Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.618
    Пол:
    Женски
    Не се сите исти има разбрани луѓе.
     
    На thelittle17, Skorpija25, Ivana.kas и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    1.055
    Допаѓања:
    8.181
    Пол:
    Женски
    Средуваме дома пред да се породам. Ги стави сопругот надвор вариолајт завесите од претпладнето за попладнево кога ќе се вратам од работа да ги избришам. Дури средував попладнево едно време тропна нешто. Само што тропна за две три секунди најмногу излегов оти бев на пет метри од терасата, свекрвата ми вика абе паднаа овие долу бев слушнав, па се качив да ги кренам. За толку време не можеше да се качи, веќе беше тука и преместуваше нешто на другата вариолајт завеса. Очигледно и сметаа на видикот оти е љубопитна. Се исплеткаа и се оштетија на едно место ама за да не правам кавга му викам на сопругот абе не требаше да ги вадиш надвор а тој е на работа и ме праша што се случило. А јас глупава му викам ништо.

    Да...има. Ама има некои со инка да им тураш разбирање, не разбираат.
     
    Последна измена од модератор: 14 јуни 2021
    На thelittle17, ел1919, ALISA0000 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Е и?
    Јас барем си кажвам.
    Не се китам со туѓи перја и да ги навредувам другите оти 'не можеле ко мене'.
     
    На butterfly6223, ALISA0000, princess5 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Camille84

    Camille84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    836
    Пол:
    Женски
    Имам познаничка нејзиното спиеше со свекор и од 6 месеци до 4 години, дека полесно и било ноќеска тој станувал да му дава млеко а не таа, после 4 год до сеа 5 и нешто спие со баба му. Она си кажува дека така и било полесно, дека не мора да го успива и да го станува за у вц, ама сега се кае. Детето и го имат зграпчено со сите канџи до коска. Сега додека да почне да разбира убаво тоа не сака да се дели. Мене ми е безвезе ваква ситуација, ама секој си знае.
     
    На thelittle17, Bicka77, A.n.g.e.l.a.V и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    17.636
    Пол:
    Женски
    Ништо тие и немаат зграпчено,најнормално е таквото однесување на детето кое спие со нив од 6 месеци.Со кој да осеќа близина,кој да слуша,ако не бабата и дедото.И го израснале детето.Е фино и било,си спиела по цели ноќи,ама сега кога пораснало и пречи тоа.Е тие таквите снаи ќе одат по комшии и пријатели и ќе зборуваат како бабата и дедото го упропастуваат внучето,а уствари тие на 60 год се буделе по цели ноќи за потребите на внучето.
     
    На thelittle17, macor24, Daniela93 и 17 други им се допаѓа ова.
  6. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    Да им сум два дни во умот на тие снаи да одморам ....
     
    На Inana123, SofiMar_, thelittle17 и 13 други им се допаѓа ова.
  7. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    17.636
    Пол:
    Женски
    И јас,ама само два.
     
    На thelittle17, mal.ecka, A.n.g.e.l.a.V и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    Два два , од повеќе ќе ми се снеарни... :)
     
    На thelittle17, Bicka77, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.827
    Пол:
    Женски
    А кај прочита ти членката да се кити со туѓи перја? Ти и пиша дека нема услови зошто живеела на спрат свекрва и шо и го дала. Исто и ти, само е стан. Ако она нема услови, си немала ни ти.
     
    На Anyshka и A.n.g.e.l.a.V им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Прочитај го и претходно муабетот.
    За ова беше реакцијата:
    И таа немала услови, па родила дете, а на другите им кажува 'како требало'
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Camille84

    Camille84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    836
    Пол:
    Женски
    Луѓето живеат во заедница, старите ги плаќаат сметките, станот е нивни, младиве се безгласна буква, ама за ништо не се бунат од страв да не ги избркаат. Да, она се сложила така да биде, нејзина грешка, ама и бабата и дедото се од тие што се прават дека се поголеми родители од самите родители. Некои стари така се поставуват уште на почеток, а ситуацијата е друга таму, не можеа да се делат од други причини. Тие и звонат да се врати дома ако е ладно надвор, ако детево падне таа се тресе леле што ќе речат тие.... Многу ми е изопачена таа ситуација ради детето не заради нив, а сама си е крива и и имам кажано, ама така си дозволила.
     
    На Snowflake97, Осе, ALISA0000 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.827
    Пол:
    Женски
    Па има услови де. Посебен спрат и сите на куп, каде само една спална е твоја, не е исто. На тоа посочува.
    Ако си на спрат од куќа, различен од старите, тоа значи дека немаш услови? Има своја кујна, вц, дневна и плус соби. Шо треба повеќе по твое?
     
    На Anyshka, Inana123, thelittle17 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    1.055
    Допаѓања:
    8.181
    Пол:
    Женски
    Овде на нашево поднебје имањето посебен дел не секогаш ти носи приватност. Се ги интересира, се мешаат и кај што не треба. Некни ние двајцата дома. Почна да грми. И втрчува таа в претсобје, да го исклучела соларното и да го затворела прозорот в купатило дека грмело. Во друга прилика, влегуваше некој со кола во нашата гаража, кога тропнаа вратите од гаражата таа буквално излета на терасата да види кој е. Делиме иста тераса (за жал), желозините беа отворени и ко ме запримети дека седам и се гледа се, се сврте кон мојата сушалка како за тоа да излегла.
     
    Последна измена: 13 јуни 2021
    На Anyshka, thelittle17, Emy867 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. DonaBella

    DonaBella Активен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2021
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    59
    Јас со мојава многу добро се разбирав до пред некое време т.e дури да родам. Имаше некои испади невелам не ама се трпеа инаку за право и не седиме во заедница добро стано на син и го даде ама то незначи дека треба на гла да ни се качи. Еден ден нема живеено со нив на моја среќа очигледно се знајме скоро 12 години од кои 6 ми е свекрва. Инаку пред три месеци се породив и тогаш почнаја кавгите а колку сум против тие кавги јас сум лично во кавги растена и нејќам и моите деца во кавги да растат. Жената цела бременост кога и да ја побарав ме носеше на прегледи бидејќи само таја можеше моите сите на работа претежно со мажотми одев ама кога не можеше тој со неа и ај прво внуче ќеф на сите кој можи нека помага иако ми беше нешто преречено ама ај. И добро во ред и така се породив пред време тие да си слават кај ќеркаи во станот и ако мојте ги викнаа ама демек незгодно дека дедово мој спиел па да не праеле гужви а моите неможеат да го остат сам дедото не е сам за оставање, па како само нив да му се роди внуче. Аха во ред бебето ск беше месец само во тој еден месец слушав приказни овај го прашав онај го прашав вака ќе биди сите не разбраја ај така функционира се оки е да фатиш врски да дознајш информација плус. И на крајо сама ќе одеше на посета со свекоро ако не сме оделе ние тука и беше фино објаснато ајде добро сите топтан ко во турско како таа да не иди ај пак прво внуче оки. Дојде време да одам ск абе на секој три сати како шо го ранев бебето таја да се јавува да ломоти да прикажува и се фалела на мајками дека ме дружела јас умрена за спиење. И така појќе касно во ноќта телефон не кренав од фина да бидам и кулурна и на цело живеење јас очигледно се зафркнав салам. Дојде време да си дојдиме дома а прикаските продолжија вака онака то пекол клима пушете уште од кола дома не влезени а требаше да ја капи јас пак да испочитува традиции не сум таква ништо неќам да им забранам, па алиштата дали и биле памбучни и што ли уште не и дојде моменто кога ми прекисна и изнакажав се го крена носот триста поенти и напрајв не доволно има уште. Иако се деси нешто слично со ќеркаи па се жалеше од сваќата што и праела ама ете очигледно за своето боли за туѓо не. И како универзумо да е против мене годинава не е моја година дефинитивно со кутро детето мое се деси пак нешто пак мораше ск само 3 дена беше дома и таја почна јас вака ќе напраев јас онака во мометот јас да бев таму немаше вака да биди ко небаре јас намерно нешто на дете мое му направив што сум го носела во мене немав сјајна бременост и накајо јас крива пак, па да се жали по луѓето дека сум нејкела помош нејзина таја стара мајка била вака ќе напраела онака ќе напраела моите да развират муабети од по луѓето мене уште не ми е јасно што ме снајде. Еднаш не не праша како сме не гледала арни сме биле а психички? Таа само не спела навечер за бебето оти нас другите сеедно ние така? И сега бебето уште не дома пак и таа некни ми прај немојте да ми братните ќе ви досадваме секој ден по два сати ќе идиме а пред ова имаше муабет како демек требало некој постар да имало да дежура оти ние двата со по 30 год неспособни сме. Од сабајле сама ќе бидам да до некое време ама не сум неспособна. Неможам да ја замислам а не да ми иди ама очигледно нензнам како е правилно и страв мие малце сама после то со ми се деси а нема друг кој како шо пишав. Па ќе прашвав некој совет од поискусен тука? И ќе прашате кај е мажот ти мажотми е на моја страна секако знај каква е се борел џабе јас се научив да игнорирам и ти наичи се. Ама неможам бе да дозволам да му биди таа мајка на моето дете незнам шо и стана одлепе женава.
     
    На Осе, tina2018 и Pebeka им се допаѓа ова.
  15. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    17.636
    Пол:
    Женски
    Па да ти кажам право кога некој спие со детето од шест месечна возраст и ќе се прави поголем родител.Ваљда знаат што значи родител,стани на саат два надои го или направи АД,па се искакало,па заби му растеле не спие плаче навечер,па кренало тт,итн.Тоа се ноќи и ноќи непроспиени,еве барем така било кај мене со две деца.И тоа е машала до некој период дур не се регулира спиењето.За сметките што им ги плаќаат старите што да кажам.Јас дете чувам,јас дете успивам,и ти мајка на папири ли си само.Па ќе бидат безгласни.Нека застанат пред нив да речат си одиме не ни треба помош,ама не им одговара.А друго што детето е веќе израснато,потешките работи се поминати.Ама човек што не осетил колку е напорно сам не знае како е.
     
    На wannaBeMomma, m.i.g, Luna91 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Аха.
    А тие што немаат услови кои им ги обезбедиле родителите, според нејзе, не требало да раѓаат.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  17. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.710
    Допаѓања:
    40.084
    Пол:
    Женски
    Значи јас ништо не те разбрав? На кој начин се праве мајка и кој е проблемот?
    Не живеете заедно, јас не знам што ѝ се замараш толку
     
    На thelittle17, 1209, Luna91 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. DonaBella

    DonaBella Активен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2021
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    59
    По муабетите јас вака ќе прам јас онака таја ко мене си е моја си. Нигде ја немаше и оп наеднаш ко почнав да ја барам за по доктори се опушти жена почна да си командува.
     
    На thelittle17 и Осе им се допаѓа ова.
  19. Ivana.kas

    Ivana.kas Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2021
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    636
    Пол:
    Женски
    Јас колку што разбрав не живеете заедно - многу едноставно, клуч на врата и нема паметување, мт штом ја знае каква е сигурно ќе те разбери штом е на твоја страна. Сите сме биле на почеток преплашени и не сме знаеле што и како треба но со тек на време учиш работи. Ќе се преплашиш бидејќи нема ништо повредно од мирот твој. Не кревај на телефон кога не ти е дојдено до слушање на прикаски, и обвинувања од една страна чим рекла јас вака ќе направев, јас така - зошто не ми крена? Работев, успивав бебе, не го слушнав тел и слично ако веќе неможеш директно да и кажиш. Се знае каде е место на баба а каде место на мајка, ако сакат да помагаат слободно а ако не, нека не одмагаат.
     
    На thelittle17, Meckicja, crazylady и 3 други им се допаѓа ова.
  20. DonaBella

    DonaBella Активен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2021
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    59
    Скрос си во право јас со грижа на совест ама ќе мора и мажот ми ми вели така клучот на врата, то е ќе мора очигледно само проблем ќе биди ако звони на звонче на врата да дојди не најавена ќе треба врата да не отварам ќе праша кај си, па ќе почни кај одиш со детето бла бла бла.
     
    На Meckicja, crazylady, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.