Муабетот не беше таков. Он мајка му воопшто не ја слушаше, велеше дека е напорна и досадна. Спрат правел затоа што немал за куќа, а стан не сакал оти тесно било и двор немало.
Посебни спратови со заеднички двор не е некој нај избор за млад брачен пар да, се согласувам апсолутно. Но, што да кажам јас... Иако сме сами, со мм наследивме 15 илјади евра долгови за струја/вода. Ако во тоа време прашав за совет овде, ќе добиев многу совети како развод одма или убиј го свекорот. Ако ви е бракот со мажот убав, не давајте многу значење на тоа свекрвите и покажете ги забите веднаш да не се нервирате после. Мене, например никој никогаш не ме прашува зошто вака, каде ќе одиш, што се карате со мажето... Ме прашале додуша неколку особи, ама само тогаш и веќе никогаш, не ги убив хах само им реков не го покрај носот у туѓи гаќи... Гледајте си семејството и здравјето жени.
Па и тие сами си го направиле спратот... односно маж и' го направил, а сега иона враќа пари за овој што се задолжил за градбата. Не им го подариле свекорот и свекрвата. Не постоел спрат. Ја прочита, или не? Не е исто, а ако сакате да е исто, ќе мора сами да си го направите такво. Од вас зависи до кај се границите. Од тебе и од сопругот. Родители, додека им дозволуваш, во се' ќе ти се мешаат... пошто засекогаш за нив сме 'неспособни дечишта'... дури и да имаме и по 100 години. Епа ако вие не сакате, не се нафаќајте да се омажите во такви услови. Другите, сами за себе ќе одлучат.
За живот, да речеме зависи како ќе се поставиш. Како инвестиција, не може ни да се спореди исплатливост на стан или куќа со сопствен двор, и куќа со поделен двор со други куќи/влезови. Јас во таква куќа пораснав и ќе си остане така да се распаѓа сѐ моите што вложувале таму, зошто ни се продава тоа, ни се дели. Зборувам ако веќе вложуваш многу пари, понеисплатливо е многу во спрат да вложуваш или на заеднички плац, него во одделена куќа или стан.
Не зборуваме за што е најдобро. Апстрактно е... можеме до бескрај да имаме желби. Проашањето е: Каква е реалната ситуација во која се наоѓаат двајца кои сакаат да стапат во брак? Уште пред да се склучи бракот, си седнуваш со партнерот и ги разгледувате сите можни опции. Се договарате, преговарате и ако најдете заеднички компромис... супер! - терате натаму. Ако не успеете да се договорите, тогаш, најпаметно е да го одложите живеењето заедно/бракот. А можи да одбериш нешто, да ти изгледа како солидна идеја и да се испостави дека не е тоа што си очекувал/а. И што правиш? Нема ваљда да станиш и да си одиш оти си се карала со свекрвата, или оти тесен ти бил станот. Пак седнуваш со маж ти и со него разговараш, си кажувате кој со што има проблем... и се обидувате да направите компромис. И така е низ цел живот... Во каква и да си врска, мора да правиш компромиси. Со кој и да живееш, мораш да правиш компромиси. И со децата треба компромиси да правиш, откако ќе се родат, додека не умреш. Е сега... некои успеваат да се сложат и генерално да се задоволни, па и презадоволни ќе има... Ама не сите... Нечиј брак ќе успее, нечиј не. Отворениот разговор, искреноста и отвореноста, трпеливоста, разбирањето еден за друг, почитување на туѓите желби-без да се изгубиш себе си - не смеете да ги прескокните. Тоа е првиот, најдобриот и единстениот 'лек' за 'мирен' живот.
Абе во ред сето тоа, секој приказна сама за себе. Ама викаш исто и со комшиите делам двор, а не е баш исто кога три куќи се на ист плац и стан во зграда. Не е исто ако истите или приближно пари ги даваш и за таму и за таму, зошто не се малце пари за да ти е сеедно дали еден ден можеш или не можеш да го продадеш тоа. Зборувам од аспект, ако веќе се вложува, подобро сосема одвоено, пат, инфраструктура и слично. Оти не се само сметките во прашање одвоени. Да не зборам колку не е исто од човечки аспект секој ден да сте сите заедно тука, и да се гледате на ручек еднаш месечно. Моите барем жалат што ја направиле куќата од темел таму. Со тие пари што вложувале таму, можеле многу подобро да постапат, барем тие така велат.
Сега становите се толку скапи, што не е исто да купиш стан и да изградиш куќа на плац кој веќе го имаш. Треба са вагаш: дали сакаш во 50-60 кв да живееш со 2 деца, или за тие пари да направиш три пати поголема куќа во ист двор со семејството.
Можеби не си одат сите, ама тие што не одлучуваат да студираат и веднаш после средна школа наоѓаат работа и те како си одат од дома. И тоа не е срамота.
Па види, становите од 50-60 квадрати имаа цени од 40 до 70 илјади евра. Зависи од локација и некои други фактори. Зборувам за мојот град. Во Скопје знам дека е многу поскапо. Но со 40 илјади евра не се прави куќа. А со 70 илјади евра се прави солидна. Ама ако имаш плац и давачки платени, ако ти е наследство или подарок плацот. Ако не си заглавил на чисто. Живеев во 3-катна куќа. 11 члена во фамилијата. Втори спрат баба и дедо со стрина и стрико, и нивните деца, а трети спрат јас ,мајка ми татко ми, и брат ми. Први спрат го скокнав. Да празен стоеше бидејќи немало тоалет и баба ми и дедо ми не го користеа цел спрат заради тоа што не сакале по скали да се качуваат за до тоалет, ќе си живееле со синот и снаата. Ама се свестија едно време и две години живееја на првиот спрат. За тоа време мојот татко градеше куќа, но немаше пари за плац и други давачки, дедо ми му препиша плац на кој имаше изградено деловен простор и татко ми крена уште два спрата. Да немаше плац ќе мораше стан да купува и мојот татко. Бидејќи немаше сигурно куќата на дедо ми да ја правиме зграда и пак сите на куп да седиме. Откако се преселивме со моите во куќата конечно мајка ми виде раат. Сум била мала и не сум сфаќала зошто се постојано сите напнати. Ама како да не бидат? Баба ми коментираше дека она сите скали ги чистела, а мајка ми само помеѓу вториот и третиот кат зарем не ги газела другите, да не летала случајно над другите скали што не ги чисти? Стрина ми децата не си ги гледала оти работела, па како така, татко ми и чичко ми биле мекуши што си ги слушале жените како командаат. Ручек и сметки беа на товар на баба и дедо кога бев мала и гледав дека сите заработени пари се оставаа кај дедо во фиока и тој одлучуваше дали ќе даде на синовите за нешто да се купи. Е потоа се смени тоа, не може старец да управува со сите пари, а младите да работат и пак да го прашуваат дали ќе им дава. Значи да, има и полошо од моето, ама ако остави човек се по кеиф на старите ќе дојде и до најлоша можна точка. И нема да се трпи воопшто, ќе биде и ќе мине животот ден за ден.
Не знајме кај ќе не отера животот... Само здравје и слога да има. Друго се' се прај. *Се прочитав... Ко баба ми звучам у пичку материну
Здравје ќе се има ако има слога. Ако нема слога ќе те наполнат нервози и ќе завршиш на нервно. Оти срамота е да се оди на психолог/психијатар ама не е срамота свекрва ти да е проста и да те тупи секој ден и после да ти даде совет да пиеш диазепам секој ден.
Земјиштето? Комуналии? Дозволата за градење? Башка ако е на нивно име и сеуште имаат проблеми тогаш маж и треба да се разбере со нив. Ако не сака, што се женел? Точно. Затоа секој сам си се носи со проблемите. Ама ако сакаш да ги одбегнеш не одиш кај такви мамини синчиња. Убаво напишав тие што студираат. Другите секако работат и си одат.
Прво, за ниедно дете не е здраво да гледа како мама, баба и тато се прат лом секој ден. А како второ приватните психијатри се бааѓи скапи, а свекрва ти евентуално ќе те излуди. Да не збориме за ефектот на апчињата за смирување врз телото. Врти сучи на исто идеш.
Многу способна бе ти девојко. Набројуваш трошоци што луѓе за цел живот дење, ноќе да работат, не можат да ги сносат. Полека малку.
Па не баш. Живеам во гарсоњера, кога морав да бирам, одбрав мир. Некој друг одбрал живот со свекрва. И едното и другото си имаат маани. Сакав само да кажам дека логиката на тие генерации е таа. И малку да ти дадат на глава ќе ти се качат.
А чекај па на крај краева, ако родителите му дале куќа, стан, кола на своето дете може/треба да му ги извади низ нос? Треба да биде нивни роб цел живот или како?