За да види дали сопругот нејзин е доволно добар маж за неа. Кога виде дека е на нејзина страна си повлече пари од сметките и си направија нова куќа од темел.
До сега не сум слушнала поглупо нешто. Да живееш 3 години со секакви за да тестираш маж е комедија. Она не го заслужува или има друга позадина.
Со толкави девизни сметки колку за три стана во центар во Скопје, а притоа да го тестира мажот дали ќе бил доволно добар за неа, не само што не ми е верно, туку ми е трагикомично!
Како па да не, ќе ќутам на форум Јас да бев немаше ни да одговарам, ти ептен удостои Ајде и мажените што не живеат со свекрви нека не пишуваат ако не Свашта
Плус не смееме став по однос на свекрва да имаме Оти треба да се омажиш соси потпис за да сфатиш дека не сакаш со свекрва да живееш
Кај кажав јас дека не смее некој да пишува? Премногу си правете филмови. Прашав зашто пиша дека живее во гарсоњера, а тоа е една соба така мислам. Не ни мораше да одговори. А можеби и јас не го поставив правилно прашањето согласно вашите критериуми
Нели ви е срам Ја си знам од раѓање Соба и вц. Сите прашуваат тоа ама па полесен начин да заштедиш нема. А ако не штедиш ти следува свекрва
Така е. Не е исто во гарсоњера сам и со фамилија Прашањето не беше поврзано со свекрва, не знам зошто одма рипат овде поедини. Смирите хормони малку
Живеам во 40м2 и тоа под кирија. Ни со деца нема кај свекрва ми да одам. Колку се - толку се, мирот нема цена.
Во соба и вц нема да можеш да живееш со две деца. А во Мк, кога си под кирија, не знам дали баш можеш да штедиш. Сигурна сум дека не можат просечни семејства. Да не се сфатиме погрешно, некој да ми рече гори или живеј со свекрва, ќе горам, ама дај бидете малку реални со примањата и трошоците овде.
Ама затоа треба реалити чек пред да дојде до семејство и деца. Од сите на светот, свекрвата или мајката е најмалце крива што не можеме да си обезбедиме повеќе. Е сега, ако си на чисто кои ти се можностите, ќе знаеш и која жртва ќе ја одбереш. Нема и јаре и паре, не постои тоа. Ни тука, ни никаде на светот.
Јас не реков дека некој е крив. Само зошто би отежнувале, ако ете младите треба да поживеат година, две на нивен терен за да си купат стан на пр? Реторичко ми е прашањево кое многу често си го поставувам кога гледам какви глупости изведуваат. И знам ќе речете дека мажот си е крив, да, тој е, ама бре па ич да немаш осет за да мора се некој да ти регулира понашање, еве не ми е јасно. Ако не можеш да му помогнеш, не му одмагај. Па не е многу мислам.