Ете баш то го пишав за мене. ај трет пат: Баба ми ја скрши раката, баш тој период кога бев во филм да спијам со нејзе. Моите ме молеа-ме колеа да си спијам в кревет, јас рикав ко магаре, дури не ми рекоа сите тројца: Добро. Само за да се затнам. Не требаше ни мене да ми попуштат, ама ми попуштија. Иначе во право си дека не чинеше да ја удирам по раката. Ама ете... се стори.
Ама јас се разбирам тоа е дете ама јас како родител треба да поставам граници. Фактот шо она не гледа проблем кај себе туку кај тетката ме остави без зборови.
Јас ја сфатив дека се изнервирала оти и' го расплакале детето. Тргам по мене... Уједав некој ако ми ја расплачеше! Без разлика дали сум во право или не во моментот. Детето плачи и се' запира тука! И то тргам по мене. Дете бев, не разбирав.
Не е убаво толку по г'з да им се иде на деца, некад ок е да поплачат. Во животот никој нема да ги пази да не плачат ако не е по нивно. Твоето е пораснато, а и знам дека нема да ми припаѓаш навредена на оваа тема, затоа ти реплицирам Другите мајки не зборам за вас
Еее... и јас знам дека не треба. ама умот не ми соработва со емоциите.. Така и мене ми попуштаја и сега “си ги плаќам греојте“ за се' шо му праев на моите Така си оди то...
Вајлд не е така, се работи за мало дете што има потреба од мајка му, а детето е повеќе приврзано за бабата отколку за мајката, и тоа е проблем верувај ми. Еве и јас сум спиела со баба ми затоа што немавме услови кога живеевме сите заедно и тоа уште од малечка од 2год, плус баба не чуваше не одевме во градинка, мајка ми постојано беше на работа, и после како растев повеќе бев приврзана за баба ми, отколку кон мајка ми. Памтам една случка бев може 4-5 год, и мајка ми сакаше да ме бања, а јас излегов од купатило и бегав зошто не сакав она да ме бања туку баба ми, и пиштев на цел глас и викав 'бегај не те сакам тебе, сакам баба да ме бања'. И сега знам дека и било тешко тогаш, сме правеле муабет, и мене ми е криво многу ама сум била дете и не сум разбирала ништо. Истиот случај ќе го има и @Meckicja ако вака продолжи детето да е цело време со баба му.
Добро де, можно е некое да се приврзи, ама не значи дека сите ќе се приврзат. Еве јас пак ја барав мајка ми за се'.
Пак да се цитирам: Од овие ситуации може да настанат проблеми. Додека сонуваме,немаме контрола.Не може да лежиме мирно како кога сме будни. Што ако удриш некој во око? Или ако го бутнеш? Ако детето се плаши да е само во соба,има решение.Возрасната личност да спие во истата соба,ама на друг кревет,а ако нема уште еден кревет таму,да се стави душек на подот.И детето да почне да се учи да спие само. Како ќе се научи детето да биде независен возрасен ако од најрана возраст не е учено дека мама,баба и останатите нема да можат да бидат до него 24/7?
Зошто тешко? Само не сака некоја да ѝ го ремети раатот. Тоа не значи дека ќе биде лоша свекрва. И за свекрвата и за снаата е поарно да не живеат во ист дом.
Ne e celo vreme jas sum doma sega oti nema koj sega zasega koj da ja cuva pocnav so rab ama morav da si sednam doma sega ponatamu zdravje boze pak ke rabotam ama sega zasega ne
За отприлика месец треба да се породам. Еднаш во муабет дека имало резерва креветче од внукот, мм и золвата викаат ами да го ставиме во собата кај старите, секако бабата најмногу ќе го чува бебето. Викам бебето ко ќе ми заврши породилното ќе си оди в градинка. И двајцата не рекоа ништо повеќе на темата. Прво јас не сакам да го одгледува оти не ми е баш сигурна опција во поглед на одржување на хигиената. Второ, има 70 години и некои поситни обврски ги коментира дека и сметаат па замисли цел ден да треба да чува бебе од неполна година. Трето, сакам што е можно помалку да зависам од услугите на некој. Оти како и да е ќе има коментари од бабата како и е тешко да гледа бебе. И тоа најчесто се коментира пред други а не пред родителите на детето. Така да јас не би го оставала за чување ниту пак за спиење со бабата. Ок е некогаш за потреба некој друг освен родителите да го почува детето кратко, ама не цело време чувањето на децата да биде туѓа обврска.
Најдобро да си се изјасниш пред сите твојот став во врска со чување на бебето за после да ти биде мирна главата, најпрво со мт, а после со другите. Креветче во собата на свекрвата, божеее.. Не можам да се начудам..
Изјаснета сум неколку пати во разговор до сега со аргументи зошто не. И до сега немало противење од негова страна. Другите можат да си кажуваат за кај нив.
А како бабата најмногу ќе го чува, по која логика се водат? Според мене родителите се тие што да си го чуваат детето, гледаат, воспитуваат... членовите од поширокото семејство ( баби, дедовци, тетка, вујко, чичко... ) ако сакаат можат да помогнат околу детето доколку има потреба.
Не е проблемот што детето спиело со баба и (мада овде се збори за константно спиење што искрено ми е малку чудничко) туку што членката како таква нема совест да види дека бабата е со скршена нога и дека треба да му рече она на детето да спие со нејзе или во креветче што и да е а не со бабата на која што ако детето сака да оди да моча на пример ќе и биде проблем и мака да стане а што кога некој по совесен од неа ќе го каже тоа се лути бидејки детето и го расплакале, па дете е кажи му не за бомбона ќе се расплаче. не знам тоа е мој став и мислење што секако не мора да се точни.
Стариве и пред умирање да се ќе се налутат ако не им го оставиш тие да го чуваат детето кога ќе тргнеш на работа. Не дај Боже да го носиш во градинка. Ем не можат да ги гледаат како што треба, ем се лутат ако не го оставиш со нив и уште што викаш ќе зборуваат како им е тешко. Ко еднаш мојава ко искоментира дека во странство на нејзина блиска синот и снаата и плаќале месечно зошто им го чувала детето. Муабетот и беше демек и ние треба неа да и плаќаме.
Веројатно по логиката дека одам двократно на работа. Ама затоа пак има градинки. Стварно не се во години кога можат да гледаат деца. Свекрвата гледала внук, ама пред 25 години, кога била 45 години. Ама и помлади да се, не сакам да го чуваат. И по прашањето на готвење имаше понуда таа да готви за сите, ама ја одбив со образложение дека сакам сама да си ги завршувам обврските. Можеби е потешко така ама пак е послатко.
А живееш башка уште одкога си омажена, зошто? Зошто они ви го дале станот. Иначе и ти ќе си имала услови, к*рац. И јас имам снаа што син и буквално спие со баба му (свекрва и) веќе 3 години. Детево нејќе да чуе за спиење подалеку од баба му. Дури и пред неа, си зборат пред луѓе дека со баба му и дедо му си спие, оваа си ќути. Се дрзнуваат да кажуваат пред неа дека нејќел да оди кај другата баба, буквално детето рика по баба му (свекрвава) кога треба да одат негде без неа. Детето сега ќе е прво одделение. Сега некои овде ќе кажат дека е се ова нормално ама не е. На мајкава се гледа дека и е криво ама касно и е веќе. Едноставно бабата му е мајка и она го има тоа дозволено.