради поделбата на обврски. Значи ако се има услови за сами најубаво. Ама тешко на нашиов менталитет и ретко кој маж се решава да ја остави мамичка и да плаќа кирија со месеци додека заштеди за свое. Јас знам дека во Македонија и на Балканот само е вака. Пораснати деца да ги издржуваат родители. И мене татко ми ми го плаќаше факултетот, прво мислев е ОК тоа, сите се така, ама не е во ред. Во странство секое дете заминува од дома на 18 год, бидејќи не е веќе дете, туку возрасен и работоспособен. Да тука тешко е, ама не е невозможно да се најде стан со мала кирија, да се работи нешто и да се штеди и да се студира. Бидејќи мои школски другарки баш така студираа. Од дома немаа да им дадат. Сами во Скопје, Штип отидоа и учеа, работеа и дипломираа. Ама тука е побитно на кафе да се оди и по дискотеки, мама и тато да плаќаат за школување и шетање и после нив им е редот да се изживуваат кога дома ќе им дојде снаа. Ужасно ме нервира кога читам совети од типот: "Разведи се не трпи" или "Заминете со маж ти на друго место" а омилено ми е кога ќе прочитам : " Што си се мажела кога си знаела што те чека, сте требале прво да си го решите станбеното прашање". Ок да така е. И треба да се решат сите прашања пред влегување во брак. И треба да се размисли подлабоко околу тоа. Ама јас кога го запознав мојот сопруг тој веќе си градеше спрат на куќата на неговите. Планот беше совршен, ние сами на сопствен спрат, неговите долу ако ни требаат ќе ги бараме, ако не не. Супер звучеше и од прв ден знаев дека нема да ги барам за ништо. Ама не знаев дека тие ќе бидат жива напаст.
Те разбирам на што мислиш, ама мислам искрено дека ако не се вразуми сопругот да постави граници и јас би се развела. Зошто убаво рекоа погоре и да не е твое и да ви помогнале сепак има некои што стварно ги малтретираат психички снаите. И тоа не е ок и искрено да сум во таква ситуација и мажот ми да гледам дека ништо не презема, навистина ќе си одам. Едно е благодарност што ти дале, ако дале, и правење компромиси зошто во иста куќа живеете, мора некако да коегзистирате, ама друго е да си цело време под стрес. Некогаш и не вреди да се остане по секоја цена зошто животот е еден. Не мислам на тебе лично, општо се надоврзувам.
Кујната и вц-то не се заеднички, што е многу побитно. Двор е двор, не е задолжително да седам во него ако не ми одговара, ама кујна и вц, требаат 24/7. И не, не се во заедница, посебно сметки и егзистирање со сопствени финансии НЕ Е заедница. Ама тоа што македонските стари не знаат да почитуваат нечија приватност е друго.
Живеам и студирав во странство. Не знам од кај ви е таа слика Си оделе на 18, како не си оделе. Сите мои колеги беа финансирани од родителите. Точно е дека работевме повремено, ама тоа не е доволно да покриеш 100% од трошоците. Овде сите предавања и вежби се задолжителни а факултетот можеш да го 'влечеш' максимум 2 години. После тоа те отпишуваат автоматски. Исто така законот предвидува дека мора да те финансираат до 26 ако студираш. Ако стварно учиш зошто би било срамота да те финансираат? Срамота е да си паразит после тоа (ако си здрав). Тој има право да вложува кај сака, ти имаш право да не се омажиш за него. На 19 години си заработила за кола, ама се мажиш за некој што вложува кај мамичка на спратот? Покачете си ги малку стандардите. Од љубов не се живее, живците ви ги искинаа.
Станот не ти го купиле комшиите, а и плус е на твое име. Кога некој ти поклонува нешто си зема за право да се меша. Не е фер, не е ок, ама ќе смениш 70 годишен човек? И да си вложил таму, се дур не е на твое име џабе ти е.
Да не вреди. И затоа еднаш се спакував после толку време измачување и ќе си отидев. Ама ај ќе се подобреле работите. Да не е сега толку хорор како порано, ама искрено и јас отрпнав. Почнав пак да си палам кола и да си излегувам. Консултации и муабети, договарања, планови само со мм, со нив само службено и за детето. @sara97j и да знаеш оти ми ги искинаа. Не се мажам за куќата, спратот или било што. Мислев се мажам за човек, излезе сум се мажела за цела фамилија, ако може да се нарече фамилија, бидејќи на племе наликува.
Не е ни најмалку исто. Комшии се едно, родители се друго. Моја најголема грешка е што правев куќа на ист плац со неговите. Со тие пари помал стан ќе земев и немаше да ги гледам секој ден што се вика. Јас не ни пијам кафе со нив, но едноставно најубаво е скроз сами.
Млади мажи што градат спратови дома се ептен 'црвено знаменце'. Не толку ради спратот туку ради неспремноста да се мрдне од тука. Мама по секоја цена.
Точно и јас не би сакала воопшто ...пак ќе ти досадуват исто ти се фаќа... затоа никогаш не би вложила ...