Никој не треба да ти каже за твое дете. Ама ти веќе си дозволила детето да спие со бабата а не со тебе, па оттука секој може се да ти рече. Лабилна си. Свекрва ти треба да ти го донесе детето и да ти го остави да си го чуваш. Твое е. Ако е ладно, стопли му. Нека спие бабата у ладно. Или фрли една јамболија плус.
Детето треба да спие во свое креветче или со родителите, ќерка ти ја роди баба и или нас тука нешто не ни е јасно??
Јас се уште не сфатив што има врска што спие детето со бабата? Наместо да речете фала богу на внучето убаво му е со баба, вас пак не ви чини. Ретко кое внуче во темава има контакт со баба. Ќе се сеќава по убаво на својата баба. Па ние зарем не сме спиеле со бабите? Нормално теткава рекла ете за да не ја удри бабата ама па што има да се меша и да доаѓа досаѓа секој ден, не членкава и прекипало што е секој ден тука и и засметало и тоа што го рекла.
Озбилно? Никој не спие скроз мирно. И дете мрда,прета и клоца,а и возрасен.Ќе се померуваат и ќе се удрат една со друга. Не дај Боже,детето или бабата ќе падне од кревет и скрши дел од тело или повреди глава.А,бабата во случајов,има скршена нога. Ене,и @Осе спомна,не е безбедно ни за детето,може во гипсот да се удри. И не го родила бабата,туку мајката.
Еднаш, два пати да преспие дете со баба ок, ама месец дена или цело време, не никако. И јас сум сега со мало бебче, кое се буди за цице. Свекрва ми се понуди да спие ќерка ми таму, ама не сакам. Два пати спиеше со неа кога фатив мастит, од кревет не можев да станам. Мм беше со бебето и мене ми помагаше. Цело време бев ко на трње,не можам така. Исто свекрва ми е со парно и е мн потопло од кај нас, но ни крај памет не ми било да ја пратам кај неа на спиење преку зима. Искрено ќерка ми да не сака да спие со мене, би се преиспитала убаво кај грешам...
Абе и јас сум од источна Македонија, и мојата свекрва спомна дека ќерка ми ќе спиела кај неа ( и ние сме во иста куќа различни спратови) јас фино лепо и кажав нема шанси. Не спие ни до мене, а сигурно нема да спие со неа, си има креветче за спиење. Некни па ми кажува да не одела на работа да ја чувала ќерка ми, ( 4 месеци е) и тука ја пресеков и реков чување баби нема шанси, ако треба некој да не оди на работа да чува детето тоа е мајката, не бабите. Има градинки. А недај боже и мм да ми рече долу да спие моето дете или да не оди во градинка да го чува свекрвата ќе си земам и дете и ствари и си одам од тука.
Kako e toa so sila ja vrzuvase za krevatot?? Инаку обете мои баби беа на километри оддалечени. Сум спиела кај нив ама со нив никогаш. Бебето со мене да спие го ставив на 8 месеци прв пат.А сега некој да ми рече без мене да ја пратам кај мајка ми очи ќе му извадам . Patem @Meckicja tisi sovrsena snaa za mojava svekrva doj ziti se nekoj den izraduvaj ja vo zivoto
Аман те бе луѓе... Со баба му спие, не спие со комшијата. Многу ми сте чудни... Пишав веќе јас сум дете шо спиело со баба, оти така сакало. И? Шо е лошото, ич не сфаќам? Сенкир заборајв која ми е мајка. Плус се изнервирала оти и' го расплакале детето, а не за тоа кај да спие. Вас некој да ви го расплачи детето, сигурна сум дека очите ќе му ги ископате.
Вајлд, и јас сум спиела со баба ми. И до поголемка спиев и убаво ми беше. Моите и двајцата одеа 3ти смени во исто време и мораше така. Немало друг начин. Ама никогаш не сум плачела кога ме земаат за дома да си спијам. И сум спиела кога требало, а не постојано. Значи не е во ред постојано да спие, а не повремено. Не е исто. Јас со мерак спиев кај баба ми, ама исто со мерак чекав и да дојдат да ме земат и дома да си спијам. Кога е 3та смена ајде спиело... Ама не може секоја вечер, не треба едноставно. Ни за детето е убаво, па плус и свекрва и свекор и се стари луѓе, зошто со дете да се оправаат кога родителите му се дома?
Мене дефинитивно ништо не ми е јасно Добро ова обичај ли е некој, мене стварно не ми е јасно? Јас од кога памтам за себе сум спиела во сопствен кревет, освен еднаш се преплашив нешто и спиев со моите на спална. Не разбирам, зошто мора да спие со мајка или со баба во ист кревет?
Во иста куќа живеат со бабата. Исто и ние. Во иста куќа живеевме. Врата-до врата беа собите. И спиев еден период од година дена, од прилика. Не оти мораше, туку оти јас сакав. Мала бев ептен и ми го праеја ќефот. И сеуште не гледам никаков проблем...
Мене ме оставаа цела недела во село кај баба и дедо, ама никогаш не сум спиела во ист кревет со нив. Еднаш свекрва ми ја праша поголемата да спиеле заедно и демек се договорија за викендот. Кога се качивме горе, дете почна да плаче, не сакала таму да спие
Баба и дедо не спиеја во иста соба, откако татко ми се оженил 'Оти срамота било од снаата'. Баба ми спиеше на спална, дедо ми на кревет, во друга соба. И убо ми беше на спална да се ширам. Иначе во еден кревет со брат ми спиевме и ме клоцаше цело време и ме туркаше од кревет До 11 години спиев во ист кревет со брат ми. Тој имаше 9. Тие беа условите. Ај сега да слушнам и за ова дека 'не чини'.
Човек, ова е многу мало дете и така е навикнато. Многу разбира тоа што сака, туку навика му е. И не, не е баш многу нормално да ја преферира бабата од мајката.
Ама,може да настане проблем. А,што ако детето или бабата боледува од астма и/или има алергија на прашина и/или алергија на полен? Не е добро колку и да е човек внимателен.Има ризици.
Па мало бев и јас... реков 5-6 години, може и помалку. И не ми стана навика. Ми се здосади и си се вратив кај шо си спиев. Дете... се' можи да му прдни. Пример?
Дете, пример 6/7 години да изрази желба да спие долу или кај мојте на една вечер ќе и дозволам. Ама дете од година ( како што мојава свекрва вели уште малку да направи 5/6 месеци и ќе си спие со баба, ќе се гушкаме ) или 2/3 години му е местото со родителите. Ако сум јас 3та има татко. А да се секирам оти детето не може да спие со баба му . Епа ако не си способен и немаш услови за тоа дете да го чуваш требало да мислиш пред да го родиш.