Па нормално, какви луѓе би биле инаку, Тоа горе што го пишав секоја генерација нека си ствара свое, значи дека заедно во иста куќа нема да живееме. Не значи дека нема да им помагам ако можам. Дај Боже да имам пари, сама ќе им купам посебно станови. Само не сакам да живеам со снаа или зет во моето живеалиште. Да да, 20 години наназад истово се збори, а стан едвај се наоѓа, во 2 недели се продаваат, нормално тие што не се фушерајски. Кој барал стан знае.
Па, очекуван е пораст на население секако, а и едни умираат, други наследуваат... Еве ме. Иди па најди. Буквално денес го гледам утре одам да договарам цела зграда ја продале. На нив лично можеби нема да им треба, ама секако ќе им треба на нивните деца на пример, па ете им мала помош и контрибуција на внуците Наследство не е баш нов концепт.
Не е. Ама смешно е како од една страна се пишува дека родителите не се должни да им даваат на своите деца, а од друга страна не би вложувале во нешто што нема да можат децата да го поделат.
Мешаш должност и желба. Должност никаква немам да им обезбедам живеалиште после 18 години. Желба имам ако веќе вложувам во нешто да се исплати, ако не мене, нив.
Па не сме должни, мајка ми ништо не ми е должна. Ако сака својот имот може да го продаде и да си ака по светов дур е жива, ако и е така ќеиф. Ако и е ќеиф може да ни подели, нејзино е, што сака ќе прави.
Вчера рековте дека ако родителите дале, младите треба да ќутат. Ќе треба да ќутат вашите деца и ќе играат по ваши правила ако им дадете нешто?
Никаде не сум рекла такво нешто, цитирај ме ако најдеш. Реков дека ако живееш во заедница ќе мораш да се прилагодуваш. И реков дека ако ми дојде некој во моја куќа и ми се понаша како да не постојам и ми менува ред, сама ќе им кажам да си го бараат чарето со синот/ќерката. Ако им купам станови на децата, нема сигурно на мое име да се, ни па нешто ќе очекувам за возрват. Ама во суштина ова е хипотетички, зошто не мислам дека би можела да им купам станови посебни, така да сами ќе се снаоѓаат, како и нас. А некако како минува време се попривлечна ми е идејата за крстарење на старост или вила на езеро, па може и нема ни да купам станови
Со вилава на езеро ме погоди ептен. Парите за стан ги поделивме за спрат над свекрва ми и свекор ми и плац во Охрид. Вила на езеро ми е слаба точка. Децата ваљда нема да ми речат што сте купиле плац во Охрид, поубаво станче едно во Скопје.
Абе јас не ти кажувам за тебе, правете како сакате. Јас за себе кажувам дека не сакам да живеам над или во близина на свекрва, не сакам да живеам под или во близина на снаа или зет. А вие ако си имате пари дај Боже купете и вили и бродови и се. Јас не сакам во туѓа куќа да вложувам, ако не морам, а не морам. Mирот ми е непроценлив.
Да сесре приоритети од искуство зборам. Како ти шо не си мислела на 18 за самосталност некој мислел и се трудел да го постигне тоа шо го сака. Ако тебе самосталноста те асоцира на брак мене не ја имав и пред брак. Имам кажано многу пати ништо не ми падна од небо ама додека некој идеа секоја вечер во кафани, дискотеки никој имал други ПРИОРИТЕТИ. Не дека седев дома макав леб и сол и ништо немам видео од животот ама се трудев многу порано. А имав можност да не се замарам и да ми дадат на готово ама моите ме учеа да застанам на свои нозе за утре да не трпам срања. Али да ја зборам за невозможни рабати, ок.
Ауу и јас не сакам во туѓа куќа да вложувам. Не збориме за тоа, тоа е друга тема. И јас си вложувам само во свое. Дај боже сите да имаме се
Сами си го бирате животот другари.. Немаме бре три животи да трпеме свекрви, утре можеби ке отидам под кирија можеби ке мизерувам ама можеби и во исто време ке ми испадне шанса и ке дуплирам од тоа што сум имала во некоја куќа туѓа.
Само ова има поента ! Инаку ако зборуваме за приоритети и можности јас приоритет ми беше да се образувам и да стекнам нешто мое. На мои години ретко кој сам си купил автомобил, а стан не можев со малата плата. Тоа се можностите, во брак кога влегов немав многу проблеми, потоа настанаа од премногу слобода што си земаше свекрвата. Ама и тоа не ми пречеше, можеше и по земја да се валка и ќерамиди да смени ако сака мене ич уво не ме болеше. Го виде тоа и почна да ми го загорчува животот и се осигура со секоја постапка да ми станува гајле. Е тогаш приоритет ми беше детето, но и моето здравје,а можности и немав баш. Две само : да останам и да трпам или да си заминам. Иако желба ми беше ниедно од тоа да не се случува, сакав маж ми да ми биде маж и да стои до мене, а не во коалиција со мамичка. Па кога видов дека сето тоа е токсично за мене ја избрав втората опција да си заминам. И тогаш на сите одеднаш им светна и им стана гајле. Втора снаа да им избега од куќата веќе симптоматично звучи нели. Првата си отишла ај она не чинела, ама втората ако си оди ќе се запраша народот да не случајно не чини фамилијата од која бегаат снаи? Ова не се мои зборови, но така излегува. Поради тоа се свестија и се свртеа за 360 степени, па сега на секој збор ќе пази, два дена инат може ќе прави, ама кога ќе види дека сама си прави на себе и паѓа глупо и на неа.
Мешате работи. Ако јас кај што живеам кој било сака да ми поставува свои правила, ќе имаме проблем. Не знам за вас, ама јас кај моите дома не поставував свои, живеев според нивните правила. Што е скроз различно да речеме ми дадат стан и секој ден ми висат над глава. Второво е неприфатливо, та од мајка, та од свекрва. Исто е неприфатливо да очекувам од кој било, мајка макар, кај неа дома да се прилагодува на мои правила.
Да тотално си во право. Ама имаш луѓе, може не си запознала такви, ама јас запознав. Синот нивен зема огромна плата во странство, си купи прескап автомобил, изгради куќа и пак му се мешаат оти он ќе ја немал таа плата ако не го школувале они. И како тоа негов автомобил? На негово име било ама и нивен бил бидејќи се фамилија, сите биле едно. Слични се и свекорот и свекрвата со некои изјави, као ние сите сме едно, фамилија сме, тука едни за други, да си помагаме, а уствари само за пари им работи мозокот и далеку се од фамилија, и еднаш ми држеше предавања за моето однесување дома си дозволи да ми каже дека не сум била воспитана да почитувам и да се сложувам со фамилија. Ми дојде едно смеење јако и едвај се воздржав да не и кажам дека јас сум растена во фамилија и многу добро знам како сме се држеле и како сме останале без ништо ама сите тука еден за друг. Она мене може да ми зборува само како материјално се искористуваат едни со други и колку се фини, уствари лицемерни. Ама ок, за нив тоа е во ред, така ги перцепираат работите.