Се' почесто и почесто слушам за овие два типа на снаи: 1) Жени кои брзале да се омажат заради проблемите кои ги имале дома Не сум слушнала за ваков случај што е поврзан со среќен брак. Како и би бил, веднаш слабости почнувате да ставате на послужавник? Колку и да е тежок животот кај вашите дома, некако истрпете го, се' додека не станете способни самите да заработувате и да се грижите за самите себе, бракот не е решение. 2) Жени кои при секоја караница се повикуваат на мама/тато/баба/дедо/батето мафиозо и тн Пак покажувате слабост, т.е. неможност самите да си се одбраните. Да се разбереме, многу сум против тоа „ајде ќерко од куќава во венчаница те испративме и само во ковчег ќе те вратиме“, но не треба да ги вмешуваме во секоја караница и недоразбирање. Мама и тато еден ден ќе ги нема. Тогаш што ќе правите? Се' додека не научите дека прво треба да се потпрете на самите себеси, среќа и почитување во семејството на мажот, тешко дека ќе дочекате.
јас да ви се изјаснам дека јас немам проблеми бре луге со никој дома нз како и овој проф ми е утнат ама немам проблеми и сето ова го немам писано и ве молам престанете да обрнувате пазна на овие глупости јас си коментирам кај мајки и деца тие теми а за свекрва ми и свекор ми не сум коментирала не сакам ни да зборувам и фб ми е пробиен нз како и ве молам гледајте од др теми а книга ке напише некој само нз кој маанете не обркајте пазна ајде позз и дома немам нет ми пукна рутеро се немам укл само на поста вракав од тел ајде позз
Ма што се замарате и гледате турски/шпански/индиско-грчки серии кога ФЕМИНА е врв од серија и сплетки! Боже Господе.....
Неџла а ја еден совет да ти дадам? Да си пишеш ти до главните дека некој ти го “хакнал“ профилот, дека ти го “силува“ профилот со мислења во темата свекрви и дека тоа никако не си ти, а патем ти нормално си го користиш профилот во темите кои ти одговараат. Ете така, затни ни ја муцката на сите нас кои мрчкаме, така плесни ни го во фаца тоа, еве ви на, мрчаторки едни
ги повторуваме истите мисли и ставови дека скоро сите свекрви се исти...а нашите мајки што се тие.нашите снаи па нели и тие се млади како нас ,сакаат свој живот, и тие не се согласуваат со нашите мајки.тоа значи дека и нашите мајки се лоши свекрви.јас тоа не можам да го прифатам зошто мајками е најдобрата мајка на светот а исто и мојата свекрва е најдобра мајка за мојот сопруг..... затоа едно сакам да кажам судир на генерации постои секаде.бракот не е само љубов под јораган но БРАКОТ е голем збор кој треба секој сериозно да го свати.не може мајками и јас да имаме ист став исти размислувања исти приоритети исти муабети.јас имам 29 години а ата има 63 години.да и ги дадам моите очи,моето срце на мајками или свекрвами тогаш она ќе свати и ќе размислува како мене и обратно. живејте го животот весели со многу љубов. докажете дека само добриот збор отвара железни врати... поздрав до сите (сепак ова е мое лично мислење)
Неџла, мила моја... Те молам немој да не силуваш тука со сите тие измислени приказни. Повеќето од нас имаме сериозни проблеми, и си ги кажуваме тука за да си ја олесниме душата, и за да побараме одговор од мнозинство мозоци, еден убав бреинсторминг и да си донесеме некаков заклучок. Ова твоево со 2 профила, кои што имаат апсолутно ист стил на пишување кој те молиме да го промениш како воопшто би можеле да го прочитаме, па со шпански/турски или какви и да се веќе измислени приказни, побогу, те молам престани. Ја знаеш приказната со овчарот што викал цело време волк, волк, па од многу заебавање никој на крај не го есапел и волкот сите овци му ги изел? Може и тебе да ти се случи тоа ако стварно ти притреба помош. Дали ти не мафташ тука, или некој те мафта тебе а со тоа и нас, ич не е важно. Важно е дека трошам некое важно време, двојам за да смислам како да ти помогнам со свекрва манијак, па свекор манијак, па посвоен маж, па незнам што. Не е фер, и те молам прави што ќе правиш, ама ова не е нормално! Цела година сум присутна на форумов, на никого не сум му се опнала вака, односно не сум дозволила да ме изиритира, алал да ти е како успеа!
vic;сто е снаа? мечка донесена со музика!А,сто е свекрва? БЛАГО СТО ТРЕБА ДА ГО ЗАКОПАС СТО ПОДЛАБОКО. Јас сум свекрва и велам ПОДАЛЕКУ;ПОМИЛИ.Ама во денесно време,се мозе со свекрва. Снаата оди на работа од 7 до 18 . Доага руца, вецера и легнува.Ги перам им готвам...... Кога да се кара, сирота, Усте тоа фали на целиот умор нејзин. Малку време имаме за убави друзби,а не па да се караме. ЗИВОТОТ Е УБАВ;САМО ТРЕБА ДА ЗНАЕС ДА ГО ЗИВЕЕС:свекрва ЗОКА
Zoka, добредојде на форумот! Баш ми е мило што ќе имаме мислења и од аспект на свекрва на темава. Овде повеќето сме само снаи, па секогаш свекрвите ни се виновни. Не е лошо да има и некое мислење, критика, пофалба од аспект на свекрва. Поздрав!
Ај да Ви пишам една вчерашна, тазе случка. Иако си ветив сама на себе дека нема да дозволам да се нервирам со оваа мојава вчера се извадив од такт и уште ме држи нервозата па да се испуцам. Спојлер Од почеток. Станувам наутро во 7ч и ја спремам малата за на училиште, некогаш ја носи мм, некогаш свекор ми од причина што свеки не сака наутро да го чува малиот за јас да ја однесам, и` се спие. Ок, стариот без проблем си станува и ја носи и ја зема, секоја чест за тоа. Потоа си се повлекувам во соба и си лежам додека да стане малиот, некаде до 9-10ч и потоа се растропувам, инаку тивка сум наутро за да не ја разбудам г-ѓата. Таа станува некаде околу 9.30ч и брзо раскрева и додека јас го ранам малиот, облекува јакната и џом да ја нема. Кај оди, она си знае.... единствено ако наутро врне или е постудено излегува покасно, битно секој ден си излегува. Ок, тоа си е нејзино право, немам јас тука што да се мешам. Потоа го носам малиот кај свекор ми во соба да го причува (нели таа не е тука) и набрзинка раскревам, луфтирам, правам кашички за малиот и доручкувам. После си го земам и чекам да дојде свеки да го причува за да ставам ручек. Ако не дојде докај 14ч.му се јавувам на мм да донесе тој јадење. И така секој ден. Ова беше едно ретро. И вчера иста прича... кога не` слушна свеки дека стануваме брзо излета низ врата. Пред да оди ја прашав дали брзо ќе се врати (обично никогаш не прашувам, не знам вчера што така ми дојде ) зошто сакав да се избањам. Ми рече-да, одма доаѓам. Нејзиното одма беше 13ч. Го заспав малиот и` и викам да го причува за да се избањам и таа- чекај само да го запржам ручеков, да го ставам во релна. И јас си чекам, си чекам, тркнав до кујна да видам до кај е со пешкирите во раце, а таа си вари кафе и вика-да го испијам кафево само. Ај добро, јас пак си чекам, си чекам...малиот стана, го ранев...едно 20 мин..неа пак ја нема. Дојде 15ч. и малата ми вика и мене ми се јаде...ајде и на неа и ставив да јаде, г-ѓата уште не доаѓа,а не` слуша дека сме станати. Веќе почнав да се нервирам што така се иживљава со мене и викам ај пак ќе ја викнам и таа ми вика-ене дојде свекор ти, него дај му го..(а човекот не смее да крева повеќе од 5 кг. опериран е), ама начинот на кој ми кажа, како некој партал да фрлам ....и ми стана криво што се однесува така кон детето, си влегов во соба и и`реков-добро, не се бањам. Кнедла ми стоеше во грлото, едвај се воздржав да не рикнам да плачам....и доаѓа, ми го зема од раце и ми вика-ајде добро, оди бањај се. Само ја погледнав и остро и` реков-фала ти, ќе се бањам после, остај го детето. Си го земав пак и не и` зборувам од вчера. Утрово ни добро утро не и` реков и нормално не ни планарим веќе ништо од неа веќе да барам. Вчера ми беше една многу добра поука, ама ќе си касанам од г*ов што си дозволив да и` се обратам за нешто и што се изнервирав. Ете само да знаете какви саможивници има по светов и јас со кого живеам.
Нека и служи на чест, алал нека и е! Ко да е од комшии детето, а не нејзина сопствена крв!!! Исто се однесувала и со децата, претпоставувам, пошто истиот пример си го имам дома... Незнам што ли им се врти во глава, стварно алал да им е...
Јас не можам да ја сварам на сестра ми свекрвата, значи јас не можам а кај е сестра ми. Прво, што и е голема мака да ја чува малата, па голема мака е што ги има во стан и својата пензија си ја чува исклучиво за Орифлејм па само се жали дека нема пари, се некој и е крив. Женава исто си има некоја навика се она да е во право, ако не ја послушаш ќе ти се намурти абе за срамови. Малата не ја шета, иако секој ден по три пати го шета кучето, не можела и Илина, можело кучето да и излезе на улица да го згазне кола, а внука и не е битно тоа. Не ја храни малечката воопшто, и за тоа ќе ви раскажам последна случка, иначе она се раководи според тоа дека она дете не молела за јадење. Минатиот викенд еден ден ја чував малата неколку саати, си седевме си игравме си гледавме цртани. не сакаше цурава да јаде, рано и беше и ајде вика баба и ќе и даде. Си дојде женава и ај јас да си идам, и кажувам викам малово не јадеше, дај и од колачот со млекце, она во меѓувреме јадеше од него. Ахам, сестра ми вика си дојдовме, прашавме што има малата јадено, замислете, за вечера на мало дете му дала две чоколадца да изеде, млеко ич, колач ич. Сестра ми вика збеснав, седнавме вика ние да јадеме, детево трошките ги јадеше од маса што се трошеа додека сечев леб, до толку било гладно. Друга приказна е што на мало дете за вечера две чоколадца не се даваат, не се дава ни едно, пошто малава до 12 не сакала да заспие после тоа. Луѓе, јас разбирам се, но внуче до толку да не сакаш да му дадеш да касне, да го изнесеш, поготово во Аеродром има еден куп паркови, не знам што ќе беше тоа еј. Не е прв пат сестра ми да си дојде она да не и даде на малечката да јаде. Само оди по станот и фучи како малово било бесно, како и ги исчкртало ѕидовите во собата кај тетка и, како се уништила. Јадна моја сестра, можеби ова звучи лошо, ајде сега нашето не чини туѓото чини, ама во оваа ситуација е баш така, сваќава ко да има само едно дете, ко друго дете да нема, ко само ќерка да има, за зет ми ич не зарезава, мене ми е мака а камоли на сестра ми. Мене од што ми е до толку мака не ми се иде кај нив, многу ми е напорно. И само се вика по малечкото, лоша била, не била мирна, да го видите малово како се притресува кога ќе направи нешто а баба и е во соба, со сета сила се мачи да објасни, дека сеуште не збори, срце ми се пара кога ќе ја видам, којзнае што и прави женава кога не е дома сестра ми. Ама тоа е, туѓа фамилија не можеш да се мешаш и да сакаш, прво треба зет ми, па сестра ми да си решат, јас не се ни прашувам. Е ова е уште еден пример за саможиво створење што вика Лолитка, нека ми прости Господ што така ја нарекувам, ама срце ми се пара за малоно.
исто беше лолита и кај мене само што кај мене за второво дете ни свекор ни свекрва не сакаа да го причуваат за да се избањам а минус ми беше што маж ми работеше на две местта 1и 2 смена на работа потоа доам за спиење помош никаква од никој а малата по 22 часа на цицка обесена али не се понижував да јамолам да ја погледа да се банја ја викав јатрва ми или небанјата бев по една недела се додека не почнав да и давам вештачко како дохрана ама ке полудев тогаш мислам кај од детето кај од старите тоа е лолита тешко е без помош никаква а уште поте штешко е што ти го фрлаат детето онака како крпа и кај мене до ден денес не ја сакаат керка ми само неа ја делат за било што дали за роденден иили за нешто глупо банално ситна работаони ја тушкаат на старана и нема ништо поболно на овој свет од тоа на една мајка да и ги делиш децата не и се моли за ништо остави ја уште малку издржи анеа маж ти нека си ја среди нели мајка му е на него дее мачки да ја јадат
Хм јас со мојава свекрва се гледам самово вторник, тој ден го одреди за средба со мене и малото Зафатена е си има салон дома работи од 08 до 12 вторник до петок . И другто слободно време си го користи за самата себе , нели и не и се ни мешам нејзина работа. Секој ден си има опрделено те на фитнес ,масажи , на кафе со другарките итн итн За внуката само вторник од 13 до 15ч ке не земе и идеме кај неа на ручек ,. Малата ке ја поигра малце и ке не врати . Сега и тие вторници ни ги откажува , имала термини Од неа немам никогаш помош добиено , додека малата беше ептен бебе не ни идеше кај нас ... Со ќерка и често излегуваат сами,а може и нас да не прашаат дали сакаме со нив и кога раскажува каде биле ми вика нареден пат ајде и вас ке ве земеме Не ни треба да ме прашува и викам Знае дека јас овде неам свој фамилија ,голем круг на пријатели итн Деверот на последниот заеднички ручек се пожали глава го доболела од керќами многу гласовита била Чуда невидени се Колку пати ми требало помош да ја причува сум имала и јас некој термин , не немаше време додуша и не е само она што не доага кај нас , золвата исто само по родендени се гледаме а живееме блиску ..ама секој си го цени времето и не би да го троши на нас И на мм му пречи и сме разговарале , зошто не доаѓаат ама тоа е Не дај боже да се пожалам дека ми треба помош,одма знае да рече :ееееееее тешкоо е ,јас како три деца сум исчувала А мм ми кажува како и колку ги чувала работела од 08 до 18ч секој ден , време за децата ИЧ и таака тоа е
ММ си ја знае каква е и 100% сум му рекла веќе ништо ни јас од неа, ни таа од мене, ама ете сакав да се избањам пред мм да дојде, (сепак иако сум домашарка сега овие месеци, сакам да си бидам средена и чиста пред него...маж ми е, ме видел во секакво издање, ама ако, таква сум, сакам да сум си чиста, плус и се` уште цица детево, греотка е) па ај викам спие детето, ќе го надгледува. Ма немој молим те, сум нашла и јас од кого да барам. Таква е, си вика- баш ми е гајле што си ти замирисана, твој проблем...сега најде да се бањаш. И знам дека таква е затоа што се поделивме, затоа што сама си готвам и не им правам и нив ручеци, си ги мијам само нашите садови (таа прво така почна па јас продолжив....нема сигурно јас да бидам будала да мијам еден куп садови , а таа само нивните да ги измие, нашите ги трга настрана) и не им влегувам во соба затоа што ме тераше да и` ја чистам собата демек сум ја прљала ако седам таму и ручам итн.итн. да не се повторувам сега пак едно те исто...ама ако, тркалото се врти. Не разбирам само како може да биде таква, не разбирам... млада е има некои 55-6 год. витална, способна за се`.... и сака сега јас се` да работам, а таа ништо. Значи додека таа е млада и здрава, јас да и` помагам...кога е биде стара и изнемоштена, пак јас да и` помагам....а мене кога ќе ми се помогне ...на Свети Никад. Инаку свекор ми за чување деца е супер. Немам гајле со него, ако е човекот дома без проблем ќе ги причува (малиот конкретно, ќерка ми е голема, таа веќе сама може да се чува) иако јас не сакам да го замарам, сепак опериран е човекот. И сеа излезе работава-јас го жалам стариот, а таа не...ептен глупа ситуација. Кога дојде мм од работа дури во 17ч ме виде таква никаква (имам проблем со мрсна коса, за 2 дена е зејтин )и самиот (иако мртов гладен и изморен) ми рече- иди бањај се.... Знае со кого си имаме работа, нема потреба веќе ништо да се збори, нема фајде, џабе е. Останува уште да се стрпам некоја година и да и` мафнам еве вака со рачето- чао тути, чао рагаци....аривидерчи. Едвај чекам.
а бре лолита се убаво те сфакам и разбирав го минев истото тоа што ти го минеш истото што велиш бебето цица надвор +40 јас неможам да се истуширам се беше и помина и на крај после 7 години кај нив на крај не избркаа од таа кука еден период од 2-3 месеци не изразија желба да не видат ни нас ни децата али после се смиривме сега ми идат на гости ме вика на ручеци ми прави лизни мазни сега јас се чинам другата снаа не чини нон сто се јавува на тел како сме што сме дојете на кафе на ручек ми се лигави ама јас пошто немам лошо срце пак ја прибирам пак живеам пак и одам на гости сега од арни по арни ама тоа што го правеше нема да и го заборавам иако сега замислете и микропечка ке ми купувала оти немам а се изјаснив дека у план сум да купам значи и торба злато да даде делата не и ги заборавам
Малиот Трпе довел дома три девојки. Уште од вратата и вика на Трпана: - Мамо, ај погоди која од овие три ќе ти биде снаа? - Оваа третата, црнката. - рекла Трпана. - Браво, од прва ја погоди. Како? - Што знам, само што ја видов почна да ме нервира некако.
Маченце па ти стварно немаш проблем со свекрвата , проблем е да ти се плетка да замара да кажува што како треба . Мирна глава си имаш , нема време да дојде нејзин проблем таа ќе жали на старост што не нашла време да си поигра со внуците .. Може смета дека сами треба да си бидете , може едноставно таква жена е и не се зближува лесно па јас не би замерила што се шета со ќерката ако некој не ме сака во негово друштво не се потресувам ... А само не се сложувам дека жена која работи не ги чува децата па за кого работат родителите за децата нормално ... Моите работеле и 1ва , 2ра и 3 та смена се менувале еден со друг може немале време за нас колку што сакале , ама мора да се заработува нели .. Во ниеден момент не сум се лутела на неа напротив во моите очи мајка ми е голема и ми покажала дека жена може да биде и успешна и да чува деца ... Оти само со љубов не се гледа деца ...