Па да де, освен што тие не се свесни дека грешат. Они мислат дека исправно постапуваат итн. Затоа секој мора да модифицира однесување на свој родител, а не затоа што стариве по дифолт се лоши или младиве неблагодарни. Кој сака нека е, во такви услови невозможно е едни на други да не си сметаат. Ако се кај мажот него не му смета пошто така живеел цел живот, какво и да е него му е нормално. Ама женава нели си има скроз др. навики, е неа ќе и' смета. Он мора да сфати дека треба да и' олесни, а не да си спие на тоа уво ама мама само помага. Да, ама твојата мама не ми е мене мама и нејќам помош, пример, а не сакам јас да и' кажам за да не ја навредам. Не е крај на светот да живееш со некого, ама крај на светот е да имаш маж што не сочувствува со твојата ситуација.
Не живеам во Македонија, киријата ни е некој 10% од примањата. Е сеа условите не се сјајни затоа е евтино ама и сама рече пре ќе горам отколку да одам кај моите или неговите.
Сите знаеме како е најубаво, ама немаме сите можност за тоа. Да имаме, немаше толку многу заедници да има, а ниту па наши во странство.
Знам дека нема затоа отидов да си створам сама можност. Е сега поприлично е тешко ама за мене лично заедница (со било кого) е хорор. Едвај чекав и од дома да си заминам. Не дека моите или неговите се лоши луѓе ама не можам да си замислам да дојдам од работа и да не можам по гаќи да се шетам. Едит: башка, од форумов можам да заклучам дека самото живеење во заедница не е главниот проблем туку лошиот избор на маж.
А тука да ти беше киријата 10% од платата ќе останеше ли? Не се вадите со свекрва. Сте заминале за подобар живот, а не за да не живеете со свекрва.
Браво за тебе. Немаат сите нерви, стискавец или среќа како тебе. Олабави ја темата. Сите знаат како треба.
Сигурно уште на 15год станала свесна за брак, живот со свекрва, деца... Кој ни е крив ние што сме играле ластик на тие години Претеризмите некогаш крај немаат.
Истото го помислив. На 18 колку што била кога заминала размислувала и за брак и свекрва и за не живеење во заедница и шетање дома по гаќи. Секогаш овие од странство најмногу солат памет како е најдобро, ама заборавиле зошто заминале
Јас на 18 се спакував за да студирам. Други работи на крај памет не ми беа. Ова ако зборувам реално, а ако сакам да се силам на форум, друг би бил муабетот.
Можеме да дебатираме до безсвест. Различни карактери, различни потреби, различни желби. Еве јас не можам да се замислам во 40 квадрати. Не можам да се замислам свекрва да ме контролира, не само свекрва туку било кој.
И јас можам да се силам како живеам сама сега, ама реално маж ми го купи станот, уште бевме дечко и девојка тогаш. Бремена останав непланирано и живеевме во заедница 2 години, додека да биде готов.
@sara97j Браво. Се надевам во странство немаш вакви зајдливи коментари како што тука ти упатуваат. Моето искуство покажува дека колку порано се осамостоиш толку подобро.
Збориме за безизлезни ситуации, као, немаш друга опција. И подобро се 40м2 од ич реално, во Скопје 40м2 се 40 000 евра, и тоа ако не е Центар. Е сега, да имам дете, веројатно нема да живеам во стан со една спална, ама ако не можам да купам поголем, ќе одам под кирија во поголем.
Заминав поради подобар живот логично ама подобар живот вклучува и (барем за мене) живеење сам т.е не во заедница. Заминав да студирам и после да останам пошто платите и условите се подобри. На 18 не сум размислувала за бракови, свекрви и слично ама дека сакам да живеам сама знаев уште од средно. Исто знаев дека во Македонија е тешко да си независен па така одлучив да си одам. Накратко тоа и толку од мене. Фала ти подобро нема. Ама луѓето поради некоја причина секогаш се вреѓаат.
Не знам кој цело време пишува зајадливи коментари и како најубаво било. Дека ние тука затупавените не знаеме па треба некој да не просветле Се си кажа. И не мора натаму да тупеш кога овде некој ќе се пожали. Сите мислења ти се во оваа тема, очигледно имаш некој проблем
Супер е тоа ако добро заработувате. Јас гледав кирии низ населбите аеродром, карпош, влае центар не го спомнувам на 50-60м2 се по 300-400еу. Сума сумарум подобро е да го купиш станот кирија не е исплатлива во скопје моментално добро може накај Илинден, Ракотинци, Чаир, Топана,Шутка, Сарај Другарка издава стан од 28м2 за 12.000 ден во кисела вода. Секој со своите примања. Ние сме во стан со една спална сп дете ама да си дозволиме кирија за поголем шанси нема.