Аха... 1978ма сум родена. Во 'мое време', сите живееја заедно со свекрвите. После направија моите куќа од 300 квадрати. Сами. Не со мајстори. И рековме за дете кое разбира. На 4-5-6 разбираш. Нејзиното има 1-2 години?
Не си замислуваше баба ми дека ми е мајка. Напротив. и јас не заборавив која ми е мајка. Нејзе ја барав кога имав мака. Иако по цел ден дури беа на работа, со баба бев. Никогаш во градинка не сме оделе, оти имаше кој да не чува.
Ние сме живееле на еден спрат, баба ми и дедо ми, чичко ми и стрина ми и три деца и татко ми и мајка ми и три деца. Не верувам дека се знаело кој со кого спие ама никој не искршил рака нога на никој при спиење. Со тек на време се одделиле ама во почетокот така било. Сепак подобро што не родиле без услови, услови се створиле, а ако чекале услови сега ќе сум имала 7-8 години допрва. Се живееше порано во заедница ама сега не се живее, јас и од маж и деца ми треба пауза да не се дома, а камоли свекрва секој ден да ми се мота. Кои сме ние да кажуваме детето со кого да спие? Оставете го на раат да си спие со бабата. Сепак таа љубов баба внуче е посебна. Нема да спие цел живот, на пет ќе посака само да спие може. Да се кршеа така раце и нозе и заборавив што се друго спомнавте сите ќе бевме со скршени раце и нозе до сега. И бебе и дете треба само да спие во креветче, бебе во иста соба со родителите, дете во посебна, ама не е до толку трагично ако не е така.
Јас не зборев за тебе, додуша не ни читав последни три страни и не знам што си пишала. Зборев за случајот на @Meckicja
@WildMk Па и јас реков доколку би изразила желба ќерка ми на 6/7 години ќе и дозволам ( и јас сум во иста куќа со свекрва ми ). А како што сака свекрва ми сега, 4 месеци ми е бебето тоа според мене е ненормално. @Celltica па не е обичај јас никогаш немам спиено со баба ми.
Веќе и' била скршена ногата на жената Исто и на баба ми, баш тој период кога спиев со нејзе, рака скрши зимата. И го памтам делот кај шо рикам за да спијам со нејзе, додека ме убедуваа моите да си спијам в кревет за да не ја удирам по рака. Рикав-рикав и ми попуштија. После ми помина меракот...
2 има, а верувам дека ситуацијата не е од вчера така по тоа што ја имам читано членката. @gjoker4e, ти од кога толку мирољубиво настапуваш на темава? Оти твоето дете не го остави да спие со свекрва ти, туку и ти побегна подалеку од неа???
Се' што можам да заклучам од темава е, дека многу се осудувате едни со други. Многу... Не ја знаеме сечија приказна во детали. Не ги знаеме сите страни. Не живеме со нив па да ги знаеме. Мајки ги пуштаат по еден месец на одмор децата со баби и дедовци. тогаш со кој спијат тие деца? или така помодерно звучи? Дека на одмор де...
Еве да речиме дека не е страшно тоа шо спие со бабата постојано Ама да треба да го присилуваат моето дете да спие со мене кажува многу каков родител сум.
@WildMk Не живеам во нејзина куќа, туку живееме во иста куќа моментално. Ништо не ми е подарок без гајле. И јас сум способна и имам услови да си ја чувам ќерка ми .
Имаш ку*ац. Ама многу сакате за други да кажвате. Јас живеам башка од свекрва ми откако се омажив. И ич немаше да ми смета, да сакаше ќерка ми да спие та и со нејзе, та и со мајка ми во Битола. ама моево е фластер залепен за нас.
Ништо не кажува, вервај ме. Децата се со 'лунки'. Мали се. го истражуваат светот. Имаат триста фази. Денес ќе сака така, по некој месец, друго ќе му текни.
Се гледа агресијата кај поединки кога почнуваат да копаат мислења од сосем други теми и да ги вметнуваат тука. Ваљда до толку се без живот. Истите вреѓаат страшно многу. Жално.
На членкава не и смета што детето спие со свекрвата. Ако ти смета не спие со свекрвата, ако не ти смета спие со свекрвата. Не знам што е тука нејасно.
Ама и со комшијата да спие шо се вели е ок ама еднаш на два месеци рецимо и не ко ќе има скршена нога. Најсериозно носев гипс на рака и во спиење сама се акнав и имав модрица во фацата една недела ко бокс некој да ми лупнал , замисли дете како мрда во спиење. Ама пак то се 7 дена ,а не цела година (зима де ) Е за ова да. И то дека таа тетката не е за да кажи не е. Ама и членката ако вече сака додека е арна бабата да ги остава нека ги остава ама за со скршеница реално треба да има осет. Е сега мојава свекрва ничим изазвана знај да кажува зависам упте пред прв саат да ја чува , замисли за два години ќе биди ми ја изгледала иако (се надевам) три месеци ќе се. А замисли нејзе нејзината што се ќе и зборува. И да не се лажиме дека нема !
Ова е веќе друго, а не да кажуваш љубов баба-внуче како се развива и одржува . Ако веќе кажуваш дека е добро нештото, треба да си го практикувал со сопственото дете. За туѓи лесно е да паметуваме.