Абе оти се расправате. Кој-како можел и како мислел дека треба, така направил Некој ако пише проблем, ако можеме да помогнеме, да советуваме, да го направиме тоа. Ако не можеме, место да ги осудуваме, поарно да си молчиме. Сите знајме како е најубо. Како можи е друг муабет.
Ние трошиме премногу, тоа можам да заклучам. Како стигате со кирии, кредити, основни трошоци, храна, сметки, алал да ви е.
Мене не ми е толку платата како што е киријата за станови. И после 'оди под кирија' ќе ми рече некој. На нас вака без кирија едвај ни стигаат пари, а не па и за тоа да даваме
Знам, тоа и велам ние трошиме многу на секојдневни работи за живот. Кирии, кредити немаме. Се чудам како им успева на тие кои на трошоци и плус уште нешто треба да плаќаат.
Како.. тие си знаат. Од она што гледам околу мене... со 'крпарење'. Ќе позајмиш од ваму, од наму... кредит ќе земиш па ќе затвориш некои долгови, па тој ќе го исплатиш, па ќе се позајмуваш од блиски... А некои и си кратат од основното. Месо... еднаш во неделата. Да не прајме муабет за одење по кафани и кафичи. или следење 'модни трендови'.
Поарно ќе седам на спратот што ни го подарија, отколку да не можам на децата да им приуштам што сакаат и да позајмувам од овај, онај и децата со паштети да ги ранам дома
Ете гледаш. Сите различно мислиме. Ти не би, ама некоја би. *А иначе, јас сум така растена. Татко ми се разболи, веднаш откако почнаа да ја прават куќата. Скоро деценија јадевме паштети. Па еве, пораснавме толкај магариња. Та и јас, та и брат ми.
Никој не вика дека е лесно ама не е невозможно. Приоритети. Мене не ми е јасно како ви е чудно шо некој на 18год размислува за самосталност а на 30+ живее во заедница и нема ни план да се тргни на страна и ви е ок оти тоа е нема услови со овие плати
Nekoj rabotat posebno vo pomalite gradovi I za pod 15000 den plata licno jas rabotev do pred eden me sec I napustiv sega pocnav so nova rab sto e dvojno poveke platena od taa rab sto ja rabotev prethodno sto znaci ima plati i plati
Не сум прочитала на некој да му е чудно што друг сака на 18 да се осамостои. Или како и секогаш како ви одговара така си извртувате мислења Се извинувам ама не ми беше намерата да навредам некој
Сум работела за 9000,сум работела и за 12000 недела и празник. И кога се префрлив на друго место што не ми е струка еднаш само зедов 24000. Тој ден беше празник за мене. 18500 земам породилно и викам добро е. Оти за подобро не знам
Што не е невозможно? Ова па кога ќе го кажат - ПРИОРИТЕТИ , како Америка да ја открила. Еве жената погоре ти напишала од искуство. Дали има секој да издвои по 300+ евра за кирија??? Има ли? Гледаш дека вика дека нема шанси. И не е единствена, во мнозинството е. Ама ќе и дојде некоја ко тебе и ќе и вика, епа сесре, приоритети
Во животов сум немала плата поголема од 9000. Ама рачунај, веќе 7 години не работам. Таа моја 'плата', беше капка во вирот шо го зема маж ми. Ама како си се радвав на нејзе Со ќефој ја носев дома, за да ја клам во купот
Ние плаќаме 10 000 рамно за стан со една спална, со централно греење. Има поголеми, не знам кај гледате вие искрено, ама јас наоѓам уредени ок (имаме наши ствари мн) со две спални за 10 000 - 15 000. И е на 3-4 км од Центар во скроз урбанизирана населба. Ние не живееме во поголем стан пошто нема поента да ладиме/грееме поголем од овој, 2 луѓе и 2 мачки сме.
Биди среќна што мажот ти зема многу повеќе од тебе. Мојот малце повеќе од мене зема. И тоа последната година и пол сме со овие примања. Пред тоа бевме -10.000, ма и повеќе од тоа
Па не можете да споредувате плати и примања и живеења. Пошто некој со плата од 10.000 сака да купува кашкавал од 400 денари, друг од 250 и слично. Дека се мизерии платите- се. Ама некој има живци за свекрви, некој не. Може некој сака спрат без разлика на се па дури и да ја трпи неиживеаната свекрва, некој сака мир па макар и последните пари да си ги даде на кирија.
Ќе ги даде последните пари на кирија и до крајот на месецот ќе јаде само маргарин, ама доколку имаш дете/ца, не можеш само маргарин да му даваш на тоа дете. Џабе се лупате повеќето тука во гради, да живеете со минималец цел месец и дете да гледате, плус и кредит ако имаш, да видам дали вака ќе се инатите.
Па темата е снаи и свекрви. Не е снаи и свекрви и деца. Не мора секогаш да биде по дифолт брак со деца