Свекрвите може да се умешаат и да прават проблеми само толку колку што синот ќе и дозволи. Живееме во патријархално општество во кое што за жал женските од мали се учат дека ќе си одат од дома, а машките ќе донесат невеста дома. Исто како и женските што уште од мали се учат на домашни обврски а машките дека се треба да чекаат на готово, жал им е и по 40г да пресечат папочна врвца. Како за нас женските нашето семејство автоматски станува секундарно, истото важи и за семејството на сопругот. Доколку тоа не се свати уште од сам почеток, со тек на време настануваат проблемите. И мајка ми имаше проблеми од баба ми, но за да не се караат не му кажуваше ништо на татко ми. Но кога дозна тој што се случува, ја седна мајка му и ѝ кажа каде и е местото. И најбитното не живеевме во заедница, значи ако сака света свеки да прави проблеми ќе ги прави и преку 100км. Но пак ќе кажам, само толку колку што синот ќе и дозволи.
Па нормално дека не. Ама од темава гледаме дека им ги вадат низ нос и дека не се разбираат со убаво и со разговор. И што можеш да им направиш во таква ситуација освен да си одиш? Едит: може евентуално маж ти да ги прибере ако го слушаат. И тоа ти се двете опции мање више. На такви луѓе и да им нацрташ џабе е.
Скроз се согласувам! . Во врска со ова болдираното, познавам случаи каде што родителите на мажот живеат во различни градови а сепак мамините мази се слушаат 100 пати на ден. Па треба да се испреприча што се десило во секоја секунда од денот, па делење мозок што треба да прави возрасен маж во одредена ситуација макар било тоа од купување на чорапи до купување на автомобил. Искрено не знам дали сум во право ама имам забележано дека грото овие деца се единци па цел живот се научени така да се однесуваат со мајки им. Како и да е , блискоста или далечината можеби се некој фактор да не бутаат глава таму каде што не ги собира ама и не мора да значи, има секакви луѓе. ЕДИТ: Бракот како брак се состои од двајца, не тројца , не четворица него двајца. И стојам зад тоа дека во бракот пред се треба да има љубов и почит а ако на некој му е сеедно да те гледа како се нервираш и трошиш нерви и здравје на нешто, значи тука нема ни љубов ни почит спрема тебе.
Синот си ги знае родителите и најмал сомнеж да има дека некогаш би можеле да му преречат за било што не треба да седи со нив, а за да им донесе жена па ич.
И пак се сведува на тоа дека е до мажот. Ако он е доволно маж никогаш нема да имате проблем а ако дозволи да кинете живци од вакви срања значи не заслужува да ви биде маж. Ма каква сака љубов нека биде имате еден живот плус ако дозволува да ве понижуваат па и нешто не ве сака баш или грешам?
А и до жените е. Една познаничка кога дечко и ја побара за жена и честитав и ја прашувам како се чувствува, онака, општ муабет и ја прашувам каде ќе живеат и ми вика не знам Како се согласила да му биде жена кога не знае каде ќе живее!? Може ќе ја легне до мајка му, може очекува да биде домазет, може мисли дека нејзините ќе и купат стан, свашта може да има во глава. Друга - 4-5 години во врска, ја побара за жена, отиде да живее кај него со неговите, се венчаа, не бивало, се оставија по некој месец. Сите малтретирања можела да не ги доживее само доколку направеле муабет со маж и уште кога и бил дечко.
И најбитно, да си ги учиме ќерките дека кога ќе пораснат треба да се независни, силни, да не чекаат се од дечковци/мажи, да градат кариери и да се силни жени. А да ги учиме синовите исто на независност, одговорност, да не им се дава се во послужавник, и да си ги гледаат жените како кралици.
А мене ме прават луда кога им кажувам дека веќе разговараме со дм (5+ год. сме заедно) што и како ќе биде, иако рано ни е за брак .. Мислам дека ако не сум на јасно со се', не би ни прифатила да се омажам..
Најпаметно нешто што можеш да го направиш е тоа. Јас додека бев во врска со дечко ми разговараме толку детално за брак и се што носи бракот, што сите околу нас мислеа дека кај и да е ќе се венчаме, а ние истеравме 9 години во врска
Тотално се согласувам, зошто синчето не се потруди да поринта и да изградат куќа своја за себе и сопругата исто и сопругата да има удел во тоа еднаков, туку и двајцата чекаат од старите, тој навикнат да му се служе а од снаата се чека да и служе ако е во нивна куќа.
Ова е многу, многу важно. Дедо ми ги имаше научено ќерките никогаш да не зависат од маж и не им давал да се омажат дур не стекнат макар некакво образование. Не се срамеше од развод и беше спремен во секој момент да ги прими назад дома. Поради тоа сите кај татко ми пазеа како се понашаат со мајка ми. Дедо ми веќе не е жив ама уште сите пазат од страв да не се спакува пошто и остави куќа кај да си замине.
А ако треба да се бране некој во куќа која мочате пиете спиете онда не ви ни треба тој маж, кој бе да ме бране у сопствена куќа каде престојувам, само мир, и ништо друго, не ми треба маж што ке глуми обезбедување а ја таму жртвено јагненце кое треба да се бране, ако се живее нека се живее ако не мрш у пм.
Сестра ми има два сина, едното 9г другото 6. Мијат садови, бришат прашина, и работат се што таа ќе му даде како задача. Нормално има глупи коментари од познаници од типот "Срамота е, не ги личи машки се", "машките не се за тие работи, хаха домаќинки" Сестра ми ниту се замара ниту пак им се објаснува, само мене ми вели ако не ги научам од сега на обврски и работа низ дома, како утре ќе им помагаат на жените? Скроз на место муабет.
Скроз да. Треба договор и разбирачка уште пред брак да се расчисти се. Никогаш не е идеално. Ама да не станеме мазохисти и да прифаќаме се како да мораме. Ќе раскажам кратка случка во која свекрвата се обидува да паметува, ама другарка ми и го покажува местото. Другарка ми е шетана, образована, а пред се повеќе од стабилна финансиски. Имам видено огромни суми на нејзините девизни сметки, суми како за 3 стана во центарот на Скопје. Мажена е во не толку финансиски моќна фамилија. Не и беше важно, живееше со уште 7 луѓе на куп неколку години. Свекрва имаше проста над секоја граница, ама и злобна у пичку матер. Еднаш бев на гости кај неа. И рековме во двор ќе седиме, оп свекрвата собра 4 комшивки се намести во дворот истата секунда. Нема проблем рековме ќе влеземе. Сопругот на другарка ми и ја чистеше колата. И свекрвата сакајќи да се направи јака, вели :"Ее гледајте добро ми вели маж ми, јас сум родила п**ки, не мажи синови. Се оженија за женски работи да работат, едниот на жена му ѝ помагал да чисти, а другиов пак колата ѝ ја чисти". И она мислеше многу јака излезе со таа изјава, а комшивките беа шокирани. Другарка ми со овие зборови и врати: "Леле свекрво браво, се убаво си кажа свој став, но да те прашам зошто ти требаше толкава публика да собереш за да си го кажеш тоа?" Комшивките со подзината уста си станаа и си отидоа, ги изеде нејзиниот срам (појела ме туџа срамота што викаат). Значи најотворен муабет имам правено со оваа другарка. На неа вооошто не и пречело што вакви коментари добива од свекрва секој ден, ниту тоа што пробувала да прави сплетки, ја провоцирала и потоа кога ќе се врател синко си плачела и глумела жртва. Дири и забавно и било, таа да се брука со тоа што го зборува, а другарка ми уште толку да ја обрука кога ќе ѝ врати. Не и пречело бидејќи сопругот бил на нејзина страна и ја решавал мајка му. Единствено и пречела целата гужва во куќата и тоа што свекрвата не сакаше деца да ѝ чува (а се правеше нај баба пред сите) и што им зборуваше на децата против мајка им. Им велеше да не ја слушаат, детето пред мене и побара на бабата леб со еурокрем и бабата му шепоти: "Пст чекај да излезе мајкати" За среќа другарка ми се спаси, си изгради куќа далеку од свекрвата и си живее раат со мажот. Иако и пред тоа немаа проблеми во бракот поради свекрвата, сакаше да ги тргне децата од таква негативна и токсична средина. Си има таа пари и двете и се во приватни градинки, ама фрустрира тоа што некој друг се прави јак, а уствари ништо не ти помага.
A znaes li kolku familii znam sto sekoj den se karaat kazi reci na mm prv bratuced ja napravi istata greska izgradi sprat vrz kukata na roditelite na zena mu veruvas li oti sekoj den se karase so roditelite na zenata kazi reci so komsiite sigurno nema da se karas tolku cesto ako gradam ke gradam na licno svoj plac ili za tie pari ke si kupam svoj stan
До жените е и тоа како, муабетот ми е дека не е крива свекрвата. Да секакви ги има верувам ама едноставно е колку ке и дозволат толку ке прави.
Хаха веќе никаде не палат такви прости маабети во толпа на образовани жени со коли и прошетани, така да таквите примитивци мора и да се привикнуват на промении и на загуба.