@DarkStormm постојат идиоти од луѓе, свекрва ти е класичен пример. Едно е да се навикнуваш на запршка, бојлер само на ефтина, секој ден комшики, некој во дневна дреме... (лупам) сосема друго е ова твоево. Уште предвреме ред флег било тоа со мт, што неженет фатил спратови да крева. Барем мене сериозен ред флег би ми било, оти некако ме става пред свршен чин. И од старт ти била без врска ситуацијата, зашто мт така "ја наредил", дека ќе "си донесе" невеста. И ај се' ова, ама дека седнал да ти држи лекција со мајка му... не знам што да ти кажам, дали е возможно пред брак да не си го проценила до толку, навистина. Некогаш е немање пари, ама ова неговово не е до парите, карактер е. Као нема сфатено дека ти и детето сте му семејство прво, после мама. Тоа е тоа што ти викам. Кога луѓето се едноставно прости и малодушни, џабе и пребогати да се, пак тоа сељачкото ќе исплива. Така е со "твоиве", само што кај тебе мт се надевам сериозно сфатил дека ќе остане без жена, па во иднина ќе знае дека не може мами за фустан да ја држи а тебе да те строи.
@CameliaMiller Епа од дома те учат биди ќерко културна и почитувај постари, од искуство учиш дека мажите сакале жени кои не досадуваат и не замараат. Ама кога ќе те снајде дури сфаќаш колку е саатот. И искрено ми требаше време додека пресечам и речам дека ќе си одам. За маж да те почитува изгледа кучка требало да бидеш и како мајка му да бидеш подмолна, а за мајка му да те почитува требало да ја згазиш како бубашваба.
Се насмеав на ова нивен бил автомобилот оти они го школувале . И јас живеам со свекор и свекрва, на различни спратови, се надавам не уште долго. Имаме некои планови со мм, па дај боже да се остварат. Јас не ги сметам неговите за фамилија, ни очекувам тој мојте да ги смета за фамилија. Од како се венчавме се знае јас и тој сме семејство, сега и бебче имаме и толку ние 3цата сме семејство, баби дедовци тоа ништо не се рачуна.
Да бе.. Јас дури и се подзамислив и го прашав татко ми да не е негов мојот автомобил бидејќи ми дозволил да заштедам. Оти кај него живеев тогаш.
Мислам, не' родиле, се разбира дека ништо не е наше Не се сите мажи толку божесачувај, ама искрено читајќи кој го воспитувал мт не ме чуди, реално. Не можеме да ги смениме "старите", ама заклучок на темава треба да биде како да НЕ си ги воспитуваме децата. Посебно оние со синови.
Сиромашните ние што живееме под кирија Од човек денар не сум побарала, месо не јадеме еднаш во неделата. Детето мие спастрено од глава до пети. Си приуштуваме ручек со друштво, одиме по одмори. Една кредитна картичка си врши врши работа патем и скоро сите ја имаат да се разбереме. Платите ни се просечни.
Зборував за тие што се сиромашни. Вие можеби не сте... ние сме биле. И не живеевме под кирија... ама немавме пари
До денес ова ми е најинтересно мислење од свекрва. Кога ќе ти спомнат на тебе за пари кажи им дека и ти им должиш на твоите затоа што те школувале. Речи им пр." 25 години седев кај моите и сега толку години треба за да им се раздолжам. Здравје откако ќе се раздолжам со нив ќе може да ме посвоите па и на вас да дадам нешто " . Хаха пациенти на секој чекор, што се нема да им текне. Јас имам многу подршка од мм и не дозволува да ми играат по нерви, одма ги решава. Ама изгледа како тргнал периодов ќе ги реши засекогаш. Не се дотрпуваат иако сме посебно. Среќа голема што не ми се пред очи секој ден. Овојпат или ќе го оставам сам да ја реши ситуацијата од корен или јас ќе ја решам по најбрза постапка и ќе се заврши се.
Па и на тие со ќерки Каме. Да се чудиш какви родители има на женски деца, какви совети им даваат на млади девојчиња да трпат и ќутат за мир во куќа. Да сака да се разведе нема поддршка, не ја примаат дома, да си речеш едвај чекале да си замине... Страшно.
Па да. Не е ниту нивно. И нив некој ги родил. Свекрвата преку ден го спомнува татко и кој ја градел куќата, ама секој ден кажува како немала пари како млада и се жртвувала секој ден за децата да ги школува и одгледува. Ова како некој лавиринт хахах. Дефинитивно на син ми нема да му се мешам ниту ќе го убедувам да живее со мене. Кај сака и како сака. А јас ако можам да му дадам нешто и да помогнам ќе дадам. Ако не можам да помогнам нема да одмагам. Е е е тоа! Баба ми пример, седи и молчи ми викај. Па ми вика да сум била потчинета и на свекрвата со мамо да се обраќам.. Ја прашувам зошто така? Ми вика па така треба ако сакаш таму да останеш, а ако се прајш паметна ќе те вратат и ќе ја брукаш фамилијата. Лол. Татко ми кога ја слушна и ја затвори устата. И рече да молчи подобро бидејќи и мајка ми ќе ги обрукала двете фамилии ако си заминела кога и се качувале на глава. Татко ми не дозволува да трпам, ми рече дека секогаш вратата ми е отворена, без разлика од која причина си одам и дали сум во право. Убаво знае тој со какви си имам работа.
Сме немале и ние, со новороденче дома ги делевме 200 ден за два дена. Породилно немав земено 3 месеци. Штотуку почнавме под кирија, лошо прелошо ама стиснавме заби и полека се редат коцките. За кредит нормално ќе земам ама никад не сум заглавила или должела. Или најмалце гладувала со денови. Живот под кирија нее решение, парите во ветер одат ама кога се нема избор мора. Да слушам лупање врати од страна на свекрва бидејки снаата спиела а притоа 24 часа била на работа без сон, не би никогаш. Полни врижидерот а они едно сиренце и пак јадење нема. Од кога се преселивме се препородивме и со маж односите ни се смирија и за јадење дупло помалце трошиме. На почеток помагаа старите ама и тоа го скратија ама нели не се должни. Наскоро искачам од тука ама пак истите пари ќе ги давам во банка така да ист живот ќе живееме. Искочи шанса иначе ќе си продолжевме пак под кирија. Нема секој по 16 илјади рата во банка да плаќа. Сум пишувала тука какви проблеми имав и тоа во најтешкиот период што може да се деси на една жена.
Зборот мие ако се сака секој може да успее. Ама на некој му е најлесно да кука од свекрвата и мажот да ќути како муле.
Верувај ми. Најтешко е. Не сакаш сам на себе да си признаеш дека си лузер што си се омажила за мамин син. Не сакаш да признаеш ни дека е мамин син и те боли. Па удри по свекрвата. Не зборувам за тебе, не знам како и што си била, ама во најголем дел од ситуациите е така. Јас прво си признав сама на себе дека сум пропуштила детали и сум замижала на некои работи кои потоа имаа сериозни последици по бракот. Не е маж ми буквално мамин син, ама се чувствува како да им е должен на родителите. На почеток остро им се спротивставуваше, ама потоа добро го изманипулираа. Ме свести еден random муабет со свекрвата. Знаев дека зад мој грб му зборува против мене, ама не се замарав додека не сфатив колку далеку може да отиде таа. Еднаш ми зборуваше за примери на други луѓе како на нејзина пријателка снаата многу почнала да се шминка, дотерува и да шета. Па се развеле кога ја фатиле со друг. И сеа она ми вика демек немала таа ништо против дотерување и шминкање ама ако приметела нешто такво кај мене или јатрвата ќе разговарала со синовите чисто за претпазливост.
Na krajta se se sveduva na toa koj kako saka taka neka si zivee i sé si ima prednosti i maani jas sum ziveela i pod kirija I sami I so svekor I svekrva I zatoa gi znam site prednosti i maani
Не знам дали секој може да успее. Секој за себе си знај. Врска нема и таа... Еве јас ни се шминкам, ни се дотерувам, па ко ќе сакам си наоѓам швалер.
Мислам дека така се некои воспитани, туѓа стреа сеи сосема е нормално да се живее во семејната куќа на сопругот, се вложува солидна сума во реновирање на спратот или оспособување на истиот за да утре да се чека да умрат свекорот и свекрвата да се симнат тие долу и да го отстапат спратот на синот со снаата и така снаат сега ќе биде во улогата на свекрвата сега што е, бескраен круг на измачување на сите. Со живеење во семејната куќа на сопругот и вие утре фактички ги условувате и вашите синови дека мора со вас да живеат зошто ете вие сте се мачеле да им створите услови за повторно заедничко живеење, според мене воопшто не сте фер спрема децата. Најлесно е да се каже ама толку се можностите, само тука на форумот имам читано неколку форумџики кои место свадба си собрале депозит за гарсониера за почеток, после неколку години и дечиња рефинансирале кредит и купиле поголем стан, сите со просечни плати од 18-20.000, ниту гладувале, ниту јаделе децата паштети. Мислам многу драматизирање има на темава или па која беше што сите што имале кредит работеле од јутра до сутра а она сакала да се луксузираа со една работа не може да си го нахрани детето туку мора свекрвата зошто многу уморна од 8 часа работа. Живеење во заедница би требало да е отскочна даска додека да заштедиш некој денар за да си се тргнеш на страна, семејна куќа како целина се продава ама спрат никој нема да купи а стан веднаш се продава. Лани ради сплет на околности седев 6 месеци кај родителите на сопругот, трудна и со 3 деца, луѓето се прекрасни, не можам да се пожалам од нив, целосна подршка имав кога ми беше најтешко ама не си дома, прво не знаев што да им правам на гаќите, прслуците, дека локдаун сите дома, во сушара ќе ги упропастам, да ги обесам надвор да ги гледа свекорот ми беше срам па ги сушев во соба. Дома ми се случуваше цел ден да дремам во пижами кај нив ми беше незгодно зошто они тоа не го правеа, секогаш внимавав да сум пристојно облечена, ово се ситници ама со време претпоставувам ќе ми било се потешко постојано да внимавам на се а и нив секако не им било сеедно со плус толку луѓе дома кога си беа навикнати сами да си живеат затоа секој сам си е најубаво и најдобро решение. Е сега од друга страна разбирам дека не секој има услови за на страна, ни за спрат и немаат друг избор освен да живеат во заедница ама тоа секако не им дава за право на свекрвите да се однесуваат онака како што се однесуваат особено кога станува збор за внучињата. Мене маж ми да ми го џапа бебево од раце ќе го нокаутирам за свекрвата не знам што би и направила, сериозно со кое право би грабала туѓо бебе? Исто со стоење над глава додека дои снаата, ни лактациска сестра не стои над глава, ти покажува како правилно да доиш и после од подалеку те надгледува за да ти припомогне ако е потребна. Јас би ја прашала зошто ми стоиш над глава, сакаш да доиш, еве на и би и го дала бебето. Исто и со муабетите за млекото, нема слабо и јако млеко или имаш или немаш и ничија работа освен на мајката не е колку време ќе дои, колку ќе дои, за ад млеко или кравјо млеко не ми се прави муабет кога ве читам како ви се запнуваат при мајчино млеко да давате ад или уште полошо кравјо тетрапак. Претпоставувам тоа е за да не бидат зависни бебињата по никој основ од мајките и таа должност да ја превземаат свекрвите без никакво гајле за здравјето на тие бебиња туку тие да се главни е најбитното. Јас не би можела со такви личности да живеам што постојано ќе морам да се докажувам за се нешто што се однесува на мое дете, во денешно време при толку информации нема потреба свекрвата да се прави паметна и да си носи одлуки за што е потребно за дете што не е нејзино. Исто па и не би коментирала/ оговарала дали свекрвата си одела секоја година за грчка на одмор, исто како што не е нејзина работа јас што правам не е моја работа таа што прави, не гледам зошто да не си оди на одмор, што е проблемот, одморот е само за млади, постарите мора само дома да седат и да им ги исполнуваат желбите на младите, готово нивниот живот поминал а повеќето свекрви тука немаат ни 60 години. Аа да ја заборавив форумџиката што се жалеше дека свекрвата не си ја оставала работата и поради тоа свекорот никогаш не бил испран и најадени тоа претпоставувам млада девојка го напиша тоа, што мислите каква свекрва ќе биде таа со вакви размислувања, верувам бетер од тоа што го пишувате за сите свекрви заедно, сироти наши мажи ние што работиме ни испрани ни јадење направено зш тие нели фатени се во рацете, УПС заборавив тоа се женски работи.
Незгодно може е посоодветен збор, што знам, што има да гледа свекорот какви гаќи и прслуци носам, не дека човекот ќе гледал ама ете мене незгодно ми беше, затоа ваљда се вика долна облека, не е за гледање.