Се е во ред додека ТАКА САКА, амаааа овде има многу што не сакаат а трпат затоа што не мислеле на време и сега треба да бираат или да го задржат семејството и да трпат се и свашта или да си одат. Според мене вреди да се проба иако се тоа требало на почетокот, да се разговара пред се со мажот, па после "да се лечи" свекрвата/свекорот. Што ќе ми е живот ако не го живеам како што сакам, како што ми е убаво? Јас од маж ми побарав да ме остави сама да си градам однос со неговите. Нема он што да им кажува мене што ми смета, како сакам или не сакам, може да си замерат па да испадне ради мене си нарушиле односи. Вака снаата е лоша па е лоша, ќе си кажам сама
Муабетот ми беше за тоа што викате дека под кирија е многу лесно да се седи, а ако повеќето живеат со минималец, колку што кошта и една кирија, како други трошоци да нема. Не е толку едноставно како да го напишеш тука.
Ја се утепав барање ама најискрено и на пазар3 и сите огласи и преку агенции те молам кога ќе наидеш на стан со 2 спални до 10.000 прати ми
Абе дефинитивно има луѓе што немаат избор, тоа е што е. Ќе прифатат и ќе живеат во заедница. Муабетот тргна предтоа од луѓе што вложуваат финансии да средуваат заеднички живеалишта во заедница. Мислам, и самиве членки дел кажаа дека се каат и дека сметаат дека е попаметно да вложеле на друго место. Значи не се зборува за немање избор, туку што кога имаш избор. И извинете, ама да ми се понашаат свекрви како тука на темава што ги зборите, и мажов да ќути ко знаете што под кошула или да седне да ме строи соси неа, па и во 20 квадрати ќе си одам, не во 40.
Вложувале, затоа што не е исто да вложиш во спрат и да почнеш од нула. А тоа е пак поврзано со финансии. Не е исто 15.000е и 50 000е па нагоре.
Дури сега читам дека живееш со свекрва и тоа на спрат. Не ми е било тоа намерата, а уште помалце да солам на некој друг памет за туѓата ситуација дома. Види сега. Ако ти живееш ко минималец ок. Мислењето ми е генерализирано, а не може ти да генерализираш дека секој земал ко минималец и дека морал да живее со свекрва поради тоа. Не пишувам на памет имам чисти примери. Не можеш твоето мислење да го наметнеш на друг, како да ти кажам.
Сега не живеам со минималец, ама живеевме баш кога почна короната и мм остана без работа, дојде детето тогаш, а само што завршивме со реновирање. Шворц бевме, салдо 0. Тие месеци не дај боже никој да ги осети, а јас повеќето што ги познавам ете ваков, крпен живот живеат со кредити до гуша заглавени, за жал.
Ако веќе ги имаш 15000 евра можеш и кредит за стан да си земеш. Ама за кредитот толку припаѓање во несвест имаше, тие луѓе работеле од јутра до сутра и не знам што. Е да, за свое и на страна треба малце да се запотиш повеќе, ама тоа е, не може се да имаш дадено. Лично за себе кажувам, попрво би тоа или кирија отколку да вложувам во место (спрат, соби) што нема да можат моите деца да го поделат или нема да можам да го продадам, зошто за тие пари сметам дека исто се "пропаднати" колку што се и тие за кирија како што се дискутираше на темава. Не судам на некој на темава. Ни јас сум во таа ситуација, ни тие се во мојата, муабет си правиме.
А зошто твоите деца би го делиле? Нели муабетот беше сами да си направат свое. Нели овде се труби дека родителите не се должни на своите деца ништо да даваат? Што има ти да мислиш за нив
Епа тоа е, ако ги имаш. Ама можеби и тие 15.000е се од кредит. Ниту пари за кирија, ниту пари за кредит се пропаднати. За по комфорен и помирен живот што е дадено, не е пропаднато. Проблемот е кој колку има да даде. Цело време ми е тоа поентата.
Точно, секакви случаи има и не може да се генерализира. Али стојам на тоа дека во секој случај треба да си на чисто со очекувања. Не дека треба да си малтретиран и на глава да ти се качи некој, ама дека ќе треба да се прилагодиш на секакви карактери и нивните навики и функционирање, ќе треба. Работи како зошто и кога идела золвата, дали имала куќа своја, зошто седела во дворот свекрвата кога имаш другарки ќе мораш да ги толерираш и тоа е.
Важи, баш ќе ти пишам пп. Као коа ќе умреме, секако ќе наследат. Боље да наследат стан зашто ќе го продадат полесно и ќе си поделат пари, него куќа на 3 ката што прво ретко кој ќе сака да ја купи, второ ќе треба да ја продадат доста ефтино за да се продаде. Отвори по огласине, такви мулти семејни куќи се продаваат куп, нема кој да им ги купи со години. Затоа стан/едносемејна куќа не можеш да начекаш, одма се продаваат.
Не сум го видела мислењево, еве Каме пишала над мене дел. Друго ете, и нека не наследат они, сама сакам да го продадам може и да си купам стан во Охрид и да уживам во пензија. Како и да е, да не пропаѓа како што пропаѓаат многу куќи што нашите родители живот вложиле во нив, за џабе. Децата најверојатно нема ни во Македонија да се за воопшто нешто да делат, ама ако сакам можам да продадам и да одам на друго место. Или да си ги поделат парите откако ќе умрам и продадат што имаат недвижнини. Утре може ќе се разведувам, никако не можам да си ги вратам парите што се вложени таму. Не знам, може саможивна сум, ама ете јас ако вложувам во недвижина сакам да ми се исплати, оти не се малце пари.
Значи сепак и за децата размислувате. Малце морничаво, ама, вие кога ќе умрете мислите дека енос на вашите деца ќе им треба вашата куќа/стан кога веќе си имат фамилија, сопствено живеалиште?
Мислиме. И тие што можат ќе им остават наследство, тие што не можат, нема да им остават. Децата си имаат свој живот. Не мора ништо да им дадеме. Се' што треба е да им сме поддршка, да ги разбираме, да не ги навредуваме, да се грижиме за нивното добробитие. Да ги пречекуваме в раце кога ќе 'паднат'. На гла да се наместиш, нема децата да ги 'спасиш' од животот. Нивни пат си имаат. Како ние што си имавме, како тие пред нас, како тие во иднина...
Станови за 20 години во Скопје ќе се паѓаат во смоки. Ќе нема на кого да го продадат, сите веќе ќе бидат во Скопје во свој стан