Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Лолитка и маченце :hug:

    Предупредувам текстов содржи многу проста содржина, читајки ги лолита и маченце почнав да размислувам за мојата свекрва, си правам ретроспектива и на некој начин да си ја испразнам душава од горчината од простотилукот.Не ни вреди да читате..
    Одамна ме немало на темава, но последнава година толку многу сум огорчена од свекрва ми што мислам дека не сакам никогаш веке очи да и видам.
    Поготово што кога останав трудна ми се жалеше како таа била жртва голема за нејзините деца и колку се мачела (не е вистина, тргнувајки од фактот што секој родител е жртва за своите деца, но тоа му е ОБВРСКА, и треба да го прави од срце, а не само на зборви пред народот, како што прави она, делата од жртвата никаде ги нема).. и ми велеше дека и јас кога ке станам мајка ке го сватам тоа.
    Но, станав мајка и уште повеке ме боли што никако не можам да ги сватам и оправдам нејзините себични постапки и апсолутно никаков мајчински инстикт.

    Ајде и јас да направам едно ретроспектива.

    Свекрвами се мажила млада на 15-16 години, не била ни трудна, не завршила ни школо.
    Живееле во кука со свекрвата и свекорот.Свекор ми се повеке брака, татко им на сите им оставил по малку земја во селото во кое живееле, за сите да си направат куки - сите брака си кренале куки, само свекор ми и свекрвами останале да живеат во куката од нивните свекор и свекрва(која иначе спага под земјиштето кое му припага на друг брат)
    Додека сите работеле и домакински штеделе, да соберат пари да си направат еден кров над глава, свекрва ми не ни помислувала, свекор ми со браката работеле во странство, додека нејзините јатрви тргале пари настрана, она бог знае што правела, и тоа во времето на СФРЈ кога имало многу повеке можности и услови за креирање на сопствен дом.
    Некогаш си помислувам, да не пушеле двајцата 4 кутии цигари на ден, за 20 години ке кренеле една кука.. И така останале цел живот да живеат во старата кука, која денес во секој момент ке им се сруши над глава - нема тоалет, во тоалет да одиш поминуваш во туг двор(на братот на свекор ми), се спушташ по стрмнина и одиш во полско веце, за кујна да не правиме муабет-тањири се мијат на -30 во зима надвор во двор, капење неможете да замислите, дома во корито.. А, работеле и двајцата цел живот, но толку себични и недомакини родители не ни сум можела да замислам дека постојат..
    Мм и братму имаат средно завршено конобар и месар - кој нормален родител би ги посочил своите деца на вакво школо :fubar: а пазете мм бил до основно оделение одличен ученик со сите петки, и плус освоени прво и второ место на два државни натпревари по математика, значи можел да се запише каде сака, и фалкутет би завршел доколку мајка му би направила вистинска жртва, како секој нормален родител.
    До ден денес, по цел народ зборува како е жртва за најзините деца, како два машки сина има, ги изгледала, а и двата и заминале - не живееат со неа..и плачи, жртвата таа..
    Мм уште кога го запознав беше заминат од таму.
    Прв пат ме однес кај неговите дури по 2 и пол години од кога живеевме заедно - можете да замислите каков стрес било за него, тогаш уште не размилсував на овај начин , не сум научена да им судам на лугето, никогаш ништо не ми фалело, и не ни се потрудив да ги продлабочам работите, бидејки тој период свкрвами само работеше, си мислев дека е жртва и цел живот се мачела, на почеток ја засакав од соочуство..

    Тој период и братот на мм и жената живеа со нив, секој пат кога и да дојдеше кај нас свекрвами, главна тема на разговор и беше лошата снашка, во тие моменти почнував да свакам дека нешто не штима, дека утре други ден и за мене така ке зборува..
    По година две и братот и сопругата си заминаа од кај нив, денес веке и јас ја знам другата страна на приказната и сеуште не можам да замислам дека постојат толку злобни луге.

    Да не зборувам за сплетките кои ги правеше од кога се роди синчето, да го сврти мм против мене..
    Како јас не сум и го давала внукот да го види, а замислете кога и да дојдела, ако спиел сум го будела..
    Па, сум ја тргачела за маица да се слечи.. Имено, кога се вратив од болница дојде неколку денови на гости, син ми имаше само недела дена,и дојде од работа (чисти во банка- значи работи со прашина) па најкултурно и реков - Да ти дадам маица чиста, да си го земиш внучето во раце.Фала богу дека нема да дозволам 7 дневно бебе да го држи во маица во која цел ден работела, не знаете како ме погледна и потоа ја исфилува приказната.
    Има многу ваки дешавки, од кои најболни ми се со парите, зашто од кога останав трудна и синчето се роди имало периоди кога за леб сме немале, а моите не да дале - предале, и тоа го правеле од срце секогаш, никогаш не ги давале како позајмици, додека таа еднаш не се јавила да праша деца како сте имате ли за јадење..
    Мајка ми е заглавена со 4000 евра кредит, веке година дена не ги плака ратите, но не дозволува ништо да ни фали, а мм еднаш и побарал позајмица од 500 денари и му ги превтила низ нос дека има сметка за струја да плати не можела да му даде (плата зема колку и мајка ми во банка некои 12000 и приватно оди во неколку стана во месецот и се берат и 20000, а сега веке и пензија од свекор ми зема)
    Мм повеке се осека слободен кога сме во тесно од татко ми да побара, а и тој е под кирии како нас, но никогаш не рекол немам деца и кога немал последни да му биле ке ни ги даел..

    А сега се сетив на една случка, кога дојде ненајавена недела дена на гости, имам пишувано.Многу бевме слаби со пари и мм за да ја угостиме како што треба и побара 2000 денари на заем и тие со триста моленици му ги даде, после тоа ми кажува јатрвата како зборувала пред неа и други луге дека дошла кај нас на гости ,ништо сме немале, многу се испотрошла 2000 денари дала да ни купи за јадење.. :puke: Ејјј за споственото дете се потрошила, а мајка ми кога и да доага на гости цел куфер со јадење носи, оди во маркет ни пазари прдукти за цел месец, само ја молам да не прави така, но неа душата и се полни кога знае дека и кај нас е се како што треба.

    И до ден денес, никогаш ништо не сум и пререкла, никогаш не сум ја навредила, сите исфилувани приказни кои ги правела сум ги прекутила, мм нормално знае се, но си ја знае каква и знае колку е сатот.Не сум човек кој сака расправии, повеке за доброто на мирот сум, преминав преку многу работи, но како врви времето и мене во душата ми прекипува, осекам дека се ближи денот кога ке и кажам се.

    Еве го се ближи роденденот на син ми, мајка ми за цел трошок ми рече да не се секирам, таа ке се погрижи, бидејки знае каква ни е ситуацијата, цела недела уназат прави, спрема, а додека свекрвами не се ни јавила да праша дали нешто на внук и му треба..

    Е затоа ме боли кога ке слушнам како пред луге плачи и вели двајца синови сама ме оставиле, колку ме боли за нив, јас си знам.. сака жртва да глуми пред народот, никогаш во животот никој не ме огорчил толку многу, гневна сум, можеби ке патам цел живот, глава нема да кренам од кирии, но до последен здив ке се борам да му обезбедам што можам повеке на син ми, и да не успееме ние да купиме еден наш дом, знам барем дека ке има во наследство стан од мајка ми,за кој баба ми и дедо ми се мачеле цел живот, печалеле и штеделе за да им овозможат домови и на двете деца - на мајка ми стан и за вујко ми кука..

    За крај едно повторување од поодамна, до снашките кои читаат.
    Вие кои имате свекрви со пошироки свакања и што ви помогнале во животот, ви дале барем еден дом над глава ценете ги, дадете им почитување.
    Кавгите ги имало и ке ги има секаде, но гледајте колку што можете повеке избегнувајте ги за доброто и мирот во домот.
    А тие кои живеат во заеднца и немаат мир подобро поскромно и со помалку пари на раат и под кирија.


    '
    Редактирав во мегувреме дури сум пишела имало нови мислења, ева11 ке те замолам,а верувам и другите ке се согласат со мене кога пишуваш ставај запирки, нови редови, напорно е за читање вака не се разбира.
    ''И до мимииии(излегува дека секогаш те контрам, но верувај не е така, во случајов знам како и е ситуацијата) и останатите кои не се во брак, без да знаете на некој како им е цела ситуација не судете, од два три реда муабет не можи да се долови цела ситуација, ке видите дека од кога ке станете мајки поинаку ке размислувате. МаченцеЕна е во друга држава, сама, нема буквално никој познат и ничија помош и они се подкирии и си знаат како им е, прав грижлив родител, ке се понуди за помош, ке помогне, ке дозволи малдите да прошетаат..
     
    На Annath, ilipili, Forko и 9 други им се допаѓа ова.
  2. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Ме потресе DeMelo со својата исповед.Само храбро,стисни заби,млади ,здрави сте со маж ти,ќе успеете верувам.Знам многу примери кои почнале од ништо,па создале многу.
    Радувај се на своето синче и негувајте си ја љубовта со маж ти.Не вреди да се нервираш,затоа што луѓето не може да ги смениш.
     
    На Annath, Ariel, Moira и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. lepadama

    lepadama Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Ве читам некое време и ми паѓа многу чудно дека вие истите модерни мајки кои живеете во 21 век и постојано се залагате за самостоен живот,зошто упорно и упорни ги вртите вашите мажи контра нивните сопствени мајки?
    Не разбирам зошто очекувате дека некој/а друг/а,треба и е неопходно вам да ви помогне,во случајот тоа би биле свекор/свекрва,со чување деца,финансиска помош и ред други работи.
    Истите тие за кои постојано делите негативни искуства и коментари.
    Па луѓе јас ако немам добри односи со свекрва ми тогаш зошто би и барала помош?
    И не ми е јасно?Вие се мажите,значи свесно се обрзувате на друг живот со двојно повеќе обврски-фамилија,деца,пари,кирии,а постојано имате огромни очекувања,како некој друг да има морална обврска да ги чува вашите деца.
    Јас сум бремена,треба да се породам во март и порано имам напишано дека живееме одделно од свекор ми и свекрва ми.Тие ни купија стан,па зарем треба уште да оќекувам од нив?Зарем и тоа не едоволно што не обезбедија предвреме,спрема мене се ок,така да кога ќе се породам јас не очекувам дека свекрва ми има морална обврска да ми го чува малото.Таа е баба и САМО АКО САКА може да ја почува но под никој случај сигурно дека нема морална обврска кон мене,па да се зароби дома жената и да чува внуци,демек снаата се породи,па ајде нека се зароби жената.
    Си постојат специлајизирани институции за таа намена си има градинки,си има дадилки,па нема потреба јас да ја малтретирам свекрва ми нешто што е за мој ќеф.
    Значи свесно сум донесла одлука дека ќе станам мајка а со тоа и сите обврски околу мајчинството се МОИ а не на свекор ми или на свекрва ми.Тие си ја исполниле својата родителска обврска спрема нивните деца,а на моето дете тие ќе му бидат БАБА и ДЕДО ,а не МАЈКА и ТАТКО.
    Поздрав и секое добро.
    АМ треба малку и СТОП во некои ситуации затоа што никој нема обврска да се грижи за мене и моето потомство.
     
    На Mimi123, SexiLy, midnight.flower и 7 други им се допаѓа ова.
  4. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    До некаде си во право али до некаде и не.
    Кај мене веке се големи и помош не ми треба ама како бебиња кога беа немав помош никаква Не барам јас да ја чува него 10 минути само да се истуширам пошто мојата цуца од24 часа 22беше на цицка обесена.
    Ако се водиме по ова твое мислење тогаш и кога ке остарат немаме обврска да ги чуваме и гледаме.
    Во мојов случај живеам во стан даден од мајка ми и татко ми и јас се осекам должна за утре кога ке остарат да ги подгледнам а за свекорот и свекрвата не се осекам воопшто должна,бидејки после 7 години не избркаа од нивната кука ,така да се е релативно и се зависи од човек до човек
     
    На Anyshka и midnight.flower им се допаѓа ова.
  5. MrsH

    MrsH Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    134
    I jas se slozuvam so Lepadama. Pa ne mozam da razberam bre da sedam nekapena zatoa sto svekrvami ne sakala da go pricuva bebeto?!? :x Sami sme so mm tuka nikakva promos od nikoj nemame , do pred 3-4 meseci toj rabotese vo drug grad a jas po dve nedeli sama so 4 iPol godisno dete I 8-9 mesec no bebe. Pa sama gotveneje , cistenje, sve okolu decata, nonsense na uciliste zemanje, pa dvajcata nastinaja pa po doktori I bolnici, pa temperaturi po cla nok a vo megu vreme I jas se razblolev I jas so temperatura. A nekoj ne mozel da se izbanja ako Nema koj da I go pricuva bebeto? I sega svekrvite se krivi ?
     
    На lepadama му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Демело јас никаде не ја осудив Маченце Ена , од каде сега ова ?
    Само и кажав да не се замара оти најважно е никој да не им се меша во бракот . Секако дека е убаво да се има помош ама ако се нема се може и сам , ако свекрвата не сака да развива пријателски однос со снаата што сега со сила ли ? Нормално може и паѓа тешко ама барем си нема маки на главата од сплетки ( барем по ова што прочитав ) . Сега видов дека живее во Германија , не знам колку време фамилијата на мажот и и е таму може попримиле од менталитетот таму - секој за себе ...
    Не гледам некој проблем тука , може сака да се пожали само , ама според мене најбитно е никој да не им се меша во бракот . А дали бабата ќе ги гледа внуците па тоа си е нејзин проблем и верувам дека ќе се кае кога ќе остари ...

    Инаку го прочитав твојот пост , и најмногу ми падна жал за маж ти , сигурно е многу тешко родител да не верува во твоите способности и да не се потруди да ги реализираш истите :(
    Верувам дека со време ќе успеете да застанете цврсто на нозе и нема да ви биде потребна ничија помош и сето ова ќе биде зад вас :)
     
    На midnight.flower му/ѝ се допаѓа ова.
  7. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    Морам да се вмешам тука
    И јас сум моментално сама маж ми е на пат и не е дома по 3-6 месеци децата ми се големки али тоа не значи дека нема грижа околу нив.
    Значи сама се грижам за нив и сама живеам.
    Едно носам во градинка друго испракам на училиште,едното го земам од градинка па другото го преечекувам од училиште, у мегувреме се домашните обврски перење,пеглање,појадок,ручек,пазарење пишување домашноа немаш појма колку многу им задаваат сл
    Во мегувреме двете ми фатија сипаница па двете одма фатија грло со воспалени уши па се средив сама и не побарав помош оти реално не ми требаше.
    Сега нити ми треба помош нити барам.Зборот ми беше друго велиш дека ти е несватливо како седиме и ги чекаме свекрвите за да се избањаме.
    Конктретно за мене ке зборувам ,(ова не е сега ова е кога керка ми беше бебе)
    Како да одам да се истуширам или измочам кога керка ми од 24 часа 22 беше на цицка обесена значи ја тргаш од цицка и она вришти,да спие би отишла на 5 минути еден туш ама спиеше веке сабајлето кај 4-5 до кај 6-7 е тоа беше спиење на што туку родено бебе
    Бар маж ми да беше до мене подруго ке беше ама не бидејки одеше на работа во две фирми во едната 1 смена ,во другата 2смена и испаѓаше во 6 наутро си доаѓаше во 10 вечерта јадеше и право во кревет мораше така бидејки во едната фирма не земаа плата по 9 месеци.Имав бебе штотуку родено кое не се симнуваше од цицка и имав 4годишно дете кое треба да му зготвиш да појаде или да му купиш леб а како кога оваа малава од цицка не се вадеше
    И сеуште мислиш дека ние од кеф така сакаме да ги чекаме свекрвите да ни помагаат????
    И де кажи ти да си на мое место како би отишла да се истушираш или во вц у ваква ситуација????
     
  8. anule88

    anule88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    214
    Можам буквално да те сватам како ти е и тебе и на мм затоа што и кај мене е еден таков сличен случај а исто така се соживувам и со лолита!
    и кај мене свекрвами се прави жртва за нејзиниот син што толку многу го сакаше што дојде ред како што имав еднаш пишано јас бев кај мојте: таа ни за јадење не го имаше прашано, дури и алиштата од машина му ги извади оти таа си го купи прашокот за перење (како што имаше некој претходно пишувано дека ние ги караме синовите од мајките, не туку тие сами си гледаат какви се они веќе мм крена раце од неа и тоа одамна) и да имам слична ситуација со ДЕМЕЛО што и кај мене уште не му обезбедиле кров на главата на син им и тоа што е единец мислам машко инаку имам и золва т.е тие си немаат ни за нив обезбедено свекорми се суди со брат му за куката на мајкаму и таткому оти небеше поделена, така да иако живееме во таа куќа и тоа во две соби од која едната сега ние, едната свекорми свекрвами и купатило и вц долу во визба и треба да излезиш надвор за да одиш таму и ми беше муабетот дека и они работеле и ко можеле да му обезбедат на синот тие т.е свекорми си ги слушал мама, тато, бато и во ред ете си ја сака куќата т.е дел од куката оти треба нормално да се подели пола пола што пак со тој дел ко се само две соби што би правеле, а мојата свекрва му викала на мм ко ке се жениш ке ти плаќам јас кирија само тука да не седиш да не се мачите како јас, а сега се дели од нас вика она зимала со свекорми 28000, а мм 8000 па да видела дали ке не биде иначе мојте многу ми помагаат имав и предходно пишувано и тоа околу јадење, финансиски ако сме им побарале како во декември месец побарав дури за контрола пари, икако имаат кредити за плаќање, а свекорми и свекрвами не не имаат ни прашано имате немате или било како свеки во се не подели исто како и на лолита нашите тањири за миење ги тргаше настрана па сега јас си ги мијам само мојте, си готвам само за нас, полиците во фрижидерот ни се поделени, машина си пуштаме посебно и се буквално си имаме посебно. А и ете ми се ближи крајот за пораѓај мојте веќе ми подкупија нешто за малото, а тие не, а ниту имаат прашано пример како бааб и дедо да му поткупат нешто како што им купиле на малите од золвами така и на малото од синот не бе ништо! :x
    И така ми вика вчера свекорми, а знам беше пуштен од свекрвами оти со неа сме ич во комуникација, а сепак вистина, има ми вика вода топла на шпорето стално, а ти топлиш на електричното па штедете малку, а јас за да стигнам до тоа шпоре треба да ги станувам нив за да ја земам водата и плус таа ми требаше од сабајле а тогаш беше и запалено шпорето, а притоа не комуницирам за да им речам потргнетесе а и свекорми ко ке е свеки во присуство незборува со нас, а јас кутра од сабајле ни кафе ниту чај си варам, ни топлам, а тие по три пати кафе пијат а мене ми викаат штеди што ке стоплам малку вода ми требаше за чистење а и гости ко ке ми дојдат си варам на плинско ама тоа ти е се им смета
     
  9. MrsH

    MrsH Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    134
    Ева 11 Дека 22 саати си доела не можам да сфатам и се надевам дека не го велиш буквално зашто бебето било на града толку заради комфорт а не гладно ама и да оставиш бебе да поплачи 5 минути додека се тушираш нема гајле така да бебето не е причина. И самата велиш све сама си правела како и јас од работа низ дома до деца и све со ред. А дека некој треба да ми го однеси и земи детето од училиште и да ми го чува бебето да зготвам нешто тоа :swear: И на крај свекрва ми е лоша :clap:
     
    На lepadama му/ѝ се допаѓа ова.
  10. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    Значи сакаш верувај сакаш не вистински 22 саати беше на циката обесена,а добро напредуваше 1200 грама се се мислев да не е гладна и така теравме 2 месеци
    Само на града и спиење таму по 5-10 минути како зајак ако ја извадис од цицката она вреснува и само таму е мирна
    После2 месец што ке изцица изцица 15 минути после+ад млеко 30-50 мл и детево се утепа од спиење друга песна беше
    За да ја оставам 5 минути и да се истуширам беше неизводливо бидејки купатило немав горе кај со седев беше доле кај старите значи додека се симеш и качиш поминале 5 минути
    Сега ми се големи и уопште не ми е тешко со нив само сакав да ти опишам дека стварно ми беше напорно али помина сето тоа и со свекрва ми сум во добри односи
    Дека чекам некој да ги земе или однесе од градинка или школо незнам од кај си дошла до таков заклучок кога само пишав дека ги разносувам по цел ден однеси земи испрати прецекај не реков дека сакам некој да ми ги расправа нема потреба возам имам кола и си средувам се сама
     
  11. MrsH

    MrsH Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    134
    Ева 11 јас не кажував за тебе дека чекаш нешто од некој :). Има некои луге на темава кои се жалат а други кои сочувствуваат со првите зошто не им ги чувале децата да се искапат или да зготват како таа да е обврска на свекрвата и уште јавно кажуваат " ме изнервира оти си бркаше нејзини работи а не ми ги чува децава"
     
    На midnight.flower му/ѝ се допаѓа ова.
  12. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Значи не е до свекрвите.До лугето е. ;)
    Меките луге на постари години уште повеке омекнуваат, острите луге на стари години се уште поостри.
    Тебе мила лепадамо со ваков став можам да те замислам каква свекрва ке бидеш, извини ме на искреноста.Поготово ми е интересно што се уште не си мајка, рана ти е зимата, а си зазела ваков став,а и тие што се согласуваат со тебе, се уште не се мајки. :wasntme:
    Како тебе што ти е обврска да се грижиш за твоето потомството, така и на свекорот и свекрвата им е обврска да се грижат за своето потомство, без разилка дали се работи за син, внуче, но кој колку има инстикт и желба е тоа драга, е веке друга работа.
    Контрадикторна ми си и несватлива, не си ја раздлабочила добро работата, тие негативни искуства направиле да се нема добар однос, зашто морална обврска на секој родител му е да го израсне своето дете, да го школува и му пружи еден топол дом над глава, дете не е да го родиш и да го фрлиш на буниште само да се снаога.
    Читам вашите свекор и свекрва ви овозможиле стан, браво за нив, но ти не се трудиш да продлабочиш малку една потешка страна.
    Тоа се идеални услови, да се разбереме, не секој го може тоа, но да се има желба да се помогне, да се подаде рака кога се може тоа не е многу. :!:
    Тоа што сме одлучиле да станеме мајки не значи дека никогаш понатаму во животот не би сакале да имаме малку време за себе, секоја мајка сака од време на време да излези на едно кафе со пријателките, да излези на вечера со сопругот,а тие баба и дедо кои имаат основни чуства и инстикти се СВЕСНИ за се ова и сами би се понудлие - "деца донесете ги внучината, одете, излезете, нашето време за нокно шетање помина, нас сега ни време да се радуваме на внучина..."
    А тие специјализирани установи, дадилки кои ти ги спомнуваш во Македонијава се само фантазија, зошто овде 90% од лугето не можат да си ги дозволат.
    Така лепадама, се надевам животот нема да ти удри шамар да ја видиш другата страна на приказната, не се работите толку едноставни и еднолични, ни па дволични, многу покомплициран е животот.

    И би искоментирала за случајот на Лолита, за кој кренавте галама, без да знаете ничија ситуација не судете пак ке речам, зашто овде судии еден куп читам, ситуација во два три реда муабет, не може да се долови.
    И јас сум сама и мојата коса веке наредниот ден е мрсна, чекам да дојде 12 сат да заспие син ми, да си ја измијам косата, а кога би живеела во заеднаца не гледам зошто би бил толкав проблем свекрвата да си поигра со внучето ДУРИ ГО ПИЕ КАФЕТО, да не морам во 12 сатот навечер да бучам со фенови и мажот ми да ме види средена преку ден, а не да заспие дури јас се доведам во ред (како што е многу чест случај кај мене :tmi: :D )
     
    На Anyshka, lolyta777, Forko и 2 други им се допаѓа ова.
  13. MrsH

    MrsH Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    134
    KoГа веќе го спомна случајот ма Лолита прочитај убаво и коментирајќи. Лолита кажа дека не можи да носи дете на училиште зашто нема кој да и го чува бебето , а од како ке го испрати детето на училиште си лежи додека бебето спие :!: Зарем е невозможно таа да си се избања додека бебето и спие? Ама таа сака да си лежи до 9-10 саатот е после свекрва и е крива зошто таа не е истуширана? Или свелор и е крив ако не го почува бебето за таа да зготви? :x Знам колку е тешко зашто без никаква помош од никој две деца и кука гледам а и на работа ке почнам за 2 недели и затоа бев пресреќна кога другарка ми ми понуди да го однесам едно дете кај неа на сред нок за друго да носам на болница . Не дојде до тоа бев на болница дење ама муабетот ми е и тоа го сметам за огромна помош а не да изигравам дама из лондона ако нема кој да ми го чува бебето не носам дете на училиште :x

    А за ти што чекаш 12 навечер за да заспиеш дете и да се тушираш твој проблем а според мене дете не би требало да седи развудено до полнок за утрото и јас да си лежам до 10 саат и да се лутам на свекрва ми ако не го почува бебето да се истуширам !
     
  14. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Значи од вакви искомплексирани луге што лечат фрустрации :puke:
    Јас добро читам и но ти, очигледно не.
    Ако е мој проблем, тогаш која си ти овде да судиш кој своето дете кога да го легнува, од каде ти знаеш кој овде кога легнува и кога станува?!Каков му е начинот на живот и секојдневието?!

    За што пишуваш во темава, за да судиш нејчи живот или да дадеш некој паметен и корисен совет, м? :^)
    Или си лечиш фрустрации и искомлексираност. :talk:
    Женска најди си хоби и олабави малку.

    И те молам веке не ми се обракај.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MrsH

    MrsH Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    134
    Ти жено ти фали нешто или шо е работата ? Незнам кој како лечи фрустрации ама едноставно ако не си способна не раѓај деца бре ! А не само роди деца и после свекрва ми ме нервира не можам да ја поднесам зошто ? Дека не ми ги гледа децата :fubar:
     
    На lepadama му/ѝ се допаѓа ова.
  16. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    И не ти е срам после ова што го изнапиша??? Значи ти ќе бидеш свекрва и пол, јадна снаа што ќе ти се падне... :x
     
    На Anyshka, Annath, DeMelo и 4 други им се допаѓа ова.
  17. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
     
  18. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Воопшто не се согласувам со болдираново.Под кирија би отишла само и само доколку имам доволно средства за да ја плаќам истата ,а во исто време и да живеам солидно,значи да не треба на секое одење во продавница да доживувам инфаркт од тоа колку ќе биде сметката и дали ќе имам пари за останатите денови во месецот.Ниту еден мир нема да ми ја надокнади несреќата и тагата кога на моето дете ќе треба да му речам дека не можам нешто да му купам затоа што немам пари,па макар тоа било и нешто небитно,на пример чоколадо.Можеби тогаш ќе немам нервози со свекор и свекрва ,но ќе имам секирации за детето,за неговите потреби кои нема да можам да ги задоволам.Јас порадо би живеела (и сум живеела) во една соба во заедница со свекор,свекрва и девер,но детето секогаш ми било среќно и никогаш не било страдно за нешто.Ниту една постапка или нервоза од свекор/свекрва не може/ло да ми ја расипе мојата среќа кога знам дека детето ми е сито и подмирено со се.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Интересно е тоа што за ова што би избрале меѓу одење под кирија/трпење на малтретирање и понижување од семејството на сопругот има навистина многу поделени ставови бидејќи и на едново и на другово снаите се одлучуваат бранејќи интереси кои и во двата случаи се оправдани. А кои интереси ќе се бранат, зависи најмногу од нечии лични приоритети кои и доаѓањето на нов член во семејството значително знае да ги смени.

    Иако јас не размислувам така, затоа и се'уште со страв размислувам по прашање проширување на семејството, се воодушевувам од оние кои се способни да претргаат се' за удобноста нивна и на нивното дете пред се'.

    Мене пак главен приоритет ми е мирот, душевниот мир, пред се'. Исто и на мм. Од тој аспект се согласуваме. Можеби на тој мир му припишувам и поголемо значење од потребното, но сепак...тоа сум јас. И јас не би трпела некојаси таму со која НЕМАМ ништо, брак имам склучено со нејзиниот син да соли и бибери и кога треба и кога не треба. Не ме носела 9 месеци мајка ми и стрепела над секој мој здив за некоја неотесана да се изживува со мене. Затоа и заминавме од заедницата, заради тој душевен мир, кој не беше толку нарушен но сепак подобро да се спречи отколку да се лечи, а и веќе бевме на возраст на која не беше лошо да почнеме да се учиме самите да летаме и да излеземе од гнездото. Подобро што со убаво се испративме. Почнавме под кирија, сега отплаќаме кредити, кога-тогаш ќе ги отплатиме, не е лесно, требаат жртви, но истите и те како ќе се исплатат ако еден ден добиеме дете.

    Затоа што такви долгови да отплаќаш со дете во рацете кое има потреба од се' и сешто е уште потешко. Барем се обидуваме да створиме нешто и полесна е таквата борба без стресови и расправии, дефинитивно. Не треба да се потценува влијанието на стресот врз здравјето. Еднаш оф, двапати, трипати и оп по болници. Ем терет на самите себеси, ем на другите.
     
    На mimiiiii и anule88 им се допаѓа ова.
  20. lepadama

    lepadama Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    DeMelo значи те читам скоро во секоја тема и секоја која ќе напише спротивно мислење од твоето е ненормална така?:
    Значи мора со сите да се караш.Ако ти си исфрустрирана од твојот живот немој овде да си лечиш комплекси,а поготово немој да се мислиш каква ќе бидам јас кога ќе се породам или кога ќе остарам.
    Прво не ти доликува заради тоа што си МАЈКА овде да се служиш со толку негативни зборови и на сите кои не мислат како тебе да им се правиш најпаметна како ти да си единствена која е мажена и единствена која има дете.
    А кога јас коментирав на оваа тема мислам дека никаде не те споменав тебе,туку ти од никаде сама си се каниш и се караш.Те заприметив и во 100 други теми дека уживаш да се караш.
    Жено ај не се замарај со мене ,те молам,нути те споменав тебе,ако сакаш да се караш тоа е твој проблем не мој.
    А и што воопшто се замарате со свекрвите мене тоа не ми е јасно? ОД која мака свекрва ми треба да нема свој живот заради ако јас станам мајка?
    Зарем нејзините родителски должности се однесуваат и на моето дете?
    Јас кажав дека свекрва ми АКО сама изрази желба да ми го чува бебето и тоа не секој ден и секогаш е нејзина желба,а доколку не сака тоа е исто така нејзина желба и јас треба да ја почитувам,.
    А ако толку ви се шета,па свекрвите ви се виновни и мора да ви ги чуваат децата а вие да одите на забави,тоа веќе е ваш проблем,бидејќи сигурно нема да очекувам свекрва ми или мајка ми да ми го чуваат бебето а јас да фурам по нокни клубови и да изигравам супер грижлива мајка.